пензиски систем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Jul 2020 14:32:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пензиски систем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција ја одлага реформата за пензискиот систем што предизвика штрајкови и протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-odlaga-reformata-za-penziskiot-sistem-shto-predizvika-shtrajkovi-i-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-odlaga-reformata-za-penziskiot-sistem-shto-predizvika-shtrajkovi-i-protesti/#respond Fri, 17 Jul 2020 14:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=377812

Француската Влада донесе одлука да ја одложи контроверзната реформа на пензискиот систем барем до крајот на годината, поради економската криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус. Новиот француски премиер Жан Кастекс објави по денешната средба со претставниците на синдикатот дека ќе се продолжи со реформата на пензискиот систем, но дека владата ќе ги продолжи преговорите за деталите на тој план во наредните месеци наместо да ја заврши во текот на летото, како што беше планирано. Реформата предвидува укинување на некои права, на пример, железничките работници веќе нема да можат да се пензионираат порано, а адвокатите нема да можат да плаќаат пониски даноци. Владата разговара со синдикатите дали да ја подигне возраста за пензија на 62 години, или да зголеми даноци за да го направи пензискиот систем финансиски одржлив. Намерата на Владата да го реформира пензискиот систем доведе до штрајкови и протести на синдикатите, кои стравуваат дека промените ќе ги принудат луѓето да работат подолго за помалку пари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-odlaga-reformata-za-penziskiot-sistem-shto-predizvika-shtrajkovi-i-protesti/feed/ 0
Српските пензионери на протест поради лошата реформа во пензискиот систем https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskite-penzioneri-na-protest-poradi-loshata-reforma-vo-penziskiot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskite-penzioneri-na-protest-poradi-loshata-reforma-vo-penziskiot-sistem/#respond Wed, 17 Oct 2018 06:12:38 +0000 https://kurir.mk/?p=115948

Синдикатот на пензионираните воени лица на Србија и Здружението на синдикатите на пензионерите на Србија објавија дека на 30 октомври ќе организираат протести во Белград и другите градови поради лошата реформа во пензискиот систем и материјалниот статус на пензионерите и вработените. - Сакаме да испратиме пораки до актуелната влада на легитимен и демократски начин, до домашната и меѓународната јавност, дека не се помируваме со неуставната и нетранспарентна реформа на пензискиот систем во Србија, во која не се почитуваат правата на актуелните и идните пензионери стекнати преку плаќање придонеси во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, наведуваат синдикатите во соопштение. Според нив, сиромаштијата на пензионерите е резултат на долгорочното неусогласување на пензиите за најмалку 20-25 проценти поради зголемување на трошоците за живот, врз основа на официјалните статистички податоци за инфлацијата. Тие ќе побараат од Владата итно да отпочне јавна расправа за реформата на пензискиот систем на Србија што ја спроведуваат, како што тврдат,  „нетранспарентно и без дијалог со вработените, пензионерите и работодавачите, а на сметка на осигуреникот". МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskite-penzioneri-na-protest-poradi-loshata-reforma-vo-penziskiot-sistem/feed/ 0