пелети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Jul 2023 11:44:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пелети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПРОТЕСТ ПРЕД ФИНАСИИ АКО СЕ ЗГОЛЕМИ ДДВ-ТО НА ПЕЛЕТИТЕ – најавува Здружението на потрошувачи „Солидарност“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-finasii-ako-se-zgolemi-ddv-to-na-peletite-najavuva-zdruzhenieto-na-potroshuvachi-solidarnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-finasii-ako-se-zgolemi-ddv-to-na-peletite-najavuva-zdruzhenieto-na-potroshuvachi-solidarnost/#respond Wed, 19 Jul 2023 11:44:41 +0000 https://kurir.mk/?p=858091

Здружението на потрошувачи „Солидарност“ бара парламентарното мнозинство да го прифати амандманот со кој се предвидува ДДВ-то за пелетите да остане 5 отсто во спротивно најавува дека ќе пристапи кон протести пред Министерството за финансии. -Како Здружение на потрошувачи сме особено загрижени за последните случувања во поглед на зголемување на цената на пелетите. Имено Владата сака да изврши зголемување на ДДВ-то на овој енергенс од 5 на 18 отсто што неколку месеци пред започнување на грејната сезона дополнително ќе го оптовари џебот на граѓаните. Нашето Здружение бара додека не е доцна парламентарното мнозинство да го прифати амандманот поднесен од една од пратеничките групи со кој се предвидува за овој енергенс стапката на ДДВ да остане 5 отсто. Доколку не се излезе во пресрет и не се прифати нашето барање ќе пристапиме кон протести пред Министерството за финансии, велат од Здружението. Со прифаќање на амандманот, додаваат, ќе се излезе во пресрет на над 50.000 домаќинства кои ги користат пелетите за затоплување во зимскиот период и би се заштедиле минимум околу 6.000 денари по домаќинство. Посочуваат дека поскапување на цената од 13 отсто значи плус 2.000-2.500 денари по тон, а секое домаќинство во текот на една грејна сезона, како што велат, троши од три до четири тони пелети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-finasii-ako-se-zgolemi-ddv-to-na-peletite-najavuva-zdruzhenieto-na-potroshuvachi-solidarnost/feed/ 0
Пелетите стануваат изгор скапи – граѓаните се растрчаа да купат по стара цена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/peletite-stanuvaat-izgor-skapi-graganite-se-rastrchaa-da-kupat-po-stara-tsena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/peletite-stanuvaat-izgor-skapi-graganite-se-rastrchaa-da-kupat-po-stara-tsena/#respond Mon, 17 Jul 2023 11:07:44 +0000 https://kurir.mk/?p=857379

Најавата за зголемување на ДДВ-то од 5 на 18 отсто почна да им предизвикува главоболки на граѓаните кои се греат на пелети преку зимата, бидејќи новата цена на овој вид огрев, според пресметките, ќе биде повисока за најмалку 100 евра во однос на ланската и прекланската грејна сезона. Ако едно просечно македонско семејство годишно троши 3 тони пелети за греење, кои би чинеле вкупно околу 60.000 денари, отсега истото тоа семејство за истата количина огрев ќе треба да издвои околу 66.000 денари. Причината е во скокот на данокот, а ставот на министерот за финансии Фатмир Бесими е дека мора да се натераат граѓаните да почнат да инвестираат во обновливи извори на енергија кои не ја загадуваат животната средина. Целиот текст прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/peletite-stanuvaat-izgor-skapi-graganite-se-rastrchaa-da-kupat-po-stara-tsena/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ДУИ и СДС повторно удри по џебот на граѓаните, се зголемува и ДДВ за купување на пелети од 5 на 18% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-na-dui-i-sds-povtorno-udri-po-dhebot-na-graganite-se-zgolemuva-i-ddv-za-kupuvane-na-peleti-od-5-na-18/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-na-dui-i-sds-povtorno-udri-po-dhebot-na-graganite-se-zgolemuva-i-ddv-za-kupuvane-na-peleti-od-5-na-18/#respond Sun, 16 Jul 2023 07:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=857086

