Пехчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 May 2023 18:46:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пехчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Китански: И покрај опструкциите од централната власт, макотрпно работиме да ја подобриме општината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-i-pokraj-opstruktsiite-od-tsentralnata-vlast-makotrpno-rabotime-da-ja-podobrime-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-i-pokraj-opstruktsiite-od-tsentralnata-vlast-makotrpno-rabotime-da-ja-podobrime-opshtinata/#respond Mon, 29 May 2023 19:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=840157

Градоначалникот на општина Пехчево, Александар Китански пред почетокот на денешната трибина „Политики за развој на инфраструктурата“ во Делчево истакна дека општината како и целиот источен крај се соочуваат со инфраструктурни проблеми, кои се незамисливи во 21 век но и проблем кој ги одвраќа инвеститорите. Како што додаде општината сега прави напори овој проблем да се надмине и на тоа се работи макотрпно. - Во овие година и половина макотрпно работиме со општинскиот тим да ја подобриме инфраструктурата во нашата општина и во целиот регион. Жално е во 21 век ние да зборуваме за инфраструктурни прашања. Имаме села, во мојата општина каде уште газат во кал и се работи тоа да се санира. Младите се селат во западните земји, а ние зборуваме за инфраструктура, без која не доаѓаат ни инвеститори, рече Китански. Тој посочи дека се работи на спремање на документација за реализација за решавање на инфраструктурните проекти за подобрување на состојбата во бројни населени места и покрај тоа што централната власт проектите ги одбива. Беше и поднесен амандман од пратеникот Драган Ковачки да се реконструира патот кои ни ги поврзува селата Чифлик, Умлена, Робово и предлогот беше одбиен. Централната власт имаше и градоначалник од нивните редови и не го направија. Ние притискаме да се направи. За Пехчево, за поврзување на локалните патишта ни се потребни некаде околу 46 милиони денари, тоа е проблем за државата да се дадат пари за источниот регион додека се зборува за автопатишта. Со парите од еден километар за Бехтел и Енка во мојата општина ќе се реши целиот проблем на инфраструктура, истакна Китански. Како дел од реализираните проекти тој го посочи таложникот кој се поврзува со пречистителната станица за вода за пиење кој чекал 8 години да биде приклучен. - Сега можам да кажам дека проектот е добиен за реконструкција на таложникот и поврзување со пречистителната станица. Имаме решено проблеми со инфраструктура, во село Црник имаме најмногу вложено како најголемо село во нашата општина, имаме изградено три улици, пред извесно време завршивме со реконструкција на резервоарот за вода за пиење. Се изврши реконструкција на пешачки улици во Пехчево. Речното корито на реката не беше исчистено со години, успеавме тоа да го направиме, истакна тој. Китански нагласи дека во наредниот период и викенд населбата во Пехчево ќе биде гордост за целиот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-i-pokraj-opstruktsiite-od-tsentralnata-vlast-makotrpno-rabotime-da-ja-podobrime-opshtinata/feed/ 0
Во Пехчево потпишан договор за реконструкција на градинката во село Црник https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-pehchevo-potpishan-dogovor-za-rekonstruktsija-na-gradinkata-vo-selo-tsrnik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-pehchevo-potpishan-dogovor-za-rekonstruktsija-na-gradinkata-vo-selo-tsrnik/#respond Wed, 17 May 2023 15:04:19 +0000 https://kurir.mk/?p=835422

Во Пехчево беше потпишан договор за реализација на локална акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“. Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, проектниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико, Суад Скендери, и директорката на Детската градинка „7 Септември – Пехчево“, Васка Симовска. -Во рамки на активностите е предвидена изведба на систем за одводнување/дренажа на основните темели на објектот во кој е лоцирана градинката, со цел да се спречи создавање влага како резултат на влијанието на атмосферските води, информираше градочалникот на Пехчево, Китански. Во реализацијата на активностите, како што додаде, ќе биде вклучено локалното население и бизнис секторот. -Како дел од реализацијата на оваа активност ќе биде поставена хидроизолација на ѕидовите на објектот и реконструкција која предвидува внатрешно доопремување со цел овозможување соодветни услови за одржување на целодневен престој, додаде Китански. Локалната акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“ финансиски е поддржана од Општина Пехчево, Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико, преку проект на УСАИД – Заедно за просперитетна заедница, ОЈУДГ „7 Септември – Пехчево“ и КХАМ – Делчево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-pehchevo-potpishan-dogovor-za-rekonstruktsija-na-gradinkata-vo-selo-tsrnik/feed/ 0
Културно-уметничкото друштво ,,Јане Сандански” од Пехчево одбележа 75 години постоење https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kulturno-umetnichkoto-drushtvo-jane-sandanski-od-pehchevo-odbelezha-75-godini-postoene/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kulturno-umetnichkoto-drushtvo-jane-sandanski-od-pehchevo-odbelezha-75-godini-postoene/#respond Wed, 19 Apr 2023 07:02:56 +0000 https://kurir.mk/?p=825282

Со традиционалниот Велигденски концерт, синоќа во Пехчево беа одбележани 75 години постоење на Културно-уметничкото друштво „Јане Сандански“. Пред преполната сала во Домот на култура на концертот учествуваа над 100 играорци од Пехчево, како и гости од Делчево. -Континуирано во последните години, за време на велигденските празници, Домот на културата организира ваков вид програма и полека, но сигурно можеме да кажеме дека овој настан прераснува во една убава традиција во нашето гратче. Сепак, оваа година посебно ни е чест затоа што Културно-уметничко друштво „Јане Сандански" го прославува својот 75-годишен јубилеј и да им посакаме уште долги години да опстојуваат, уште многу јубилеи да прославуваат и секако да бидат најдобри, истакна Валентина Веселинска, директор на пехчевскиот Дом на култура. Културно-уметничкото друштво сега има 130 членови и, како што додаде директорката, тенденцијата е тој број да расте. -Имаме членови од 7 до 77 години кои се главни промотори на традицијата и фолклорот, но и учесници на повеќе манифестации кои се организираат во Пехчево. Изразувам благодарност до сите учесници, кои со ора и песни го прославија 75-годишниот јубилеј на КУД „Јане Сандански", а меѓу нив беа и гостите од КУД „Гоце Делчев" од Делчево. Благодарност и до водителката Лина Велковска, музичкиот соработник Александар Парасков, и кореографот Никола Каракашов, додаде Веселинска. Од Домот на култура најавија дека Културно-уметничкото друштво ќе продолжи со своите настапи во земјава и во странство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kulturno-umetnichkoto-drushtvo-jane-sandanski-od-pehchevo-odbelezha-75-godini-postoene/feed/ 0
Во Пехчево реализирана акцијата ,,Едно капаче, една надеж” https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-pehchevo-realizirana-aktsijata-edno-kapache-edna-nadezh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-pehchevo-realizirana-aktsijata-edno-kapache-edna-nadezh/#respond Wed, 01 Feb 2023 18:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=794857

Во градот Пехчево успешно е реализирана акцијата „Едно капаче, една надеж", која се спроведе по иницијатива на Здружението за жени на овој град. Како што информираа од Здружението собрани се 76.000 пластични капачиња со вкупна тежина од околу 380 килограми. -Во акцијата која се реализираше во соработка со Пакомак, самите граѓани вклучувајки ги и младите и вработени во фирми и сите оние на кои им е важно да ја одржат животната средина, досега собрани се 32 вреќи со капачиња, со вкупна тежина од 380 килограми. За Пехчево ова е голем успех ако се има предвид дека е еден од градовите со најмалку жители во нашата земја, истакнаа од Здружението. Оттаму потенцираа дека целта на акцијата била се соберат што повеќе пластични капачиња, кои наместо да завршат во отпад и на депониите ќе бидат спроведени во рециклажната мрежа на Пакомак. -Околу 75.000 собрани капачиња е резултат кој е навистина импресивен и затоа продолжуваме со нашата заложба за почиста околина и воспоставување на добри еко-навики, како и ширење на солидарноста за ранливите граѓани од Пехчево, додадоа од Здружението. Претходно преку Здружението на жени, Пакомак обезбеди донација за помош на граѓани од Пехчево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-pehchevo-realizirana-aktsijata-edno-kapache-edna-nadezh/feed/ 0
Претрес во Пехчево, пронајдени дрога и пиротехника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-pehchevo-pronajdeni-droga-i-pirotehnika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-pehchevo-pronajdeni-droga-i-pirotehnika/#respond Tue, 16 Aug 2022 09:53:32 +0000 https://kurir.mk/?p=719227

