пепе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 05:04:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пепе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсенал го продава Пепе https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-go-prodava-pepe/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-go-prodava-pepe/#respond Fri, 08 Sep 2023 05:04:10 +0000 https://kurir.mk/?p=875902

Лондонски Арсенал сака да се ослободи од Николас Пепе и му порача на фудбалскиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска дека повеќе нема да смета на него. Пепе во 2019 година пристигна во Арсенал како најскапо засилување во историјата за 80 милиони фунти. Тој никогаш не ги оправда очекувањата на Емирати и минатата сезона беше испратен на позајмица во Ница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-go-prodava-pepe/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Пепе го продолжи договорот со Порто https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ofitsijalno-pepe-go-prodolzhi-dogovorot-so-porto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ofitsijalno-pepe-go-prodolzhi-dogovorot-so-porto/#respond Mon, 24 Apr 2023 05:37:40 +0000 https://kurir.mk/?p=826750

Легендарниот фудбалски дефанзивец Пепе и во следната сезона ќе игра за Порто откако стави потпис на нов договор со португалскиот клуб. Португалецот веќе има 40 години, но се уште игра на највисоко ниво и клубот не се мислеше многу за да ја продолжи соработката со него на уште една година. Вчера тој и официјално стави потпис на нов договор со трајност до крајот на следната сезона. „Секогаш ќе го давам најдоброто кога ќе го претставувам овој клуб“, изјави Пепе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ofitsijalno-pepe-go-prodolzhi-dogovorot-so-porto/feed/ 0
Роналдо сака да го донесе Пепе во Ал Наср https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ronaldo-saka-da-go-donese-pepe-vo-al-nasr/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ronaldo-saka-da-go-donese-pepe-vo-al-nasr/#respond Fri, 06 Jan 2023 15:12:53 +0000 https://kurir.mk/?p=784241

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо сака во својот нов клуб Ал Наср да го донесе сонародникот и поранешен соиграч од Реал Мадрид, Пепе. Како што објави шпанскиот весник „Марка“, намерата на Роналдо е саудискиот клуб да биде опкружен со некои од своите пријатели, меѓу кои е и Пепе. Шпанскиот весник додава дека Роналдо за овој трансфер веќе разговарал со раководството на Ал Наср. Пепе идниот месец ќе го прослави својот 40. Роденден, но на неодамнешното Светско првенство покажа дека и натаму е способен да игра врвен фудбал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ronaldo-saka-da-go-donese-pepe-vo-al-nasr/feed/ 0
Пепе за Роналдо: Тој е знамето на Португалија што се протега низ целиот свет https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-za-ronaldo-toj-e-znameto-na-portugalija-shto-se-protega-niz-celiot-svet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-za-ronaldo-toj-e-znameto-na-portugalija-shto-se-protega-niz-celiot-svet/#respond Mon, 12 Dec 2022 11:59:46 +0000 https://kurir.mk/?p=774394

Португалија доживеа неочекуван неуспех во втората нокаут рунда на Светското првенство, поточно поразот од Мароко од 1-0 значеше крај на настапот на 22. фудбалски мундијал. Ова воедно значеше и крај на еден мундијалски сон за играчи како Пепе и Кристијано Роналдо, асови кои долги години се столб на оваа селекција. Дефанзивецот беше редовно во почетната постава на овој шампионат, додека Роналдо беше седнат на клупата во најважните битки, односно добиваше шанса од клупата против Швајцарија и Мароко. Кој ќе биде следниот потег на Роналдо околу националниот тим останува да видиме, но во меѓувреме Пепе посочи колку е тој значаен. -Роналдо добро се снајде. Тој е знамето на Португалија кое се протега до сите страни на светот. Тој беше повикан во репрезентацијата и даде свој придонес. Мораме да му се заблагодариме на него и на нашите соиграчи кои дадоа се од себе. Како што кажав и претходно, им благодарам на луѓето за љубовта и поддршката, тоа го чувствуваме, -порача Пепе при враќањето од Светското првенство во Катар.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-za-ronaldo-toj-e-znameto-na-portugalija-shto-se-protega-niz-celiot-svet/feed/ 0
Пепе со скршена рака играше против Мароко https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-so-skrshena-raka-igrashe-protiv-maroko/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-so-skrshena-raka-igrashe-protiv-maroko/#respond Sun, 11 Dec 2022 08:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=773795

