перење пари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 16:55:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png перење пари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарија ставена на меѓународната сива листа за перење пари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-stavena-na-megunarodnata-siva-lista-za-perene-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-stavena-na-megunarodnata-siva-lista-za-perene-pari/#respond Fri, 27 Oct 2023 16:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=893864

Бугарија е ставена на сивата листа на земји што подлежат на засилен мониторинг од страна на Работната група за финансиска акција (Financial Action Task Force). Државите на сивата листа имаат „стратешки недостатоци“ во нивните напори да се спротивстават на перењето пари и финансирањето на тероризмот, но соработуваат со ФАТФ за да ги надминат проблемите. Бугарија им се придружи на 22 други држави на листата, додека четири држави, меѓу кои и Панама и Кајманските Острови, беа отстранети од листата. Повеќе од 200 земји и територии се обврзаа дека ќе ги спроведат препораките на ФАТФ за борба против перењето пари, финансирањето на тероризмот и ширењето на оружјето. ФАТФ има и црна листа на која се наоѓаат држави со висок ризик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-stavena-na-megunarodnata-siva-lista-za-perene-pari/feed/ 0
Албанија ја напушти сивата листа за перење пари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-napushti-sivata-lista-za-perene-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-napushti-sivata-lista-za-perene-pari/#respond Fri, 27 Oct 2023 14:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=893846

Потпретседателката на албанската Влада и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, објави дека Албанија „ја напуштила сивата листа за перење пари“, што е потврдено во извештај на работната група за финансиска акција, ФАТФ. Според неа, борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот е и била во фокусот на албанската Влада и ќе остане една од главните определби во соработка со стратешките партнери. -Албанија излегува од сивата листа на ФАТФ. Посветеноста на албанската Влада, работата за исполнување на реформите, реформирањето на Дирекцијата за спречување перење пари во Агенција за финансиско разузнавање, вложувањето во суштинска промена на законите и дигитализација на процесите, се сите чекори што беа ценети од меѓународните партнери и членките на ФАТФ кои денеска одржаа пленарна седница носејќи низа важни одлуки, од кои една е пресвртница за Албанија, нејзиното излегување од сивата листа, пишува таа во објава на Фејсбук. Балуку, наведува дека оваа одлука носи зајакнување на Албанија на меѓународната сцена, создавање поволни услови за понатамошни странски инвестиции, намалување на трошоците за националниот долг и консолидација на трговската размена. -Оваа одлука несомнено носи зајакнување на Албанија на меѓународната сцена, создавање поволни услови за понатамошни странски инвестиции, намалување на трошоците за националниот долг, консолидација на комерцијалните размени и услуги и низа други придобивки кои произлегуваат од оваа нова позиција на Албанија. Борбата за спречување на перење пари и финансирање тероризам беше и е во фокусот на работата на албанската Влада и ќе остане една од нејзините главни заложби во соработката со нашите стратешки партнери, наведува Балуку. Одлуката ја поздрави и државниот главен обвинител, Олсијан Чела, оценувајќи дека тоа е „плод и суштински придонес од стратегијата за борба против овој феномен, изготвена од Јавното обвинителство во 2020 година“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-napushti-sivata-lista-za-perene-pari/feed/ 0
Италијанската полиција уапси 33 лица: Падна мрежа на кинески дилери кои переле пари за криминални организации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-politsija-uapsi-33-litsa-padna-mrezha-na-kineski-dileri-koi-perele-pari-za-kriminalni-organizatsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-politsija-uapsi-33-litsa-padna-mrezha-na-kineski-dileri-koi-perele-pari-za-kriminalni-organizatsii/#respond Wed, 04 Oct 2023 18:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=885271

Италијанската полиција денеска уапси 33 лица во операција против мрежа на кинески дилери кои наводно испрале повеќе од 50 милиони евра на групи за шверц на дрога. Меѓу овие групи беше и калабриската мафија Ндрангета. Според полковникот Франческо Руис од италијанската финансиска гарда, кој ја водеше денешната операција, она што беше специфично за овој случај е поврзаноста помеѓу мафијашката организација Ндрангета и кинеските компании кои обезбедуваат нелегални финансиски услуги. Меѓу уапсените има и седум кинески државјани. Апсењата беа извршени во Рим и во шест други италијански градови. Запленети се околу 10 милиони евра во готовина од таканаречените „мазги на пари“ кои имале задача да ги однесат парите во странство. Неколку истраги кои неодамна беа спроведени во Италија покажаа како нарко-картелите сè повеќе користат матни мрежи на нелиценцирани кинески дилери за да перат пари и да вршат тајни прекугранични плаќања. Перењето пари во последниот истражен случај се случило во компании кои увезуваат и извезуваат облека и додатоци во областа Есквилино во Рим. Овие компании служеа како центри за собирање пари од нелегални активности, кои потоа беа префрлени во Кина без да може да се следи. Истрагата беше потпомогната од пристапот до шифрирани разговори на платформа затворена во 2021 година од заедничкиот истражен тим на Европол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-politsija-uapsi-33-litsa-padna-mrezha-na-kineski-dileri-koi-perele-pari-za-kriminalni-organizatsii/feed/ 0
Голема акција за апсење во БиХ и Словенија поради перење пари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-aktsija-za-apsene-vo-bih-i-slovenija-poradi-perene-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-aktsija-za-apsene-vo-bih-i-slovenija-poradi-perene-pari/#respond Tue, 21 Mar 2023 11:57:52 +0000 https://kurir.mk/?p=814523

Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска во рамки на Меѓународната оперативна акција АТМ започнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации на подрачјето на Сараево и Зеница. Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните дела „организиран криминал“ и „перење пари“ пропишани со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина. Претресите се вршат по наредба на Судот на Босна и Херцеговина и под надзор на Обвинителството на БиХ во соработка со полициските службеници на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево и Зеничко-добојскиот кантон. Тие активности се резултат на работата на Заедничкиот истражен тим на СИПА и Обвинителството на БиХ и Специјалното обвинителство и полицијата, што започна во февруари минатата година. Во рамките на оваа меѓународна оперативна акција спроведена од полициски службеници на СИПА во Босна и Херцеговина, денеска почнаа претреси и во Словенија на повеќе од 70 локации, во чии рамки е планирано да бидат уапсени над 50 лица, јавија сараевските медиуми. Во тек се активности за прибирање податоци за средствата што осомничените ги имаат на банкарски сметки и сефови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-aktsija-za-apsene-vo-bih-i-slovenija-poradi-perene-pari/feed/ 0
Во Албанија зголемен бројот на случаи на перење пари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-zgolemen-brojot-na-sluchai-na-perene-pari-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-zgolemen-brojot-na-sluchai-na-perene-pari-2/#respond Thu, 16 Mar 2023 12:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=812744

Шефот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, денеска во Високиот совет на обвинители презентирајќи го извештајот за 2022 година изјави дека е забележан раст на случаите на перење пари. -Случаите на перење пари се зголемуваат, а во текот на извештајната година се регистрирани и 12 нови случаи односно обвинувања добиени од странски законодавци. СПАК посвети посебно внимание на кривичните дела трговија со наркотици или тероризам. Случаите поврзани со корупција се зголемени за 30 отсто, истакна тој, јави Ора њуз. Од друга страна, тој наведе и дел од проблемите што ги констатирал во периодот додека е на чело на СПАК, а кои мора да се решат што поскоро. Меѓу овие проблеми, рече тој, е пренесувањето на значителен број предмети од претходните години, како и немањето капацитети за обвинители, главно за истражителите на Бирото за истраги. Додаде дека работат во многу ограничен амбиент и дека тоа може да предизвика „уништување на докази што ги собрале во текот на истрагата за одредено прашање“. -Недостигот од простории и канцеларии каде ги извршуваме нашите функции е уште еден проблем, имаме алармантна состојба. Немаме канцеларии за обвинители, особено за истражители на Националното биро за истраги. Имаме многу докази во многу ограничена средина, ризикуваме да ги уништиме, оцени тој. Според него останува проблем и состојбата со заостанатите предмети од изминатите години. -Има значителен број на предмети пренесени од други години и тоа е проблемот со кој обвинителите мора да се соочат и да дадат решение. Всушност, ова е проблем. Со оглед на овој проблем, одржав средби со обвинителите, за документирање на проблемот и согледување на реалните можности како може што поскоро да се завршат истрагите, но не на сметка на квалитетот, посочи тој. На функцијата прв човек на СПАК, со тригодишен мандат, Думани беше избран во 18 декември минатата година, кога најави дека „обвинителството преминува во поагресивна борба против корупцијата на функционерите на сите нивоа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-zgolemen-brojot-na-sluchai-na-perene-pari-2/feed/ 0
Тоти под истрага поради перење пари https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/toti-pod-istraga-poradi-perenje-pari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/toti-pod-istraga-poradi-perenje-pari/#respond Mon, 09 Jan 2023 08:34:30 +0000 https://kurir.mk/?p=784855

Поранешниот фудбалер на Рома и италијански репрезентативец Франческо Тоти се наоѓа под истрага поради перење пари и сомнителни трансакции, пренесува шпанскиот весник „Мундо депортиво“. Станува збор за разработена операција која вклучува повеќе физички лица и синџири на казина, а во фокусот на истражните органи е спорна трансакција во вид на позајмица од 80.000 евра исплатени на пензионерка во градот Анцио. Весникот, меѓутоа, наведува дека станува збор за повеќе сомнителни трансакции кои достигнуваат милионски износи меѓу Тоти и негов пријател, а кои можат да се поврзат со операции во казина во Лас Вегас, Монте Карло и Лондон. Тоти целата своја фудбалска кариера ја мина во дресот на Рома за која од 1993 до 2017 година одигра 619 натпревари и постигна 250 голови. Легендарниот фудбалер за Италија настапи на 58 натпревари и со Азурите ја освои светската титула во 2006 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/toti-pod-istraga-poradi-perenje-pari/feed/ 0
Приведени две лица од Делчево за „перење пари“, еве за колкава сума станува збор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-od-delchevo-za-perenje-pari-eve-za-kolkava-suma-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-od-delchevo-za-perenje-pari-eve-za-kolkava-suma-stanuva-zbor/#respond Wed, 07 Dec 2022 17:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=772449

