Перчо Божиновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Jul 2022 10:59:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Перчо Божиновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Божиновски: Пратениците на СДСМ од Охрид докажаа дека Македонија воопшто не им е поважна од партиската наредба за поддршка на катастрофалниот француски договор https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-pratenicite-na-sdsm-od-ohrid-dokazaa-deka-makedonija-voopshto-ne-im-e-povazna-od-partiskata-naredba-za-poddrshka-na-katastrofalniot-francuski-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-pratenicite-na-sdsm-od-ohrid-dokazaa-deka-makedonija-voopshto-ne-im-e-povazna-od-partiskata-naredba-za-poddrshka-na-katastrofalniot-francuski-dogovor/#respond Tue, 19 Jul 2022 10:59:02 +0000 https://kurir.mk/?p=707340

Македонија ги преживеала сите понижувања и неправди низ историјата, за сега во 21 век од страна на ненародната Власт да се отворат средновековни прашања и теми за идентитетот, историјата и јазикот. Маските им паднаа, бесрамно го криеја Протоколот во кој сепак скандалозниот Договор со Бугарија, историјата и идентитетските прашања како најболни за Македонија се дел од Преговарачката рамка, изјави денеска за медиумите Перчо Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. Тој кажа дека на пратениците на СДСМ од Охрид, недостојни ниту име да им се спомене, по диктат на Ковачевски докажаа дека Македонија воопшто не им е поважна од партиската наредба околу поддршка на катастрофалниот Предлог на француското претседателство со Советот на ЕУ. - За предавниците и изродите е нормално тоа што по диктат и уцени ќе се менуваат учебници во Македонија, ќе се ретушира историјата и ќе се менуваат лекции за историски настани и личности по урнек на бугарските барања. Охриѓани треба да знаат дека истите тие се согласиле за прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение на тема Самуилова држава. Се согласиле дека македонскиот јазик е дијалектна форма на бугарскиот јазик според едностраната Декларација на Бугарија. Ќе им припадне ли честа на двајцата ненародни пратеници од СДСМ од Охрид да ги постават натписите на Самуиловата тврдина, спомениците на светите браќа Кирил и Методиј, свети Климент Охридски и свети Наум Охридски дека се дел од бугарската историја, запраша тој. Божиновски посочи дека ако ги штитат македонските национални интереси наместо предавство нека побараат признавање на Македонците и извинување од Бугарија кон сите потомци за злосторствата и репресиите на бугарскиот фашистички окупатор на македонска територија. - Промена на Уставот нема да има, дојде времето кога гласно треба да кажеме НЕ за оваа предавничка и антимакедонска Влада која мора што поскоро да падне, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-pratenicite-na-sdsm-od-ohrid-dokazaa-deka-makedonija-voopshto-ne-im-e-povazna-od-partiskata-naredba-za-poddrshka-na-katastrofalniot-francuski-dogovor/feed/ 0
НЕ – ВО МАКЕДОНСКО ИМЕ, УЛТИМАТУМ – НЕ, БЛАГОДАРАМ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-vo-makedonsko-ime-ultimatum-ne-blagodaram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-vo-makedonsko-ime-ultimatum-ne-blagodaram/#respond Mon, 04 Jul 2022 13:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=699798

КОЛУМНА на проф. м-р Перчо Божиновски: Никој нема право да се откаже од македонскиот јазик во име на европската иднина, тоа е аманет од нашите предци и завет за идните генерации. За да станеме дел од ЕУ, треба да го направиме тоа достоинствено, а не понижени. Таков еден погубен чекор значи самоуништување на македонската нација, македонската автентична историја и посебноста на македонскиот јазик. Прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ значи класичен чин на велепредавство на македонскиот народ и Македонија. Во Предлогот се посочува на катастрофалниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија т.е годишните прегледи и мерките за негово ефективно спроведување според неговиот член 12. А токму во тој член стои т.н. Заедничка меѓувладина комисија за решавање на надворешната политика и прашања од државен и нациoнален интерес во името на Македонија, со цел докажување и менување на историски и образовни прашања. Дрскост е да се земе такво право за наводно докажување, т.е. менување на историските настани во историските читанки и литература. Погубна и понижувачка цел и намера во однос на македонскиот јазик т.