пендаровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 May 2022 11:55:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пендаровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски, Вучиќ, Пленковиќ, Абазовиќ, Курти и Мицотакис на работен појадок на Економскиот форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/#respond Wed, 25 May 2022 11:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=681351

Важноста на стабилноста на Западен Балкан и важноста на стабилно и безбедно снабдување со енергија на регионот, биле истакнати на работниот појадок на Светскиот економски форум во Давос, на кој присуствувале претседателите на Северна Македонија и Србија и премиерите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Косово, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Додаваат дека за енергетиката Грција може да игра уште поважна улога, благодарение на развојот на клучните инфраструктури за енергетското снабдување. На работниот појадок посветен на Западен Балкан на маргините на форумот, меѓу другите, присуствувале претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Србија Александар Вучиќ, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и косовскиот премиер Албин Курти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/feed/ 0
Честитка од Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pendarovski-po-povod-golemiot-hristijanski-praznik-hristovoto-ragjanje-bozik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pendarovski-po-povod-golemiot-hristijanski-praznik-hristovoto-ragjanje-bozik/#respond Wed, 06 Jan 2021 14:27:02 +0000 https://kurir.mk/?p=452426

Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик. По повод празникот, Пендаровски упати писма со честитки до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. Честитајќи им го Божик на сите христијани кои го прославуваат денот на христовото раѓање, шефот на државата им посака деновите од празникот да ги минат во добро расположение, во мир, спокојство и радост. – Божик е празник кој традиционално го славиме со најблиските и кога нашите домови се исполнети со луѓе со добра мисла. Но, годинава Божик го празнуваме во поинаква атмосфера, предизвикана од пандемијата поради што треба доследно да ги почитуваме пропишаните мерки за заштита. Меѓутоа, тоа не не спречува да си посакаме убави работи. Да ги оставиме настрана гневот и омразата. Да комуницираме со другите луѓе со јазикот на љубовта, да си простуваме и да си помагаме. Да бидеме солидарни и сплотени. Само така ќе можеме да излеземе како победници не само во борбата со пандемијата, туку, и со сите други проблеми и потешкотии со кои животот не соочува, порача претседателот Пендаровски во денешната честитка. Во вакви времиња, подвлекува Пендаровски во честитката, потребна ни е верба, позитивна енергија и меѓусебно почитување. Божикните празници, порачува, нека бидат дополнителен мотив да истраеме наспроти сите искушенија. – Од светлината и топлината на овој празник да црпиме сила, надеж и добра волја за да создадеме подобра сегашност и посреќна иднина, вели претседателот Пендаровски во честитката по повод Божик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pendarovski-po-povod-golemiot-hristijanski-praznik-hristovoto-ragjanje-bozik/feed/ 0
Милошоски: Пендаровски направил голема грешка со одбивањето членство во ЕЕЗ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-pendarovski-napravil-golema-greshka-so-odbivanjeto-chlenstvo-vo-eez/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-pendarovski-napravil-golema-greshka-so-odbivanjeto-chlenstvo-vo-eez/#respond Tue, 08 Dec 2020 17:31:08 +0000 https://kurir.mk/?p=440563

