пелени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 12:11:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пелени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Многу тазе родители се среќаваат со овој проблем- важни совети за „осип од пелени“ кои мора да ги знаете https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogu-taze-roditeli-se-srekavaat-so-ovoj-problem-vazhni-soveti-za-osip-od-peleni-koi-mora-da-gi-znaete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogu-taze-roditeli-se-srekavaat-so-ovoj-problem-vazhni-soveti-za-osip-od-peleni-koi-mora-da-gi-znaete/#respond Wed, 08 Feb 2023 12:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=797871

Многу родители се среќаваат со осип од пелената кај бебето. Педијатарот д-р Шрути Натвани за „Сан“ (The Sun) објаснува дека има многузабуни и заблуди околу тоа што сѐ го предизвикува тој „осип од пелени“? - Не секогаш Вашето дете седи предолго во влажна пелена... Првата изненадувачка причина за непријатности кај Вашето бебе е тоа што неодамна сте почнале да јадете цврста храна. Имено, кога ќе почнете да го навикнувате малечкото на цврста храна, ќе видите дека неговата столица е погуста и обично потемна по боја. Може да забележите и дека промената во исхраната понекогаш може да ја зголеми зачестеноста на столицата и п-Х вредноста, зголемувајќи ги така можностите за осип, објаснува докторката. Друга причина за осип е „претераната хигиена“. Имено, д-р Натвани вели дека иако чистотата е клучен дел од секојдневната рутина, бебињата со почувствителна кожа може да бидат склони кон иритација и ранички ако се претера со триењето. - Миењето и чистотата на бебето игра клучна улога во отстранувањето на урината и изметот, но некои бебиња може да имаат чувствителна кожа, а прекумерното или посилно бришење може да ја иритира бебешката кожа, што на крајот може да ја зголеми и опасноста од осип, додава педијатарот. За да се спречи тоа, таа препорачува меко марамче и млака вода за нежно бришење на бебето одзади. - Ако користите марамчиња, обидете се да користите од оние без алкохол и мирис, бидејќи тие, исто така, понекогаш ја иритираат кожата. И, секогаш оставете го местото каде што ја нанесувате пелената, темелно да се исуши пред да ставите нова пелена, појасни докторката. Конечно, таа предупредува и дека ако вашето дете има дијареа или течна столица, тоа може да предизвика и полош осип. - Осипот кај пелената може да се појави кога кожата на бебето е во долготраен допир со урина и измет, изјави д-р Натвани. Советот гласи - мора почесто да се менуваат пелените. Токму поради зголемената п-Х вредност на столицата и поголемиот волумен, се покачува и опасноста од осип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogu-taze-roditeli-se-srekavaat-so-ovoj-problem-vazhni-soveti-za-osip-od-peleni-koi-mora-da-gi-znaete/feed/ 0
Пелени за пилотите при дестинации со висок ризик од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/peleni-za-pilotite-pri-destinacii-so-visok-rizik-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/peleni-za-pilotite-pri-destinacii-so-visok-rizik-od-kovid-19/#respond Thu, 10 Dec 2020 10:38:21 +0000 https://kurir.mk/?p=441392

Кинеската Управа за цивилно воздухопловство препорача, при чартер-летови со дестинации со висок ризик од Ковид-19, екипажот да носи пелени за еднократна употреба и да се избегнува користење тоалети. Целта е да се намали ризикот од зараза со коронавирусот. Советот е на списокот упатства за авиокомпаниите за спречување на ширењето на Ковид-19. Брошурката има 38 страници. Советите во врска со пелените се во делот за опрема за лична заштита. Управата наведува дека препораката се однесува на чартер-летови од и до земји и области каде што бројот на заразени надминува 500 на милион луѓе. Исто така, се препорачува употреба на медицински заштитни маски, медицински ракавици за еднократна употреба, заштитни очила, капи за еднократна употреба, заштитна облека и навлаки за обувки. Според Блумберг, кинескиот домашен авијациски пазар закрепнува и е близу до нивоата пред пандемијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/peleni-za-pilotite-pri-destinacii-so-visok-rizik-od-kovid-19/feed/ 0
Астронаутите на МВС останаа без тоалет, па мора да користат пелени https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautite-na-mvs-ostanaa-bez-toalet-pa-mora-da-koristat-peleni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautite-na-mvs-ostanaa-bez-toalet-pa-mora-da-koristat-peleni/#respond Wed, 27 Nov 2019 12:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=269958

