пенсилванија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jun 2023 08:26:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пенсилванија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Напаѓач отворил оган на паркинг во касарна во Пенсилванија, убил еден и повредил друг полицаец, убиен е по потера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagach-otvoril-ogan-na-parking-vo-kasarna-vo-pensilvanija-ubil-eden-i-povredil-drug-politsaets-ubien-e-po-potera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagach-otvoril-ogan-na-parking-vo-kasarna-vo-pensilvanija-ubil-eden-i-povredil-drug-politsaets-ubien-e-po-potera/#respond Mon, 19 Jun 2023 08:26:56 +0000 https://kurir.mk/?p=847297

Државната полиција во Пенсилванија идентификуваше еден полицаец кој беше убиен и еден тешко повреден во нападите во саботата што ги изврши вооружен маж, кој упадна во касарна на државната полиција и отвори оган, а подоцна беше убиен по потера и размена на оган. Со убиството и ранувањето на полицајците, билансот на престрелките минатиот викенд во Пенсилванија се искачи на шест смртни случаи и повеќе од 10 ранети. Полицаецот Жак Ружо Јуниор (29) е убиен, а поручникот Џејмс Вагнер (45) е тешко повреден, додека напаѓачот Брендон Стајн (38) од Томпсонтаун побегнал, но бил убиен по потера, соопшти полицијата. Официјални лица потврдија дека мотивот за нападот сè уште не е јасен, но велат дека Стајн го внел својот пикап на паркингот во касарната Луистаун во округот Џунијата околу 11 часот во саботата и отворил оган со пушка со голем калибар кон обележаните патролни автомобили, а потоа избегал. Потполковникот Џорџ Бивенс, заменик-комесар за оперативни активности, кој ја координираше потерата од хеликоптер, рече дека Стајн изгледа како да си игра „мачка и глушец“, наведувајќи дека бегалецот прво повикал Итна помош на одредена локација, но не почекал, туку продолжил да бега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagach-otvoril-ogan-na-parking-vo-kasarna-vo-pensilvanija-ubil-eden-i-povredil-drug-politsaets-ubien-e-po-potera/feed/ 0
Демократите го освоија потенцијално одлучувачкото место во Пенсилванија за контрола на Сенатот на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-go-osvoija-potencijalno-odluchuvachkoto-mesto-vo-pensilvanija-za-kontrola-na-senatot-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-go-osvoija-potencijalno-odluchuvachkoto-mesto-vo-pensilvanija-za-kontrola-na-senatot-na-sad/#respond Wed, 09 Nov 2022 08:55:45 +0000 https://kurir.mk/?p=757794

Демократите изутринава го освоија потенцијалното одлучувачко место  во сојузната држава Пенсилванија, за контрола врз Сенатот, каде Џон Фетерман го победи следбеникот на Доналд Трамп, д-р Мехмет Оз, јавија телевизиските канали Фокс њуз и Ен-би-си. Човекот кој доживеа мозочен удар во мај, Фетерман се натпреваруваше за место во Сенатот со суперѕвездата Мехмет Оз, најследената личност од страна на јавноста на овие меѓуизбори. -Се обложивме на жителите на Пенсилванија и не нè изневеривте. Ниту јас нема да ве изневерам вас, се заблагодари Фетерман по победата. Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден му испратил порака каде му честита на Фетерман. -Горд сум што се боревме за заштита на правото на жените на избор, појасни Фетерман, мислејќи на правото на абортус што се најде во центарот на кампањата во источната сојузна држава, една од неколкуте каде граѓаните понекогаш гласаат за демократи, другпат избираат републиканци. Изминатите недели, предноста на Фетерман се стопи, за на крај да биде претесно за да може да се одреди изборен фаворит. Кампањата му беше обележана и од мозочниот удар, што ја доведе во прашање неговата способност да служи како сенатор, особено по интервјуто каде се служеше со уред за да ги слушне поставените прашања поради проблеми со слухот. Тоа сенаторско место долго го држеше републиканец и важи за одлучувачко за контрола на Горниот дом на американскиот Конгрес, па според тоа и за останатите две години од мандатот на Бајден. Роден во Пенсилванија, Фетерман од 2006 до 2019 година беше градоначалник на Брадок. Важи за прогресивен политичар, ја стекна титулата „најкул градоначалник“ и се обиде да го оживее градот, што некогаш беше индустриски и го загуби сјајот по падот на производството на челик, со програми за помош на младите и проширување на зелените површини.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-go-osvoija-potencijalno-odluchuvachkoto-mesto-vo-pensilvanija-za-kontrola-na-senatot-na-sad/feed/ 0
Четворица ученици обвинети за планирање масакр во училиште во Пенсилванија  https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvorica-uchenici-obvineti-za-planiranje-masakr-vo-uchilishte-vo-pensilvanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvorica-uchenici-obvineti-za-planiranje-masakr-vo-uchilishte-vo-pensilvanija/#respond Mon, 27 Sep 2021 11:24:57 +0000 https://kurir.mk/?p=568854

