пекари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Mar 2023 08:17:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пекари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бел и полубел леб од денеска има во маркетите, цената е 33 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bel-i-polubel-leb-od-deneska-ima-vo-marketite-tsenata-e-33-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bel-i-polubel-leb-od-deneska-ima-vo-marketite-tsenata-e-33-denari/#respond Sat, 04 Mar 2023 08:17:25 +0000 https://kurir.mk/?p=807955

Пекарската индустрија најави дека од денеска ќе почне да испорачува бел и полубел леб по цена од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата по владината одлука за замрзнувањето на цената заклучно со 31 мај годинава. Утринава во маркетите белиот и полубелиот леб е нареден на полиците. Од Владата остануваат на ставот дека со одлуката ги штитат граѓаните и велат дека прават пресметки за можно замрзнување на цената и на други прехранбени производи. - Битката со Владата продолжува на правна основа. Одлуките што таа ги донесе на месечно ниво ни прават штета од преку 1,5 милиони евра. Поради наметнатите загуби, принудени сме да се прилагодиме и да ги намалиме загубите со одредени видови леб, но и да намалиме од бројот на вработени. Во наредните три месеци ќе бараме начин да опстанеме, а од утре ќе почнеме да испорачуваме леб за да им излеземе во пресрет на граѓаните, рече вчера на прес-конференција претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ. Според него, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а Владата донела неуставна и незаконска одлука со која ќе им нанесе штета од над 4,5 милиони евра. Владата, вели Малишиќ, воопшто нема чувство за новонастанатата ситуација и ниту е свесна, како што рече, дека со ваквите популистички мерки уништува една од стратешките индустрии во земјата. По одлуката што Владата ја донесе на 28 февруари за замрзнување на цената на лебот, како одговор дека и покрај субвенционираната струја за прехранбениот сектор не се намалени цените, пекарите одговорија со прекин на производството и полиците во големите маркети беа празни. По ова, Владата завчера интервенираше со дополнителна одлука со која ги обврза пекарите да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб, а трговците да го прибавуваат и продаваат. Надзорот на Државниот пазарен инспекторат, како што обарзложија од Владата, утврдил сериозно нарушување на домашниот пазар во Скопје и Тетово, поради недостиг на леб и полубел леб, чија цена е замрзната. Премиерот Димитар Ковачевски и вчера порача дека Владата нема да дозволи никој да прави екстра профит на грбот на граѓаните. Тој најави дека во блиска иднина е можно да бидат замрзнат цените и на некои други прехранбени производи, за што калкулациите веќе се прават. - Цената на лебот е замрзната за да се заштитат граѓаните, рече Ковачевски и изрази разочарување од некои производители кои, како што рече, според објавуваните сметки, продавале бел и полубел леб во вечерните часови по цена од 50 денари. Според премиерот, Владата нема да дозволи некој да прави екстра профит на грбот на граѓаните. Не држи објаснувањето дека мала пекараница може да произведе поевтин леб од голема пекарница. Компаниите кои во моментов не сакаат да произведуваат ваков тип леб се тие што го добија најголемиот дел од субвенциите за електрична енергија што никаде не можете да најдете на пазарот во време на криза. Тие треба да покажат одговорност, да го испорачаат она за што исто така за оваа цена имаат маржа, зашто калкулацијата беше правена од пекарската индустрија. Да се заработува на грбот на граѓаните кога треба да покажеме солидарност, е нешто најлошо што може да направи една компанија. Од друга страна, има одговорни комапнии и на нив сакам да им се заблагодарам, изјави Ковачевски. Министерот за економија Крешник Бектеши, вчера рече дека Министерството за економија речиси ги заврши анализите за замрзнување на цените на дел од производите, особено за тестенините и млечните производи. -До крајот на неделата или наредната недела ќе се носат одлуките, најави Бектеши, во гостувањето на Тема на денот на телевизија Сител, посочувајќи дека ќе се анализираат сите производи наведени во одлуката на Владата за замрзнување на трговската маржа. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, „лошите политики на Владата довеле до празни рафтови за леб“. - Граѓаните треба да добијат леб, како основен прехранбен производ, по најниска цена што треба да ја има, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на спортската сала во скопско Стајковци.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bel-i-polubel-leb-od-deneska-ima-vo-marketite-tsenata-e-33-denari/feed/ 0
„Трговците на мало ги уценуваат пекарниците“: Пекарите бараат од Владата да им испрати инспекции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovtsite-na-malo-gi-utsenuvaat-pekarnitsite-pekarite-baraat-od-vladata-da-im-isprati-inspektsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovtsite-na-malo-gi-utsenuvaat-pekarnitsite-pekarite-baraat-od-vladata-da-im-isprati-inspektsii/#respond Fri, 03 Mar 2023 17:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=807777