Неспособната власт предводена од ДУИ и СДС повторно удира по џебот на граѓаните. Наместо помош за граѓаните преку намалување на даноци, субвенционирање на основни потреби на граѓаните, криминалците на власт предложуваат зголемување на ДДВ-то за купување на пелети од 5 на 18 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека по враќањето на ДДВ-то за електрична енергија на 18%, овој пат државата ќе мавне повторно по џебот на обичниот граѓанин. -Ова ќе биде сериозен удар за и така малиот и скромен буџет на граѓаните. Над 50 илјади фамилии во државата кои користат пелети како огревно средство во зимскиот период, сега ќе мора да платат за 3 пати повисоки давачки кон државата за престојната зима. Според пресметките секое семејство во зимскиот период со купување на пелети од својот буџет ќе треба да издвои плус над 6000 денари, за давачки кон државата преку зголеменото ДДВ од повластеното 5 на 18%. Дали и преку оваа одлука на Владата, се носи со единствена цел, огромен профит за фирми блики од ДУИ и СДС кои тргуваат со ова огревно средство. Владата на ДУИ и СДС треба веднаш да ја повлече оваа одлука. Граѓаните не треба да бидат изложени на уште поголеми давачки во оваа криза, стои во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-na-dui-i-sds-povtorno-udri-po-dhebot-na-graganite-se-zgolemuva-i-ddv-za-kupuvane-na-peleti-od-5-na-18/feed/ 0
Измамен маж: Платил огромна сума за пелети, останал и без нив и без пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izmamen-mazh-platil-ogromna-suma-za-peleti-ostanal-i-bez-niv-i-bez-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izmamen-mazh-platil-ogromna-suma-za-peleti-ostanal-i-bez-niv-i-bez-pari/#respond Sun, 05 Feb 2023 16:35:10 +0000 https://kurir.mk/?p=796411

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Л.(49) од с.Лисичани, општина Пласница, поради постоење основано сомнeние за сторено кривично дело „измама“. Тој, со лажно прикажување, го довел во заблуда А.Т. од Охрид и му понудил пелети за огрев. Потоа, му испратил и две фактури, кои оштетениот ги платил во вкупен износ од 327.712 денари, но не ја добил нарачката.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izmamen-mazh-platil-ogromna-suma-za-peleti-ostanal-i-bez-niv-i-bez-pari/feed/ 0
Ако остане ограничувањето на цената, од 1 декември на пазарот нема да има пелети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-ostane-ogranichuvanjeto-na-cenata-od-1-dekemvri-na-pazarot-nema-da-ima-peleti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-ostane-ogranichuvanjeto-na-cenata-od-1-dekemvri-na-pazarot-nema-da-ima-peleti/#respond Thu, 10 Nov 2022 14:04:47 +0000 https://kurir.mk/?p=758670

