Пегасус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Jul 2023 10:23:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пегасус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-bara-informatsii-za-sistemite-pegasus-i-predator/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-bara-informatsii-za-sistemite-pegasus-i-predator/#respond Fri, 21 Jul 2023 10:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=858692

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби. -Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи - кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи, рече Трајанов на седницата. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите. - После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани, рече Ковачки. Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите. Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-bara-informatsii-za-sistemite-pegasus-i-predator/feed/ 0