Пекарската индустрија попладнево соопшти дека трговците на мало не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа и поради тоа бара од Владата да ги активира инспекциските служби. -Денеска, по одржаниот прес за одлуките на пекарската индустрија, трговците на мало ги уценуваат пекарниците и не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа, што е незаконски и ја кршат одлуката што е претходно донесена. Вака настанатата ситуација е директно поврзана со последните штетни одлуки за пекарската индустрија. Бараме од Владата да ги испрати инспекциските служби и јавно да ги информира за последиците трговците на мало за нивното непочитување, наведуваат пекарите. Пекарската индустрија денеска на прес-конференција соопшти дека ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но и дека ќе поведе правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovtsite-na-malo-gi-utsenuvaat-pekarnitsite-pekarite-baraat-od-vladata-da-im-isprati-inspektsii/feed/ 0
Од утре леб и за 33 денари, пекарите ќе почнат правна битка со Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-leb-i-za-33-denari-pekarite-ke-pochnat-pravna-bitka-so-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-leb-i-za-33-denari-pekarite-ke-pochnat-pravna-bitka-so-vladata/#respond Fri, 03 Mar 2023 12:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=807630

Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука. Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот. Како што изјави денеска претседателот на Групацијата на мелничко пекарската индустрија Горан Малишиќ, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а Владата донела неуставна и незаконска одлука со која до 31 мај ќе им нанесе штета од над 4,5 милиони евра. -Битката со Владата продолжува на правна основа. Одлуките што таа ги донесе на месечно ниво ни прават штета од преку 1,5 милиони евра. Во наредните три месеци ќе бараме начин да опстанеме, а од утре ќе почнеме да испорачуваме леб за да им излеземе во пресрет на граѓаните, потенцира Малишиќ. Тој оцени дека Владата воопшто нема чувство за новонастанатата ситуација, и како што рече, уништува една од основните индустрии во земјата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-leb-i-za-33-denari-pekarite-ke-pochnat-pravna-bitka-so-vladata/feed/ 0
Владата донесе одлука: Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-obvrska-za-registriranite-proizvoditeli-na-leb-da-go-proizveduvaat-i-stavaat-vo-promet-beliot-i-polubeliot-leb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-obvrska-za-registriranite-proizvoditeli-na-leb-da-go-proizveduvaat-i-stavaat-vo-promet-beliot-i-polubeliot-leb/#respond Fri, 03 Mar 2023 08:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=807480

Владата, на синоќешната седница, донесе Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед, базирана на законски основи. Со одлуката, се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел). Трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, согласно владината одлука, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да прибавуваат и да продаваат најмалку 80 проценти од белиот и полубелиот леб (сечен на парчиња или цел). Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот или полубелиот леб (сечен на парчиња или цел), во количина од најмалку 80 проценти од производството на овој леб во месец декември, 2022 година. Трговците посочени во оваа одлука, за испорачаните видови леб посочени во оваа одлука, на производителот на лебот, треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб. Одлуката е на сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а е предвидено да се применува до 31 мај 2023 година. Во образложението на одлуката, којашто ја предложи Министерството за економија, е наведено дека според членот 29 став 1 алинеја 2 и 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај на сериозни пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните и нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. -Имајќи го предвид наведеното, според членот 30 став 1 алинеја 6 од Законот за трговија, Владата може да определи обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед. Врз основа на податоци од извршен инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија соопшти дека се утврди сериозни пореметувања на домашниот пазар во градовите Скопје и Тетово, поради недостаток на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел), за коишто Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, којашто стапи на сила на 28 февруари 2023 година, велат од Владата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-obvrska-za-registriranite-proizvoditeli-na-leb-da-go-proizveduvaat-i-stavaat-vo-promet-beliot-i-polubeliot-leb/feed/ 0
Едни месат, други бараат, трети купиле повеќе за резерва – Граѓаните се снаоѓаат за леб, пекарите остануваат на одлуката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edni-mesat-drugi-baraat-treti-kupile-poveke-za-rezerva-graganite-se-snaogaat-za-leb-pekarite-ostanuvaat-na-odlukata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edni-mesat-drugi-baraat-treti-kupile-poveke-za-rezerva-graganite-se-snaogaat-za-leb-pekarite-ostanuvaat-na-odlukata/#respond Thu, 02 Mar 2023 06:31:04 +0000 https://kurir.mk/?p=806957