Пендаровски направил голема грешка со одбивањето членство во ЕЕЗ (European Economic Area), пишува на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонјо Милошоски. -Пред месец дена МК се зачлени во BSEC, Црноморска економска заедница, каде членуваат Турција, Русија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Србија, Украина, Ерменија и др.земји. -Ова е економски форум/ организација со неспоредливо помал капацитет и привилегии кои ги нуди членството во Европската економска зона. Но, дури и зачленувањето во BSEC помина по ред, одлука на влада, анализа, информација, консултација со претседател, апликација на МНР, дебата на Комисијата за надворешна политика во Собрание, одлука за ратификација во Собрание, потпис од Претседател. Пендаровски со вонинституционалното одбивање на понудата за членство во ЕЕЗ направил две крупни грешки, на штета на Македонија. 1.Тој е Претседател, но не е монарх за да може сам, без консултации со Владата и Собранието, без консултации со стопанските комори, да одлучи за надворешно-политичките и економски перспективи кои И се нудат на државата, и 2.Пендаровски на Македонија И ускратил многу добра економска перспектива во една организација во која членуваат земјите од ЕУ, како и Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и делумно Швајцарија, која перспектива воопшто не е во колизија со идното можно членство во ЕУ. Европската економска зона има 4 столба, а тоа се слободен проток на стоки, услуги, луѓе и капитал меѓу членките на оваа економски влијателна зона! -Земјите членки на ЕЕЗ се должни да усогласат голем дел од своето законодавство со регулативите на ЕУ, а имаат и заеднички Комитет, како и заеднички ЕЕЗ-ФОНД од кој се одвојуваат средства за помалку развиените подрачја во државите членки. Претседателот Пендаровски, дали со знаење или од незнаење, сепак многу згрешил!, пишува во својата објава претеникот Милошоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-pendarovski-napravil-golema-greshka-so-odbivanjeto-chlenstvo-vo-eez/feed/ 0
Претседателот Пендаровски се обрати на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-se-obrati-na-letnata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-se-obrati-na-letnata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura/#respond Mon, 17 Aug 2020 10:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=391582

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку видео порака се обрати на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што оваа година поради пандемијата со КОВИД-19 се одржува дигитално. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски: Оваа летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ја организираме во несекојдневни услови. Поради пандемијата од ковид-19 не можеме да бидеме заедно на брегот на Охридското езеро што било инспирација за словенските просветители Св. Климент и Наум Охридски и македонските преродбеници Миладиновци, Прличев и Шапкарев. Меѓутоа, ме радува што ниту пандемијата не не спречува барем виртуелно да ја продолжиме традицијата на Меѓународниот семинар. А да продолжиме е особено важно, и тоа најмалку од неколку причини. Прво, одбележуваме значајни јубилеи, меѓу кои и 75-годишнината од објавувањето на македонската азбука и правопис. Во 1945-та го заокруживме процесот на кодификација на македонскиот стандарден јазик. Со тоа македонскиот стана јазик на образованието, науката и уметноста не само во Република Северна Македонија, туку и на универзитетските катедри и лекторати во Европа и светот. Иако поради неповолната општествено-историска и политичка ситуација, македонскиот јазик е релативно доцна стандардизиран, неговиот историски континуитет е неспорен. Неговата долга усмена и писмена традиција и богатството од дијалекти е одамна апсолвирано прашање во светската лингвистичка наука. Сепак, повторно сведочиме на една анахрона реторика на оспорување на засебноста и историскиот континуитет на македонскиот јазик. Затоа ни е потребен соодветен научен и аргументиран одговор кој се разбира дека го поседуваме. Токму во таа насока се и четирите тома за македонскиот јазик што неодамна ги објавија Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. И луѓето и настаните што ги чествуваме годинава се потврда на континуитетот на македонскиот јазик. Во 1920 година почина народниот раскажувач Марко Цепенков. Истата година е роден еден друг раскажувач - писателот Славко Јаневски кој се смета за автор на првиот објавен роман на стандарден македонски јазик. Годинава одбележуваме и еден век од раѓањето на основоположникот на македонската дијалектологија Божидар Видоески. Тој го втемели овој меѓународен семинар како креативна заедница во која до сега учествувале над 5000 учесници од над 60 земји кои имале прилика одблиску да се запознаат со македонскиот јазик и неговите специфики. Оваа исклучително важна меѓународна манифестација имаше и има голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет. Затоа почитувани, вашето учество на овој дигитален семинар и желбата да научите повеќе за македонскиот јазик и култура го разбираме не само како ваша посветеност кон научната вистина, туку и како чин на солидарност со македонските слависти и македонисти. И за тоа сум Ви навистина благодарен. Ви посакувам плодна работа, инспиративни дискусии, продлабочена соработка и пријателства. И искрено се надевам и посакувам наредната година да се видиме во Охрид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-se-obrati-na-letnata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставниот суд за одлуката на Пендаровски со која мандатот му го додели на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-razmisluva-da-podnese-inicijativa-do-ustavniot-sud-za-odlukata-na-pendarovski-so-koja-mandatot-mu-go-dodeli-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-razmisluva-da-podnese-inicijativa-do-ustavniot-sud-za-odlukata-na-pendarovski-so-koja-mandatot-mu-go-dodeli-na-zaev/#respond Sat, 15 Aug 2020 09:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=391001