Денеска (07.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Штип лишени се од слобода К.П.(64) и Д.П.(37), двајцата од Делчево. Приведувањето е врз основа на претходно поднесена кривична пријава против нив, поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ казниво по чл.273 од Кривичниот законик, од страна на СВР Штип, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција Скопје, а по претходно добиена наредба од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје. Притоа, со извршеното кривично дело причинета е материјална штета на Буџетот на РМ во износ од 25.502.282 денари. К.П. и Д.П. во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-od-delchevo-za-perenje-pari-eve-za-kolkava-suma-stanuva-zbor/feed/ 0
Големи рации во Германија, „испрани“ околу 140 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemi-racii-vo-germanija-isprani-okolu-140-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemi-racii-vo-germanija-isprani-okolu-140-milioni-evra/#respond Wed, 06 Oct 2021 11:18:54 +0000 https://kurir.mk/?p=573977

Германската полиција спроведе денеска големи рации во 25 градови во врска со сомнителна мрежа за перење пари, за која се тврди дека „перела“ милиони незаконски стекнати профити во странство. Полицијата во Диселдорф соопшти дека повеќе од 1.000 полицајци учествувале во рациите, кои започнаа во раните утрински часови, извршени во сојузните држави Северна Рајна-Вестфалија, Долна Саксонија и Бремен. Уапсени се 11 лица, меѓу кои и 39-годишен Сириец обвинет за членство во сириската екстремистичка група Нусра фронт, соопшти полицијата. Рациите се дел од истрагата за таканаречената мрежа „хавала“ широко користена во муслиманските земји, во која поединци, а не банки, дејствуваат како посредници при трансфер на пари. Полицијата од Диселдорф соопшти дека парите, кои се „перат“ од 2016 година, доаѓаат од широк спектар на извори, вклучувајќи криминални активности како што се грабежи и изнуда. „Според првичните проценки, обемот на трансакции во истражниот период изнесувал околу 140 милиони евра“, се наведува во соопштението на полицијата. Германскиот јавен радиодифузер WDR објави дека „испраните“ пари вклучуваат средства од трговија со дрога и дека барем дел од тие пари се испратени во Турција и Сирија, каде што можеби се искористени за финансирање милитантни групи. Полицијата заплени луксузни автомобили, злато, накит и скапи часовници во вредност од над два милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemi-racii-vo-germanija-isprani-okolu-140-milioni-evra/feed/ 0
Германска банка буквално испра над 50 милиони евра оштетени во поплавите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/germanska-banka-bukvalno-ispra-nad-50-milioni-evra-oshteteni-vo-poplavite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/germanska-banka-bukvalno-ispra-nad-50-milioni-evra-oshteteni-vo-poplavite/#respond Thu, 02 Sep 2021 07:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=558125

Официјални лица од Бундесбанка работат на голема операција за перење пари за да се исчистат и пребројат банкнотите кои биле со кал, отпадни води и нафта, пренесува metro.co.uk. Жртвите од тешките летни поплави во Германија се надеваат дека ќе им бидат вратени над 50 милиони евра. -Обработката на банкнотите мора да заврши во најскоро време, пред да се стврдат и да станат како бетон, изјавил извршен член на германската централна банка Џоханес Берман. Доставените банкноти се перат, сушат и прегледуваат за да се утврди дека се оригинални, а најмалку половина од нив мора да бидат цели за да може бесплатно да ги замените. Парите оштетени во поплавите кои се пратени во Бундесбанка надмина 40 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/germanska-banka-bukvalno-ispra-nad-50-milioni-evra-oshteteni-vo-poplavite/feed/ 0
Во Србија приведени 51 лице поради сомневања за перење пари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-privedeni-51-lice-poradi-somnevanja-za-perenje-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-privedeni-51-lice-poradi-somnevanja-za-perenje-pari/#respond Sat, 26 Jun 2021 10:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=528207

Српската полиција приведе 51 лице под сомнение за кривично дело – перење пари во акција спороведена во Ниш. Сомневањата се дека групата, од 1 јануари 2017 година до 25 јуни 2021 година, пронаоѓала и ангажирала лица кои, по нивно барање, отворале претприемачки продавници на свое име, кои биле фиктивно ангажирани да посредуваат во транспортот со три американски компании, и за таа услуга, сопствениците на тие продавници од осомничените добивале месечна надомест од 700 до 1.000 долари. Осомничените, како што се наведува, потоа правеле лажни фактури за услугите извршени кон американски компании, и ги уплатиле парите на сметките на приведените. На тој начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 335.054.512 динари (околу 2,9 милиони евра) Така добиените пари биле искористени  во законските текови со набавка на земјоделско земјиште, недвижен имот, патнички возила и слично.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-privedeni-51-lice-poradi-somnevanja-za-perenje-pari/feed/ 0