пеле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Sep 2023 10:03:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пеле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нејмар го престигна Пеле https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-go-prestigna-pele/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-go-prestigna-pele/#respond Sat, 09 Sep 2023 10:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=876274

Нејмар стана најдобар бразилски стрелец на сите времиња и го престигна легендарниот Пеле, откако синоќа постигна два гола во победата од 5-1 над Боливија во воведното коло од јужноамериканските квалификациите за Светското првенство 2026. Нејмар досега во кариерата настапи на 125 меѓународни натпревари на кои дојде до бројката од 79 голови, а Едсон Арантес до Насименто Пеле, кој почина во декември лани, постигна 95 голови на 113 натпревари, но тука се вклучени и бројни пријателски натпревари одиграни со бразилската репрезентација кои не се признаени од ФИФА. Со тоа, Пеле, кој е трикратен светски првак со Бразил (1958, 1962, 1970) на 92 официјални натпревари има постигнато 77 голови, два помалку од Нејмар. Најдобриот бразилски стрелец во историјата, кој од ова лето настапува за саудискиот клуб Ал Хилал, остана скромен по соборениот рекорд, истакнувајќи оти тоа не значи дека е подобар од Пеле. „Многу сум среќен, немам зборови, бидејќи никогаш не замислував дела ќе го постигнам овој рекорд. Од овој момент, сакам да укажам дека тоа што го постигнав не значи дека сум подобар од Пеле“, им изјави Нејмар на бразилските новинари по натпреварот одигран во Белем. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-go-prestigna-pele/feed/ 0
Пеле доби улица во Рио Де Женеиро https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pele-dobi-ulica-vo-rio-de-zeneiro/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pele-dobi-ulica-vo-rio-de-zeneiro/#respond Fri, 06 Jan 2023 10:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=784159

Една од авениите во Рио де Женеиро ќе го носи името на прославениот бразилски фудбалер Пеле, одлучија градските власти. Како што јавија локалните медиуми, дел од патот „Авенида Радиал Оесте“ (Avenida Radial Oeste), долг 1.4 километри во близина на стадионот „Маракана“ ќе го носи името Авенија на кралот Пеле(Avenida Rei Pele). Пеле почина од рак минатиот четврток на 82-годишна возраст и по тридневна национална жалост и по 24-часовно бдеење на стадионот на неговиот долгогодишен клуб Сантос, трикратниот светски првак беше погребан во вторникот. На стадионот „Маракана“ во близина на авенијата, која ќе го носи неговото името, Пеле во 1969 година го постигна 1.000 гол во својата кариера. На истиот стадион во 1971 година се збогува од бразилската репрезентација на пријателски натпревар против поранешна Југославија]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pele-dobi-ulica-vo-rio-de-zeneiro/feed/ 0
Двојникот на Пеле му оддаде последна почит на фудбалскиот великан https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dvojnikot-na-pele-mu-oddade-posledna-pochit-na-fudbalskiot-velikan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dvojnikot-na-pele-mu-oddade-posledna-pochit-na-fudbalskiot-velikan/#respond Tue, 03 Jan 2023 13:56:46 +0000 https://kurir.mk/?p=783528

Никанор Рибеиро беше еден од многуте луѓе кои вчера му оддадоа почит на Пеле, еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Двојникот на Пеле беше присутен на последното испраќање на гигантот облечен во дресот на Сантос, а пред стадионот Рибеиро им позираше на фотографите со голем број ожалостени. Рибеиро имаше операција на окото во САД каде ја отстрани брадата и набрзо потоа ја презеде улогата на двојникот на Пеле во 2002 година. Две години подоцна, тој имаше можност да го запознае бразилскиот гигант и да се фотографира со него во бразилскиот град Сао Паоло. Пеле почина на 29 декември на 82-годишна возраст. Ќе биде погребан на приватна церемонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dvojnikot-na-pele-mu-oddade-posledna-pochit-na-fudbalskiot-velikan/feed/ 0
Легендарниот Пеле ќе биде погребан денеска, местото и катот на вечното почивалиште имаат посебно значење за него https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/legendarniot-pele-kje-bide-pogreban-deneska-mestoto-i-katot-na-vechnoto-pochivalishte-imaat-posebno-znachenje-za-nego/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/legendarniot-pele-kje-bide-pogreban-deneska-mestoto-i-katot-na-vechnoto-pochivalishte-imaat-posebno-znachenje-za-nego/#respond Tue, 03 Jan 2023 08:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=783396

