пекар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jun 2023 07:22:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пекар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Совети од врвни пекари: Три состојки кои секое тесто ќе го направат меко и воздушесто https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/soveti-od-vrvni-pekari-tri-sostojki-koi-sekoe-testo-ke-go-napravat-meko-i-vozdushesto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/soveti-od-vrvni-pekari-tri-sostojki-koi-sekoe-testo-ke-go-napravat-meko-i-vozdushesto/#respond Tue, 06 Jun 2023 07:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=842583

Ако сте од оние кои обожаваат леб, пецива и домашни колачи, тогаш овој совет ќе вреди злато. Сите се согласуваат дека една од најважните вештини во кујната е да знаете да замесите добро тесто, а тоа не го може секој. За вас имаме совети од професионалци кои откриваат какви намирници се додава во тестото за да биде подобро и повоздушесто. Постојат некои намирници кои целосно ќе го трансформираат тестото и ќе го направат поубаво, како на изглед, така и кога станува збор за вкусот. И она што е исто така одлично е што ќе остане свежо подолго. Овие три намирници прават чуда за тестото: Скроб Може значително да ја подобри структурата на тестот и целосно да ја промени. Освен што помага тестото да стане повоздушесто и полесно, пецивата на кои им е додадена оваа состојка остануваат меки подолго време. Можете да додадете скроб директно во брашното, а 30 грама се доволни за стандардна порција тесто. Искусните пекари редовно го вклучуваат при правење тесто. Гриз Благодарение на гризот тестото ќе биде поквалитетно и повкусно, а оваа состојка може да го ослободи од вишокот на влага која често го расипува готовото пециво. Колачите во кои се додава гриз остануваат свежи подолго, а само една лажица ја прави таа разлика. Млеко Ако работите со тесто од квасец, тогаш задолжително измешајте го квасецот со млеко. Важно е да не е ниту врело ниту ладно, туку топло. Ако го измешате квасецот со млеко, а не со вода, тестото ќе биде повкусно и ќе има поубава боја, а благодарение на млекото ќе добие и убава кора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/soveti-od-vrvni-pekari-tri-sostojki-koi-sekoe-testo-ke-go-napravat-meko-i-vozdushesto/feed/ 0
ВИДЕО: Играше со Роналдо, Пирло и Сидорф, а сега работи како пекар и сече дрва https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-igrashe-so-ronaldo-pirlo-i-sidorf-a-sega-raboti-kako-pekar-i-seche-drva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-igrashe-so-ronaldo-pirlo-i-sidorf-a-sega-raboti-kako-pekar-i-seche-drva/#respond Sat, 14 Dec 2019 08:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=277402

Фудбалот е спорт кој им овозможува секакви задоволства на играчите кои на крајот успеваат да дојдат до професионално ниво, но огромните финансиски бенефиции, не се секогаш гаранција за мирен и сталожен живот, особено поради тоа што има случаеви кои ни докажуваат дека парите навистина знаат да ги однесат играчите на лош пат. Праксата во безброј наврати ни има докажано дека постојат фудбалери кои едноставно не знаат добро да управуваат со своите заработени пари, а последен ваков пример ни е поранешниот познат италијански дефанзивец, Фабио Мачелари. Левиот бек најмногу натпревари одигра за Лече и Калјари, но беше дел и од страшниот тим на Интер во 2001-ва година и ја делеше соблекувалната со играчи како Роналдо, Пирло и Сидорф. За жал, големата слава влијаела многу лошо врз Мачелари, кој сега на 45-годишна возраст е приморан да го издржува своето семејство на начин на кој никој не би го замислил. Во гостувањето во „Медиасет“, Мачелари открива дека во изобилство на пари станал и зависник од дрога, а само семејството му помогнало да се врати на прав пат, па сега како обичен граѓанин работи како пекар, а во слободното време работи и како сечач на дрва. – Постојано излегував, ноќта ја минував надвор и доцнев на тренинзите. Дрогата ме тресна од земја, брзо ги снема моите пари и мојата кариера. Ако можам да се вратам назад, ќе променам многу нешта, – порачува Италијанецот и додава. – Толку се забавував и трошев, што на една обична личност ќе и требаат четири животи да го направи тоа. За среќа, со поддршка од семејството се вратив на правиот пат. Сега работам во пекарница и повремено одам со трактор и сечам дрва, – се исповеда Мачелари.
Извор: Дерби.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-igrashe-so-ronaldo-pirlo-i-sidorf-a-sega-raboti-kako-pekar-i-seche-drva/feed/ 0
Неверојатната приказна за пекарот кој последен го напушти Титаник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatnata-prikazna-za-pekarot-koj-posleden-go-napushti-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatnata-prikazna-za-pekarot-koj-posleden-go-napushti-titanik/#respond Mon, 26 Nov 2018 17:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=132266

