персона-нон-грата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 07:10:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png персона-нон-грата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратеникот на ОН во Судан, Фолкер Пертес, прогласен за персона нон грата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenikot-na-on-vo-sudan-folker-pertes-proglasen-za-persona-non-grata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenikot-na-on-vo-sudan-folker-pertes-proglasen-za-persona-non-grata/#respond Fri, 09 Jun 2023 07:10:34 +0000 https://kurir.mk/?p=843885

Владата на Судан соопшти дека претставникот на Обединетите нации (ОН) во оваа земја, Германецот Фолкер Пертес, е прогласен за персона нон грата. „Владата на Судан го информираше генералниот секретар на ОН дека од денеска г-дин Фолкер Пертес (...) е персона нон грата“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи. Пертес вчера беше во Адис Абеба, Етиопија, каде имаше неколку дипломатски разговори, соопштија од ОН на Твитер. Генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој ја предводи суданската армија, побара смена на Пертес, обвинувајќи го дека е одговорен за војната што избувна во средината на април меѓу неговите сили и паравоените формации на Мохамед Хамдан Дагло. Во писмото до ОН, генералот Ал-Бурхан го обвини Пертес дека во своите извештаи ја „прикрил“ експлозивната ситуација во Картум пред избувнувањето на непријателствата. Без тие „лаги“, како што изјави Ал Бурхан, „Дагло немаше да ги почне своите воени операции“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenikot-na-on-vo-sudan-folker-pertes-proglasen-za-persona-non-grata/feed/ 0
Пендаровски: Персона-нон-грата не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-persona-non-grata-ne-se-prezema-zaradi-politichki-izjavi-tuku-koga-ima-inditsii-za-zakana-za-natsionalnata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-persona-non-grata-ne-se-prezema-zaradi-politichki-izjavi-tuku-koga-ima-inditsii-za-zakana-za-natsionalnata-bezbednost/#respond Fri, 27 Jan 2023 19:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=793034

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност. –Сакам да го појаснам она што го кажав на прес-конференцијата по Советот. И гледам дека некои од овие познати експерти, аналитичари, професори, па и политичари кои го разбираат бугарско-македонскиот комплекс што трае децении наназад не ја гледаат таа дикстинција. Јас не барам протерување, не се битни имињата, не барам протерување, и не барам забрана за доаѓање во Македонија на лица кои велат дека ние сме Бугари. Имаат право да го викаат тоа. Ние одиме со тоа да одиме со санкции кон лица кои тврдат дека ние не сме Македонци, тука има многу за санкционирање. Значи ваква мерка персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политичка изјава, вели Пендаровски во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма, додавајќи дека ние сме демократска држава и претендираме да бидеме и до крај вистинска европска демократија. Претседателот нагласува дека „ако е загрозен потенцијално јавниот поредок, јавниот ред и мир, националната безбедност на Македонија или нашата меѓународна позиција, но би апострофирал првите две посебно, во тој случај ние треба да негираме по тие основи“. -Значи повторувам тој тип што го споменувате не ми пречи колку и да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. Само се брука, тоа се политички шарлантани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светска наука на прво место, чувствата а македонскиот народ ги демантира. Меѓутоа ако ти велиш јас ќе дојдам со организиран превоз ги повикам сите Бугари во Македонија, надвор од Македонија да доаѓаат илјадници да им покажеме кои се овие кои не знаат кои се, а од друга страна имаш тоа е закана за јавни поредок. И тоа е закана за националната безбедност за Македонија, рече Пендаровски, додавајќи дека во таков момент би реагирал и би препорачал таков сет мерки кон Владата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-persona-non-grata-ne-se-prezema-zaradi-politichki-izjavi-tuku-koga-ima-inditsii-za-zakana-za-natsionalnata-bezbednost/feed/ 0
Бала: Бериша набрзо ќе биде прогласен за „персона нон грата“ во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bala-berisha-nabrzo-kje-bide-proglasen-za-persona-non-grata-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bala-berisha-nabrzo-kje-bide-proglasen-za-persona-non-grata-vo-eu/#respond Mon, 19 Sep 2022 17:36:02 +0000 https://kurir.mk/?p=734961

