Педесетница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Jun 2023 07:00:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Педесетница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Духовден: Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duhovden-praznik-na-svetiot-duh-i-na-osnovaneto-na-hristijanskata-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duhovden-praznik-na-svetiot-duh-i-na-osnovaneto-na-hristijanskata-tsrkva/#respond Sun, 04 Jun 2023 07:18:49 +0000 https://kurir.mk/?p=841807

Православните христијани денес го одбележуваат празникот Духовден. Празникот Духовден спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Се вика и Педесетница не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот се случил точно на еврејскиот празник Педесетница што Евреите го празнувале во спомен на денот кога Господ му ги дал на Мојсие законите во Синајската Гора. Тој ден апостолите биле на едно место во Ерусалим, биле дванаесет на број зашто испразнетото место на Јуда Искариотски, кој по предавството на Исус се обесил, го пополниле со Матеј, кого го избрале со коцка од учениците Христови, за нивниот број пак да биде дванаесет. Околу 9 часот наутро одеднаш се слушнал силен шум од небото како дување на силен ветар, се покажал Светиот Дух, ја исполнил просторијата, а потоа во форма на пламени јазици слегол врз апостолите. Овој момент е претставен и на иконите во нашите цркви каде што се насликани на едно место сите апостоли, заедно со Богородица, а над нивните глави се гледаат пламени јазици што всушност го претставуваат Светиот Дух. Во народот овој празник најчесто е поврзан со душите на умрените, а и обичаите што се изведуваат на овој ден се поврзани со тие верувања. Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од дванаесетте големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение. На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат повеќе обичаи што им се наменети на покојните предци. Овој ден меѓу народот е познат и под името „Мртва сабота“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duhovden-praznik-na-svetiot-duh-i-na-osnovaneto-na-hristijanskata-tsrkva/feed/ 0
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pedesetnica-duhovden-sleguvanje-na-svetiot-duh-i-rodenden-na-crkvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pedesetnica-duhovden-sleguvanje-na-svetiot-duh-i-rodenden-na-crkvata/#respond Sun, 20 Jun 2021 07:05:55 +0000 https://kurir.mk/?p=525550

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pedesetnica-duhovden-sleguvanje-na-svetiot-duh-i-rodenden-na-crkvata/feed/ 0
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-zadushnica-utre-pedesetnica-duhovden-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-zadushnica-utre-pedesetnica-duhovden-2/#respond Sat, 19 Jun 2021 07:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=525264

Православните христијани денеска празнуваат Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-zadushnica-utre-pedesetnica-duhovden-2/feed/ 0