Четворица ученици од Пенсилванија се обвинети дека планирале напад врз нивното средно училиште во пресрет на 25-годишнината од масакрот во Колумбајн, беше соопштено од канцеларијата на окружниот обвинител. Масакрот бил планиран за 20 април 2024 година, а во објавата на окружното обвинителство се наведува дека не постои активна закана за гимназијата Данмор, јави Си -Ен -Ен. Двајца средношколци се обвинети како возрасни поради „сериозната природа на обвинението“, додека другите двајца ученици се обвинети како малолетници, се вели во соопштението на окружниот обвинител. Двајцата обвинети како возрасни, Алиса Кучарски и Завијер Луис имаат по 15 години и се обвинети за нелегално поседување и производство на оружје за масовно уништување, терористички закани со намера за тероризам, тежок напад, поседување експлозив и криминални заговори. Кучарски исто така е обвинета за ризикување катастрофа, а во извештајот се наведува дека Кучарски и Луис се здружиле за да ги повредат учениците од гимназијата Данмор „во стилот на Колумбајн“. На 20 април 1999 година, двајца ученици вооружени со бомби извршија напад врз средно училиште во Колумбајн, Колорадо, при што загинаа 13 и ранија 23 луѓе, пред да се самоубијат. Пукањето во Колумбајн е едно од најголемите масовни пукања во историјата на САД, како и една од најсмртоносните епизоди на школско насилство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvorica-uchenici-obvineti-za-planiranje-masakr-vo-uchilishte-vo-pensilvanija/feed/ 0
Изборниот штаб на Трамп поднесе жалба на пресудата на Федералниот суд на Пенсилванија за победа на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborniot-shtab-na-tramp-podnese-zalba-na-presudata-na-federalniot-sud-na-pensilvanija-za-pobeda-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborniot-shtab-na-tramp-podnese-zalba-na-presudata-na-federalniot-sud-na-pensilvanija-za-pobeda-na-bajden/#respond Mon, 23 Nov 2020 06:46:45 +0000 https://kurir.mk/?p=432977

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе жалба против пресудата на Федералниот суд, со која се одбива неговото барање за поништување на победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на изборите во сојузната држава Пенсилванија, пренесуваат британските медиуми. Федералниот суд во Пенсилванија ја отфрли тужбата со која тимот на претседателската кампања на Доналд Трамп побара поништување на неколку милиони гласови добиени по пошта за претседателските избори оддржани на 3 ноември. Британските медиуми пренесуваат дека пресудата на судијата Метју Бран е „последен во низата удари врз Трамп, во неговите неуспешни напори да ги оспори резултатите од претседателските избори во ноември, кои ги загуби од новоизбраниот демократски претседател Џо Бајден“. Брен, наводно тужбата на тимот на Трамп ја оценил како „загегнат случај“, исполнет со „шпекулативни неосновани аргументи“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborniot-shtab-na-tramp-podnese-zalba-na-presudata-na-federalniot-sud-na-pensilvanija-za-pobeda-na-bajden/feed/ 0
Изборниот штаб на Трамп поднесе тужба за поштенското гласање во Пенсилванија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborniot-shtab-na-tramp-podnese-tuzba-za-poshtenskoto-glasanje-vo-pensilvanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborniot-shtab-na-tramp-podnese-tuzba-za-poshtenskoto-glasanje-vo-pensilvanija/#respond Tue, 10 Nov 2020 06:35:29 +0000 https://kurir.mk/?p=427143

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба до сојузниот суд во Пенсилванија, барајќи да ги спречи владините претставници да ја потврдат победата на демократскиот кандидат Џо Бајден во таа сојузна држава. Во тужбата се наведува дека системот за поштенско гласање во Пенсилванија немал карактеристики на транспарентност и проверливост, што постоеле во случај на лично гласање. Советникот за изборна кампања на Трамп, Мет Морган рече дека постојат различни стандарди засновани на методите на гласање и дека ваквиот изборен систем довел до пребројување на „потенцијално лажни гласови“, без соодветна проверка и надзор. Тужбата е поднесена против државната секретарка на Пенсилванија, Кети Буквар. Тимот на Трамп најави тужби во повеќе американски држави за наводни нерегуларности за време на изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborniot-shtab-na-tramp-podnese-tuzba-za-poshtenskoto-glasanje-vo-pensilvanija/feed/ 0
Пенсилванија ветува пребројување на најголем број од гласовите во текот на денот, во Џорџија се уште се брои https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pensilvanija-vetuva-prebrojuvanje-na-najgolem-broj-od-glasovite-vo-tekot-na-denot-vo-dzordzija-se-ushte-se-broi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pensilvanija-vetuva-prebrojuvanje-na-najgolem-broj-od-glasovite-vo-tekot-na-denot-vo-dzordzija-se-ushte-se-broi/#respond Fri, 06 Nov 2020 07:39:50 +0000 https://kurir.mk/?p=425675