Португалија не успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство во Катар откако загуби од Мароко со 1-0, а по натпреварот беше откриено дека ветеранот Пепе играл со скршена рака. Португалската федерација соопшти дека дефанзивецот ја скршил левата рака за време на натпреварот, но и покрај ризикот, решил да остане на теренот за да им помогне на своите колеги. По натпреварот, Пепе веднаш отишол во болницата во Доха, каде скршеницата била потврдена со снимање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-so-skrshena-raka-igrashe-protiv-maroko/feed/ 0
Пепе играл против Мароко со скршена рака https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-igral-protiv-maroko-so-skrshena-raka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-igral-protiv-maroko-so-skrshena-raka/#respond Sun, 11 Dec 2022 06:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=773756

Португалија не успеа да се пласира во полуфинале на Мундијалот во Катар бидејќи беше поразена со 0-1 од Мароко, а по мечот беше откриено дека искусниот дефанзивец Пепе играл со скршена рака. Португалската федерација соопшти дека дефанзивецот за време на натпреварот ја скршил левата рака, но и покрај ризикот решил да остане на теренот за да им помогне на неговите колеги. Пепе по натпреварот веднаш заминал во болница во Доха, каде што со снимање била потврдена фрактурата.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-igral-protiv-maroko-so-skrshena-raka/feed/ 0
Пепе: Неприфатливо е аргентински судија да ја дели правдата на нашиот натпревар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-neprifatlivo-e-argentinski-sudija-da-ja-deli-pravdata-na-nashiot-natprevar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-neprifatlivo-e-argentinski-sudija-da-ja-deli-pravdata-na-nashiot-natprevar/#respond Sat, 10 Dec 2022 18:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=773691

Дефанзивецот на Португалија, Пепе, реагираше на назначувањето на судијата од Аргентина за делител на правдата на денешниот пораз од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство. -Неприфатливо е аргентински судија да го суди нашиот натпревар. Не велам дека дојде ове со некоја намера……Но колкиу игравме во второто полувреме? Колку минути додаде? Петтемина судии кои денеска беа на терен, Аргентинците… Што друго да кажам, да видиме кој ќе победи на крајот. Ние бевме единствената екипа што играше фудбал. Тажни сме. Имавме квалитети да го освоиме Светското првенство, а не успеавме. Заминувам со тага бидејќи имавме можност да го освоиме овој Мундијал, го цитира Пепе „Record“. Во полуфиналето Мароко ќе игра со победникот до дуелот Англија – Франција, додека Аргентина и Хрватска ќе се соочат во другото полуфинале. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-neprifatlivo-e-argentinski-sudija-da-ja-deli-pravdata-na-nashiot-natprevar/feed/ 0
Пепе: Покажавме понизност и скромност против Македонија! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-pokazavme-poniznost-i-skromnost-protiv-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-pokazavme-poniznost-i-skromnost-protiv-makedonija/#respond Wed, 30 Mar 2022 13:48:16 +0000 https://kurir.mk/?p=655760

