печатени учебници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Oct 2021 19:18:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png печатени учебници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Царовска: Секој родител што му наметнува печатен учебник на ученикот му прави штета! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-sekoj-roditel-shto-mu-nametnuva-pechaten-uchebnik-na-uchenikot-mu-pravi-shteta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-sekoj-roditel-shto-mu-nametnuva-pechaten-uchebnik-na-uchenikot-mu-pravi-shteta/#respond Thu, 07 Oct 2021 19:18:49 +0000 https://kurir.mk/?p=575021

МВР има укажувања, а и постапувања каде што се прекршени материјалните права на авторите и на издавачите на учебници, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање дали МОН е информирано дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение за кое од оваа година треба да се употребуваат дигитални. - Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министерството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави министерката. Посочи дека учебниците се бесплатни и се достапни на e-biblioteka.gov.mk и треба да се користат во дигитална верзија затоа што, рече, тоа е од највисок интерес на учениците и процесот на нивно дигитално описменување и за следење на наставни содржини проследени со мултимедија и квизови кои ги нема во печатената верзија. - Секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро, затоа што користење дигитални учебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална писменост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење и примање знаење, истакна Царовска. Печатени верзии на учебниците МОН има набавено 20 отсто од вкупниот потребен тираж и ги има платено и пратено до училиштата за да се обезбедат учениците кои немаат електрична енергија дома да може да ги имаат кај себе, а одреден број примероци и за користење во училишните библиотеки. - За сите останати, МОН набави дигитални уреди, таблети, и околу 3.500 до денеска се дистрибуирани и на располагање на општините им се уште 6.500 од вкупно 10-те илјади набавени. Тоа значи дека секој ученик треба да има пристап до дигитален уред освен оние што немаат електрична енергија во домашни услови и за нив се обезбедени печатени, додаде министерката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-sekoj-roditel-shto-mu-nametnuva-pechaten-uchebnik-na-uchenikot-mu-pravi-shteta/feed/ 0
Јаневска: Укинувањето на печатените учебници придонесува за образовно осакатување на младите генерации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-ukinuvanjeto-na-pechatenite-uchebnici-pridonesuva-za-obrazovno-osakatuvanje-na-mladite-generacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-ukinuvanjeto-na-pechatenite-uchebnici-pridonesuva-za-obrazovno-osakatuvanje-na-mladite-generacii/#respond Thu, 29 Apr 2021 08:57:10 +0000 https://kurir.mk/?p=503634

Д-р проф. Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински брифинг“ зборуваше за проблемите во образованието, укинувањето на учебниците, како и останатите пропусти од страна на министерката за образование Мила Царовска. Во однос на денешниот протест на учениците и родителите, Јаневска истакна дека протестот не е во организација на ВМРО-ДПМНЕ, туку дека главни двигатели на истиот се револтираните родители и ученици кои што се против укинувањето на учебниците и онлајн наставата. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не е против дигитализација на образованието, напротив во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има многу дигитализирани образовни проекти, но исто така смета дека учебниците се нераскинлив дел од образованието и истите мора да продолжат да бидат во употреба. Доколку министерката биде упорна во намерата да се укинат пишаните учебници, тогаш тоа значи дека според едни анализи над 20.000 ученици ќе останат без учебници, а според други анализи бројката достигнува и над 40.000 ученици. Овој податок го потврдува и самата министерка, бидејќи вели дека во време кога била министерка за труд и социјална политика, доделила детска образовна помош на над 40.000 дечиња, вели Јаневска. -Министерката Царовска во неколку наврати потенцираше дека пишани учебници ќе има само за учениците до трето одделение, додека пак оние од четврто до деветто одделение ќе учат преку новата дигитализирана платформа. Потоа ретерираше во својата изјава, најверојатно под влијание на јавноста, па рече дека сукцесивно ќе се укинуваат учебниците, што значи дека во секој случај за неколку години од денес, учениците од четврто одделение ќе немаат учебници за следење настава. Тоа е еден вид на осакатување на образовниот процес на учениците, кој ќе влијае негативно директно на нивното образование и просперитетот во областа на науката, истакна Јаневска. Доколку Владата сака да го испроба овој експеримент, тогаш треба задолжително да овозможи печатени учебници за оние ученици кои што сакаат да учат преку учебниците, додека пак опцијата за дигитализиран учебник да биде достапен за сите ученици кои што сакаат да учат и на таков начин. Воедно, печатените учебници не треба да бидат на терет на училиштата, односно тие не треба да бидат во принтана форма како скрипти, туку да бидат учебници кои што се користеле и во минатото, односно автентични со содржината која што ја имало и претходно во нив, заврши Јаневска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-ukinuvanjeto-na-pechatenite-uchebnici-pridonesuva-za-obrazovno-osakatuvanje-na-mladite-generacii/feed/ 0