персонален данок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Mar 2021 09:26:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png персонален данок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МФ: Не се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персонален данок, туку уделот кој општините го добиваат од наплатата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-ne-se-planira-zgolemuvanje-na-stapkite-na-ddv-i-na-personalen-danok-tuku-udelot-koj-opshtinite-go-dobivaat-od-naplatata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-ne-se-planira-zgolemuvanje-na-stapkite-na-ddv-i-na-personalen-danok-tuku-udelot-koj-opshtinite-go-dobivaat-od-naplatata/#respond Thu, 25 Mar 2021 09:26:10 +0000 https://kurir.mk/?p=487480

Во насока на точно информирање на јавноста истакнуваме дека не се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персоналниот данок, се вели во реакцијата на Министерството за финансии која интегрално ја пренесуваме во продолжение. Имено, изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Економски магазин“ се однесува на зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплата на ДДВ-то и од персоналниот данок, како трансфери од централен буџет, а не на стапките на ДДВ и персонален данок. Министерот за финансии гостуваше во емисијата „Економски магазин“ на тема „Фискална децентрализација“, каде ја презентираше реформата за унапредување на фискалната децентрализација. И самиот автор на емисијата „Економски магазин“ Горан Теменугов преку социјалните мрежи посочи: „поради мала непрецизност објавена на веб-страната на Алсат, каде што стоеше дека ќе се зголемува ддв и персоналниот данок, дојде до забуна во јавноста. Информацијата се однесува на зголемување на тоа колку општините ќе добиваат од собраниот ддв и персоналец, а не на зголемување на даноците. Значи, ќе се зголеми процентот што ќе го добијат општините, а не даноците. Јас се извинувам за непрецизноста и во иднина ќе се потрудам да не се повтори ваков пропуст…“ Во рамки на реформата за унапредување на фискалната децентрализација, за која претходно и министерот за финансии и Министерството за финансии ја информираа јавноста, се предлагаат три столба - подобрување на фискалниот капацитет на општините, домаќинско и отчетно работење и зголемување на транспарентноста. Кај првиот столб се предлага зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплатата на персонален данок, како и постепено зголемување на стапката на дотација од наплатениот ДДВ, според перформансот на општините. Имено, планирано е формирање два фонда: Фонд за перформанси за општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи и Фонд за изедначување за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажале фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи. Овие предлози ќе бидат ставени на јавна дискусија со ЗЕЛС и со сите засегнати страни со цел оваа реформа да се носи преку еден транспарентен и инклузивен процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-ne-se-planira-zgolemuvanje-na-stapkite-na-ddv-i-na-personalen-danok-tuku-udelot-koj-opshtinite-go-dobivaat-od-naplatata/feed/ 0
Мерка од програмата за „Обнова на Македонија“ – 0% персонален данок за млади до 29 години. https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merka-od-programata-za-obnova-na-makedonija-0-personalen-danok-za-mladi-do-29-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merka-od-programata-za-obnova-na-makedonija-0-personalen-danok-za-mladi-do-29-godini/#respond Thu, 25 Jun 2020 10:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=362679

-Кога во 2016 водеа кампања, а во 2017 дојдоа на власт едно од главните ветувања на СДСМ, кое уште го паметиме, е дека ќе ги вратат младите во Република Македонија. Денес, три години подоцна гледаме дека цели градови во источна Македонија, се градови на пензионери, цели градови во западна Македонија живеат луѓе на кои им испраќаат пари синови и ќерки распрскани низ светот, велат од УМС на ВМРО-ДПМЕ Ѓорче Петров. За овие три години, велат од младите од Ѓорче Македонија е сведок на невиден егзодус на младите. -Сведоци сме дека над 200.000 во изминатите три години ја напуштија Македонија. Ние се решивме да подготвиме пакет мерки за младите. Една од нив е 0% персонален данок за младите до 29 години. Со ова ќе се овозможи младите кои ќе се решат да заработуваат во Македонија да не плаќаат персонален данок до својата 29 година, а тие средства да ги користат за себеунапредување, истакнаа младите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merka-od-programata-za-obnova-na-makedonija-0-personalen-danok-za-mladi-do-29-godini/feed/ 0
Поголем данок за играчите на спортска: Од 1 јануари кладилниците ќе исплаќаат помалку пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pogolem-danok-za-igrachite-na-sportska-od-1-januari-kladilnicite-kje-isplakjaat-pomalku-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pogolem-danok-za-igrachite-na-sportska-od-1-januari-kladilnicite-kje-isplakjaat-pomalku-pari/#respond Mon, 05 Nov 2018 14:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=123724

Од 1 јануари со измените на законот за персонален данок се менуваат и правилата во спортските обложувалници. Имено, со измените, данокот на доход од игри на среќа ќе се плаќа по нова, единствена каматна стапка од 15%, што е зголемување за 50% или 5 процентни поени од актуелната стапка која изнесува 10%. Во моментов, обложувалниците задржуваат по 10% од секоја добивка. Па така, ако сте уплатиле ливче за 100 денари и сте добиле 1000 денари, обложувалницата ќе ви исплати 910 денари, бидејќи на вашата добивка од 900 денари (1000 денари минус 100 денари уплата) се задржуваа 10% односно 90 денари. Согласно измените, сега обложувалницата на ова ливче ќе задржи 135 денари, а вие ќе добиете 865 денари. Уште поголема е разликата на поголеми добивки.Така, ако со 100 денари сте фатиле тикет од 10.000 денари обложувалницата до сега ви задржуваше 990 денари и исплаќаше 9.010 денари, а од  1 јануари ќе ви задржи 1.485 денари и наместо 9.010 ќе ви исплати 8.515 денари а остатокот ќе го уплати во УЈП. Според последните податоци кои беа објавени од УЈП, минатата година, државата само од кладилниците на име персонален данок на доход од добивките инкасирала 38 милиони евра. