пејпар мил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Dec 2020 13:33:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пејпар мил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓански протест во Кочани против загадувањето на воздухот од фабриката за хартија „Пејпар мил“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanski-protest-vo-kochani-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-od-fabrikata-za-hartija-pejpar-mil/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanski-protest-vo-kochani-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-od-fabrikata-za-hartija-pejpar-mil/#respond Sat, 26 Dec 2020 13:33:02 +0000 https://kurir.mk/?p=448744

На двочасовната блокада на булеварот пред влезот на фабриката, граѓаните порачаа дека се незадоволни од дејствувањето на институциите и бавното двегодишно решавање на проблемот со аерозгаденоста во градот. -По четврти пат сме собрани на протест на ова место на злосторството, за да го кренеме нашиот глас и да продолжиме во борбата за чист воздух. Единствено за што можеме да ѝ бидеме благодарни на „Пејпар мил" е што успеа да нѐ собере нас граѓаните, без разлика на политичката, верската или етничката припадност, и Кочани да го направи пообединето од кога било досега. Ова е последен пат да зборуваме и да ги повикаме сите институции и инспекторати, да се охрабрат и да го решат проблемот и да не оставаат да бараме други решенија, што не се својствени за нас. Ние сме мирен народ, но не сме бројка, луѓе сме, имаме деца и ќе се бориме за нашата и нивната иднина, истакна Зоран Тодоров, претставник на иницијаторите на протестот. На граѓанскиот протест беа искажани и порадикални барања за блокирање на влезот во фабриката и нејзино затворање, сѐ додека за производствениот процес не почне да се користи поеколошко гориво. -Треба да се блокира работењето на фабриката, затоа што досегашното дејствување на институциите остана без резултат. Дадениот рок од два месеца да се стават филтри на оџакот значи дека уште толкав период треба да дишеме загаден воздух и да го уништуваме сопственото и здравјето на нашите семејства, истакнаа дел од говорниците на протестот. Насобраните граѓани се упатија пред влезот во фабричкиот круг на „Пејпар мил", од каде беше упатена порака дека веќе нема да се протестира, туку ќе се преземаат други мерки за решавање на проблемот. Незадоволството од нерашавањето на аерозагаденоста продолжи со возила пред зградата на локалната пајперсамоуправа и по улиците на Кочани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanski-protest-vo-kochani-protiv-zagaduvanjeto-na-vozduhot-od-fabrikata-za-hartija-pejpar-mil/feed/ 0