На 15.08.2022 полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода З.М.(59) од Пехчево, затоа што врз основа на судска наредба, при претрес во неговиот дом и помошни простории во Пехчево, биле пронајдени и одземени засадени растенија cannabis sativa, ќеса со марихуана и 174 парчиња пиротехнички средства. По комплетирање на случајот против З.М. ќе следи соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-pehchevo-pronajdeni-droga-i-pirotehnika/feed/ 0
Претрес во Пехчево, пронајдена дрога и стари монети, приведено едно лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-pehchevo-pronajdena-droga-i-stari-moneti-privedeno-edno-lice/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-pehchevo-pronajdena-droga-i-stari-moneti-privedeno-edno-lice/#respond Thu, 21 Apr 2022 13:38:47 +0000 https://kurir.mk/?p=666588

Полициски службеници од ОВР Берово, денеска во 8:30 часот во Пехчево, го лишиле од слобода С.А.(38) од Пехчево. -При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе исушени листови од растението канабис, дробилка, повеќе семки од растението канабис и повеќе стари монети со различна форма и големина, информираат од МВР. С.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-pehchevo-pronajdena-droga-i-stari-moneti-privedeno-edno-lice/feed/ 0
Во Пехчево чествување на великаните на македонската литература Блаже Конески и Кочо Рацин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-pehchevo-chestvuvanje-na-velikanite-na-makedonskata-literatura-blaze-koneski-i-kocho-racin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-pehchevo-chestvuvanje-na-velikanite-na-makedonskata-literatura-blaze-koneski-i-kocho-racin/#respond Fri, 17 Dec 2021 10:03:24 +0000 https://kurir.mk/?p=609677

Во Пехчево се чествуваше ликот и делото на великаните на Македонската литература Блаже Конески и Кочо Рацин. Настанот го орзанизираше матичната библиотека ,,Кочо Рацин” во соработка со љубители на пишаниот збор од Пехчево. -Со литературно-поетско читање во нашата библиотека се одржа чествување на ликот и делото на великаните на македонската литература Блаже Конески и Кочо Рацин. Одбележавме 100 години од раѓањето на македонскиот поет, критичар, есеист, книжевник Блаже Конески и 113 години од раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин, како и 82 години од излегувањето на неговата стихозбирка „Бели мугри” на македонски јазик. Во нивна чест читателите на библиотеката презентираа стихови од нивното творештво, истакнаа од библиотеката. Оттаму додадоа дека овој настан е меѓу последните во рамки на тековната година. -Во делот на културните збиднувања во наша организација и годинава поради пандемијата, настаните ги организиравме со помал број учесници. До нова година планираме уште неколку активности со најмалите на кои сакаме да им ги честитаме празниците, додадоа од библиотеката во Пехчево. Изразија надеж дека во 2022 година пандемијата ќе стивне со што ќе се зголемат можностите за организирање настани со поголем број учесници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-pehchevo-chestvuvanje-na-velikanite-na-makedonskata-literatura-blaze-koneski-i-kocho-racin/feed/ 0
До 18:30 часот во Пехчево гласале 70 проценти од граѓаните https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-18-30-chasot-vo-pehchevo-glasale-70-procenti-od-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-18-30-chasot-vo-pehchevo-glasale-70-procenti-od-gragjanite/#respond Sun, 31 Oct 2021 18:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=588828