е. кодификацијата на македонскиот јазик е вештачка творба, исто како што и македонскиот народ. Понатаму стои дека Советот ја поздравува намерата на Македонија да започне и приоритетно да ги постигне уставните измени, со цел во Уставот да се вклучат и граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од другите, како Бугарите. Македонија ќе ја спроведе својата заложба да ги заврши гореспоменатите уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури. Дури потоа следна меѓувладина конференција за отворање на пристапните преговори ќе се одржи веднаш штом Македонија ја заврши процедурата за промена на Уставот заради внесување на Бугарите во неговата Преамбула. Кога станува збор за македонскиот јазик, треба да се посочи правилно што, и како е напишано. Ако ја прочитаме Точка 3 таму е напишано: Во врска со преводите на правниот кодекс на Европската Унија (acquis), ЕУ ги нотира едностраните изјави на Бугарија и Македонија поврзани со македонскиот јазик. Зарем не е јасно дека ЕУ веќе ја запишала во записник позицијата на Бугарија со која не го признава македонскиот јазик, т.е. според нивната теза дека е дијалект на бугарскиот јазик. Но ЕУ исто така, некаде, ја запишала и позицијата на Македонија за јазикот. Никако и на никој начин наведеното во Точка 3 не значи признавање на македонскиот јазик. Во Точка 22 пишува: Македонија ќе треба да го преведе Европскиот правен кодекс (acquis) на македонски во догледно време пред нејзиниот прием и ќе треба да обучи доволен број на преведувачи и толкувачи за да се осигура правилното работење на ЕУ институциите при прием. Или уште како што стои дека употребата на македонскиот јазик за документите ќе биде означена со еднострана декларација и на Македонија и на Бугарија, а овие декларации ќе бидат приложени кон записникот од првата меѓувладина конференција. Во однос на преводите на концептот на европското законодавство (acquis) на македонски јазик, ЕУ ја забележува соодветната намера на Бугарија и на Македонија да дадат еднострана декларација за македонски јазик. Според предлогот, во однос на преведувањето на актите на ЕУ на македонски јазик, Унијата ги зема предвид унитералните изјави на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик. Бугарија пак, сака да ја објасни својата позиција со декларација. И овој дел не значи потврда за македонскиот јазик, туку јасно ни укажува на практичната потреба од преведување на текстот од Европската регулатива на јазикот на земјата кандидат. Во Точката 35 од поглавјето Преговарачки процедури поместен е уште еден дел кој одговара на барањата на Бугарија. Тука е опишан Патоказот во однос на владеењето на правото кој Владата на Македонија треба да го усвои врз база на скринингот кој ќе го изврши Европската комисија. Она дополнително што се бара е Македонија низ инклузивен процес да усвои Акциски план насочен кон заштита на правата на лицата кои припаѓаат кон малцинства или заедници, вклучително и во делот на недискриминацијата, борбата против говорот на омраза, образованието, обезбедувањето ефективни мерки, механизми за пријавување и идентификување на одговорни институции за тоа. За да нема недоразбирања околу Протоколот кој сè уште не е достапен за јавноста, а останува дел од преговарачката рамка, Владата треба веднаш да го објави! Мојот став е јасен: НЕ! НЕ - на обидот за асимилација и бугаризација на Македонците! НЕ - за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик! Историските прашања и Договорот со Бугарија никако не смеат да бидат дел од преговарачката рамка. Наша обврска е да се заштитат македонските национални интереси! За геноцид врз цела нација – гласно НЕ! За чист етноцид – силно НЕ! Ултиматум – НЕ, благодарам! Оваа Влада мора да падне, само избори се решение! Секој од нас да се придружи во заедничката борба, борба за опстојување на македонскиот народ и Македонија!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-vo-makedonsko-ime-ultimatum-ne-blagodaram/feed/ 0
Божиновски: Гарантираме изградба на нова современа градинка и реконструкција на постоечките https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-garantirame-izgradba-na-nova-sovremena-gradinka-i-rekonstrukcija-na-postoechkite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-garantirame-izgradba-na-nova-sovremena-gradinka-i-rekonstrukcija-na-postoechkite/#respond Wed, 13 Oct 2021 12:13:09 +0000 https://kurir.mk/?p=578283