ВМРО ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката со која Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот на Зоран Заев. Од ВМРО ДПМНЕ брифираат дека постои сериозна повреда на Уставот бидејќи мандатот е доделен без доказ за поседување на парламентарно мнозинство. Мандатот е узурпиран во овој момент од пратеникот Зоран Заев кој нема мнозинство, а чекорот со кој Пендаровски направи повреда на Уставот е за купување на време, за давање на простор за непринципиелно купување на пратеници. Кога уставот е повреден Уставниот суд е должен да го заштити и од тој аспект веќе сериозно се разгледува опцијата за преставка до Уставниот суд за таквата одлука на Пендаровски. Веќе правниците од партијата започнале со пишување на преставката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-razmisluva-da-podnese-inicijativa-do-ustavniot-sud-za-odlukata-na-pendarovski-so-koja-mandatot-mu-go-dodeli-na-zaev/feed/ 0
Арсовски: Пендаровски со доделување на мандатот ќе им даде само нови 20 дена на Заев да се обиде да си ја спаси кожата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-pendarovski-so-dodeluvanje-na-mandatot-kje-im-dade-samo-novi-20-dena-na-zaev-da-se-obide-da-si-ja-spasi-kozata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-pendarovski-so-dodeluvanje-na-mandatot-kje-im-dade-samo-novi-20-dena-na-zaev-da-se-obide-da-si-ja-spasi-kozata/#respond Wed, 12 Aug 2020 13:02:39 +0000 https://kurir.mk/?p=389776

Читам вести каде што СДСМ брифираат дека нивниот Стево ќе им даде мандат да преговараат, противуставно, за да врати што го направија Претседател и впрочем на Стево воопшто не му е проблем ‘да излиже каде што плукнал’, како што ја продолжуваше вонредната состојба. Всушност ќе им даде само нови 20 дена на Заев да се обиде да си ја спаси кожата и нови 20 дена агонија и нови 20 дена за пишманење. Новите 20 дена се доказ дека немаат мнозинство и преговорите на СДСМ се во ќорсокак. И да сумираме: Повторно ладен туш за Заев - мнозинство нема. Тоа е сѐ што треба да знаеме за Заев и неговото мнозинство, пишува на својот Фејсбук профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-pendarovski-so-dodeluvanje-na-mandatot-kje-im-dade-samo-novi-20-dena-na-zaev-da-se-obide-da-si-ja-spasi-kozata/feed/ 0
Стевчо го прашува Стево: Ќе испрати ли Пендаровски член од своето семејство во избирачки одбор? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stevcho-go-prashuva-stevo-kje-isprati-li-pendarovski-chlen-od-svoeto-semesjtvo-vo-izbirichki-odbor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stevcho-go-prashuva-stevo-kje-isprati-li-pendarovski-chlen-od-svoeto-semesjtvo-vo-izbirichki-odbor/#respond Sat, 13 Jun 2020 13:22:47 +0000 https://kurir.mk/?p=357442