Дали денеска ќе има леб е прашањето што си го поставуваат голем број граѓани откако вчера се соочија со полупразни полици со леб во продавниците. Во дел од продавниците вчера не можеше да се најде бел и полубел леб, откако пекарите ја реализираа најавата дека нема да произведуваат леб, по одлуката на Владата за укинување на субвенционираната струја за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, како и за замрзнување на цената на 33 денари за леб од 450 грама. Претставници од пекарската индустрија во изјава за МИА посочија дека тоа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите нивни членови ја почитуваа одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора. Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката, истакна за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија. Пекарската индустрија во понеделникот се закани дека нема да произведува леб доколку Владата донесе одлука за замрзнување на неговата цена. - Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот, изјави во понеделникот Горан Малишиќ, претседател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија по состанокот во Стопанската комора на Северна Македонија. Тој информира дека 32 индустриски пекари од цела држава и мали здруженија на пекари констатирале дека во целост се почитувала мерката за субвенционирање на електрична енергија и цените на лебот на пазарот се намалени повеќе од вредноста на субвенцијата што ја примаат пекарите. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера изјави дека одлуката за замрзнување на цената на брашното била донесена на база на сите информации што ги има Министерството за економија, а Државниот пазарен инспекторат ги направил сите пресметки и контроли. Тој смета дека не може мерки да се носат за некој да се богати, а друг да се осиромашува, додавајќи дека Владата е на и за граѓаните и тие мора да се заштитат. - Со месеци сите ние плаќаме за голем дел од компаниите да добиваат повластена електрична енергија која во последниот период е со намалена цена, а со намалена цена е и брашното. Се тоа доведе до одлуката која ги штити граѓаните, изјави Николовски. Државниот пазарен инспекторат вчера изврши 189 инспекциски надзори низ земјава за да утврди дали на терен се почитува владината одлука за замрзнување на цената, предвидена да трае до крајот на мај. Дел од граѓаните вчера за МИА изјавија дека почнале да месат леб, додека други „прошетале“ низ повеќе продавници со цел да најдат леб што им се допаѓа. Поединци дури купиле и по неколку леба за да имаат резерва за наредните денови. Одлуката на Владата за укинување на субвенционираната струја за прехранбената индустрија и за замрзнување на цената на лебот уследи откако, како што изјави премиерот Димитар Ковачевски во вторникот, било утврдено дека иако прехранбените компании добивале субвенционирана струја, тие воопшто не ги намалиле или незначително ги намалиле цените на нивните производи. - Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од седум до 12 проценти, појасни Ковачевски. Според министерот за економија Крешник Бектеши, компаниите не се оштетени со замрзнатата цена на лебот. - Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител на леб дали со таа цена на брашното и актуелните трошоци 450 грама леб треба да е поскап од 32 денара, вклучувајќи шест денари профит што останува кај пекарите. Значи, 32 денара со шест денара профитна маржа од страна на пекарите, пет отсто маржа од трговците или во малопродажба и пет отсто ДДВ, истакна Бектеши.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edni-mesat-drugi-baraat-treti-kupile-poveke-za-rezerva-graganite-se-snaogaat-za-leb-pekarite-ostanuvaat-na-odlukata/feed/ 0
Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pomalite-shtipski-pekari-ja-namalija-tsenata-na-lebot-i-do-pet-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pomalite-shtipski-pekari-ja-namalija-tsenata-na-lebot-i-do-pet-denari/#respond Wed, 01 Mar 2023 13:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=806648

Намалена е цената на лебот во одредени штипски пекари, откако Владата и официјално ја замрзна цената на 33 денари. Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, вели дека одредени пекари ја имаат намалено цената на лебот за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни. -Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има, вели Малинов. Пекара Штип Леб и пецива има и во останатите пекари во Штип, како и во супермаркетите. Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на максимални 33 денари ќе важи до крајот на мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pomalite-shtipski-pekari-ja-namalija-tsenata-na-lebot-i-do-pet-denari/feed/ 0
Пекарите децидни: Леб нема затоа што си ја почитуваме одлуката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pekarite-detsidni-leb-nema-zatoa-shto-si-ja-pochituvame-odlukata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pekarite-detsidni-leb-nema-zatoa-shto-si-ja-pochituvame-odlukata/#respond Wed, 01 Mar 2023 11:57:47 +0000 https://kurir.mk/?p=806584

Тоа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора, изјавија за МИА претставници од пекарската индустрија. Според нив, засега промена на ваквата одлука нема. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат е на терен и врши интензивни контроли - дали се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, донесена вчера. -Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката, истакна за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија. Државниот пазарен инспекторат, како што информираат од таму за МИА, со сите капацитети е на терен и врши контроли на почитувањето на владината одлука. Од ДПИ најавуваат дека јавно ќе ги соопштат податоците од теренските инспекции кон крајот на денов. Владата вчера донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши соопштија дека одлуката ќе важи заклучно со 31 мај годинава. Причина за замрзнување на цената е непочитувањето на договорот да се намалат цените на основните прехранбени производи согласно субвенционираната струја што ја добиваа компаниите.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pekarite-detsidni-leb-nema-zatoa-shto-si-ja-pochituvame-odlukata/feed/ 0
Цената на лебот 33 денари, пекарите ќе објават дали ќе прекинат со производство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenata-na-lebot-33-denari-pekarite-ke-objavat-dali-ke-prekinat-so-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenata-na-lebot-33-denari-pekarite-ke-objavat-dali-ke-prekinat-so-proizvodstvo/#respond Wed, 01 Mar 2023 06:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=806389

Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава, а ја укинува и субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи. Одлуката е донесена вчера на владина седница, а пекарската индустрија, која ден претходно, најави дека ќе прекине со производство на леб доколку биде донесена ваква одлука, ќе чека таа да излезе во Службен весник и ќе ги соопшти натамошните чекори. Ваквите одлуки на Владата следуваат откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажале дека дел од компаниите не ги намалиле соодветно цените на своите производи. Премиерот Димитар Ковачевски вчера на прес-конференција во Владата порача дека нема да дозволи неоправдано покачување на цените. - Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од седум до 12 проценти, рече Ковачевски. Според министерот за економија Крешник Бектеши, компаниите не се оштетени со тоа што ќе се замрзне цената на лебот. - Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител на леб дали со таа цена на брашното и актуелните трошоци 450 грама леб треба да е поскап од 32 денара, вклучувајќи шест денари профит што останува кај пекарите. Значи, 32 денара со шест денара профитна маржа од страна на пекарите, пет отсто маржа од трговците или во малопродажба и пет отсто ДДВ, истакна Бектеши. Замрзнувањето на цената на лебот, како што посочи, е времена мерка за да нема злоупотреба на поддршката што ја добиваат компаниите од државата. Од пекарската индустрија најавуваат дека ќе причекаат одлуката да излезе во Службен весник, па потоа ќе се реализира најавата за прекин на производството. -Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализира и практично не е валидна, велат пекарите. Според претседателот на Групацијата на мелничко - пекарската индустрија Горан Малишиќ, зад одлуката да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки. -Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија, изјави Малишиќ за МИА. Од април се укинува и субвенционираната струја за прехранбената индустрија што практично значи дека компаниите од овој сектор ќе мора да се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија. Одлуката за укинување на повластената цена на електричната енергија, според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, се очекува денеска да биде објавена во Службен весник.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenata-na-lebot-33-denari-pekarite-ke-objavat-dali-ke-prekinat-so-proizvodstvo/feed/ 0
Ќе има ли прекин на производството на леб? Пекарската индустрија на готовс по владината одлука! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-ima-li-prekin-na-proizvodstvoto-na-leb-pekarskata-industrija-na-gotovs-po-vladinata-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-ima-li-prekin-na-proizvodstvoto-na-leb-pekarskata-industrija-na-gotovs-po-vladinata-odluka/#respond Tue, 28 Feb 2023 17:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=806210

Пекарската индустрија ќе причека да излезе во Службен весник владината одлука за замрзнување на цената на лебот, што беше донесена денеска.