Проблемот со листите на чекање за запишување на децата во градинка мора да се реши. Во насока на континуирано и трајно решавање на овој проблем, Охрид има да добие нова современа градинка со која значително има да се зголеми капацитетот за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, додека за постоечките градинки следи реконструкција, истакна денеска Перчо Божиновски, кандидат за член на Советот на Општина Охрид. Божиновски нагласи дека гарантираат изградба и реконструкција на детски современи игралишта на повеќе локации во општината. -Децата мора да имаат простор каде што ќе можат да уживаат во безгрижно детство. Гарантираме ИЗГРАДБА НА НОВИ МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА. Во периодот што следи сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој и затоа се определуваме за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Од таа причина, во Велгошти до спортската сала и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште се обврзуваме за изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога. По барање, пак, на граѓаните во согласност со нивните потреби, исти такви уште на две локации. Заокружи 7 за нова детска градинка, нови детски и спортски игралишта! Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи, посочи Божиновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-garantirame-izgradba-na-nova-sovremena-gradinka-i-rekonstrukcija-na-postoechkite/feed/ 0
Божиновски: Гарантираме правилна урбанизација во Охрид и проекти за подобра иднина на сите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-garantirame-pravilna-urbanizacija-vo-ohrid-i-proekti-za-podobra-idnina-na-site/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-garantirame-pravilna-urbanizacija-vo-ohrid-i-proekti-za-podobra-idnina-na-site/#respond Fri, 08 Oct 2021 12:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=575454

Гарантираме правилна урбанизација и проекти за подобра иднина на сите, истакна Перчо Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. -Спроведување на следните проекти: Измена и дополнување на сите ДУП-ови и донесување нови таму каде што нема планска документација. Донесување урбанистички план за нова населба наменета за млади брачни парови. Изградба на социјални станови на потегот кај касарната. Изградба на Конгресен центар. Изработка на сообраќајна студија за заштитеното градско јадро и за летен режим на сообраќај. Уредување на булевар „Свети Наум Охридски“. Изградба на јавни тоалети на повеќе локации. Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!, вели Божиновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-garantirame-pravilna-urbanizacija-vo-ohrid-i-proekti-za-podobra-idnina-na-site/feed/ 0
Божиновски: ЌЕ Георгиески соочен со својот крај ветува сè и сешто, но тоа кај охриѓани веќе не поминува https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-kje-georgieski-soochen-so-svojot-kraj-vetuva-se-i-seshto-no-toa-kaj-ohrigjani-vekje-ne-pominuva/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-kje-georgieski-soochen-so-svojot-kraj-vetuva-se-i-seshto-no-toa-kaj-ohrigjani-vekje-ne-pominuva/#respond Sun, 03 Oct 2021 14:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=572305

ЌЕ Георгиески соочен со својот крај ветува сè и сешто, но тоа кај охриѓани веќе не поминува. Охриѓани немаат кратка меморија, па да го потсетиме Георгиески на неговите предизборни лаги и нула реализирани капитални проекти, истакна Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. -Доколку не сме во право, уште веднаш Георгиески да ни покаже каде е новиот здравствен дом. До каде е изградбата на нов спортски комплекс? Каде се четирите нови училишни спортски сали и новите спортски игралишта? Уште колку пати ќе ветува нов лик на плоштадите „Крушевска Република“ и „Свети Климент Охридски“? Што се случи со депонијата Буково, ја затвори ли според препораките на УНЕСКО? До каде е изградбата на фабрика за отпад? Ни трага, ни глас од гасификацијата на Охрид. Нека ги извади розовите наочари и нека каже каде се новите катни гаражи што ги ветуваше! Ветувањата на Власта веќе немаат ниту сила, ниту моќ. Листата на лаги на ЌЕ Георгиески е преголема за може да собере сè на едно место! Не сме исти! Гарантираме проекти, а делата зборуваат за тоа! Охриѓани има да стават крај на владеењето на СДСМ и Георгиески. Масовно со својот глас на 15 октомври ќе време е за промени, проекти, победи! Заокружи 7 за подобар Охрид!, потенцира Божиновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-kje-georgieski-soochen-so-svojot-kraj-vetuva-se-i-seshto-no-toa-kaj-ohrigjani-vekje-ne-pominuva/feed/ 0
Божиновски: Георгиески вработува пожарникари, а без срам ги укина средствата за униформи и обувки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-georgieski-vrabotuva-pozarnikari-a-bez-sram-gi-ukina-sredstvata-za-uniformi-i-obuvki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-georgieski-vrabotuva-pozarnikari-a-bez-sram-gi-ukina-sredstvata-za-uniformi-i-obuvki/#respond Thu, 05 Aug 2021 13:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=546721