Преку 80 проценти од потребите за пелети ги обезбедуваме од увоз, а со мерката што ја донесе Владата на 2 ноември цената на плетите е ограничени на пониско ниво од влезните цени. Солуцијата која ние ја нудиме сега е да се врати претходната мерка којашто исто така била репресивна, а тоа е ограничување на маржата на 10 проценти. Доколку остане во сила сегашната мерка, од 1 декември нема да има нови количества на пелети на пазарот и ние ја повикуваме Владата да најдеме заедничко решение за да има пелети, истакна претседателот на Националното здружение на производители и дистрибутери на продукти од биомаса „Биомак Енерџи“, Владимир Стојановски. Тој нагласи дека во услови кога Владата го субвенционира градското парно со 18 милиони евра, тие побарале субвенции од државата за граѓаните кои се греат на пелети и огревно дрво, но досега не добиле одговор. – Владата донесе мерка каде што ја ограничи цената на пелетите во апсолутна вредност, а имаме ситуација во којашто од земјите од каде што вршиме увоз имаме повисоки влезни цени. Во една таква ситуација крајниот резултат би бил ние да бидеме приморани, додека тоа не се смени, едноставно да не вршиме увоз, од едноставна причина што не можеме да продаваме со загуба. Крајниот резултат исто така би бил недостиг на пелети. Ние како здружение ја повикуваме Владата да најдеме заедничко решение за да има пелети на пазарот и економските оператори да ја остваруваат својата цел, а тоа е да функционираат, увезуваат, дистрибуираат и продаваат на крајните потрошувачи, изјави Стојановски на денешната прес-конференција. Тој информираше дека главните пазари од каде што се увезуваат пелетите се Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија, но, како што нагласи, во моментов Србија и БиХ вовеле забрана за извоз, Црна Гора воспоставила квоти и дозволи за секој камион посебно со што извозната процедура се отежнува, додека Бугарија нема доволни количества на пелети за извоз. Единствен избор за увоз на пелети во последните пет до шест месеци е Турција, но како што информираше Стојановски, и таму цените се високи затоа што, пазарните цени и услови ги диктира Германија. Тој додаде дека има побарувачка од страна на граѓаните, но ако сегашната мерка остане во сила тоа ќе биде неодржливо и нефункционално во пракса. На прашање кој би бил нивниот предлог за излез од ваквата ситуација, Стојановски информираше дека на 23 август со допис побарале од Владата субвенционирање на пелетите. – Владата го субвенционира градското парно во Скопје, како што кажа премиерот со преку 18 милиони евра и тоа е добро и треба да биде така. Меѓутоа, имаме ситуација каде што граѓаните на Центар, Аеродром и Карпош се субвенционирани со 18 милиони евра, а што е со граѓаните во Бутел, Драчево, Радишани итн. Затоа побаравме субвенции од државата за граѓаните кои се греат на пелети и огревно дрво, но не добивме одговор, нагласи Стојановски. Тој додаде дека солуцијата која тие ја нудат сега е да се врати претходната мерка којашто исто така била репресивна, а тоа е ограничување на маржата на 10 проценти. – На тој начин се постигнуваат два ефекти. Владата со 10 проценти маржа ги штити граѓаните да нема прекумерна заработка на увезената стока, а во исто време дава можност да работиме. Затоа што ние не можеме да знаеме во наредните три месеци како ќе се движат пазарите од каде што увезуваме, посочи тој. На прашањето за висината на моменталните цени, тој информираше дека во 2021 година во земјава се потрошени 120 илјади тони пелети, од кои 95 илјади од увоз, а останатите 25 илјади се од домашно производство. – Во моментов влезната цена од Турција се движи меѓу 27,5 до 30-31 денар по килограм, а Владата кажува дека треба да продаваме по 27 денари. По тие цени ние не можеме да продаваме. Веќе има количини влезени во тие цени, значи оттука натаму увозот што ќе се врши е по повисоки цени од продажната и ние сме во апсурдна ситуација во којашто не можеме да функционираме. Крајниот резултат за жал ќе биде дека за многу брзо време ќе нема пелети на пазарот, одговори Стојановски. Прашан дали ќе се стабилизира цената доколку Владата го прифати предлогот со ограничување на маржата на 10 проценти, Стојановски повтори дека земјава е увозно зависна и во ваква ситуација можно е само прифаќање на тековите, случувањата и цените коишто се на тие пазари од каде што се врши увоз и тоа апсолутно не зависи од увозниците во земјава. Околу тврдењата на Пазарниот инспекторат дека увозниците чуваат залихи купени по пониски цени, за нивно препродавање по повисоки во нареден период, Стојановски одговори дека бројката што ја спомнал Инспекторатот изнесува 4.500 тона, којашто е само четири проценти во споредба со вкупната потрошувачка на 131 трговец во цела држава, што изнесува околу 120 илјади тона и дека тоа е сосема мало количество, што обично на лагер го имаат еден до двајца трговци. Во однос на залихите, Стојановски информираше дека, иако сега е сезоната, набавката на пелети почнува дури и од мај и дека се купува во текот на сите месеци и не е нешто што се чува. Освен тоа, околу ова прашање, тој рече дека количествата за набавка се лимитирани и не можат предвремено да се набават прекумерно поголеми количини. – Доколку не се најде решение со Владата, според неформалните податоци за две недели или од 1 декември Македонија нема да има нови количества на пелети, предупреди претседателот на „Биомак Енерџи“. Според податоците на Здружението, околу 40 до 45 илјади домаќинства се греат на пелети, а градско парно користат околу 60 илјади домаќинства, што, според Стојановски, во квадратура и во квантитет на луѓе, корисниците на пелети се повеќе од градското парно и рече дека и тие граѓани треба да се опфатат со мерка за субвенционирање. Околу прашањето дали некогаш било разговарано со Владата за субвенционирање на производството на пелети, Стојановски рече дека едно од барањата поднесени до Владата во месец август било и ДДВ стапката за влезните инпути за производство да се намалат од 18 на 5 проценти. – Исто така ние како држава треба стратешки, на долг рок, да се фокусираме на зголемување на домашното производство. Тоа е патот кон енергетска автономност, патот кон нормализација и да не бидеме увозно зависни, истакна тој. Во однос на денешната изјава на министерот за економија Крешник Бектеши, кој тврди дека цената за увоз во октомври би изнесувала 23 илјади по тон и затоа цената е ограничена на 27 илјади по тон или 27 денари килограм, со кое се калкулирани заработувачката и останатите трошоци, Стојановски одговори дека тие цени се од просек кои ги вклучуваат цените дури од мај и јуни и дека тоа е лажна слика. Според него, од сега, па натаму увозните цени на пелети во земјава ќе бидат повисоки од продажните. – Доколку цената, како што изјавил министерот е 23 денари, ние ја повикуваме Владата да изврши набавка на пелети по таа цени, да ни ја одреди маржата по која да заработуваме, да ни ги достави, а ние оперативно ќе ги сработиме до граѓаните по цена коишто тие ќе ја утврдат, подвлече Стојановски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-ostane-ogranichuvanjeto-na-cenata-od-1-dekemvri-na-pazarot-nema-da-ima-peleti/feed/ 0
Цената на пелетите е ограничена, 27.000 денари за тон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenata-na-peletite-e-ogranichena-27-000-denari-za-ton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenata-na-peletite-e-ogranichena-27-000-denari-za-ton/#respond Thu, 10 Nov 2022 13:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=758653

Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира денеска ресорниот министер Крешник Бектеши. -Одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и предлозите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја замрзнавме е 27.000 илјади денари по тон, рече Бектеши на денешната средба со новинарите. Во замрзнатата цена, како што рече, се предвидени трошоците за ДДВ и транспорт, како и одредена маржа за трговците. -Има разлика од повеќе од 4.000 денари по тон што сметам дека е солидна разлика за трговците да не се во загуба и да ги покријат сите режиски трошоци, прецизира Бектеши. Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenata-na-peletite-e-ogranichena-27-000-denari-za-ton/feed/ 0
Владата ги ограничи цените на огревното дрво и пелетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-gi-ogranichi-cenite-na-ogrevnoto-drvo-i-peletite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-gi-ogranichi-cenite-na-ogrevnoto-drvo-i-peletite/#respond Wed, 02 Nov 2022 11:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=754484

Владата, на денешната седница донесе Одлука за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, конкретно на огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500,00 денари за метар просторен (мпр) односно до 6.429,00 денари за метар кубен (м3). Највисоката цена на пелетите за огрев се утврдува во висина до 27 денари за еден килограм. Во цената на стоките е вклучен ДДВ и транспорт. Највисоките цени на стоките од оваа одлука ќе се применуваат до 31 декември 2022 година. Владата притоа донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со којашто беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10%.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-gi-ogranichi-cenite-na-ogrevnoto-drvo-i-peletite/feed/ 0
Платил 4.560 евра за пелети на фирма од Романија, останал без нив и без парите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/platil-4-560-evra-za-peleti-na-firma-od-romanija-ostanal-bez-niv-i-bez-parite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/platil-4-560-evra-za-peleti-na-firma-od-romanija-ostanal-bez-niv-i-bez-parite/#respond Sat, 24 Sep 2022 18:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=736965

