пензионери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 10:06:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пензионери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пензионери од Тиквешко протестираа во Неготино и Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-od-tikveshko-protestiraa-vo-negotino-i-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-od-tikveshko-protestiraa-vo-negotino-i-kavadartsi/#respond Fri, 03 Nov 2023 10:06:26 +0000 https://kurir.mk/?p=896097

Незадоволни пензионери од Тиквешко протестираа денеска на градските плоштади во Неготино и Кавадарци, барајќи подобар пензионерски живот. Како што информираа од иницијативните одбори на револтирани пензионери, разочараните пензионери и понатаму ќе продолжат преку мирни протести да алармираат за нискиот стандард во третото доба. Од Иницијативниот одбор на незадоволни пензионери од Неготино повикаа на протестите да им се придружат и лозари, земјоделци, судски работници и сите други револтирани и незадоволни од економската состојба во која се наоѓаат. - Молиме за масовност. Колку сме погласни, повеќе ќе не слушнат, повикаа пензионерите, повторувајќи ги барањата, линеарно зголемување на пензиите за по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари. Тие нагласија дека со мирни протести и блокади, сакаат да се слушне нивниот глас и да алармираат за нивните пензионерски проблеми. Незадоволни пензионери веќе извесно време мирно протестираат во одредени денови, барајќи подостоинствен живот. - Не отстапуваме од нашите барања за подобар живот во третото доба, нагласи Ѓорѓи Делов, претседател на Иницијативниот одбор од Кавадарци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-od-tikveshko-protestiraa-vo-negotino-i-kavadartsi/feed/ 0
Штипските пензионери протестираа со празни паричници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-so-prazni-parichnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-so-prazni-parichnitsi/#respond Wed, 01 Nov 2023 14:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=895427

Штипските пензионери симболично покажувајќи ги празните паричници на денешниот протест порачаа дека уште на првиот ден од земената пензија не им останало ништо за живот. Тие од Градскиот плоштад ,,Слобода" порачаа дека пензиите им се ниски, а сметките многу високи. -Само рецепти и сметки од лекови имам во новчаникот. Ништо не ми остана! Само 4,500денари за јадење. Јас ја плаќам сметката за вода на син ми, тој е невработен. Неговата сметка, апчињата и од 15.000 кажете ми што ми останува“, велат пензионерите кои денеска протестираа. Соња Арсова од Иницијативниот одбор на пензионерите во Штип вели дека не отстапуваат од барањата. Линеарно зголемување од 5. 000 денари и минимална пензија 18.000 денари. Таа повика на масовност на протестот кој ќе се одржи на 7 ноември пред неколку странски амбасади. - Странските амбасадори нека ја видат нашата слика и нашиот живот. Нека раскажат дека пензионерите во Македонија своите права си ги бараат на улица, Арсова. Во знак на револт, пензионерите маршираа и до подрачната единица на ПИОМ во Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-so-prazni-parichnitsi/feed/ 0
Пензионерите на 7-ми ноември најавуваат масовен протест во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-na-7-mi-noemvri-najavuvaat-masoven-protest-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-na-7-mi-noemvri-najavuvaat-masoven-protest-vo-skopje/#respond Sun, 29 Oct 2023 17:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=894237

