Перо Костадинов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 20:00:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Перо Костадинов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Костадинов: Времето е сега, започнаа многу значајни процеси за европската иднина на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-vremeto-e-sega-zapochnaa-mnogu-znachajni-protsesi-za-evropskata-idnina-na-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-vremeto-e-sega-zapochnaa-mnogu-znachajni-protsesi-za-evropskata-idnina-na-drzhavata/#respond Wed, 08 Feb 2023 20:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=798074

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата „10 минути“ на ТВ21 истакна дека СДСМ разговара за проширување на мнозинството со сите коалициски партнери, коишто го прават парламенатрното мнозиство. СДСМ работи на зголемување на мнозинството со усогласување на програмските, политичките, кадровските потенцијали со потенцијалните нови коалициони партнери, без да се доведе во никаква корелација дека некој би требало да замине, нагласи Костадинов. Тој додаде дека колациската влада предводена од СДСМ се стреми кон нјаважниот процес и државна цел, а тоа е зачленувањето во ЕУ. СДСМ има јасни цели и програмски активности кои ги следат нашите стратешки цели, колку и да чинат рејтинг во одредени моменти и претставуваат главни стартешки цели на државата, за обезбедување на европската иднина на државата, зголемување на животниот стандард, подобрување на слободите и демократијата во нашето општество и заедница. СДСМ секогаш на пиедестал ги става оние стратешки цели на државата, нагласи Костадинов. Во врска со уставните измени, Костадинов изрази надеж и очекување дека секој еден пратеник ќе биде на висина на задачата, за исполнување на стратешките цели на државата. Гледаме изминатиот период дека од најразлични страни се појавуваат одредени ретроградни елементи, на коишто можеби не им одговара тој процес, но сум речиси сигурен и убеден дека секој еден пратеник ќе покаже дека интересите на државата, обезбедувањето на европската иднина на државата, е заедничка стратешка цел, нагласи Костадинов. Тој истакна дека сега е шансата е да покажаме дека стратешките цели на државата треба да бидат заеднички, додавајќи дека ако се праша ВМРО – ДПМНЕ и тие ќе кажат дека стратешка цел им е членство во ЕУ и дека и таму има луѓе кои сакаат прогрес на овој пат. Костадинов во врска со барањата за предвремени избори истакна дека е многу лесно политичките партии да си ги псотават своите цели од избори до избори и да работат само на сметка на сопствениот рејтинг. Многу често во поблиското минато сме дискутирале за мнозинството за предвремени избори. Времето е сега, започнаа многу процеси, кои се многу значајни за нас, навистина колку и да беа тешки и болни, задржана и верифицирана е макеоднската посебност, македонскиот јазик и идентитет. Тоа не е доведено под знак прашање. Од сите нас зависи колку ќе бидеме ние Македонци, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-vremeto-e-sega-zapochnaa-mnogu-znachajni-protsesi-za-evropskata-idnina-na-drzhavata/feed/ 0
Мисајловски и Костадинов вечерва гости во емисијата „360 степени“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-i-kostadinov-vecherva-gosti-vo-emisijata-360-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-i-kostadinov-vecherva-gosti-vo-emisijata-360-stepeni/#respond Fri, 27 May 2022 13:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=682546

Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (27 мај 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат. Тензично е деновиве во и околу Собранието. Овој актуелен заплет на домашната политичка сцена почна со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за т.н. активна блокада на парламентот, а на интензитет додадоа и испадите од претседателот на Собранието, Талат Џафери, кои беа причина за опозициската партија да најави интерпелација за него. ВМРО-ДПМНЕ притиска за предвремени избори, а од СДСМ и ДУИ одговараат дека нема причина ниту логика за такво нешто. Ова е појдовната точка за дебатата со потпретседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Перо Костадинов (градоначалник на Валандово) и Владо Мисајловски (пратеник во Собранието). Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-i-kostadinov-vecherva-gosti-vo-emisijata-360-stepeni/feed/ 0
„Костадинов, како Заев и Ковачевски, наместо за народот и државата, кажа дека работи за лични и партиски интереси“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-kako-zaev-i-kovachevski-namesto-za-narodot-i-drzavata-kaza-deka-raboti-za-lichni-i-partiski-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-kako-zaev-i-kovachevski-namesto-za-narodot-i-drzavata-kaza-deka-raboti-za-lichni-i-partiski-interesi/#respond Fri, 14 Jan 2022 07:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=619205