Потоа, како што изјавија нејзини претставници за МИА, ќе се реализира најавата за прекин на производството.

-Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализра и практично не е валидна, велат пекарите.

Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ, зад вчерашната одлука да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки. Одлуката е донесена едногласно.

-Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија, рече Малишиќ за МИА.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопштија дека е донесена одлука да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, како и да се укине субвенционираата струја за компаниите од прехранбениот сектор. (МИА)

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-ima-li-prekin-na-proizvodstvoto-na-leb-pekarskata-industrija-na-gotovs-po-vladinata-odluka/feed/ 0
По објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот, пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavata-na-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-pekarite-najavija-zatvorane-na-pogonite-i-prekin-na-proizvodstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavata-na-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-pekarite-najavija-zatvorane-na-pogonite-i-prekin-na-proizvodstvoto/#respond Mon, 27 Feb 2023 12:15:33 +0000 https://kurir.mk/?p=805625

Пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството на леб првиот ден по објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник. Ова го соопшти Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките на групацијата на која како што беше потенцирано едногласно била донесена одлуката за престанок со работа. - По најавата на министерот за укинување на субвенционирањето на цената на електричната енергија, како и најавата за замрзнување на цените на лебот беше одржана средба на членките на комората. Заклучивме дека субвенционираната цена на електричната енеригја има позитивни ефекти и има намалување на цените на лебот, дури и повеќе од учеството на субвенционираната струја. На пазарот веќе имаме прооизводи со постоечки цени од 33 до 35 денари, зависно која категорија. Веќе има леб по тие цени. Пекарската индустрија денеска на состонокот на кој беа присутни 32 ииндустриски пекари од цела земја, плус од мали градови, сите се согласија дека не се сложуваат со мерката за замрзнување, која ќе ги однесе до работа со загуби. Од сите, едногласно, беше донесена одлука, дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник, другиот ден пекарската индустрија ќе престане да произведува леб – посочи Малишиќ. Тој објаснуваше дека секоја компанија има свои пресметки, свои влезни трошоци во производството на леб, и посочи дека никој не ги тера граѓаните да купуваат лебови кои се поскапи и дека тие имаат избор да купуваат леб согласно можностите. - Цените на пазарот веќе се намалени, и тоа повеќе од субвенциите. Во формирањето на цените не влегува само струјата, туку и цените на брашното, работната рака, нафтата, опрема за пакување... Со оваа одлука се прави штета на бизнисот, не се гледа целата слика туку само одредени цени. Не сме против за мерката, ако владата ја донесе мерката, од наредниот ден нема да се носи леб на пазарот. Има модел како владата да направи социјална цена за лебот, за да се задоволат потребите на населението треба да се фатите за џеб – потенцира Малишиќ. Тој појасни дека две години биле општествено одговорни компании, и дека ако сега работат по замрзнати цени, ќе одат во загуба. Потесети дека изминатиов период имаше бројни одлуки кои резултирале со загуби во дејноста, но додаде дека се спремни за преговори. - Ако не затвориме одма, по ваква одлука секако ќе затвориме по некое време – додава Малишиќ. Пекарите појаснуваа дека во вкупна цена на леб најголем трошок кој опфаќа од 40-45 се трошоци за брашно, потоа околу 35 проценти се трошоци за работна рака, а останати за други трошоци како пакување, нафта, други енергенсиии... Посочуваат дека поради одливот на кадар има голем недостиг од кадар, поради што и платите во секторот нагло растат. Според нив, просечна плата кај пекарите е 600 евра, но има такви кои се платени и по илајда евра месечно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavata-na-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-pekarite-najavija-zatvorane-na-pogonite-i-prekin-na-proizvodstvoto/feed/ 0