Го слушнавте ли претседателот Пендаровски што кажа: Вонредна состојба воведувал три пати за да ја спасува владата а не народот., пишува лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
„Вонредната состојба ја носел за да и овозможи на владата да се задолжува, да носи закони, да прави ребаланс, да набавува но не биле како директна причина за вонредна состојба бројот на заболени и починати. Невидено од 130 уредби со законска сила само 40 се однесуваат на коронавирусот. Зарем требаше да кркаме вонредна состојба за платите на СЈО, за дозволите за производство на марихуана, за извоз на небрусени дијаманти, за назначување на судии и што ли уште не. Вонредна состојба воведовме со 16 заболени и мислам дека беа нула починати. Колку што се сеќавам за една недела имавме тројца починати, за две недели шест, за три недели дванаесет, за четири недели седумнаесет а сега само за една недела имаме повеќе од 20 починати.Тој добро знае дека ако ја каже вистинската причина за воведување на вонредна состојба а тоа е за да се намали бројот на заболени од Ковид-19 тогаш би се барало од него одговорност, зошто повторувам со 16 дневно заболени воведовме вонредна состојба а со 175 ја укинуваме. Извинете претседателе како да ве сметаме претседател на сите кога во вашите одлуки ви се препознаваат и те како партиските сугестии и интереси од вашата партија а најмалку се препознава интересот на сите граѓани. На крајот го молам претседателот нека ни одговори дали ќе испрати член од неговото семејство да учествува во избирачки одбор кој ќе влезе во некој дом на заболен за да тој го изврши своето гласачко право“, прашува на ФБ Јакимовски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stevcho-go-prashuva-stevo-kje-isprati-li-pendarovski-chlen-od-svoeto-semesjtvo-vo-izbirichki-odbor/feed/ 0
Пендаровски нема да ги коментира изјавите на Вуќиќ и Вулин, смета дека таквиот став не заслужува коментар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nema-da-gi-komentira-izjavite-na-vukjikj-i-vulin-smeta-deka-takviot-stav-ne-zasluzuva-komentar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nema-da-gi-komentira-izjavite-na-vukjikj-i-vulin-smeta-deka-takviot-stav-ne-zasluzuva-komentar/#respond Sat, 16 May 2020 12:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=346680

По острата реторика и навредливите изјави од Србија, конкретно од министерот за одбрана, Александар Вулин и од српскиот претседател, Александар Вучиќ, од Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски за „Фокус“, велат дека нема да ги коментираат. – Во однос на ставот на Вулин, претседателот смета дека тој став не заслужува коментар. Во однос на изјавата на претседателот Вучиќ, претседателот Пендаровски не сака да ја коментира изјавата на претседателот на Србија, велат за „Фокус“ од Кабиентот на претседателот. Утрово на РТС беше објавена изјава на Вулин кој вели дека претседателот Пендаровски никој не го прашува не треба да коментира дали треба корекција на гранците меѓу Косово и Србија. – Претседателот на Северна Македонија, може слободно да молчи на јазикот којшто никој, освен Србија не го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи бидејќи ниту некој бара, ниту му го прифаќа мислењето, порача Вулин. Потоа следуваше изјава од претседателот Вучиќ кој за истата изјава на Пендаровски, рече дека Скопје прави се за да им се додвори на Германците, како најмоќна нација во ЕУ. Пендаровски оваа изјава ја дал на прашање на приштинскиот весник „Газети експрес“. Од неговиот Кабинет за весникот рекле дека таквото решение би имало штетни последици за регионот и би го загрозило цел напредок во последните 20 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nema-da-gi-komentira-izjavite-na-vukjikj-i-vulin-smeta-deka-takviot-stav-ne-zasluzuva-komentar/feed/ 0
Вучиќ и Вулин со остри реакции: Пендаровски никој не го прашува и може да молчи на јазикот кој само Србија го признава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-vulin-so-ostri-reakcii-pendarovski-nikoj-ne-go-prashuva-i-moze-da-molchi-na-jazikot-koj-samo-srbija-go-priznava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-vulin-so-ostri-reakcii-pendarovski-nikoj-ne-go-prashuva-i-moze-da-molchi-na-jazikot-koj-samo-srbija-go-priznava/#respond Sat, 16 May 2020 11:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=346655