Генералниот секретар и координатор на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија, Таулант Бала изјави дека поранешниот претседател и премиер Сали Бериша набрзо ќе биде прогласен за непожелна личност во Европска Унија. Бала рече дека е поднесена иницијатива во Европскиот парламент со која се бара „лицата кои САД ги прогласија за ’персона нон грата‘ да ја имаат истата судбина во земјите-членки на ЕУ“. Тој додаде дека според негова процена, такво нешто нема да потрае долго и оти такво нешто може да се случи наскоро. Седумдесет и осумгодишниот Бериша, кој сега го предводи побројното крило на опозициските демократи, беше прогласен за „персона нон грата“ од САД на 19 мај 2021 година за коруптивни дела кои ја поткопуваат демократијата во Албанија, додека на 22 јули годинава истото го направи и Велика Британија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bala-berisha-nabrzo-kje-bide-proglasen-za-persona-non-grata-vo-eu/feed/ 0
Македонија прогласи уште шест руски дипломати за персона нон грата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-proglasi-ushte-shest-ruski-diplomati-za-persona-non-grata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-proglasi-ushte-shest-ruski-diplomati-za-persona-non-grata/#respond Fri, 15 Apr 2022 10:19:00 +0000 https://kurir.mk/?p=663522

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Русија во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата. Како што соопшти МНР, врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена. Претходно, на 28 март, државава прогласи за персона нон грата пет руски дипломати, кои извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи. Минатата година, пак, за персона нон гарта МНР прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава. Во овие два лански случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-proglasi-ushte-shest-ruski-diplomati-za-persona-non-grata/feed/ 0
Василев: Можно е до крајот на денот руската амбасадорка да го прогласи за „персона нон грата“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vasilev-mozno-e-do-krajot-na-denot-ruskata-ambasadorka-da-go-proglasi-za-persona-non-grata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vasilev-mozno-e-do-krajot-na-denot-ruskata-ambasadorka-da-go-proglasi-za-persona-non-grata/#respond Wed, 06 Apr 2022 13:08:19 +0000 https://kurir.mk/?p=659230

Можно е до крајот на денот бугарската Влада да излезе со заеднички став за барањето руската амбасадорка Елеонора Митрофанова да се прогласи за „персона нон грата“, изјави вицепремиерот Асен Василев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата Демократска Бугарија побара руската амбасадорка да Митрофанова да биде протерана од Бугарија. Во декларацијата на Демократска Бугарија се осудува масакрот врз цивилите од страна на Русија и се апелира Бугарија да се вклучи посилно во отпорот на цивилизираниот свет против руската агресија врз Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vasilev-mozno-e-do-krajot-na-denot-ruskata-ambasadorka-da-go-proglasi-za-persona-non-grata/feed/ 0
Бугарија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата за шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-proglasi-dvajca-ruski-diplomati-za-persona-non-grata-za-shpionaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-proglasi-dvajca-ruski-diplomati-za-persona-non-grata-za-shpionaza/#respond Wed, 02 Mar 2022 16:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=639624

Бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата и им даде 48 часа да ја напуштат земјата, изјави на вонреден брифинг портпаролот на министерството Митко Димитров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските специјални служби и Јавното обвинителство ја информирале министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска за собраните докази за разузнавачки активности извршени од руски државјани кои уживале дипломатски имунитет. -Тие вршеле нерегулирани разузнавачки активности, неспоиви со нивниот дипломатски статус на територијата на Република Бугарија, изјави Митко Димитров. Имињата на протераните руски дипломати не се објавени. На претставникот на руската амбасада во Софија, Филип Воскресенски, му беа врачени две протестни ноти. Првата нота ја известува руската страна дека Бугарија прогласува двајца дипломатски вработени во руската амбасада во Бугарија за персона нон грата. Со втората нота, се известува, дека бугарското Министерство за надворешни работи остро протестира против објавите на веб-страницата на Амбасадата на Руската Федерација во Бугарија во кои тие ги навредуваат Бугарија и нејзините сојузници. Бугарското Министерство за надворешни работи го опиша јазикот што го користи руската амбасада во Софија како некомпатибилен со дипломатската пракса и јавните норми и дека тие се јасна навреда за Бугарија. – Софија инсистира руската амбасада веднаш да ги отстрани оваа објави и да се извини, изјави портпаролот на бугарското МНР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-proglasi-dvajca-ruski-diplomati-za-persona-non-grata-za-shpionaza/feed/ 0
Русија протера македонски дипломат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusija-protera-makedonski-diplomat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusija-protera-makedonski-diplomat/#respond Mon, 04 Oct 2021 09:39:05 +0000 https://kurir.mk/?p=572642

