Педро Кастиљо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Dec 2022 18:57:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Педро Кастиљо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на Мексико ја повтори понудата да му даде азил на Педро Кастиљо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-ja-povtori-ponudata-da-mu-dade-azil-na-pedro-kastiljo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-ja-povtori-ponudata-da-mu-dade-azil-na-pedro-kastiljo/#respond Mon, 19 Dec 2022 18:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=777788

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска ја повтори својата понуда да му даде азил на соборениот перуански претседател Педро Кастиљо и неговото семејство. Лопез Обрадор истакна дека обработката на барањата за азил е во тек и дека вратата е отворена за претседателот на Перу и неговото семејство. Мексиканскиот претседател претходно изјави дека го смета Кастиљо, кој беше соборен од функцијата и уапсен по обидот незаконски да го распушти Конгресот, за вистински претседател на Перу. Перуанската претседателка Дина Болуарте, поранешна потпретседателка која положи заклетва по соборувањето на Кастиљо, вчера изјави дека министерот за надворешни работи на Перу и кажал дека барањето за азил за семејството на Кастиљо е одобрено. Минатата недела Болуарте до Конгресот испрати барање за уставна реформа, врз основа на која ќе се одржат предвремени избори до декември 2023 година, но пратениците ја отфрлија. Претседателката го повика Конгресот да ја преиспита таа одлука. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-ja-povtori-ponudata-da-mu-dade-azil-na-pedro-kastiljo/feed/ 0
Судот нареди соборениот перуански претседател Педро Кастиљо да остане во притвор 18 месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-naredi-soboreniot-peruanski-pretsedatel-pedro-kastiljo-da-ostane-vo-pritvor-18-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-naredi-soboreniot-peruanski-pretsedatel-pedro-kastiljo-da-ostane-vo-pritvor-18-meseci/#respond Fri, 16 Dec 2022 07:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=776345

Перуански судија Цезар Сан Мартин Кастро нареди соборениот претседател Педро Кастиљо да остане во притвор 18 месеци. Со оваа одлука тој  им го исполни барањето на перуанските власти да добијат доволно време во кое ќе можат да соберат доволно докази за да ги поткрепат обвинувањата против соборениот претседател за поттикнување немири во земјата, јавија американските медиуми. Судијата својата одлука ја објави само неколку дена откако перуанскиот Парламент му го одзеде на Кастиљо правото на судски имунитет, што го уживаат шефовите на држави. Кастиљо и неговите адвокати одбија да учествуваат на судското рочиште со образложение дека недостигаат дури и „минимални гаранции“ за негов правичен третман. Поради оваа причина, тој во судницата беше застапуван од бранител по службена должност. Одлуката на судот доаѓа еден ден откако владата прогласи вонредна состојба во земјата. Немири во земјата избија минатата недела, веднаш по соборувањето на Кастиљо од власта од страна на Конгресот, што тогашниот претседател се обиде да го распушти пред гласањето за негов импичмент. Протестите на приврзаниците на Кастиљо не стивнуваат ни во последните 24 часа  и тие веќе имаат негативно влијание врз туризмот и трговијата. Оваа последна политичка криза во која западна Перу уште повеќе ја продлабочи нестабилната ситуација во земјата, откако за само шест години на чело беа сменети шест претседатели. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-naredi-soboreniot-peruanski-pretsedatel-pedro-kastiljo-da-ostane-vo-pritvor-18-meseci/feed/ 0
Мексико почна консултации за барањето азил од сменетиот перуански претседател Педро Кастиљо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-pochna-konsultacii-za-baranjeto-azil-od-smenetiot-peruanski-pretsedatel-pedro-kastiljo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-pochna-konsultacii-za-baranjeto-azil-od-smenetiot-peruanski-pretsedatel-pedro-kastiljo/#respond Fri, 09 Dec 2022 07:50:56 +0000 https://kurir.mk/?p=772918