Во Пехчево до 18:30 часот гласале 70 проценти од евидентираните гласачи во избирачкиот список. Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Мануела Станоевска Стоилковска избирачките места се навреме затворени и во моментот тече пребројувањрто на гласачките ливчиња. – Заклучно со 18:30 часот од запишаните 4072 граѓани со право на глас, своето избирачко право го оствариле 2874 или 70 проценти. Гласањето течеше без никакви проблеми во текот на целиот ден, поради што можеме да кажеме дека избирачкиот процес во целост се одвиваше во фер и демократска атмосфера, рече Станоевска Стоилковска. Во првиот круг во Пехчево гласале 2779 граѓани или вкулно 68,28 проценти од евидентираните гласачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-18-30-chasot-vo-pehchevo-glasale-70-procenti-od-gragjanite/feed/ 0
Во Берово и Пехчево денеска гласаат 14.811 граѓани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-berovo-i-pehchevo-deneska-glasaat-14-811-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-berovo-i-pehchevo-deneska-glasaat-14-811-gragjani/#respond Sun, 17 Oct 2021 07:58:13 +0000 https://kurir.mk/?p=580458

Во малешевските општини Берово и Пехчево без проблеми тече изборниот процес кој започна навреме во сите избирачки места. Како што информира Славчо Страторски претседател на Општинската изборна комисија во Берово, своето право на глас на денешните Локални избори можат да го остварат 10 746 гласачи. -Во ОИК Берово навреме се отворени сите гласачки места, гласањето се одвива тековно со решавање на проблемите со УБИГ апаратите. Вкупно имаме 16 избирачки места на кои можат да гласаат евидентираните 10 746 гласачи, истакна Страторски. Во Берово на Локалните избори учествуваат четири кандидати за градоначалници, додека за избор на Општинскиот совет се гласа за четири советнички листи. Во соседно Пехчево, како што информираа од Општинската изборна комисија, денеска се гласа на девет избрачки места, а право на глас имаат 4 072 избирачи, кои се евидентирани во Избирачкиот список. Во оваа малешевска општина се гласа за еден од тројцата кандидати за градоначалници и вкупно три советнички листи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-berovo-i-pehchevo-deneska-glasaat-14-811-gragjani/feed/ 0
Мицкоски: Тие ги имаат Спасовски и Рускоска, но на наша страна го имаме народот, а поткупот ако е болеста на оваа криминална власт, лекот е масовен одзив во недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-tie-gi-imaat-spasovski-i-ruskoska-no-na-nasha-strana-go-imame-narodot-a-potkupot-ako-e-bolesta-na-ovaa-kriminalna-vlast-lekot-e-masoven-odziv-vo-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-tie-gi-imaat-spasovski-i-ruskoska-no-na-nasha-strana-go-imame-narodot-a-potkupot-ako-e-bolesta-na-ovaa-kriminalna-vlast-lekot-e-masoven-odziv-vo-nedela/#respond Thu, 14 Oct 2021 18:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=579243

Сте сретнале ли некој кој последниве неколку месеци, а да не е Вице, малите Зоранчиња градоначалничиња, Љупчо Путерот и блиските до нив главоклимачи. Значи освен овие кои се со џебови полни државни пари, некој добро да збори за оваа власт. Нема таков. Нема човек кој добро збори за нив. Од друга страна за ова е свесна и власта па затоа овие денови се свртеа на поткуп. На масовен поткуп и тоа е последица на единственото сознание дека ќе ги загубат изборите -  дебело, рече Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Пехчево.

Тој додаде „поткупот кој го прават, а при што се нудат стотици евра за еден единствен глас, тоа што во Битола во игра се црни вреќи, во Велес се лицитира со бројки денес видовме слично е и во Прилеп, тоа што Заев ќе делел државна помош на одбрани фирми од буџетот на народот, тоа се потези на очајник кој се дави во сопствената кал“.

„Ние во наши раце ја немаме полицијата на Спасовски, ниту обвинителството на Рускоска, но затоа на наша страна го имаме народот, а поткупот ако е болеста на оваа криминална власт, лекот е масовен одзив во Недела. Уште во раните утрински часови да се излезе масовно, без запирање и да се даде поддршка на промените кои мора да се случат за да падне оваа власт“, рече Мицкоски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-tie-gi-imaat-spasovski-i-ruskoska-no-na-nasha-strana-go-imame-narodot-a-potkupot-ako-e-bolesta-na-ovaa-kriminalna-vlast-lekot-e-masoven-odziv-vo-nedela/feed/ 0