Георгиески лицемерно пред избори глуми загриженост за Територијалната противпожарна единица во Охрид затоа што ниту се грижи за подобрување на условите за работа на пожарникарите, ниту за набавка на дополнителна опрема и возила, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Перчо Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. -Додека Георгиески вработува 6 нови пожарникари без срам целосно ги скрати 1.700.000 денари за униформи, интервенциско противпожарно одело и заштитно одело за шумски пожари и интервенции и ги намали средствата за обувки. Георгиески да им каже на пожарникарите зошто оваа година нема да добијат К-15? Партиските вработувања нема да го сокријат лошото менаџирање на Георгиески кога пожарникарите имаат на располагање неколку возила, нефункционална опрема, без скала за висококатници, без возило наменето да може да влезе низ тесните улички во стариот дел на градот, да не зборуваме за противпожарен брод, без основни услови за работа и без огноотпорни одела, само неколку пара нараквици, искинати чизми, недоволно противпожарни црева и ред други алати потребни за интервенции, вели Божиновски. Тој додава дека одговорност е да бидеш пожарникар, неодамна регираа и самите пожарникари за недостаток на опрема, но Георгиески не го слуша нивниот глас дека претходно е потребна обука, а не како што стои во огласот дека во рок од една година лицето може да се стекне со сертификат за пожарникар. -Искреноста на Георгиески ќе се покажеше само доколку се сетеше на пожарникарите уште од првите денови на неговото преземање на функција татко на градот и почнеше барем нешто да реализира освен предизборно вдомување на партиски кадри на само 2 дена пред распишувањето на локалните избори. Власта и Георгиески покажуваат целосна неподготвеност да одговорат соодветно на елементарна непогода. Украдоа 4 години од животот на охриѓани, потрошија рекордни 4 годишни буџети, а ништо не направија. Казната за Георгиески следува на изборите, а со промената на власта за Охрид доаѓаат подобри времиња, многу проекти и светла иднина, потенцира Божиновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-georgieski-vrabotuva-pozarnikari-a-bez-sram-gi-ukina-sredstvata-za-uniformi-i-obuvki/feed/ 0
Божиновски: Георгиески сака да изврши предизборен поткуп со предложениот ребаланс на буџетот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-georgieski-saka-da-izvrshi-predizboren-potkup-so-predlozeniot-rebalans-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-georgieski-saka-da-izvrshi-predizboren-potkup-so-predlozeniot-rebalans-na-budzetot/#respond Wed, 28 Jul 2021 12:26:42 +0000 https://kurir.mk/?p=543061

Георгиески сака да изврши предизборен поткуп со предложениот ребаланс на буџетот на 62 седница на Советот на општина Охрид, кој не е во функција на потребите на граѓаните, туку на потребите на изборите кои следат, обвинува Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. -Зголемените приходи кои се предвидуваат треба да се резултат на зголемени даночни приходи, продажба на неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија и зголемени приходи од глоби. Не се резултат на капитални трансфери од други нивоа на власт, напротив, тие се намалени од 65 милиони денари на 20 милиони денари. За што ќе ги искористи Георгиески дополнителните средства за спорт и невладини организации? Од една страна огромни милионски суми, а од друга страна за поддршка на локален економски развој развој 800 илјади денари се намалуваат на 500 илјади денари, вели тој. Божиновски истакнува: „Нема пари за стопанството, за угостителско-туристичкиот сектор, за занаетчиите, за помош на невработените, но има пари за трансфери кои се единствено предизборен поткуп кој ќе се плаќа повторно од граѓаните. Охриѓани ваквите неправди ги гледаат и затоа на локалните избори ќе им испорачаат пораз на СДСМ и Георгиески“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bozinovski-georgieski-saka-da-izvrshi-predizboren-potkup-so-predlozeniot-rebalans-na-budzetot/feed/ 0
Божиновски: Георгиески ја поддржува урбаната мафија, се плаши да се справи со дивоградбите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-georgieski-ja-poddrzuva-urbanata-mafija-se-plashi-da-se-spravi-so-divogradbite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-georgieski-ja-poddrzuva-urbanata-mafija-se-plashi-da-se-spravi-so-divogradbite/#respond Tue, 27 Jul 2021 11:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=542479

