пеликани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Apr 2022 08:16:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пеликани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потврден птичји грип кај мртви пеликани во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrden-ptichji-grip-kaj-mrtvi-pelikani-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrden-ptichji-grip-kaj-mrtvi-pelikani-vo-crna-gora/#respond Thu, 07 Apr 2022 08:16:57 +0000 https://kurir.mk/?p=659534

Птичји грип е потврден кај мртви пеликани во резерватот „Панчева Ока“ кај Скадарското езеро, соопшти црногорската Управа за безбедност на храна. Тие наведуваат дека се очекува појава на птичји грип во Црна Гора, бидејќи присуството на оваа инфекција е потврдено во повеќе европски земји и земји од регионот. Тие предупредуваат дека птичјиот грип е особено опасна заразна болест на животните, начинот на кој се шири многу потешко ја отежнува превенцијата и сузбивањето на таа појава. - Доколку се појават болести на домашната живина, високопатогени соеви на краток рок предизвикуваат болести и угинување на живината на фармата, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrden-ptichji-grip-kaj-mrtvi-pelikani-vo-crna-gora/feed/ 0
ФОТО: Над 500 пеликани пронајдени мртви во Мала Преспа https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-nad-500-pelikani-pronajdeni-mrtvi-vo-mala-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-nad-500-pelikani-pronajdeni-mrtvi-vo-mala-prespa/#respond Thu, 10 Mar 2022 19:31:35 +0000 https://kurir.mk/?p=645107

Деновиве во Мала Преспа биле пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани, објави Македонското еколошко друштво. Пеликаните беа забележани од страна на нашата партнерска организациja од ПреспаНет Society for the Protection of Prespa (SPP) . Потврдено е дека причината за угинатите птици е птичји грип H5N1. Информирани се сите наши релевантни институции, а вирусот е потврден и кај нас во одделен случај. Соодветните организации ја следат состојбата и се очекува дека и кај нас може да бидат забележани нови случаи, велат од МЕД и алепираат доколку некој забележи нешто слично, да пријави во друштвото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-nad-500-pelikani-pronajdeni-mrtvi-vo-mala-prespa/feed/ 0
Се пребројуваат пеликаните од Преспанското Езеро https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-prebrojuvaat-pelikanite-od-prespanskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-prebrojuvaat-pelikanite-od-prespanskoto-ezero/#respond Fri, 22 May 2020 05:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=348945

Со пребројување на пеликаните од Преспанското Езеро, Македонското еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на биолошката разновидност – 22 мај. Од МЕД информираат дека целта на одбележувањето е доближување на природните убавини на земјата. Посочуваат дека во текот на денот на социјалните мрежи ќе споделуваат слики и видеа од теренската активност за пребројување на пеликаните во Преспа. -Пребројувањето на пеликаните е прекугранична активност што ги вклучува и нашите партнерски организации од Грција и Албанија – Друштвото за заштита на Преспа и Друштвото за заштита на животната средина во Албанија. Затоа следете не на фејсбук и инстаграм и уживајте во глетките од Преспанското Езеро, соопшти Македонското еколошко друштво Броењето на пеликаните МЕД го спроведува од 2013 година. Пеликаните кои секојдневно доаѓаат да се хранат во македонскиот и албанскиот дел од Големото Преспанско Езеро, како што наведува друштвото, припаѓаат на најголемата гнездечка популација на овој вид во светот, која се наоѓа на Малото Преспанско Езеро, и ја нагласува неопходноста од заедничка соработка во напорите за зачувување на биолошката разновидност. Темата на годинашното прославување на Меѓународниот ден на биолошка разновидност е „Природата нуди решенија“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-prebrojuvaat-pelikanite-od-prespanskoto-ezero/feed/ 0