Персиски Залив – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 16:12:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Персиски Залив – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД по иранските закани испраќаат засилување во Персиски Залив https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-po-iranskite-zakani-isprakaat-zasiluvane-vo-persiski-zaliv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-po-iranskite-zakani-isprakaat-zasiluvane-vo-persiski-zaliv/#respond Fri, 12 May 2023 16:12:43 +0000 https://kurir.mk/?p=833569

САД соопштија дека испраќаат засилување во Персики Залив по, како што го нарекоа, зголеменото вознемирување од страна на Иран врз бродови што пловат под меѓународно знаме. Министерството за одбрана ќе преземе серија потези за да ја зајакне нашата одбранбена положба во Заливот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, додавајќи дека „наредните денови ќе има детали за засилувањето“. Тој додаде дека Иран Кирби рече дека Иран во изминатите 15 години „малтретирал, нападнал или попречил“ 15 трговски бродови, што пловеле под меѓународно знаме. - Видовме повторени ирански закани, заплени на оружје и напади врз комерцијални бродови ...во меѓународните води и стратешките водни патишта во регионот. САД нема да дозволат странски или регионални сили да ја загрозат слободата на навигација низ блискоисточните водни патишта, вклучително и во Ормуски Теснец, посочи Кирби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-po-iranskite-zakani-isprakaat-zasiluvane-vo-persiski-zaliv/feed/ 0
Откриен најстариот „град на бисери“ во Персискиот Залив https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrien-najstariot-grad-na-biseri-vo-persiskiot-zaliv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrien-najstariot-grad-na-biseri-vo-persiskiot-zaliv/#respond Tue, 21 Mar 2023 12:48:33 +0000 https://kurir.mk/?p=814552

Група археолози од Обединетите Арапски Емирати тврдат дека го пронашле засега најстариот откриен „град на бисери“ во тоа поднебје. Тој се наоѓа во Персискиот Залив, на островот Синија, источно од емиратот Ум ал-Кувејн. Наодите на археолозите откриваат дека градот е една од „најголемите зачувани урбанизирани населби некогаш пронајдени“ во она што денес е ОАЕ, и се верува дека во него биле сместени илјадници жители, од кои многумина се потпирале на занаетите со бисери. Куќите на заедницата биле изградени од камења и материјали од околината, а покривите им биле направени од стебла од палми. Градот од 12 хектари постоел меѓу доцниот 6. и средината на 8. век - пред исламската цивилизација, соопшти Одделот за туризам и археологија. Иако се знае дека постоеле и други „бисерни населби“ во оваа област, новооткриената е особено уникатна, според Тимоти Пауер, вонреден професор по Археологија на Универзитетот во ОАЕ, кој беше во тимот што ги откри наодите. - Оваа населба е единствена не само поради староста и големината на заедницата, туку и поради тоа што не била сезонска - работела цела година. Ова е различен редослед на населби, ова е вистински град... Заедницата била густо населена со низа типови на домување и вклучувала различни социо-економски групи, изјави Пауер. Жителите на градот веројатно биле христијани, бидејќи тој се наоѓа во близина на древен христијански манастир откриен лани. - Од историските записи знаеме дека во тој период имало и други важни пазари за бисери. Во екот на пазарот на бисери, огромен број луѓе биле вклучени во оваа дејност, додаде Пауер. Бисерот бил клучна суровина и занает за новооткриениот град. Практиката на ископ на скапоцениот материјал, којашто вклучувала и нуркачи за вадење бисери од школки пронајдени во морињата и езерата, е дел од наследството на областа повеќе од 7.000 години, според Одделот за туризам Ум ал-Кувеин. Во соседниот Абу Даби, на пр. и илјадалетие подоцна речиси две третини од машкото население се занимавало со ископ на бисери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrien-najstariot-grad-na-biseri-vo-persiskiot-zaliv/feed/ 0