Крајно понижувачкиот игнорантски однос и цинизам на власта кој пензионерите го трпат веќе три месеци, на 7-ми ноември ќе резултира со нов, масовен протест на пензионерите од цела Македонија во Скопје. Ова е одлуката од Координативната средба на претставниците од сите Иницијативни одбори од државава која се одржа во Свети Николе. Пензионерите велат дека овој пат целта им е со сета неправда што им се случува да ги запознаат и амабасадите во земјава, и ЕУ, најмногу заради пристисоците што ги трпеле секојдневно и кои станувале се’ пожестоки, објавува ТВ Алфа. „Имаме и премногу шиканирања на она што го работиме, меѓутоа ние сме и понатаму сплотени сите од сите градови во државава и ќе одиме до крај. А тоа до крај значи барање во најраток временски рок да се изврши ревизија во сите 53 општински здруженија, да се види работата досега, и останатите барања како стандард кои веќе пошироката јавност во државава ги знае“, кажа Кире Василевски, пензионер од Велес. Чувствувајќи се како граѓани од најдолен ред, небаре биле само бескорисен товар за сопствената држава, иако цел свој живот го вложиле во неа, македонските пензионери велат дека можеби најдобро би било власта да ги исели, бидејќи со 12.000 ден. овде повеќе не можеле ни да преживеат. „Доколку не успеат на друг начин да ни помогнат, тогаш нека ни донесат 100 авиона во Скопје и сите ние кои сме пензионери со мали пензии од 12.000-15.000 денари, да не качат во авионите и нека не однесат во Америка и во Европа за да можеме барем таму да проживееме некоја година, затоа што овде со 12.000 денари, тешко ќе можеме да преживееме“, – рече Трајче Станојков, пензионер од Свети Николе. Пензионерските протести започнаа во Прилеп на почетокот од август, по што се проширија низ целата земја. Првичните барања беа линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари, за сега таа сума, заради огромната скапотија која и понатаму дивее, да се искачи на 5.000 денари. Последната пензија на пензионерите им беше зголемена за само 5,2 проценти, иако првично им беа најавени околу 7 проценти покачување, што уште повеќе го зголеми нивниот револт. Освен секојдневните локални, досега се одржаа и два големи протести во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-na-7-mi-noemvri-najavuvaat-masoven-protest-vo-skopje/feed/ 0
Протест на пензионери во Кавадарци, во петок блокада на излезот кон Неготино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-penzioneri-vo-kavadartsi-vo-petok-blokada-na-izlezot-kon-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-penzioneri-vo-kavadartsi-vo-petok-blokada-na-izlezot-kon-negotino/#respond Wed, 25 Oct 2023 09:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=892865

Пензионери од Кавадарци протестираа и денеска на кавадаречкиот градски плоштад. Тие ги повторија барањата, линеарно зголемување на пензиите за по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари. - Протестите ги правиме за да ја подигнеме свеста кон нашите проблеми. Бараме подобар животен стандард за подобри пензионерски денови, рече Ѓорѓи Делов, претседател на Иницијативниот одбор. Револтираните пензионери закажаа следен протест во петок и најавија дека тогаш ќе го блокираат излезот од градот кон Неготино. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-penzioneri-vo-kavadartsi-vo-petok-blokada-na-izlezot-kon-negotino/feed/ 0
Тетовските пензионери третпат протестираат на градски улици и го блокираа сообраќајот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovskite-penzioneri-tretpat-protestiraat-na-gradski-ulitsi-i-go-blokiraa-soobrakajot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovskite-penzioneri-tretpat-protestiraat-na-gradski-ulitsi-i-go-blokiraa-soobrakajot/#respond Tue, 24 Oct 2023 10:02:31 +0000 https://kurir.mk/?p=892465