Чарлс Џокин првпат го видел морето на свои 11 години и тоа било љубов на прв поглед. Следејќи ги стапките на своите двајца постари браќа, Чарлс се приклучил на британската кралска морнарица. Роден во Биркенхед, Велика Британија, успешната морнарска кариера го качила Џокин на Титаник, во функција на главен пекар; оној ист пекар што на кобната ноќ меѓу 14 и 15 април 1912 се покажал доволно присебен за да се погрижи сите кои го напуштиле бродот во спасувачки чамци да имаат доволно храна, особено леб. Откако ударот во сантата го разбудил, Џокин ги нашол своите работници збунети и без никаква наредба (значи бескорисни и препуштени на паниката). Џокин – мајстор за работа под притисок, им наредил на своите пекари да им однесат 50 векни леб на оние кои биле евакуирани со чамците за спасување. Во тие моменти на паника и хаос, тој останал мирен. Откако ги поделил упатствата, Џокин се вратил во својата кабина да се напие пијачка-две. Вискито го охрабрило, па тргнал кон нему наменетиот чамец за спасување. Сепак, кога стигнал таму своето место го препуштил на жените и децата. Оттаму се вратил во својата кабина на уште пијачка-две, а за тоа време бродот веќе почнал да се навалува кон едната страна, додека сите спасувачки чамци веќе биле заминати. Џокин останал мирен и не се препуштил на паниката. Почнал во морето да фрла лежалки, во надеж дека оние кои не стигнале до чамците ќе имаат за што да се придржат и така да се одржат на површината на водата. Во меѓувреме пекарот заминал до оставата по нова залиха „храброст“, но таму веќе чул „силен удар, како нешто да пукнало“. Навистина пукнало – тоа било моментот кога Титаник, наведнат на едната страна, под товарот на својата тежина, се прекршил на пола и почнал побрзо да тоне. Џокин останал речиси сé до последниот момент, држејќи се за парче од трупот. На сослушувањето по потонувањето на Титаник, тој раскажал дека во последните моменти застанал, го стегнал ременот на панталоните и извадил одредени предмети од своите џебови, и почнал да размислува што би можел следно да направи. Не морал да размислува долго, бидејќи набрзо и последното парче од Титаник се нашло под површината на океанот, оставајќи го Џокин да се бори за живот во опасно ледената вода. Но искусен пливач каков што бил, пекарот успеал да издржи два и пол часа. На сослушувањето рекол дека издржал речиси цела ноќ, сé додека пред зората не стигнал до чамец за спасување во кој имало доволно место да се качи. Едно време исто така пливал до чамец за спасување, но кој бил преполн и немало место. Еден од патниците му помагал држејќи го за рака. Кога бродот RMS Carpathiа пристигнал напомош и ги спасил преживеаните од Титаник, било утврдено дека пекарот, и покрај сите тие часови поминати во студената вода, немал никакви повреди, со исклучок на потечените стапала. Џокин тврдел дека заслугата за тоа ја има големата количина алкохол која ја испил таа ноќ (што е многу чудно, бидејќи големите количини алкохол го зголемуваат ризиккот од хипотермија). Не само што алкохолот го спасил од студот, рекол Џокин, туку и речиси да не го ни почувствувал. По трагедијата на Титаник во која загинаа над 1.500 патници, најголемиот дел од преживеаните веќе никогаш не стапнале на брод. Не и Џокин; тој набрзо се приклучил на трговската морнарица и продолжил да пече леб за морнарите. Овој легендарен мераклија на добрата чашка учествувал и во двете светски војни. Умрел на свои 78 години, во 1956-та, од пневмонија. Во компилацијава од улоги на актерот Liam Tuohy ги има и сцените од филмот „Титаник“ од 1997-ма, каде тој го глуми токму пекарот Џокин. Џокин беше претставен и во „A Night to Remember“ од 1958 година, кој е филмска адаптација на истоимената книга на Валтер Лорд, во која е опишана последната вечер на Титаник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatnata-prikazna-za-pekarot-koj-posleden-go-napushti-titanik/feed/ 0