Во американската сојузна држава Пенсилванија очекуваат до денеска да пребројат најголем број од гласовите за претседателските избори во САД. Тоа го изјави секретарот на таа држава, Кети Буквар, и додаде дека мора да бидат обработени уште неколку стотици илјади гласови, како и дека не е запозната дека има повреда при гласањето. Според „Фокс њуз“, преброени се околу 89 проценти од гласовите, а во таа сојузна држава и врз основа на тој број, води Доналд Трамп со 50 проценти од гласовите, додека Бајден има 48,8 проценти. Од таа држава кандидатот добива 20 изборни гласови. Од друга страна, во Џорџија, Трамп води со само 1.900 гласови, а остануваат околу 20.000 гласови за пребројување, пренесува Си-Ен-Ен. Победата во таа сојузна држава носи 16 изборни гласови. Разликата меѓу кандидатите за претседател на САД во клучните држави денеска се намали уште повеќе и Доналд Трамп и Џо Бајден се доближија еден до друг на помалку од еден процент во Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Невада и Аризона. Во текот на ноќта, американската поштенска служба, во согласност со локалните судски налози, изврши претрес во своите магацини во тие сојузни држави за да ги издвои сите гласови испратени по пошта до денот на изборите и да ги проследи до изборните комисии. Кандидатот за демократски претседател Бајден, според проценките на американските медиуми, води во бројот на изборни гласови пред актуелниот претседател Трамп и има меѓу 253 и 264 гласачи во зависност од проценката на индивидуалните медиуми за тоа дали тој ја „освоил“ Аризона или не. Трамп има 214 изборни (електорски) гласови и во таа проценка американските медиуми се единствени. За да се победи на изборите во Америка, потребно е да се освојат 270 електорски гласови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pensilvanija-vetuva-prebrojuvanje-na-najgolem-broj-od-glasovite-vo-tekot-na-denot-vo-dzordzija-se-ushte-se-broi/feed/ 0
Еве која држава е клучна за победа и прогласување на победникот на изборите во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koja-drzava-e-kluchna-za-pobeda-i-proglasuvanje-na-pobednikot-na-izborite-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koja-drzava-e-kluchna-za-pobeda-i-proglasuvanje-na-pobednikot-na-izborite-vo-sad/#respond Wed, 04 Nov 2020 18:41:48 +0000 https://kurir.mk/?p=425056

Иако во моментов на преборјување на гласовите од вчерашните избори во американската сојузна држава Пенсилванија актуелниот претседател Доналд Трамп има уверливо водство, сепак, и претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, има шанса за победа во оваа држава. Според прогнозите, победата во оваа држава би била доволна Бајден да ги добие изборите. Во моментов, Трамп во Пенсилванија води со значајна разлика од осум отсто. Меѓутоа, неизброени се над милион гласови, што претставува околу 21 отсто од вкупнииот број на гласови, наведува весникот „Њујорк тајмс“. Најголем дел од овие се уште неизбројани гласови, се од „гласањето без присуство на гласачкото место“ или таканаречени „absentee ballots” – всушност тоа се гласачките ливчиња добиени по пошта, и набљудувачите сметаат дека овие гласови можат да го променат резултатот. Така, во пет часот наутро по источноамериканско време Трамп во Пенсилванија беше во предност од 700.000 гласови, но во текот на следните часови, кога вработените на гласачките места се вратија по ноќната починка и го продолжија броењето, разликата се намали до околу 450.000 гласа, пресмета весникот „Вашингтон пост“. Шансите на Бајден зависат од тоа дали тој може да добие голем дел од 1.4 милиони гласачки ливчиња испратени по пошта кои се уште се бројат. Според државниот секретар на Пенсилванија, тоа броење може да потрае и до петок. Според анкетите, во Пенсилванија 78 отсто од сите кои гласале по пошта својот глас го дале за Бајден. Пенсилванија е една од најгусто населените сојузни држави и дава 20 електорски гласа од изборниот колеџ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koja-drzava-e-kluchna-za-pobeda-i-proglasuvanje-na-pobednikot-na-izborite-vo-sad/feed/ 0
Пенсилванија погодена од поплави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pensilvanija-pogodena-od-poplavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pensilvanija-pogodena-od-poplavi/#respond Tue, 14 Aug 2018 07:20:22 +0000 https://kurir.mk/?p=87605

Обилниот дожд кој во текот на ноќта врнеше во централна и источна Пенсилванија ги затвори патиштата и поплави куќи. Голем број патишта од Вилијамспорт до предградието на Филаделфија се затворени. Поради поплавите граѓаните се евакуираат со гумени чамци. Во спасувањето и евакуацијата помагаат и хеликоптери, помагајќи им на луѓето заглавени на покривите на своите куќи. Метеоролошката служба на САД издаде предупредување од нови поплави и ги предупреди граѓаните да не возат низ поплавените подрачја. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pensilvanija-pogodena-od-poplavi/feed/ 0