Педро Санчез Перез-Кастехон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Aug 2022 13:10:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Педро Санчез Перез-Кастехон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Санчез му објасни на Рама зошто Шпанија не го признава Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sanchez-mu-objasni-na-rama-zoshto-shpanija-ne-go-priznava-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sanchez-mu-objasni-na-rama-zoshto-shpanija-ne-go-priznava-kosovo/#respond Mon, 01 Aug 2022 13:10:14 +0000 https://kurir.mk/?p=712630

Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон кој денеска престојуваше во Тирана, во однос на пристапување на Албанија кон евроинтеграциите рече дека не поставуваат рокови, но изразуваат политичка поддршка. -Не можеме да поставиме конкретен рок, но изразуваме политичка поддршка овој пристапен пат да биде што побрз. Оптимист сум за иднината на ЕУ. Нам ни е јасно кои се нашите задачи и тоа треба да го направиме што е можно поскоро. Оптимист сум дека со пандемијата и војната гледаме процес на забрзување на овој процес. Треба да продолжиме да го зајакнуваме нашиот внатрешен пазар. Тоа значи влез и на други земји. Затоа, на поголемата интеграција и поддршка на Западен Балкан треба да се гледа со оптимизам. Тоа се двете задачи што ги имаме, изјави Санчез на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Еди Рама. Санчез ја повтори позицијата на Шпанија во однос независноста на Косово, дека истата не се менува и оти негов став е дека е прекршено меѓународното право, па затоа не можеат да бидат за признавање на независноста на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sanchez-mu-objasni-na-rama-zoshto-shpanija-ne-go-priznava-kosovo/feed/ 0
Санчез во Тирана: Не поставуваме конкретни рокови, но изразуваме политичка поддршка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sanchez-vo-tirana-ne-postavuvame-konkretni-rokovi-no-izrazuvame-politichka-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sanchez-vo-tirana-ne-postavuvame-konkretni-rokovi-no-izrazuvame-politichka-poddrshka/#respond Mon, 01 Aug 2022 11:52:46 +0000 https://kurir.mk/?p=712589

Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон кој денеска престојуваше во Тирана, во однос на пристапување на Албанија кон евроинтеграциите рече дека не поставуваат рокови, но изразуваат политичка поддршка. -Не можеме да поставиме конкретен рок, но изразуваме политичка поддршка овој пристапен пат да биде што побрз. Оптимист сум за иднината на ЕУ. Нам ни е јасно кои се нашите задачи и тоа треба да го направиме што е можно поскоро. Оптимист сум дека со пандемијата и војната гледаме процес на забрзување на овој процес. Треба да продолжиме да го зајакнуваме нашиот внатрешен пазар. Тоа значи влез и на други земји. Затоа, на поголемата интеграција и поддршка на Западен Балкан треба да се гледа со оптимизам. Тоа се двете задачи што ги имаме, изјави, Санчез на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Еди Рама. Оцени дека ЕУ не може да се подразбере без Балканот, дека Унијата не е клуб на земји, туку заедница на вредности и принципи и оти интеграцијата на Западен Балкан ќе ја зајакне Европската Унија. -Во долгиот процес на отворање на преговорите научивме поука. Никогаш не си давајте рокови кога комуницирате со ЕУ. За нас е важно што преговорите се отворени и можеме да го искористиме овој извонреден канал на трансфер на знаење за градење на државата. Не очекуваме шпанското, белгиското или унгарското претседавање да ја заврши нашата работа и да постават рокови за тоа кога ја извршуваме нашата обврска. Кога ги извршуваме нашите задачи е нашата умешност и упорност“. Она што го очекуваме од шпанското претседавање е да ја прошири основата на оваа интеракција меѓу нас, Западен Балкан и ЕУ, изјави Рама. Упати апел за „понатамошно стимулирање на мирот и соработката во регионот“. -Да ги поддржиме нашите иницијативи и да бидеме поприсутни и на билатералните патишта, кога мојот колега зборуваше за шпанскиот бизнис форум низ регионот и да водат процес во кој оваа нова европска заедница ќе добие конкретна форма, како нов простор каде што сме поврзани едни со други. Не треба да чекаме војна, пандемија или пожари за да седнеме на маса. Тоа е процес Win-Win и шпанското претседавање има улога што може да ја одигра за да ја зајакне оваа европска синергија, околу вредностите и принципите како оние што не натераа да се спротивставиме на руската агресија, посочи Рама. Санчез ја повтори позицијата на Шпанија во однос независноста на Косово, дека истата не се менува и оти „негов став е дека е прекршено меѓународното право, па затоа не можеме да бидеме за признавање на независноста на Косово“. Во однос на агресијата во Украина, тој рече дека таа се одразила на меѓународната безбедност, предизвикала и неизвесност за енергетиката, па затоа е „важно земјите од ЕУ да бидат обединети во одбрана на територијалниот интегритет“. Санчез во рамки на посетата на Тирана, се сретна и со претседателот Бајрам Бегај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sanchez-vo-tirana-ne-postavuvame-konkretni-rokovi-no-izrazuvame-politichka-poddrshka/feed/ 0
Ковачевски-Санчез: Северна Македонија и Шпанија се силни сојузници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-sanchez-severna-makedonija-i-shpanija-se-silni-sojuznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-sanchez-severna-makedonija-i-shpanija-se-silni-sojuznici/#respond Sun, 31 Jul 2022 18:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=712301

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и шпанскиот премиер Педро Санчез Перез-Кастехон, денеска остварија тет-а-тет средба на која уште еднаш беше потврдено силното пријателство помеѓу Кралството Шпанија и нашата земја, кое понатаму ќе се продлабочува. На средбата беше истакнато дека Шпанија е докажан поддржувач на Република Северна Македонија во нејзините евроинтегративни процеси, што е од исклучително значење за нашиот пат кон европското семејство. Во срдечна и пријателска атмосфера беше оценето дека двете земји кои се и НАТО сојузнички, веќе три децении градат одлични билатерални односи и дека ваквите заложби ќе продолжат и понатаму. Во рамки на првата официјална посета на премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, делегациите од двете земји остварија и билатерална средба на која присуствуваа и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-sanchez-severna-makedonija-i-shpanija-se-silni-sojuznici/feed/ 0
Шпанскиот премиер Санчез в недела во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shpanskiot-premier-sanchez-v-nedela-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shpanskiot-premier-sanchez-v-nedela-vo-skopje/#respond Fri, 29 Jul 2022 06:37:55 +0000 https://kurir.mk/?p=711640

Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон в недела доаѓа во еднодневна официјална посета на Република Македонија. Се очекува тој во Скопје да има средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот Стево Пендаровски. Посетата на Северна Македонија е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Кабинетот на шпанскиот премиер соопшти дека Санчез ќе ги охрабри сите балкански земји да ги спроведат неопходните реформи што ќе им овозможи да го забрзаат приклучувањето во ЕУ и ќе им пренесе дека можат да сметаат на Мадрид за време на шпанското претседателство со Унијата во втората половина на 2023 година. Санчез има намера да ја покаже и важноста што Шпанија ја придава на билатералните политички, економски и културни односи со државите од Западен Балкан, како и поддршка за напорите што ги преземаат да бидат дел од ЕУ. Поддршка која веќе беше пренесена на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што се одржа минатиот месец во Брисел пред состанокот на Европскиот совет, на кој Санчез се заложи за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија и давање статус кандидат за чченство на Босна и Херцеговина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shpanskiot-premier-sanchez-v-nedela-vo-skopje/feed/ 0