пензии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 09:31:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пензии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува исплатата на септемвриските пензии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-isplatata-na-septemvriskite-penzii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-isplatata-na-septemvriskite-penzii/#respond Mon, 02 Oct 2023 09:31:19 +0000 https://kurir.mk/?p=884123

Од денеска треба да почне исплатата на септемвриските пензии. Пензионерите ќе земат пензии повисоки за 5,3 проценти согласно методологијата за раст на пензиите. Во изминатиот период, дел од пензионерите излегоа на протести барајќи линеарно зголемување на пензиите. Од страна на Министерството за труд и социјална политика беше формирана работна група која треба да изнајде начин за решавање на нивните барања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-isplatata-na-septemvriskite-penzii/feed/ 0
Од утре тргнува исплатата на пензиите во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-utre-trgnuva-isplatata-na-penziite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-utre-trgnuva-isplatata-na-penziite-vo-makedonija/#respond Sun, 01 Oct 2023 10:13:26 +0000 https://kurir.mk/?p=883795

Повисоката септемвриска пензија се очекува да се исплати во редовниот рок, првиот работен ден од месец октомври. Некои банки веќе ја ставија пензијата на располагање и предвремено. Начинот на исплата на пензијата се врати редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот. Да потсетиме дека до пред десет години пензијата се исплаќаше и до 10-ти во месецот, а за време на коронавирус кризата истата стануваше достапна предвреме, за сега исплатата да биде достапна на првиот работен ден од секој месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-utre-trgnuva-isplatata-na-penziite-vo-makedonija/feed/ 0
Тренчевска за КТВ: Нема да има пензија под прагот на сиромаштија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trenchevska-za-ktv-nema-da-ima-penzija-pod-pragot-na-siromashtija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trenchevska-za-ktv-nema-da-ima-penzija-pod-pragot-na-siromashtija/#respond Fri, 01 Sep 2023 09:37:03 +0000 https://kurir.mk/?p=873354

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостувањето на утринската емисија „Утро” на КТВ – Кавадарци, зборуваше за актуелностите поврзани со пензиите. Таа истакна дека досега се реализирани средби со Сојузот на пензионери, со здруженијата низ градовите во државата, со претставници на иницијативните одбори на пензионерите кои протестираат и Партијата на пензионери. Министерката информираше и дека е формирана и работна група, каде претставници се од министерствата за труд и социјална политика и финансии, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Битиќи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Сојузот на пензионери, МАПАС и приватните пензиски друштва. Првиот состанок е закажан на 6ти септември. „Целта на работната група е да се разгледаат сите барања од пензионери во државата кои се пристигнати во министерството и по истите да се дискутира. Се она што ќе произлезе, од дискусијата, од работата на работната група во однос на мерки со кои што ќе се подобри животниот стандард на пензионерите, во делот на барањата за линеарно зголемување на пензиите, за минималната пензија и подготовка на закони или измени на закон за пензиско и инвалидско осигурување, се со цел да дојдеме до најдоброто решение за минимална пензија по примерот на државите од регионот“, рече Тренчевска. Министерката истакна дека, најдобар пример е дефинирањето на минималната пензија да се врзе со прагот на сиромаштија и да нема пензија под прагот на сиромаштија. Таа додаде дека се чекаат анализите од Светска Банка, во делот на проекциите за прагот на сиромаштија наназад неколку години и проекцијата за движењето во следните години. Тоа би било основа за креирање на одредби со кои ќе се регулира минималната пензија. Тренчевска се осврна и на социјалните мерки кои ќе ги преземе Владата за зимскиот период, а со оглед на тоа дека најранлива категорија се оние со најниски пензии, ќе се креираат сет на мерки кои во фокус ќе ги имаат овие граѓани. Таа посочи и дека со Фондот за здравство и Министерство за здравство се разговара за проширување на позитивната листа на лекови како и за партиципацијата на болничкото лекување, се во насока да се обезбеди повеќе приход да останува кај пензионерите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trenchevska-za-ktv-nema-da-ima-penzija-pod-pragot-na-siromashtija/feed/ 0
Пензионери, проверете ги сметките! Пензијата е исплатена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/penzioneri-proverete-gi-smetkite-penzijata-e-isplatena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/penzioneri-proverete-gi-smetkite-penzijata-e-isplatena/#respond Fri, 01 Sep 2023 05:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=873232

Пензијата за сите пензионери е достапна од денеска на сметките на македонските пензионери. Парите од августовската пензија можат да се подигнат од банкоматите или од шалтерите во банките. Од овој месец пензијата ќе се исплаќа во редовниот термин на првиот ден од месецот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/penzioneri-proverete-gi-smetkite-penzijata-e-isplatena/feed/ 0
Тренчевска: Предвременото исплаќање на пензиите се вршеше за заштита од ковидот, сега пензија ќе се добива на првиот ден во месецот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-predvremenoto-isplakane-na-penziite-se-vrsheshe-za-zashtita-od-kovidot-sega-penzija-ke-se-dobiva-na-prviot-den-vo-mesetsot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-predvremenoto-isplakane-na-penziite-se-vrsheshe-za-zashtita-od-kovidot-sega-penzija-ke-se-dobiva-na-prviot-den-vo-mesetsot/#respond Thu, 31 Aug 2023 11:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=872995

На секој први во месецот, пензијата ќе биде навремено исплатена и достапна за секој пензионер во државата, посочи денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа информираше дека на 6 септември е закажана конститутивната седница на членовите на работната група и таму ќе се разговара за сите прашања поврзани со пензионерите и со минималната пензија. -Предвременото исплаќање на пензиите се вршеше согласно меморандумот за соработка со Банкарска асоцијација на Македонија, со цел да не се создаваат гужви и да се заштити здравјето на пензионерите за време на ковидот. Со оглед на тоа дека повеќе немаме пандемија со ковид, од Банкарската асоцијација се повлекоа од предвременото исплаќање, но сега од буџетот на државата, на секој први во месецот навремено ќе биде исплатена пензијата, изјави Тренчевска по пуштање во употреба на детската градинка во Карпош 3, во одговор на новинарско прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-predvremenoto-isplakane-na-penziite-se-vrsheshe-za-zashtita-od-kovidot-sega-penzija-ke-se-dobiva-na-prviot-den-vo-mesetsot/feed/ 0
МТСП: Нема веќе предвремена исплата на пензиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mtsp-nema-veke-predvremena-isplata-na-penziite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mtsp-nema-veke-predvremena-isplata-na-penziite/#respond Wed, 30 Aug 2023 11:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=872490

Министерство за труд и социјална политика ги известува пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно. Министерството известува дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот. „За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи, како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје. Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата“, се вели во соопштението на МТСП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mtsp-nema-veke-predvremena-isplata-na-penziite/feed/ 0
Германците сè подоцна одат во пензија, живеат подолго и добиваат пензии подолго https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/germantsite-se-podotsna-odat-vo-penzija-zhiveat-podolgo-i-dobivaat-penzii-podolgo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/germantsite-se-podotsna-odat-vo-penzija-zhiveat-podolgo-i-dobivaat-penzii-podolgo/#respond Tue, 22 Aug 2023 14:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=869651

Жителите на Германија - и мажи и жени - се пензионираат сè подоцна и подоцна, покажуваат податоците на германската асоцијација на пензиски друштва, цитирани од ДПА. Сега работат две години подолго отколку во 2001 година. Минатата година старосната граница за пензионирање за двата пола се искачи на 64,4 години. Во 2021 година тоа беше 64,1 години за мажи и 64,2 години за жени, а во 2001 година беше 62,4 и 62,5 години, соодветно. Во исто време, Германците добиваат пензии подолго време бидејќи се зголеми животниот век. Во 2022 година мажите просечно примале пензија во текот на 18,8 години наспроти 16,7 години во 2012 година, а жените 22,2 години наспроти 21,2 во 2012 година. „Иако зголемувањето на животниот век е среќен факт, тоа создава предизвици за гарантирање на пензискиот систем“, наведуваат од организацијата. Сепак, според извештајот, овој ефект ќе биде донекаде ублажен со постепеното зголемување на возраста за пензионирање на 67 години до 2031 година. Ова е предизвикано не само од луѓето кои живеат подолго, туку и од постепеното укинување на шемите за предвремено пензионирање, што го прави одењето во пензија на помлада возраст помалку привлечно. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/germantsite-se-podotsna-odat-vo-penzija-zhiveat-podolgo-i-dobivaat-penzii-podolgo/feed/ 0
Ковачевски: Пензиите се покачени за 26%, следува ново 6% покачување и Закон за минимална пензија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-penziite-se-pokacheni-za-26-sleduva-novo-6-pokachuvane-i-zakon-za-minimalna-penzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-penziite-se-pokacheni-za-26-sleduva-novo-6-pokachuvane-i-zakon-za-minimalna-penzija/#respond Mon, 21 Aug 2023 08:52:20 +0000 https://kurir.mk/?p=869031

По најголемото покачување на пензиите досега и донесената методологија за пресметка на пензиите согласно трошоците за живот и растот на просечната плата, Владата ќе предложи и закон за минимална пензија, најави премиерот Ковачевски во синоќешното интервју на телевизијата Сител. „Финално ќе биде закон за минимална пензија, да секој пензионер знае колку е минималната пензија и да таа може да расте согласно одредени критериуми секоја година. Исто како што пензиите растат секоја година, половина зависно од зголемувањето на трошоците за живот и половина зависно од зголемувањето на просечната плата. Исто и минималната плата расте на таков начин и на таков начин ги определивме и финансиските помошти за поддршка на инвестициите“, рече премиерот Ковачевски. „Она што го направивме на последната седница на Владата врз основа на разговор и со оние пензионери кои протестираат, без разлика што се политички мотивирани, не навлегувам во тоа, тој што излегол на протест има мака и тоа мора да се разговара на таа тема - низ разговор и со нив и со претседателката и раководството на Сојузот на здруженија на пензионери, веќе формиравме работна група на највисоко ниво со Министерството за труд и социјална политика, вицепремиерот за економски прашања, Министерството за финансии, каде што ќе се отвори дебата и дискусија за правење закон за минимална пензија“, соопшти премиерот. Претседателот на Владата, посочи на досегашните владини решенија со коишто е постигнат најголем раст на пензиите досега. „Јас имам респект кон сите во државата - и работниците и пензионерите - и тоа сум го покажал на дело. И ако погледнете од првиот ден на мојот мандат и на оваа Влада и министерката Тренчевска, ние имаме 26-процентно зголемување на пензиите во државата. 26 проценти никогаш немало зголемување. Вие се сеќавате на времињата кога пензиите беа 8.000 денари. А 570 денари добиваа пред избори. Сега имаме нов модел на усогласување на пензиите, врз основа на кој стигнавме до 26 проценти, сега ќе имаме ново 6-процентно зголемување на пензиите. Пензиите беа 9.000 денари. Минималната пензија беше 9.000 денари кога јас дојдов за премиер, сега ќе стане 13.000 денари. Јас ги разбирам сите барања на пензионерите. Исто ги разбирав на работниците. Затоа минималната плата која што беше 8.000 денари сега е 21.000 денари и ќе порасне идната година“, рече премерот Ковачевски. Претседателот на Владата ја нагласи грижата за пензионерите и за време на пандемијата кога секој пензионер добиваше 3 месеци по 1.000 денари и во рамки на пакетот антикризни мерки од 760 милиони евра, кога пензионерите со најниски пензии, до нивото на минимална плата добиваа од 750 до 1.500 денари месечно во тек на 4 месеци како поддршка. Во однос на пензиите и управувањето со Фондот, премиерот рече дека постојат Методологија, Закон и Устав, а околу барањето за линеарно зголемување посочи на изјаснување од страна на Уставниот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-penziite-se-pokacheni-za-26-sleduva-novo-6-pokachuvane-i-zakon-za-minimalna-penzija/feed/ 0
Finance Think: Моменталната состојба со пензиските финансии не дозволува зголемувања на пензиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/finance-think-momentalnata-sostojba-so-penziskite-finansii-ne-dozvoluva-zgolemuvana-na-penziite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/finance-think-momentalnata-sostojba-so-penziskite-finansii-ne-dozvoluva-zgolemuvana-na-penziite/#respond Thu, 17 Aug 2023 09:51:04 +0000 https://kurir.mk/?p=867799