Георгиески е синоним за селективност која произведува корупција и криминал и злоупотреба на општинските институции за меѓукоалициони интереси. Ако до пред неколку дена се зборуваше дека можеме да станеме загрозено подрачје, сега дефинитивно се потврди дека евтините трикови на Георгиески не поминуваат, рече денеска портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. Тој истакна дека Георгиески ја поддржува урбаната мафија, покажа дека нема сила, дека се плаши како што самиот кажа да се справи со дивоградбите и сè сведе на обичен популизам и евтин пиар отстранувајќи неколку шанкови и дел од платформите во Охридското Езеро. - Таму каде што се во прашање милиони евра, дивоградби претворени во станбени згради, спратови на згради и куќи, таму не смее ни да помисли да реагира. Исто како што дозволи пред негови очи да се градат дивоградби, а тој да ги гледа и аминува, затоа што е уценет, а фактурите треба да се плаќаат. Со оваа власт се случува деградација на природата, загадување на езерото, хаос со плажите и со урбаната опрема, чади депонијата Буково, потребно е итно делување во Охрид и ставање крај на лошото менаџирање и неспроведувањето на законските регулативи. Георгиески да собере храброст, да се одважи и да започне со отстранување на дивоградбите, да ги усогласи деталните урбанистички планови со Планот за управување со УНЕСКО, да го ажурира инвентарот на бесправни објекти и да го објави јавно само така ќе докаже дека не е уценет и дека се залага за европски вредности и перспективи, истакна Божиновски. - Соочен со пораз кој е неизбежен Георгиески ќе бара спас во непринципиелни коалиции, кои ќе му достават двојно повисоки предизборни фактури што ќе значат уништување на Охрид и иднината на охриѓани. По локалните избори новата општинска власт во Охрид од ВМРО-ДПМНЕ има за цел да ги промени работите и да го врати сјајот на Охрид.На охриѓани им требаат луѓе кои нема да се плашат, нема да бидат уценети, кои се борат за интересите на граѓаните, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-georgieski-ja-poddrzuva-urbanata-mafija-se-plashi-da-se-spravi-so-divogradbite/feed/ 0
Божиновски: Две години Георгиески не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-dve-godini-georgieski-ne-smee-da-srushi-edna-divogradba-zaradi-koj-statusot-na-ohrid-na-listata-na-unesko-visi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-dve-godini-georgieski-ne-smee-da-srushi-edna-divogradba-zaradi-koj-statusot-na-ohrid-na-listata-na-unesko-visi/#respond Thu, 15 Jul 2021 12:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=537213

СДСМ и Георгиески немаат план, немаат визија и не знаат како затоа што се прочитани од народот и наместо заедно напред сега заедно назад одат во изборен пораз. Ги добија изборите со лаги, ама лагите кратко траат и брзо излегуваат на виделина. Охрид немаше градоначалник, Георгиески е најнеспособниот градоначалник досега на Охрид, сè што вети излажа и ништо не реализира, изјави Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на денешната прес конференција. Тој вели дека нема ни трага ни глас од раздолжувањето на општината, враќање на долгот и одблокирање на сметката. - Со четири улици од кои две недовршени, на трета асфалтот се крена, а на четвртата цела сигнализација за пет дена избледи не се добива втор мандат за градоначалник. Не се отвори ниту една фабрика, нема катни гаражи, кејот и новото пристаниште ги нема ни на повидок, водовод и канализација за руралните средини нема, центарот на градот стана панаѓур, насекаде ѓубре и депонии, плоштадот кај чинарот не доби нов лик, нема нов здравствен дом, уништено образование и никаква детска заштита, лоши услови за спорт и рекреација, разочарани млади, плажите изорани и разрушени сред туристичка сезона, хаос во сообраќајниот режим, уништени детски игралишта, исечени и асфалтирани дрва, нехуман третман на бездомните животни, и уште многу работи и ветувања од кои ништо не е реализирано. Две години Георгиески не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси. Георгиески само се грижи за нови партиски вработувања во општината и јавните претпријатија кои ги плаќаат граѓаните од својот џеб, преку повисоки сметки за вода, нискоградба и колектор, посочи Божиновски. - Доста е од нови политички пазари, селективност во рушење дивоградби, партиски популизам и поигрување со националните чувства на Македонците. Ова мора да заврши и ќе заврши. Време е да им се стави крај на неработниците и неспособните, само така Охрид ќе оди напред. Време е за нов млад, перспективен и амбициозен градоначалник. Време е за Охрид за сите луѓе, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-dve-godini-georgieski-ne-smee-da-srushi-edna-divogradba-zaradi-koj-statusot-na-ohrid-na-listata-na-unesko-visi/feed/ 0