Португалските медиуми го најавија Пепе како големо засилување за бараж финалето против Македонија, а тоа на крајот и испадна така ако се земе во предвид дека ветеранот издоминира во дефанзивните задачи, а воедно ја започна и контрата по која домашниот тим погоди за 2:0. Стоперот на Порто извонредно стартуваше над Барди и чисто му ја одзема топката, по што тргна акцијата на Португалците со која беше зададен конечниот удар во финалето на „Драгао“. Пепе во февруари наполни 39 години и покажува дека се уште е многу важен за репрезентацијата, па португалските новинари го прашаа дали ќе му помогне на тимот и на Светското првенство. – Се чувствувам привилегирано што се уште сум дел од оваа група и од тоа што доживеав ваква прекрасна ноќ. Ќе беше неправда да останеме без Светско првенство. Против Македонија покажавме понизност и скромност на теренот, со огромно чувство за победа и ги израдувавме сите Португалци. – Дали сега може да се вратиме со светска титула од Катар? Сонот останувареалност, поседуваме квалитет и за да го направиме тоа, мора да останеме многу силни. Го освоивме Европското првенство и Лигата на нации, зошто да не сонуваме и за Светско првенство. Јас имам 39 години, но се чувствувам и имам амбиција како дете од 15, 18 или 20 години. Има уште многу до Светското првенство, сега ќе се фокусирам на клупските обврски и ќе одиме меч по меч. Ако останам физички подготвен, ќе сакам да и помогнам на Португалија на мундијалот, – изјави Пепе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pepe-pokazavme-poniznost-i-skromnost-protiv-makedonija/feed/ 0
Португалија без Пепе во мундијалскиот бараж https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugalija-bez-pepe-vo-mundijalskiot-baraz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugalija-bez-pepe-vo-mundijalskiot-baraz/#respond Tue, 22 Mar 2022 15:31:08 +0000 https://kurir.mk/?p=651501

Португалија, која е во иста група во мундијалскиот бараж со македонската фудбалска репрезентација, ќе биде без услугите на стандардниот дефанзивец Пепе, поради позитивен тест на коронавирус. Пепе, како што потврди Португалската фудбалска федерација, ќе го пропушти полуфиналето против Турција на 24 март во Порто, а нема да биде во составот ниту во случај Португалците да обезбедат финален бараж против победникот од дуелот меѓу Италија и Македонија, во Палермо. Португалскиот селектор Фернандо Сантош замената на Пепе ја најде во одбранбениот играч на францускиот прволигаш Лил, Тијаго Џало.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugalija-bez-pepe-vo-mundijalskiot-baraz/feed/ 0
Поради одлука на свекрвата, Британка 27 години посетувала погрешен гроб на сопругот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-odluka-na-svekrvata-britanka-27-godini-posetuvala-pogreshen-grob-na-soprugot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-odluka-na-svekrvata-britanka-27-godini-posetuvala-pogreshen-grob-na-soprugot/#respond Sat, 12 Mar 2022 17:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=646073

Вдовицата Кетлин Волшам од Лондон, го загубила судскиот спор на кој тврдела дека 27 години жалела за својот сопруг на туѓ гроб. Во 1989 година таа сакала пепелта на сопругот Кирон, кој починал на 33 годишна возраст, да ја растури на гробишта во близина на нивната куќа во Лондон. Истакнала дека сопругот бил клаустрофобичен и се плешел од темнина, па сакал да биде кремиран, а не погребан. Кетлин и трите деца 27 години ги посетувале гробиштата, но во 2016 година дознале дека гроб со името на Кирон постои на други гробишта во Лондон Сопругата се сомнева дека нејзината свекрва, која била во лоши односи со синот и снаата, тајна ја земала урната помогната од вработен во гробиштата. Се претпоставува дека урната ја спуштила во гроб за кој знаела само таа и нејзиното семејство. Кога сверквата Ирис починала, гробот со името на Кирон бил откопан по налог на Министерството за правда и внатре била пронајдена урна. Сопругата ја тужела погребалната компанија тврдејќи дека тие треба да и платата за психичката и емоционална повреда која ја доживеала. Но, судијата ја отфрлил нејзината тужба бидејќи немале докази дека пепелтадошла во погрешни раце или во погрешен гроб. Дополнително немало стручни докази кои би докажале дали содржината на есхумираната урна е со пепел од Кирон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-odluka-na-svekrvata-britanka-27-godini-posetuvala-pogreshen-grob-na-soprugot/feed/ 0