Мексико почна консултации со перуанските власти во врска со барањето на довчерашниот претседател Педро Кастиљо да добие азил во оваа централноамериканска држава, соопшти шефот на мексиканската дипломатија, Марсело Ебрард. Ебрард на Твитер напиша дека „амбасадорот на Мексико во Перу се сретна со Кастилјо во местото каде тој е притворен“, пренесоа британските медиуми. Сменетиот претседател на Перу, Педро Кастиљо, вчера се појави пред судот по неуспешниот обид за распуштање на парламентот. Кастиљо ја загуби власта за само три турбулентни часа откако синоќа со декрет се обиде да го распушти Конгресот. Парламентот екстресно го смени од власта со гласање, а полицијата набрзо потоа го приведе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-pochna-konsultacii-za-baranjeto-azil-od-smenetiot-peruanski-pretsedatel-pedro-kastiljo/feed/ 0
Подготвувал државен удар: Уапсен разрешениот претседател на Перу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podgotvuval-drzaven-udar-uapsen-razresheniot-pretsedatel-na-peru/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podgotvuval-drzaven-udar-uapsen-razresheniot-pretsedatel-na-peru/#respond Thu, 08 Dec 2022 09:04:23 +0000 https://kurir.mk/?p=772606

Полицијата го уапси разрешениот претседател на Перу, Педро Кастиљо и го обвини за побуна и заговор за кршење на уставниот поредок. Тој бил приведен кога бил на пат за мексиканската амбасада во Лима, неколку часа откако го распушти парламентот. Педесет и тригодишниот Кастиљо е префрлен во затвор, иако Мексико кажа дека е подготвено да му даде азил. Досегашната потпретседателка Дина Болуарте е назначена за нов претседател, како прва жена на оваа функција во Перу. Пратениците го отстранија Кастиљо од функцијата вчера откако во обраќањето на националната телевизија прогласи вонредна состојба и кажа дека ќе владее со декрет. Притоа најави дека ќе го распушти парламентот контролиран од опозицијата, по што во знак на протест неколкумина министри поднесоа оставка. Шефот на уставниот суд го обвини Кастиљо дека почнал државен удар, додека САД го повикаа да ја промени својата одлука. Полицијата и армијата на Перу се изјаснија дека го почитуваат уставниот поредок. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podgotvuval-drzaven-udar-uapsen-razresheniot-pretsedatel-na-peru/feed/ 0
Перуанскиот претседател Кастиљо нареди распуштање на Парламентот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-kastiljo-naredi-raspushtanje-na-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-kastiljo-naredi-raspushtanje-na-parlamentot/#respond Wed, 07 Dec 2022 20:04:36 +0000 https://kurir.mk/?p=772506

Перуанскиот претседател Педро Кастиљо нареди распуштање на Парламентот, неколку часа пред Собранието да се состане нза да дебатира за нов предлог за негово отстранување од претседателската функција, пренесоа светските агенции. Во обраќањето до нацијата од претседателската палата, левичарскиот претседател објави дека Конгресот е привремено распуштен и дека ќе се формира влада со итни овластувања. Тој најави и организирање избори во најбрз можен рок за нов Конгрес со уставни овластувања за да изготви нов устав на државата во рок од девет месеци. Кастиљо рече дека ќе дејствува на начин врз основа на барањата на народот и дека сака повторно да воспостави правна и демократска држава. До формирањето на новиот парламент, владата ќе постапува со владини уредби кои ќе имаат сила на закон. Кастиљо најави и воведување национален полициски час помеѓу 22 часот и 4 часот наутро. Тој рече и дека во процес на реорганизација се судскиот систем, судската власт, уставниот суд, обвинителството и националниот судски совет. Кастиљо ги покани сите кои поседуваат нелегално оружје да го предадат на националната полиција во рок од 72 часа. Аналитичарите сметаат дека станува збор за државен удар, дека Кастиљо го прекршил уставот на земјата и дека неговите постапки се незаконски. Парламентот на Перу, во кој доминира десницата, требаше да расправа за предлогот за отповикување на Кастиљо за „трајна морална неспособност“ да владее со земјата. Кастиљо веќе избегна два обида за импичмент, од кои последниот беше во март оваа година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-kastiljo-naredi-raspushtanje-na-parlamentot/feed/ 0
Перуанскиот претседател избегна импичмент по обвинувањата за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-izbegna-impichment-po-obvinuvanjata-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-izbegna-impichment-po-obvinuvanjata-za-korupcija/#respond Tue, 29 Mar 2022 06:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=654901

