пензиски реформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Apr 2023 09:23:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пензиски реформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Макрон го потпиша Законот за пензиски реформи, синдикатите најавија протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-go-potpisha-zakonot-za-penziski-reformi-sindikatite-najavija-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-go-potpisha-zakonot-za-penziski-reformi-sindikatite-najavija-protesti/#respond Sat, 15 Apr 2023 09:23:38 +0000 https://kurir.mk/?p=824197

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го потпиша Законот за пензиската реформа откако вчера истиот беше одобрен од Уставниот совет. Францускиот министер за труд Оливие Дусопт изјави дека очекува реформите да стапат во сила на почетокот на септември. Реформата, што предизвика масовни протести, предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години до 2030 година и најмалку 43 години работен стаж за целосна пензија. Членовите на Уставниот совет вчера цензурираа низа помалку важни аспекти од реформата, но не ја отфрлија главната мерка – зголемување на старосната граница за пензионирање. По нивната одлука уследија протести во Париз, при што се приведени 112 луѓе. Протестите во Франција почнаа откако Влада во јануари ги претстави реформите. Еден месец подоцна почна расправата во Парламентот. Во март, Владата искористувајќи специјални уставни овластувања го протурка Законот без да се гласа во Парламентот. Макрон тврди дека се неопходни реформи за да се спречи колапсот на пензискиот систем. Синдикатите најавија продолжување на протестите и ги повикаа работниците да се вратат на улиците на 1 мај. И главните француски опозициски партии денеска најавија дека се решени да ја продолжат борбата против непопуларната пензиска реформа одобрена од Уставниот совет. Борбата продолжува, реагираше лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон, додека лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен оцени дека „политичката судбина на пензиската реформа не е запечатена“ по одлуката на Уставен совет. Лидерот на Комунистичката партија Фабијен Русел изјави дека стравува од социјални немири. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-go-potpisha-zakonot-za-penziski-reformi-sindikatite-najavija-protesti/feed/ 0
Францускиот Парламент ќе се изјасни за контроверзниот план за пензиски реформи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskiot-parlament-ke-se-izjasni-za-kontroverzniot-plan-za-penziski-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskiot-parlament-ke-se-izjasni-za-kontroverzniot-plan-za-penziski-reformi/#respond Thu, 16 Mar 2023 08:48:51 +0000 https://kurir.mk/?p=812552

Оспоруваниот план за реформа на пензискиот систем на Франција е во последна законодавна фаза, при што денеска за него ќе се гласа во обата дома на Парламентот. Гласањето следува по масовните протести во земјата против пензиските реформи. Комсија составена од членови на двата дома,  Сенатот и Националното собрание, вчера ги разработи деталите за да се постигне компромисен предлог. Клучната точка на реформата е да се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Дополнително, треба да се зголеми бројот на години потребни за уплата во пензискиот систем, а минималната пензија да се зголеми на 1.200 евра. Реформата се смета за клучен проект на претседателот Емануел Макрон и неговата влада од десниот центар, што се оправдува со заканата од дефицит во пензискиот фонд. Предложената реформа наиде на критики кај синдикатите, но и кај дел од опозицијата. Локалните медиуми пишуваат дека се очекува Сенатот да го прифати предлогот. Кога е во прашање Националното собрание мнозинството не е целосно сигурно, а владата смета на гласовите на конзервативните републиканци во парламентот, кои се поделени. Вчера илјадници луѓе излегоа на улиците на француските градови на нови протести против реформите. На улиците беа и вработените во транспортот и другите индустрии кои повторно штрајкуваат, иако во помал број од претходно. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskiot-parlament-ke-se-izjasni-za-kontroverzniot-plan-za-penziski-reformi/feed/ 0
Синдикатите во Франција повикаа на протест во сабота против пензиските реформи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sindikatite-vo-frantsija-povikaa-na-protest-vo-sabota-protiv-penziskite-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sindikatite-vo-frantsija-povikaa-na-protest-vo-sabota-protiv-penziskite-reformi/#respond Thu, 09 Feb 2023 18:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=798598