Тетовските пензионери денеска трет пат протестираа и половина час го блокираа сообраќајот на влезот во градот на крстосниците кај булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“. На протестот тие ги истакнаа повторно барањата за повисоки минимални пензии и линеарно зголемување на износите. Од тетовскиот иницијативен одбор се револтирани од, како што велат, притисоцитеврз нив дека се политички мотивирани. Летка Мишовска нагласи дека тоа не е така, а протестите се организираат затоа што ниските пензии се проблем за пензионерите да се прехранат. - Во продавница кога влегуваме не нè прашуваат од која партија сме. Нас не нè интересира партија. Која било партија да е на власт треба да го реши проблемот со пензионерите. Меѓу пензионерите можеби од сите партии може има луѓе, јас не можам да ги прашувам, тоа е нивно право. Но има од сите националности. Најниска пензија е 10 илјади денари со редовен работен однос, тоа е жалосно. Сопругот мој е исто така деет години работел, а не му плаќале стаж и има 13 илјади пензија. Уште толку има што не можат да излезат некои се болни, деца чуваат, но сите даваат поддршка, изјави Летка Мишовска од тетовскиот иницијативен одбор. Пред присутните пензионери се обрати и Драган Угриновски од републичкиот иницијативен одбор „Пензионери за достоен живот“. Тој порача дека дошол да даде поддршка на градот Тетово и да се покаже дека нема да се отстапи од барањата. Според него, во Тетово е карактеристично и добро што протестираат од сите националности и тоа е доказ дека нема никаква политика. - Тука е политиката на пензионерите, ги врзува сите гладот и нашите барања се да имаат пензионерите подостоинствен живот како што заслужуваат, бидејќи го граделе ова општество 40 години и повеќе, а денес се соочуваат со тоа да преживуваат. Иако министерката Тренческа нема слух, таа работна група не е излезена да каже какви пакети на мерки се преземени, и покрај тоа што ние баравме да бидеме вклучени со најмалку два члена во работата на таа група, не е дозволено, се работи зад затворени врати и сè уште нема никакво известување што имаат договорено. Со тоа докажуваат дека со политички работи сакаат да купа време и чекаат да го забетонираат сето ова и мислат дека ние ќе се откажеме. Ние нема да се откажеме ние сме како старо дрво кое има длабоки корења, кое не може никој да ги турне. На кондиција нема да не добијат, порача Драган Угриновски. Стотината пензионери потоа со транспаренти во раце маршираа низ булеварот „Маршал Тито“ до крстосницата со булеварот „Благоја Тоска. ФОТО: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovskite-penzioneri-tretpat-protestiraat-na-gradski-ulitsi-i-go-blokiraa-soobrakajot/feed/ 0
Пензионери протестираа со празни тегли за зимница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-protestiraa-so-prazni-tegli-za-zimnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-protestiraa-so-prazni-tegli-za-zimnitsa/#respond Mon, 23 Oct 2023 12:24:31 +0000 https://kurir.mk/?p=892192

Теглите за зимница, годинава останаа празни, порачаа денеска штипските пензионери, кои протестираа на Градскиот плоштад „Слобода“. Пензионерите велат дека толку можеле да направат со покачувањето на пензиите кое го добија во септември. Соња Арсовска претседателка на Иницијативниот одбор за протест на пензионерите во Штип вели  за нив, оваа зима ќе останат празни тегли, но во владиното бифе појадок, ручек и вечера се добива за 250 денари. -Ова ли е едно општество за сите кога во рацете држиме празни тегли? А зошто? Затоа што со покачувањето од 5,3 отсто на пензиите не можевме да направиме зимница. Госпоѓо Тренчевска по допрен глас слушаме дека ќе имаме зимска помош. Можеби, се однесува на некое новогодишно пакетче кое ќе содржи шал, ракавици и капичка. Ние сме децидни, ви бараме линеарно од 5.000 денари и минимална пензија од 18.000 денари, вели Арсовска. На денешниот протест побараа оставка и од претседателката на Здружението на пензионери, а посочија дека со барањата нема да запрат, туку протестите ќе ги радикализираат со блокирање улици и патишта. Пензионерите од цела држава на 7 ноември ќе одржат генерален протест во Скопје, на пет места, пред странските амбасади. На следниот состанок на иницијативните одбори во Свети Николе, ќе се одлучува по градови, кои пензионери каде ќе протестираат.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-protestiraa-so-prazni-tegli-za-zimnitsa/feed/ 0
Во Хрватска во понеделник почнува исплатата на еднократниот паричен надоместок на пензионерите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-vo-ponedelnik-pochnuva-isplatata-na-ednokratniot-parichen-nadomestok-na-penzionerite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-vo-ponedelnik-pochnuva-isplatata-na-ednokratniot-parichen-nadomestok-na-penzionerite/#respond Sat, 21 Oct 2023 09:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=891548