Вучиќ и Вулин со остри коментари за изјавата на Пендаровски во однос на границите меѓу Белград и Приштина Српкиот претседател Александар Вучиќ и министерот за одбрана Александар Вулин денеска ја коментираа изјавата од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за Газета Експрес дека „се противи на корекција на границите меѓу Белград и Приштина“. Како што јави дописникот на МИА од Белград, српскиот претседател искоментира дека „Пендаровски со изјавата им се додворува на Германците“, додека Вулин наведе „Пендаровски никој не го прашува и може да молчи на јазикот кој само Србија го признава“. Вучиќ за ТВ Прва оцени дека претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, со својата изјава сака да и се додвори на Германија, и покрај тоа што на инаугурацијата во Македонија побарал од него да не зборува на овие теми заради добрите односи меѓу двете држави. На прашањето како ја коментира таа изјава со оглед на тоа што веќе година и половина нема дијалог за Косово и прашањето кога со некого разговарал од Приштина, Вучиќ кажа дека не се сеќава кога последен пат го има видено или има разговарано за тоа со Хашим Тачи или со кој било претставник на Приштина. -Оваа реченица (изречена од Пендаровски) беше изречена претходниот ден од Хајко Мас, министерот за надворешни работи на Германија, кажа Вучиќ за ТВ Прва, додавајќи дека Србија се наоѓа во не така лесно опкружување и оти се обидува да разговара со сите, дури и со оние кои ја признале независноста на Косово. -Не се грижеа во 2008 година за зачувување на меѓународното јавно право и територијалниот интегритет, а денес говорат дека многу се грижат за тоа, кажа српскиот претседател. Вучиќ додаде дека од Пендаровски, кога бил на неговата инаугурација, побарал само една работа, бидејќи сè ни оди добро и економската соработка и двата народа се сакаат едни со други, а тоа е да се обрне внимание затоа што тие веќе направиле нешто што другите земји би го гледале поинаку од ние, да за тие теми не говорат. -Тоа не е ваша работа и кога зборувате, помислете дека има такви што мислат поинаку од вас. Тие направи се спротивното од моето барање и, спротивно на, како што мислев, на постигнатиот договор, за да уште еднаш се истакнат во нивното улижување на Германците, кажа Вучиќ. -Го разбирам изборот на многумина од регионот да им ласкаат на најмоќните, понекогаш на неодмерен начин….Кога зборуваат за тоа дека нема територијални промени тие во превод ви кажуваат, и Миро Лајчак и Хајко Мас и Пендароски – целта е Србија да ја признае во целина територијата на Косово како независна држава, оцени Вучиќ. Претседателот на Србија порача дека Србија никогаш нема да се согласи со тоа и оти територијата е дефинирана со Резолуцијата 1244 на ООН, додавајќи дека „ако имаат решение, нека доведат некој друг на власт во Србија и нека го решат тоа за еден ден… Чекам да видам што ќе кажат овие генијалци што знаат да ни солат памет што не сакаат и како нешто не би можело, да кажат какво би било компромисното решение, кажа Вучиќ. Министерот за одбрана, Александар Вулин, претходно преку соопштение од Министерството за одбрана реагираше на ставот на Пендаровски. -Малкумина во Македонија го прашуваат Пендаровски за било што, а уште помалку е важно што мисли за прашањата во соседните земји. Претседателот на Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не го признава, а на други јазици може уште погласно да молчи, затоа што никој не го прашува ниту го прифаќа неговото мислење, кажа Вулин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-vulin-so-ostri-reakcii-pendarovski-nikoj-ne-go-prashuva-i-moze-da-molchi-na-jazikot-koj-samo-srbija-go-priznava/feed/ 0
Лидерската кај Пендаровски в понеделник во 12:00 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderskata-kaj-pendarovski-v-ponedelnik-vo-12-00-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderskata-kaj-pendarovski-v-ponedelnik-vo-12-00-chasot/#respond Sat, 16 May 2020 11:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=346649

Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи во понеделник со почеток во 12:00 часот, потврдија за Алсат од претседателскиот кабинет. Како што се очекува, на средбата партиските лидери ќе се обидат да постигнат консензус околу терминот за одржување на параментарните избори. Засега политичките партии во земјава не отстапуваат од своите позиции кога станува збор за терминот на изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderskata-kaj-pendarovski-v-ponedelnik-vo-12-00-chasot/feed/ 0