СДСМ е партија која владее заради остварување на личните и партиските интереси, а не за интересите на Македонија и на народот. Тоа го признава и самиот потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов кој самиот изјави дека „Се наоѓаме во период кога партиските интереси и кога личните интереси мора да се стават над државните интереси и навистина сум човек кој го протежира тоа“, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат и дека не е ова само лапсус, туку потсвесно признание говорат фактите. -СДСМ заради бизнис интересите на фирмите врзани со партијата дозволи Македонија да западне во најтешка енергетска криза. Заради криминалот, корупцијата и личното богатење на функционерите во власта народот потона во сиромаштија и сме најкорумпирана држава, најсиромашната земја во Европа и сме најнесреќна нација. Заради провизии и бизниси на власта најлошо се справуваме со здравствената криза и сме црни рекордери по смртност во светот и Европа. Признанието на Костадинов е само потврда на тоа кое што сите го знаат, дека СДСМ се водат исклучиво од личниот и партискиот интерес. Тоа го правеа и го прават Заев и пиунот Ковачевски,тоа го прават и останатите функционери на СДСМ. Тие се сметаат како елита која природно треба да владее на грбот на граѓаните, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-kako-zaev-i-kovachevski-namesto-za-narodot-i-drzavata-kaza-deka-raboti-za-lichni-i-partiski-interesi/feed/ 0
Потпретседателот на СДСМ Костадинов: Партиските и личните интереси ги ставаме над државните (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-sdsm-kostadinov-partiskite-i-lichnite-interesi-gi-stavame-nad-drzavnite-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-sdsm-kostadinov-partiskite-i-lichnite-interesi-gi-stavame-nad-drzavnite-video/#respond Wed, 12 Jan 2022 09:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=618294

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во вчерашното гостување на телевизија 24 во емсијата „Анализа 24“ вели дека партиските интереси и личните се ставаат над државата. -Се наоѓаме во период кога партиските интереси и кога личните интереси мора да се стават над државните интереси и навистина сум човек кој го протежира тоа, вели Костадинов. Ова е уште еден доказ дека на СДСМ и власта единствен интерес им е личниот, а не државниот интерес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-sdsm-kostadinov-partiskite-i-lichnite-interesi-gi-stavame-nad-drzavnite-video/feed/ 0
Заев потврди: Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник на СДСМ за Валандово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-potvrdi-kostadinov-e-prviot-potvrden-kandidat-za-gradonachalnik-na-sdsm-za-valandovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-potvrdi-kostadinov-e-prviot-potvrden-kandidat-za-gradonachalnik-na-sdsm-za-valandovo/#respond Fri, 09 Jul 2021 20:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=534588

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва на трибината во Валандово обелодени дека актуелниот градоначалник Перо Костадинов е првиот потврден кандидат на СДСМ за градоначалник на Валандово на претстојните избори. – За некој ден ќе ги објавиме првите 20-тина кандидати за градоначалници, на почетокот на август ќе ја објавиме втората група кандидати, а третата група кон крајот на август. Но, нема посоодветно место од Валандово, да го објавам првиот кандидат за градоначалник, за кој нема никакви дилеми ниту во општинската организација на СДСМ, ниту меѓу коалицијата. Драго ми е да го објавам првиот градоначалник, кој ќе биде и избран на следните локални избори, Перо Костадинов, човек кој тоа го залужува. И ја користам приликата да ја упатам пораката до сите функционери: трудете се, работите, служете му на народот и нема дилеми дека ќе ја добиете довербата и од граѓаните и од своето партиско ракводство, рече Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“. Најави дека постапката за останатите кандидати продолжува преку испитување на јавното мислење и анкетирање на членството. – Сите социјалдемократи ќе добиете викендов СМС порака преку која ќе се изјасните за кој кандидат за градоначалник ја давате вашата поддршка, а секако ќе следуваат и анкети насекаде низ државата, рече Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-potvrdi-kostadinov-e-prviot-potvrden-kandidat-za-gradonachalnik-na-sdsm-za-valandovo/feed/ 0