Во Хрватска во понеделник ќе започне исплатата на еднократниот паричен надоместок за ублажување на последиците од зголемените трошоци за живот на пензионерите, за што од државниот буџет се обезбедени 64 милиони евра, соопшти Хрватскиот завод за пензиско осигурување. Еднократна готовинска исплата, доколку вкупната месечна исплатена пензија за тој месец не надминува 700 евра, ќе добијат 637.738 корисници на пензија остварена во Република Хрватска. На корисниците кои примаат пензија до 300 евра ќе им бидат исплатени 160 евра, оние кои примаат до 435 евра ќе добијат по 120 евра, а оние со пензија до 570 евра ќе добијат 80 евра. Корисниците на пензија до 700 евра ќе добијат еднократна парична помош од 60 евра. Исплатата се врши согласно Одлуката на Владата на Хрватска од 14 септември за исплата на еднократен паричен приход на корисници на пензија заради ублажување на последиците од зголемувањето на трошоците на живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-vo-ponedelnik-pochnuva-isplatata-na-ednokratniot-parichen-nadomestok-na-penzionerite/feed/ 0
Пензионери го блокираа излезот на Неготино, бараат пензионерски права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-go-blokiraa-izlezot-na-negotino-baraat-penzionerski-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-go-blokiraa-izlezot-na-negotino-baraat-penzionerski-prava/#respond Fri, 20 Oct 2023 07:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=891073

Пензионери го блокираа денеска излезот на Неготино откај Гевгелија, бараат пензионерски права, најниската пензија да биде најмалку 20 илјади денари, линеарното покачување да е по пет илјади денари за секој пензионер. -Мораме да издржиме и да стоиме на нашите одлуки. Не смееме да се откажеме, нагласи пензионерката Ката Апостолова. Пензионерот Методи Петров, претседател на Иницијативниот одбор за барање на поголеми права за пензионерите, повика на поголема масовност, за коригирање на неправдата што им е направена на пензионерите. На местото на настанот сообраќајот го регулираат припадници на полицијата. Се пропуштаат итните случаи. Возилата што транзитираат во овој дел кај спортската сала, се пренасочуваат по алтернативни улици. На тие што не им се чека до десет часот, додека трае блокадата, за Скопје и Гевгелија одат преку Кавадарци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzioneri-go-blokiraa-izlezot-na-negotino-baraat-penzionerski-prava/feed/ 0
Мицкоски: Важно е пензионерите да имаат повисоки пензии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vazhno-e-penzionerite-da-imaat-povisoki-penzii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vazhno-e-penzionerite-da-imaat-povisoki-penzii/#respond Tue, 17 Oct 2023 16:01:23 +0000 https://kurir.mk/?p=889920

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со пензионерите во Гевгелија. „Тие се разочарани од игнорантскиот однос од страна на министерката за труд и социјална политика и од владата. Пензионерите со право си ги бараат своите права за подостоинствен пензионерски живот. Важно е да се грижиме за лицата од третото доба. Важно е пензионерите да имаат повисоки пензии“ - порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vazhno-e-penzionerite-da-imaat-povisoki-penzii/feed/ 0
Протест на пензионери од Неготино https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/protest-na-penzioneri-od-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/protest-na-penzioneri-od-negotino/#respond Tue, 17 Oct 2023 09:41:31 +0000 https://kurir.mk/?p=889719

Неготински пензионери и денеска мирно протестираа на градскиот плоштад во Неготино, повторувајќи ги барањата за повисок животен стандард. На овој начин, како што рекоа, го изразуваат своето разочарување од нарушеното достоинство во третото доба, револтирани од малите пензии и тешките пензионерски денови. Повторно носеа транспаренти на кои се испишани нивните барања за зголемени пензии. -Бараме повисок стандард, линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари. Си ги бараме нашите пензионерски права и услови за подостоинствен живот, рече пензионерката Ката Апостолова. Веќе извесен период, пензионери од Неготино и Кавадарци протестираат во одредени денови, барајќи да се слушне нивниот глас и да им се подобрат пензионерските денови. Неготинските пензионери пред неколку дена извесно време го блокираа и патот од Неготино кон Кавадарци, на тој начин, како што рекоа, изразувајќи го својот револт поради ниските пензии и тешкиот пензионерски живот. Со транспаренти се движеа и по главната улица во градот. Претходно, тие го блокираа на еден час влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, за, како што рекоа, да алармираат за нивните проблеми и да побараат нивно решавање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/protest-na-penzioneri-od-negotino/feed/ 0