В.Д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“. „Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ’персона нон грата‘ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година“, соопшти руското МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusija-protera-makedonski-diplomat/feed/ 0
Лукашенко прогласен за персона нон грата во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-proglasen-za-persona-non-grata-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-proglasen-za-persona-non-grata-vo-eu/#respond Tue, 18 Aug 2020 05:26:05 +0000 https://kurir.mk/?p=391877

Водечките политички партии на Европскиот парламент во заедничка изјава го прогласија претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за персона нон-грата во ЕУ и повикаа на нови, „слободни“ избори во оваа земја. Изјавата ја потпишаа Европската народна партија, Обновена Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Зелената фракција, јавија агенциите од Брисел. „Претседателските избори во Белорусија на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер. Доверливите извештаи ја докажуваат победата на Светлана Тихановска. Затоа не го признаваме Александар Лукашенко за избран претседател и го сметаме за персона нон-грата во Европската унија. Му се придружуваме на белорускиот народ во неговото барање за нови и слободни избори“, се наведува во заедничката изјава на европарламентарците. Партиите на Европскиот парламент ја поддржаа одлуката на Министерството за надворешни работи на ЕУ за поединечни дополнителни санкции против Белорусија и повикаа тие да бидат воведени во најкраток можен рок. „Ја поздравуваме одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ за „црната листа “ за сите функционери кои се одговорни за насилството и местењето на претседателските избори. Бараме списокот да биде изготвен што е можно поскоро за на лицата кои ги извршиле овие злосторства да им се забрани влезот во ЕУ и да им се блокираат средствата “, се додава во соопштението. Пратениците на ЕУ, исто така, ја повикаа Русија да се воздржи од мешање во ситуацијата во Белорусија. Европарламентарците, исто така, ја осудија употребата на сила против мирните демонстранти и повикаа на итна и транспарентна истрага за сите случаи на насилство врз граѓаните. „Бараме итно идентификување на сите уапсени пред и по изборната кампања“, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-proglasen-za-persona-non-grata-vo-eu/feed/ 0
Косово го прогласи Петер Хандке за персона нон грата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-go-proglasi-peter-handke-za-persona-non-grata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-go-proglasi-peter-handke-za-persona-non-grata/#respond Wed, 11 Dec 2019 15:44:12 +0000 https://kurir.mk/?p=276181

Вршителот на должност министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли објави дека годинешниот добитник на Нобеловата награда за литература Петер Хандке од денеска е персона нон грата во Косово, поради неговото негирање на воените злосторства од страна на Србија на Слободан Милошевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Прогласувањето на австрискиот писател за непожелна личност од страна на Приштина уследи неколку часа откако истото тоа го стори и официјално Сараево. – Денеска одлучив да го прогласам Петер Хандке за непожелен во Косово. Тој е персона нон грата од денеска. Негирањето на воените злосторства и поддршката на злосторниците е ужасно злосторство, соопши Пацоли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-go-proglasi-peter-handke-za-persona-non-grata/feed/ 0
Москва прогласи за персона-нон-грата дипломат од Амбасадата на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/moskva-proglasi-za-persona-non-grata-diplomat-od-ambasadata-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/moskva-proglasi-za-persona-non-grata-diplomat-od-ambasadata-na-bugarija/#respond Thu, 05 Dec 2019 08:58:44 +0000 https://kurir.mk/?p=273606

Министерството за надворешни работи на Русија прогласи за персона-нон-грата бугарски дипломат од Амбасадата во Москва. Бугарскиот дипломат е со ранг како и рускиот дипломат во Софија кој беше прогласен за персона-нон-грата во крајот на октомври. Одлуката на Москва е врз основа на реципрочност. Бугарија го прогласи за непожелна личност рускиот дипломат Владимир Русијаев. Обвинителството соопшти дека првиот секретар на руската Амбасада во Софија е под истрага за шпионажа. Фактите се потврдени, но обвинението не може да се покрене бидејќи дипломатот е со имунитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/moskva-proglasi-za-persona-non-grata-diplomat-od-ambasadata-na-bugarija/feed/ 0