На 23.09.2022 во 14.00 часот во СВР Битола, 42-годишен сопственик на правен субјект од Битола пријавил дека бил измамен од правно лице од Романија за сума од 4.560 евра. -Според пријавеното, тој се договорил со правното лице за купување пелети и ги уплатил средствата, но откако се посомневал во фирмата ја откажал нарачката, информира МВР. Како што е пријавено, парите не му биле вратени за два дена како што му било ветено, а претставникот на фирмата веќе не бил достапен. Се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/platil-4-560-evra-za-peleti-na-firma-od-romanija-ostanal-bez-niv-i-bez-parite/feed/ 0
Владата забрани извоз на огревно дрво, пелети, пченица и брашно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-zabrani-izvoz-na-ogrevno-drvo-peleti-pchenica-i-brashno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-zabrani-izvoz-na-ogrevno-drvo-peleti-pchenica-i-brashno/#respond Thu, 21 Jul 2022 06:37:39 +0000 https://kurir.mk/?p=708200

Одлука за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед донесе владата на вчераѓната седница. Како што информираат, одлуката била донесена за да се заштити заштити домашното производство, да се одржи снабдувањето на домашниот пазар за да се избегне растот на цените. За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одлука до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица. – Во услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението, се вели во соопштението од Владата. На 63-та владина седница, на предлог на Министерството за економија беше донесена и одлука за ограничување на извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година, со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана од енергетската криза на светскиот пазар. – Во консултација на Министерството за економија и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените, соопшти прес-службата на Владата. Оваа одлука ќе важи до 31 декември 2022 година. Ваква одлука се применуваше до 31 мај 2022 година. – Имено, редовната царинска стапка на маслото од сончоглед за јадење е максимум 29 посто, така да со оваа мерка се дава можност на увоз од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата или се предмет на мала бесцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-zabrani-izvoz-na-ogrevno-drvo-peleti-pchenica-i-brashno/feed/ 0
Забранет извоз на огревно дрво, пелети, пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabranet-izvoz-na-ogrevno-drvo-peleti-pchenica-i-brashno-ukinata-carinata-za-uvoz-na-maslo-za-jadenje-do-krajot-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabranet-izvoz-na-ogrevno-drvo-peleti-pchenica-i-brashno-ukinata-carinata-za-uvoz-na-maslo-za-jadenje-do-krajot-na-godinata/#respond Wed, 20 Jul 2022 20:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=708087

Со цел да се заштити домашното производство, и да се одржи снабдувањето на домашниот пазар, за да се избегне растот на цените, во насока на задржување на стандардот на граѓаните, Владата на денешната седница донесе две одлуки, едната за ограничување на извозот на одредени производи и другата за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед. Како што соопштија од владината прес-служба, за да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одлука до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица. – Во услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението, се вели во соопштението од Владата. На денешната 63-та владина седница, на предлог на Министерството за економија беше донесена и одлука за ограничување на извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година, со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана од енергетската криза на светскиот пазар. – Во консултација на Министерството за економија и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените, соопшти прес-службата на Владата. Оваа одлука ќе важи до 31 декември 2022 година. Ваква одлука се применуваше до 31 мај 2022 година. – Имено, редовната царинска стапка на маслото од сончоглед за јадење е максимум 29 посто, така да со оваа мерка се дава можност на увоз од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата или се предмет на мала бесцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија, се наведува во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabranet-izvoz-na-ogrevno-drvo-peleti-pchenica-i-brashno-ukinata-carinata-za-uvoz-na-maslo-za-jadenje-do-krajot-na-godinata/feed/ 0