перење возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Jan 2023 17:11:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png перење возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во тешка енергетска криза: МЕПСО ќе потроши 20.000 евра за перење возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-teshka-energetska-kriza-mepso-ke-potroshi-20-000-evra-za-perene-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-teshka-energetska-kriza-mepso-ke-potroshi-20-000-evra-za-perene-vozila/#respond Wed, 18 Jan 2023 17:11:26 +0000 https://kurir.mk/?p=789101

МЕПСО нарачува 5.600 перења на коли за две години, што се 233 перења месечно или дури 8 перења дневно ако се земат в предвид и викендите кои главно се неработни. Во време на најголема енергетска криза, државниот електропреносен оператор МЕПСО планира да потроши речиси 20 илјади евра на перење и чистење на службените возила. Пред една седмица компанијата склучила двегодишен договор со фирмата со седиште во Шуто Оризари Европа Турс ДООЕЛ. Она што е зачудувачки во овој договор не е цената од 185 денари по перење, туку бројот на перења. Во договорот не е наведено за колку возила ќе се платат речиси 20 илјади евра за перење и течности за дотур на брисачи. Се знае само дека ќе се потрошат 12 илјади евра за 4 илјади перења на коли и 4.500 евра за 1.500 перења на теренските џипови. Фирмата ќе плати и 35 хемиски чистења. Дополнително ќе се потрошат и три илјади евра за 6 илјади литри зимска и летна течност за брисачи, анализира АЛФА. Одговор и од МЕПСО. Тоа што Договорот гласел на 20 илјади евра , не значело дека во целост ќе се реализира. „Договорот по спроведена јавна набавка за услуги-перење на возила кои се во сопственост на АД МЕПСО е двегодишен сукцесивен договор со максимално предвидени количини што значи дека АД МЕПСО како Договорен орган нема обврска сите и во целост да ги исполни и реализира, а со тоа не е во обврска да ја реализира вкупната вредност на овој Договор. Договорот се однесува на 65 лесни патнички возила, 36 теренски возила ( џипови) и 4(четири) Фиат Дукато (патар)“ – велат од МЕПСО. МЕПСО е една од државните компании кои со години наназад беше посочувана во јавноста дека недомаќински троши пари. По скандалот со тендерот за купување фотелји од природна телешка кожа, следуваше и оглас за авионски билети во вкупна вредност од дури 84 илјади евра. Ништо подобро не стои ниту АД ЕСМ. Државните електрани се постојано во фокусот со набавките и ангажирањето фирми за астрономски суми за ископ на јаглен, поправки и оддржување на далекуводите, погонски материјали и слично. Последен скандал во низата беше подновувањето на возниот парк во време на енергетска криза. Преку 4 јавни набавки, ЕСМ при крајот на минатата година потроши 850 илјади евра за купување на 16 џипови и комбиња. ЕСМ лани доби 200 милиони евра, а годинава ќе добие и поголема сума од државниот буџет, односно од парите на граѓаните и фирмите за справување со енергетската криза. Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение:
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-teshka-energetska-kriza-mepso-ke-potroshi-20-000-evra-za-perene-vozila/feed/ 0