Моменталната состојба со пензиските финансии не дозволува зголемувања на пензиите надвор од предвиденото законско усогласување, кое е доволно за да го задржи животниот стандард на примателите во услови на растечки цени, порачуваат од Finance Think. Нагласуваат дека за стабилноста на пензиските финансии и за добросостојбата на сегашните и идните генерации, вклучително и поради ризиците од дополнително подгревање на инфлацијата и инфлациските очекувања, од клучна важност е да продолжи патеката на стабилизација на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. -Во услови на зголемени трошоци за живот, од особена важност е животниот стандард на граѓаните да се задржи. Во сегментот на социјалната заштита, односно социјалните надоместоци и пензиите, клучно е нивното усогласување со порастот на трошоците на живот. Според следната табела, усогласувањата на пензиите со трошоците на живот, како и ад-хок зголемувањата на пензиите во претходните две децении, овозможија порастот на пензиите да го следи или да го надмине порастот на трошоците на живот, и оттука, во целост да го заштити животниот стандард на пензионерите, велат од Finance Think. Зголемувањата на пензиите, особено зголемувањата надвор од предвиденото законско усогласување со порастот на трошоците на живот и просечната плата, како што посочуваат, е неопходно да се гледаат од призма на макро-стабилноста на пензиските финансии, односно дали Фондот за пензиско и инвалидско осигурување може стабилно и без ликвидносни проблеми да ги исплаќа преземените обврски кон пензионерите сега и во иднина. Нагласуваат дека, според последните податоци на Државниот завод за статистика, пензионерите имаат стапка на сиромаштија од 7 отсто, што е значајно пониска од вкупната стапка на сиромаштија од 21,8 отсто, и уште пониска споредено со други општествени групи, како децата со 30,3 отсто, самохраните родители 41,6 и многудетните семејства 45,6 отсто. Лицата над 65 години кои живеат како самци, додаваат, имаат стапка на сиромаштија од само 4,1 отсто. -Повремените зголемувања на пензиите надвор од законското усогласување, посебно кога тие беа големи и посебно во предизборни и изборни години, доведоа до значајно продлабочување на дефицитот на ФПИОСМ. Дефицитот на ФПИОСМ е делот кој Фондот не може да го покрие од изворни приходи – придонеси на плати, поради што дополнување прави централниот буџет. На следниот графикон е прикажано дека уделот на буџетските во вкупните приходи на ФПИОСМ забележа драматичен раст кој достигна кулминација во 2017 година и изнесуваше 43,6 отсто. Тоа означува дека скоро половина од пензиските исплати се вршеа од општиот буџет на државата, односно се на товар на општото оданочување, што имплицира дека голем дел од расходите за пензии ги покриваат плаќачите на даноци од кои дел во иднина можеби и нема да бидат под капата на ФПИОСМ затоа што не се во осигуран работен однос, прецизираат од Finance Think. Со реформата на пензискиот систем од 2019 година, која, како што велат, меѓу другото подразбираше и благо зголемување на стапката на пензиските придонеси во две последователни години, неодржливата патека на ФПИОСМ запре и уделот на буџетските во вкупните приходи почна да се намалува и моментално се движи околу една третина. -За тогашната реформа, Finance Think се произнесе со свои сценарија и симулации кои беа претставени во Студија за политиките 14: Одржливост на пензискиот систем во Македонија: Сеопфатна анализа и предлог-реформа со МК-ПЕНС – динамички микросимулациски модел и последователно објавени во проминентното меѓународно списание Journal of Pension Economics & Finance, потсетуваат од Finance Think. Од Finance Think забележуваат дека интензивирањето на барањата од страна на разни општествени групи за пораст на примањата - плати, пензии и сл., е во еден дел водено од порастот на трошоците на живот, што е легитимно барање. -Но, во друг значаен дел од поттикнувањето реторика дека платите може да пораснат без зголемување на продуктивноста, и од одлуката на Уставниот суд, и последователниот молк од страна на Владата, со која се одмрзнаа зголемувањата на платите на избраните и именуваните лица, што доведе до нивен кумулативен раст од 78 отсто. За последново, Finance Think ја повикува Владата да изнајде итен и неодложен механизам за воспоставување на првобитната состојба и да отвори дијалог во рамки на кој ќе се дојде до прифатливо решение за разумен пораст на платите на функционерите, посочуваат од Finance Think.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/finance-think-momentalnata-sostojba-so-penziskite-finansii-ne-dozvoluva-zgolemuvana-na-penziite/feed/ 0
Пензионерите со масовен протест на 20-ти септември во Скопје, Владата вели дека барањата не им се реални https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-so-masoven-protest-na-20-ti-septemvri-vo-skopje-vladata-veli-deka-baranata-ne-im-se-realni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-so-masoven-protest-na-20-ti-septemvri-vo-skopje-vladata-veli-deka-baranata-ne-im-se-realni/#respond Wed, 16 Aug 2023 13:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=867470

Минимална пензија од 18.000 денари, повисоки пензии за 3.500 денари за сите, но и повисоки надоместоци. Од здруженијата информираа дека на 20-ти септември кога се одбележува Денот на пензионерите, се подготвуваат за масовен протест во Скопје, на кој очекуваат поддршка и од сите националности. Пензионерите не се повлекуваат од реализација на своите барања. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска изјави дека во нардните неколку дена очекува да ги добие податоците од Државниот завод за статистика и официјално ќе се знае дали покачувањето на пензиите ќе биде за 6% или повеќе зависи што ќе покаже статистиката. Потенцира дека треба да се мисли и на стабилноста на Фондот. Таа додава дека барањето на пензионерите за минимална пензија од 18.000 денари е многу нереално, бидејќи во државата минималната плата е 20.000. Вели дека ова може да го оптовари пензискиот фонд и по неколку месеци да нема пари за исплата на пензиите за 330 илјади пензионери.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-so-masoven-protest-na-20-ti-septemvri-vo-skopje-vladata-veli-deka-baranata-ne-im-se-realni/feed/ 0