Тоалетите на Меѓународната вселенска станица (МВС) се вон употреба. Поради тоа, астронаутите се принудени да користат посебни „памперси”, пренесува БГНЕС, повикувајќи се на разговори меѓу членови на екипажот со централата на НАСА. На МВС има два тоалета од руско производство. На двата вселенски брода „Сојуз” исто така има по еден, но тие се користат само за време на лет и само во случај на крајна неопходност при престој на МВС. Според информации на командирот на Станицата, Лука Пармитано, тоалетот во американскиот оддел не работи поради постојани индиции за неисправност, а рускиот – поради сигнализација за преполнетост. Притоа, тој се консултираше со централата во Хјустон околу тоа – астронаутите привремено да ги употребуваат уредите за собирање урина, коишто се наоѓаат во европската вселенска лабораторија Колумбус. Решението е најдено. Не е познато, сепак, каде завршуваат искористените „памперси” на астронаутите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautite-na-mvs-ostanaa-bez-toalet-pa-mora-da-koristat-peleni/feed/ 0
Не ја трга цуцлата од уста и носи пелени: Оваа 21-годишна девојка не е болна, но крие тешка приказна (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-ja-trga-cuclata-od-usta-i-nosi-peleni-ovaa-21-godishna-devojka-ne-e-bolna-no-krie-teshka-prikazna-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-ja-trga-cuclata-od-usta-i-nosi-peleni-ovaa-21-godishna-devojka-ne-e-bolna-no-krie-teshka-prikazna-foto/#respond Sun, 09 Jun 2019 09:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=207183

Камила Лола од Швајцарија е 21-годишна девојка која живее живот како бебе и е членка на здужението „Возрасни кои ги сакаат бебешките пелени“. Таа 24 часа дневно носи цуцла и пелени. Иако некогаш имала проблеми со неконтролирана столица, носењето на пелени го задржала како „хоби“.
Однесувањето како бебе наводно и помага да повторно го преживее детството. Нејзиното семејство и роднини го прифатиле тоа необично „хоби“, но многу мислат дека тоа е голема лудост и дека треба што поскоро да престане да го прави тоа.
Камила како дете имала голем проблем со диареа. -Влегов во оваа заедница од тажна причина. Кога бев дете не можев да ја јадам било која храна затоа што се ми предизвикувало диареа. За време на моето детство имав незгоди и во училиште, на летување и со семејството. Затоа не успеав да ги отстранам пелените, открива Камила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-ja-trga-cuclata-od-usta-i-nosi-peleni-ovaa-21-godishna-devojka-ne-e-bolna-no-krie-teshka-prikazna-foto/feed/ 0
ФОТО: Младите од ВМРО-ДПМНЕ му оставија пелени на Шилегов пред Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-mladite-od-vmro-dpmne-mu-ostavija-peleni-na-shilegov-pred-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-mladite-od-vmro-dpmne-mu-ostavija-peleni-na-shilegov-pred-grad-skopje/#respond Thu, 20 Sep 2018 10:46:45 +0000 https://kurir.mk/?p=103551

Инспирирани од вчерашниот настан, од подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска му оставија пелени на скопскиот градоначалник Петре Шилегов пред седиштето на Град Скопје. Градоначалникот Шилегов, вчера ги посети жители пред Т.Ц. Скопјанка кои седеа до доцна во ноќта поради непријатниот и загушлив мирис во нивниот влез, кој се испостави дека е од многу искористени пелени од станот на две старици и со снимка ги убедуваше жителите дека е безбедно да се вратат дома. -Граѓаните пријавија непријатна миризба и проблеми со респираторниот систем. Градскиот штаб излезе на лице место. Го обезбедивме просторот. Повикавме посебни единци бидејќи граѓаните се жалеа дека миризбата влијае на нивното здравје. Во станот број 11 се најдени користени пелени кои не биле фрлени. Моментално полицијата и противпожарните екипи вршат увид. Откако ќе завршат, екипи за дезинфекција ќе го исчисти станот. Повикани се и екипи од Центарот за социјални работи за да ги згрижат станарите од станот 11 за да не дојде повторно до ваква непријатна ситуација, рече градоначалникот Шилегов вчера. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-mladite-od-vmro-dpmne-mu-ostavija-peleni-na-shilegov-pred-grad-skopje/feed/ 0