Перуанскиот претседател Педро Кастиљо вчера избегна импичмент од Конгресот во кој доминира опозицијата, по повеќе од осум часа парламентарна дебата. За импичмент гласаа 55 пратеници, 54 се изјаснија против, а 19 беа воздржани. Неопходни беа 87 гласа за да се изгласа импичмент на лидерот, кој беше обвинет за корупција и недостиг на морал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanskiot-pretsedatel-izbegna-impichment-po-obvinuvanjata-za-korupcija/feed/ 0
Педро Кастиљо прогласен за претседател на Перу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pedro-kastiljo-proglasen-za-pretsedatel-na-peru/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pedro-kastiljo-proglasen-za-pretsedatel-na-peru/#respond Tue, 20 Jul 2021 05:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=538966

Кандидатот на радикалната левица Педро Кастиљо е прогласен за победник на претседателските избори во Перу, повеќе од еден месец по вториот круг во кој негов противник беше Кеико Фуџимори. – Го прогласувам Хозе Педро Кастиљо Теронес за претседател на Републиката, рече претседателот на Изборната комисија Хорхе Луис Салас на кратката виртуелна церемонија. По пребројувањето на 100 проценти од гласачките ливчиња, 51-годишниот Педро Кастиљо освоил 50,12 проценти од гласовите, а 46-годишната Фуџимори 49,87 проценти од гласовите. Непосредно пред официјалното објавување на конечните резултати, Фуџимори, која претходно навести дека нема да ја признае победата на својот противник, сепак го стори тоа бидејќи, како што рече, тоа од неа го бара „Уставот на кој таа се заколнала дека ќе го брани“. Кастиљо ќе стапи на должност на 28 јули кога истекува мандатот на сегашниот претседател Франциско Сагасти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pedro-kastiljo-proglasen-za-pretsedatel-na-peru/feed/ 0
Левичарот Педро Кастиљо прогласи победа на претседателските избори во Перу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/levicharot-pedro-kastiljo-proglasi-pobeda-na-pretsedatelskite-izbori-vo-peru/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/levicharot-pedro-kastiljo-proglasi-pobeda-na-pretsedatelskite-izbori-vo-peru/#respond Wed, 16 Jun 2021 05:57:15 +0000 https://kurir.mk/?p=524073

Кандидатот на перуанските социјалисти Педро Кастиљо вчера прогласи победа на претседателските избори, по тесното водство и неизвесното пребројување на гласовите, иако изборните резултати се уште ги оспорува неговиот десничарски ривал Кеико Фуџимори, ќерката на поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори. Кастиљо пребројувањето го заврши со предност од 44.058 гласови пред Фуџимори, која, во обидот да поништи некои гласови, изнесе слаби обвинувања дека Кастиљо мамел на изборите, додека меѓународните и домашните набудувачи изборите ги оценија за регуларни. Изборната комисија официјално ги нема објавено резултатите од изборите на 6 јуни, но Кастиљо, син на неписмени селани, кој во кампањата ја нападна политичката елита во земјата и ја освоија наклонетоста на сиромашното население, победата ја објави на Твитер. „Почна новото време“, напиша Кастиљо покрај својата фотографија со кренати раце, зборот претседател напишан со големи букви и слоганот „Нема повеќе сиромашни во богата земја“. Брзиот подем на 51-годишниот поранешен учител ја разниша тамошната политичка и деловна елита и може да има влијание врз рударската индустрија во земјата, втор по големина светски производител на бакар, со оглед на неговите планови да ги зголеми даноците на секторот. Гласовите од руралните и оддалечените области во дождовната прашума на Амазон, наклонети кон кандидат кој го нагласуваше своето селско потекло, му овозможија да ја престигне ќерката на поранешниот претседател Алберто Фуџимори (1990-2000). Фуџимори на митинг во центарот на Лима на своите приврзеници им вети дека ќе продолжи да се бори и „да ја брани демократијата во Перу“ и се надева на изборен пресврт по проверката на гласачките ливчиња. Според неофицијалните резултати, Кастиљо освои 50.125 проценти од гласовите, а Фуџимори, најстарата ќерка на поранешниот претседател, 49.875 проценти од гласовите. Кастиљо ја повика изборната комисија да ја запре неизвесноста со потврдување на резултатите. Но, набљудувачите велат дека може да поминат денови, па дури и недели, се додека не бидат разгледани сите приговори и официјално да биде прогласен победникот на изборите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/levicharot-pedro-kastiljo-proglasi-pobeda-na-pretsedatelskite-izbori-vo-peru/feed/ 0