пена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Dec 2022 09:45:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Малолетното момче пронајдено во реката Пена било убиено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/maloletnoto-momche-pronajdeno-vo-rekata-pena-bilo-ubieno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/maloletnoto-momche-pronajdeno-vo-rekata-pena-bilo-ubieno/#respond Fri, 23 Dec 2022 07:36:13 +0000 https://kurir.mk/?p=779447

Пресврт во случајот со малолетното момче – чие тело беше извлечено од реката Пена во Тетово, во близина кај месноста Бањиче... Според информации на Алсат, полицијата истражува дали момчето било убиено. Уапсена е малолетна девојка на 17 годишна возраст, а по уште едно лице се трага. Девојката следниве денови ќе биде под психијатриски надзор за да се утврди нејзината здравствената состојба, изјави за Алсат адвокатот на девојката. -Се работи за малолетна девојка. Случајот е во процедура, за да бидеме коректни добро е во оваа фаза да ги оставиме надлежните органи да си ја завршат работат. Од вечерва, па во наредните денови, таа ќе биде под лекарски надзор за да се утврди нејзината псохофизичка сосотојба. Ова е многу трагичен настан, изјави адвокатот на девојката Ибраим Бајрами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/maloletnoto-momche-pronajdeno-vo-rekata-pena-bilo-ubieno/feed/ 0
Безживотно тело на 16 годишник најдено во река Пена кај Бањиче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bezzivotno-telo-na-16-godishnik-najdeno-vo-reka-pena-kaj-banjiche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bezzivotno-telo-na-16-godishnik-najdeno-vo-reka-pena-kaj-banjiche/#respond Thu, 22 Dec 2022 10:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=778996

Утрово е најдено безживотно тело на 16 годишно лице во реката Пена кај месноста Бањиче. По пријавувањето во полиција, почнат е увид од претставници на СВР Тетово и Обвинителството. – Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во местото викано Бањиче, каде во реката беше пронајдено безживотното тело на починатото 16-годишно лице. Станува збор за лице кое неколку дена било пријавено за исчезнато. Јавниот обвинител издаде наредба за прибирање на сите траги и докази со цел да се утврдат причините за смртта, соопштија од прес службата на Јавното обвинителство. Обвинителот издал наредба и за обдукција на телото на починатиот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bezzivotno-telo-na-16-godishnik-najdeno-vo-reka-pena-kaj-banjiche/feed/ 0
Голема трагедија во Македонија: 6 годишно дете се удави во Пена, бремената мајка се обидела да го спаси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-tragedija-vo-makedonija-6-godishno-dete-se-udavi-vo-pena-bremenata-majka-se-obidela-da-go-spasi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-tragedija-vo-makedonija-6-godishno-dete-se-udavi-vo-pena-bremenata-majka-se-obidela-da-go-spasi/#respond Sat, 21 May 2022 16:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=679942

Шест годишно детенце денеска трагично го загуби животот откако паднало во реката Пена. Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 14 часот преку Е-112 добиле пријава дека дете на возраст од 6 години во населба Красниќи во Тетово, паднало во надојдената вода на реката Пена. Детето претходно си играло покрај брегот, а зад куќата каде живее. -Неговата бремена мајка го забележала падот на детето и веднаш влегла во надојдената вода. По 50-тина метри, носена од брзата вода неколку мештани успеале да ја извлечат на брегот од реката, но за жал не и детето. Веднаш по дојавата, Центарот ги алармираше сите субјекти - екипите на Територијалните противпожарни единици, екипите на СВР Тетово, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брза интервенција ЕБР и тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со помош на чамци ја пребараа целата област. За жал и покрај брзата интервенција, телото на детето е извадено од реката во безживотна состојба, посочуваат од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/golema-tragedija-vo-makedonija-6-godishno-dete-se-udavi-vo-pena-bremenata-majka-se-obidela-da-go-spasi/feed/ 0
Во Тетовско помалите реки се излеаа, Вардар и Пена на критично ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tetovsko-pomalite-reki-se-izleaa-vardar-i-pena-na-kritichno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tetovsko-pomalite-reki-se-izleaa-vardar-i-pena-na-kritichno-nivo/#respond Mon, 11 Jan 2021 13:57:08 +0000 https://kurir.mk/?p=453855

Помали реки низ дел од тетовските села се излеаа од своите корита поради долготрајните врнежи од дожд, а за среќа немаат предизвикано поголеми поплави и штети. Такви се примерите со реките во Камењане, Порој, Речица и Фалише. – Континуираните врнежи од дожд предизвикаа проблеми на патиштата што се покрај реките како што е во Камењане. Денес, Општина Боговина направи чистење на овој пат во оваа населба за да можат возилата да се движат без потешкотии. Чистењето ќе продолжи и во другите делови на улиците или селата, каде што е потребно, изјави градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили. -Со оглед на излевање на реките во Порој, Речица и Фалише од утринава вработените од секторот за комунални дејности работат на отстранување на штетите предизвикани од излевање на водите од реките во атарите на трите села, информираа од Општина Тетово. Во горниот тек на реката Вардар во Општина Јегуновце водостојот се зголемил за 114 сантиметри, па соостојбата е критична и пред излевање. Според мештаните уште малку дожд ако врне ќе има нова поплава. -По нивите подвира вода, излегува на површината односно не се впива во земјиштето. Уште 15-20 сантиметри и може Вардар да излезе од корито, вели Горан Китановски од месната заедница на Раотинце. Мештаните потенцираат на долгогодишниот проблем со неуреденото корито на реката Вардар како причина за поплавување. -Коритото не е како што треба, уште малку ако има вода земјиштето ќе оди под вода. Потребни се два три дена врнежи и ќе надојде водата, изјави Ѕвонко, жител на Раотинце. – Има многу дрвја паднати во Вардар кај Радуша меѓудругото, па и затоа нема проток не оди водата надоле. Пред две години имаше поплава, изјави Илија од Раотинце. Голем водостој бележи и реката Пена во Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tetovsko-pomalite-reki-se-izleaa-vardar-i-pena-na-kritichno-nivo/feed/ 0