Легендите никогаш не умираат. Пеле не отиде во вечноста. Тој е вечноста. Овие три реченици со денови се во главите на сите Бразилци кои го испратија легендарниот Едсон Арантес на Насименто, кој почина на 30 декември во болницата „Алберт Ајнштајн“, на 82-годишна возраст по долга и тешка болест. Океан од луѓе вчера се излеа во стадионот Сантос во Сао Паоло каде започна комеморацијата на познатиот бразилски фудбалер и најдобриот и најценетиот спортист на оваа земја, кој по фудбалската кариера многу гордо се занимаваше со хуманитарна работа. – Сакам да го гледам мојот Сантос, беше последната желба на Пеле пред да почине. На најблиските им рекол и дека сака да биде погребан на необичните гробишта Меморијална вселенска некропола, зграда од 14 ката, каде засекогаш почиваат околу 14.000 луѓе. На овие гробишта почива и таткото на Пеле, Дондињо, а Пеле за време на својот живот изјавил дека сака да биде погребан точно на деветти кат во знак на почит кон „деветката“ што ја носел таткото Жоао Рамос до Насименто, популарниот Дондињо за време на неговата кариера која траеше од 1940 до 1952 година. Поворката, бдеењето и оддавањето последна почит започна вчера во раните утрински часови во Сао Паоло, а десетици илјади луѓе многу трпеливо го чекаа редот да влезат на стадионот Сантос, во чиј центар беше отворениот ковчег со телото на Пеле. Многу навивачи чекаа и до 14 часа за да бидат меѓу оние кои ќе се најдат пред својата фудбалска икона. По целодневна и целоноќна поворка и бдение, денеска е предвидено Пеле да биде погребан на споменатите необични гробишта во Сао Паоло, кои се изградени во 1984 година и се наоѓаат во Гинисовата книга на рекорди како највисоки гробишта во светот, со површина од 40.000 квадратни метри. Денес, Пеле тргнува на своето последно патување. Додека чекореше по земјата, ги воодушеви Бразилците и целиот свет со 1.281 гол на 1.363 натпревари. Сега, во царството небесно, тој им се придружува на оние кои се обиделе да бидат како него.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/legendarniot-pele-kje-bide-pogreban-deneska-mestoto-i-katot-na-vechnoto-pochivalishte-imaat-posebno-znachenje-za-nego/feed/ 0
Ковчегот со посмртните останки на Пеле донесен на стадионот на Сантос (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovchegot-so-posmrtnite-ostanki-na-pele-donesen-na-stadionot-na-santos-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovchegot-so-posmrtnite-ostanki-na-pele-donesen-na-stadionot-na-santos-video/#respond Mon, 02 Jan 2023 14:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=783276

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина минатата недела во болницата „Алберт Ајнташјн“ во Сао Паоло, а ковчегот со телото пристигна на стадионот на неговиот поранешен клуб Сантош. Погребот ќе се одржи во вторник на гробиштата „Мемориал Некропол Екуменик“, како што посакал бразилскиот фудбалер пред да почине. Бразилецот се бореше со рак на дебелото црево од септември 2021 година, а во болница заврши повторно на 29 ноември, меѓутоа болеста во последните недели се прошири и на бубрезите, по што немаше спас за Пеле.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kovchegot-so-posmrtnite-ostanki-na-pele-donesen-na-stadionot-na-santos-video/feed/ 0
Сантос планира да ја повлече „десетката“ на Пеле https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-planira-da-ja-povleche-desetkata-na-pele/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-planira-da-ja-povleche-desetkata-na-pele/#respond Sat, 31 Dec 2022 10:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=782705

Бразилскиот фудбалски клуб Сантос од Сао Паоло откри планови за трајно повлекување на дресот со бројот 10, кој во текот на својата кариера носеше легендарниот Пеле. Повеќе бразилски медиуми објавија дека ќерките на Пеле, по неговата смрт во четвртокот, побарале од клубот повеќе никој во Сантос да не ја носи легендарната „десетка“. „Tоа ќе му гo предложиме на Управниот одбор. За такво нешто постои процедура, потребно е да се состанат членовите на Одборот и тоа да го одобрат. Во меѓувреме, со административен акт во текот на идниот месец привремено ќе го укинеме користењето на бројот 10, надевајќи се дека нашиот oдбор ќе ја претвори таа одлука во трајно решение“, изјави претседателот на Сантос, Андре Руеда. Дресот со бројот 10. во моментов во Сантос го носи венецуелскиот напаѓач Џеферсон Сотелдо, кој од Пеле се збогува со објава на социјалните мрежи: „Носењето на твојот дрес и грижата за него со љубов и почитување е мојата мисија. Ти нè напушти, но твоето наследство и спомените остануваат. Ти благодарам на сè, кралу Пеле“. Пеле почина во четвртокот на 82-годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-planira-da-ja-povleche-desetkata-na-pele/feed/ 0
Сите го знаеме како ПЕЛЕ, но ова е вистинското име на легендарниот БРАЗИЛЕЦ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/site-go-znaeme-kako-pele-no-ova-e-vistinskoto-ime-na-legendarniot-brazilec/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/site-go-znaeme-kako-pele-no-ova-e-vistinskoto-ime-na-legendarniot-brazilec/#respond Fri, 30 Dec 2022 11:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=782486