Синдикатите во Франција денеска повикаа на повторни протести во сабота против пензиската реформа што ја бара претседателот Емануел Макрон. Синдикатите повикаа на протести во сабота, како и на 16 февруари и 7 март. Ова е првпат од почетокот на протестите против зголемувањето на законската старосна граница за пензионирање од 62 на 64 години, синдикатите да повикаат на протест во текот на викенд. - Во сабота, се надевам дека ќе биде ден за протести кој е погоден за семејствата, како и за луѓето од различни сфери, изјави генералниот секретар на ЦФДТ Лоран Берже. Планирани се повеќе од 200 акции низ Франција, кои ќе соберат до 700.000 луѓе надвор од Париз, според француските власти. Во вторникот се одржа протест со малку помал број собрани во однос на претходните собири кога имаше повеќе од милион луѓе, информира полицијата. Организаторите тогаш рекоа дека имало речиси двојно повеќе луѓе. Француската премиерка Елизабет Борн денеска повторно ја бранеше реформата за која расправаат пратениците во Долниот дом на Парламентот. Таа рече дека реформата има за цел да ја обезбеди иднината на пензискиот систем. Сепак, француската Влада нема апсолутно мнозинство во парламентот за нејзината реформа да биде усвоена и затоа смета на поддршката на традиционалната десница, но оваа поддршка сè уште не е сигурна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sindikatite-vo-frantsija-povikaa-na-protest-vo-sabota-protiv-penziskite-reformi/feed/ 0
Во Франција закажани нови штрајкови против реформите на пензискиот систем https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-zakazhani-novi-shtrajkovi-protiv-reformite-na-penziskiot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-zakazhani-novi-shtrajkovi-protiv-reformite-na-penziskiot-sistem/#respond Wed, 08 Feb 2023 19:33:01 +0000 https://kurir.mk/?p=798056

Француските синдикати за 16 февруари планираат нови штрајкови и демонстрации против планираните реформи на пензискиот систем, јавија француски медиуми повикувајќи се на синдикални извори. Во Франција штрајкови се одржуваат од средината на јануари, со кои синдикатите протестираат против плановите на Владата да го продолжи работниот век за две години, од 62 на 64. Извори од синдикатите CGT, CFTC и Unsa изјавија дека осумте главни синдикати во Франција се согласиле на нови протести на 16 февруари и разгледуваат опции за протести и на 7 и 8 март, кога во Сенатот ќе се разгледува предлог-законот на владата за пензиските реформи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-zakazhani-novi-shtrajkovi-protiv-reformite-na-penziskiot-sistem/feed/ 0
На денешните демонстрации против пензиските реформи во Франција имало 885.000 демонстранти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-deneshnite-demonstracii-protiv-penziskite-reformi-vo-francija-imalo-885-000-demonstranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-deneshnite-demonstracii-protiv-penziskite-reformi-vo-francija-imalo-885-000-demonstranti/#respond Tue, 10 Dec 2019 17:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=275671

На повикот на француските синдикатите на денешните демонстрации против реформата на пензискиот систем предложена од извршната власт, се појавија според нивното пребројување 885.000 демонстранти ширум земјата, јави дописникот на МИА. Во Париз според синдикатите имало 180.000 демонстранти, додека независниот Оккуранс изброја само 27.000. Министерството за внатрешни работи сè уште не дале бројка. Синдикатите самите признаа дека учеството на денешните протести е помало од тоа на 5 декември. На 5 декември, демонстрациите во Париз собраа 250.000 луѓе, според синдикатите, а министерството за внатрешни работи даде бројка од 65.000 луѓе. Утре извршната власт, преку премиерот Едуар Филип треба да даде детали за најавената реформа на пензискиот систем, а синдикатите веќе најавуваат нов ден на демонстрации и штрајкови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-deneshnite-demonstracii-protiv-penziskite-reformi-vo-francija-imalo-885-000-demonstranti/feed/ 0