пензионерски домови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Mar 2020 07:06:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пензионерски домови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шпанија: Во домови за нега на стари лица пронајдени тела на починати од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-vo-domovi-za-nega-na-stari-lica-pronajdeni-tela-na-pochinati-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-vo-domovi-za-nega-na-stari-lica-pronajdeni-tela-na-pochinati-od-koronavirusot/#respond Tue, 24 Mar 2020 07:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=321097

Припадници на шпанската армија пронајдоа напуштени стари лица и неколку тела во пензионерски домови погодени од епидемијата на новиот коронавирус. Тоа го соопшти синоќа шпанската министерка за одбрана. – Нема да имаме разбирање за тоа како се третираат тие луѓе во тие домови. Војската можеше да види целосно напуштени стари лица за време на проверки во некои домови, па дури и тела во кревети, изјави Маргарита Роблес за телевизијата Телесинко. Државниот правобранител најави „истрага за утврдување на тежината на делото.“ Шпанските медиуми пишуваат дека кога се сомничи протокол за коронавирус, телата на починатите не смеат да бидат допрени до пристигнувањето на лекари. Сепак, со оглед на големиот број смртни случаи, лицата задолжени за погреби понекогаш пристигнуваат доцна. Армијата имала задача да изврши дезинфекција на пензионерски домови бидејќи се пријавени десетици смртни случаи во повеќе установи, особено во Мадрид и во автономната заедница Кастиља-Ла Манча, во централна Шпанија. – Домовите за стари лица се апсолутен приоритет на Владата. Ние строго ќе ги следиме тие институции. Ние ги мобилизиравме сите капацитети, рече министерот за здравство Салвадор Ила на прес-конференција. Шпанија настрада најтешко во пандемијата на коронавирусот во Европа по Италија, со повеќе од 33.000 пријавени случаи и речиси 2.200 починати од вирусот од 13 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-vo-domovi-za-nega-na-stari-lica-pronajdeni-tela-na-pochinati-od-koronavirusot/feed/ 0
МКД.мк: Лила била авторка на проектот за пензионерски домови на Боки 13 за хонорар од 250.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkd-mk-lila-bila-avtorka-na-proektot-za-penzionerski-domovi-na-boki-13-za-honorar-od-250-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkd-mk-lila-bila-avtorka-na-proektot-za-penzionerski-domovi-na-boki-13-za-honorar-od-250-000-evra/#respond Tue, 04 Feb 2020 07:48:22 +0000 https://kurir.mk/?p=298960

И градежната фирма „Дан-Мак“ била измамена за 250 илјади евра во шемата на Бојан Јовановски-Боки 13 за наводното учество во ЕУ проекти за изградба на домови за стари лица. Овој пат посредник била водителката Лила Филиповска, вели измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија. Таа пред две години поднела кривична пријава против Јовановски и Филиповска, која е заборавена во некоја обвинителска фиока. Нејасно е зошто овој случај не е дел од „Рекет“, вели Норнилд. Норнилд за МКД.мк вели дека вчера била првпат повикана во Финансиската полиција, а пред 3-4 месеци и во Обвинителството. Но без никаков резултат. „Сѐ почна кога како заштитно лице на мојот козметички салон 'Мис Ен' ја избрав токму Лила Филиповска. Тоа беше некаде во почетокот на 2017 година“, ја почнува својата приказна Ена Норнилд. Соработката си течела вообичаено, сѐ до летото 2017 година, кога Лила понудила „добра бизнис зделка“ за фирмата „Дан-Мак“. „Ми рече дека е добра пријателка со Боки 13, кој добил проект од ЕУ за изградба на домови за ранливи категории и за стари лица. Авторка на проектот била Лила, Боки го добил од ЕУ, а јас за да учествувам во проектот, во изградбата на тие домови, требаше да ѝ платам 250 илјади евра на авторката на проектот. Таа ми кажа дека во проектот вложила и свои пари. Не се посомневав во ништо од ова, на крајот на краиштата Лила тогаш уште работеше за мене. Побарав средба со Боки. Отидовме во неговата куќа во Орман. Кога влегов внатре, сѐ беше под знакот на ЕУ - знамиња, папки, беџеви, пенкалца... Тој ми рече дека проектот веќе е добиен, но е заштитен, а деталите ќе може да се видат откако ќе се плати учеството. Со мојот адвокат спремив договор, со извршни клаузули за двете страни ако некој не ги испочитува условите од договорот“, раскажува Норнилд за МКД.мк. Целиот текст може да го прочитате на МКД.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkd-mk-lila-bila-avtorka-na-proektot-za-penzionerski-domovi-na-boki-13-za-honorar-od-250-000-evra/feed/ 0