На 82-годишна возраст вчера почина легендарниот бразилски фудбалер Пеле. Едсон Арантес до Насименто – Пеле се смета за еден од најголемите играчи на сите времиња. Со репрезентацијата на Бразил три пати беше светски првак, што не го направил ниту еден играч. Од него се прости и легендарниот ас од југословенските простори, Драган Џајиќ. „Толку сум тажен. Тој беше симбол на фудбалот и неговата генерација. Многу луѓе го сакаа и го почитуваа, а тој сè е феномен. Една средба со него никогаш нема да ја заборавам. Тоа се случи на нашиот прием во амбасадата во Бразил. Тој дојде до мене, разговаравме затоа што бев капитен на Југославија, а потоа ме праша дали му го испратиле телевизорот што му го ветиле од Југославија. Му реков дека ништо не испратиле по нас, не знам дали можеби ќе го испратат подоцна, но знам дека му бил ветен“, раскажа Џајиќ.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/site-go-znaeme-kako-pele-no-ova-e-vistinskoto-ime-na-legendarniot-brazilec/feed/ 0
Ова е последната објава на Пеле, му ја посвети на Мбапе https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ova-e-poslednata-objava-na-pele-mi-ja-posveti-na-mbape/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ova-e-poslednata-objava-na-pele-mi-ja-posveti-na-mbape/#respond Fri, 30 Dec 2022 11:09:21 +0000 https://kurir.mk/?p=782550

Легендарниот Пеле почина на 82-годишна возраст. Многумина Бразилецот го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња, а во текот на кариерата собори бројни рекорди. Пеле три пати беше светски првак со Бразил, тоа до ден денес не му успеало на ниту еден друг фудбалер. Првата титула ја освои во 1958 година, како осумнаесетгодишник. Четири години подоцна, втората, а за третата чекаше до 1970 година. Во својата последна порака до јавноста тој се обрати на Килијан Мбапе. - Ти благодарам Мбапе... Благодарам. Среќен сум што собори уште еден мој рекорд на ова Светско првенство, му порача Пеле на францускиот напаѓач откако го собори неговиот рекорд за најмногу постигнати голови на Мундијалите во конкуренција на играчи до 24 години.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ova-e-poslednata-objava-na-pele-mi-ja-posveti-na-mbape/feed/ 0
Сантос во чест на Пеле стави круна на клупскиот амблем https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-vo-chest-na-pele-stavi-kruna-na-klupskiot-amblem/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-vo-chest-na-pele-stavi-kruna-na-klupskiot-amblem/#respond Fri, 30 Dec 2022 09:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=782508

Бразилскиот фудбалски клуб Сантос, во кој прославениот Пеле ја мина речиси целата своја кариера, во негова чест додаде круна на клупскиот амблем. Трикратниот светски првак Пеле почина вчера на 82-годишна возраст – 16 месеци откако лекарите му дијагностицираа рак на дебелото црево. Досега на клупското лого на Сантос стоеја две ѕвездички, во знак на освоените повеќе од 20 титули, а круната симболично го претставува Пеле како крал на фудбалот. Пеле во Сантос ја почна кариерата во 1956 година и остана во клубот од Сао Паоло до 1974 година, кога мина во њујоршки Космос. Пеле во дресот на Сантос освои 25 титули, одигра 659 официјални натпревари и постигна 643 голови.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-vo-chest-na-pele-stavi-kruna-na-klupskiot-amblem/feed/ 0
Еве што му вети Пеле на Марадона кога тој почина пред две години! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-shto-mu-veti-pele-na-maradona-koga-toj-pochina-pred-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-shto-mu-veti-pele-na-maradona-koga-toj-pochina-pred-dve-godini/#respond Fri, 30 Dec 2022 09:28:42 +0000 https://kurir.mk/?p=782478

Синоќа си замина уште една од најголемите фудбалски легенди, Пеле, многумина се потсетуваат на неговата изјава по смртта на Марадона. Диего Марадона почина пред две години, тогаш Пеле му даде почит со твит на социјалните мрежи: „Еден ден, се надевам дека заедно ќе играме со топката во рајот“. Дојде тој ден, сега и двајцата се таму.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eve-shto-mu-veti-pele-na-maradona-koga-toj-pochina-pred-dve-godini/feed/ 0