Книгата и учебникот основни образовни средства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/knigata-i-uchebnikot-osnovni-obrazovni-sredstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/knigata-i-uchebnikot-osnovni-obrazovni-sredstva/#respond Mon, 31 May 2021 13:37:55 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517257

Доколку не сте влегле во училница и не сте одржале час многу тешко е да ја осознаете методиката на наставата и основите на воспитно-образовниот процес. Знаеме дека не сите училишта во Македонија можат да направат дигитален скок. Наместо овој период да се искористи и да се надополни претодното вложување во дигиталната писменост и технологија, тоа се уништи и го нема и ние последните години во училиштата сме сè уште нација на табла и повеќето училници заостануваат во вклучувањето на технологијата во наставата. Теретот од наставата на далечина падна на учениците, наставниците и родителите, а надлежните не се потрудија воопшто да ги обезбедат потребните услови. Министерката за образование и наука најпрвин треба да обезбеди сигурен пристап до технологијата за секој ученик, па потоа да воведува само дигитални учебници. Кога станува збор за дигитални учебници наспроти печатени учебници, мора да се земат предвид можните технолошки пречки што можат да се појават. Најосновно, дали училницата има доволно места за полнење на батериите на уредите? Како наставникот и учениците ќе се справат со проблемите што се јавуваат со интерфејсот на уредот? Министерке, а може сте слушнале за е-читачи, за називите ,,FB2“, „EPUB“, „MOBI“ и др.? На кој начин ќе ги пренесете мултимедијалните содржини од дигиталните учебници во печатен учебник, па копијата ќе биде еднаква за учениците? Дополнително треба да потенцираме дека доаѓа до израз класно раслојување и нееднаквост кои ќе произлезат од разликите во економските можности на родителите. Печатениот учебник има посебни физички ограничувања што диктираат линеарна навигација на материјалот за учење. Се забележува способноста лесно да се обележат хартиените документи. Сфаќањето на учениците за сложените информации е поголемо од хартија отколку од електронските документи. Учениците претпочитаат да печатат документи што содржат сложени информации за читање. Читањето сложени, долги хартиени документи може да помогне во анализа на контекстуалноста и подлабоко чувство на знаење. Претпочитање на учениците да користат печатени материјали кога е потребно длабинско читање и учење. Учениците запомнуваат и се задржуваат на повеќе детали кога учат од печатен текст отколку од екран. Читањето со разбирање е подобро со печатените учебници. Корисниците на дигитални материјали за учење многу често пријавуваат здравствени проблеми, вознемирувачки чувства на дезориентираност, кои произлегуваат од комбинацијата на лизгање и постојано префрлање на вниманието од место до место на дисплејот и помеѓу хиперврските. Се јавува големо когнитивно оптоварување кое е поврзано со нелинеарна навигација во хипермедијални средини како и визуелниот замор предизвикан од емитирана светлина од дигитални уреди. Со електронското читање исто така се влијае врз длабоките вештини за читање, разбирањето и развојот на долгорочно знаење и критичко размислување. Лизгање и прелистување на екран не им дозволува на учениците да воспостават визуелна меморија за специфични зборови во текстот, што значи дека е потешко да се запомнат фразите и концептите во дигиталните учебници отколку во печатените учебници. Учениците мора да користат печатени учебници и да им бидат на располагање во секое време затоа што знаеме дека немаат сите ученици пристап до уред. Пред да се одлучи да се понудат само дигиталните учебници, надлежните треба да ги ставаат достапни задолжително печатените учебници за учениците и тоа како основни, првични материјали за знаење. Само на тој начин учениците би можеле да проверат сè во печатениот учебник за краток временски период со цел да направат пауза од читањето на дигиталните учебници. Ако сакате само да се обидете да научите нешто што ќе биде опфатено на тест, кој пак е плиток по природа тогаш дигиталниот учебник навистина ќе биде корисен. Но, доколку пак се надевате длабоко да нурнете и да ги соберете непропустливите бисери од знаење, тогаш потребни се печатениот учебник и книгата. Перчо Божиновски, професор по македонски јазик и литература ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/knigata-i-uchebnikot-osnovni-obrazovni-sredstva/feed/ 0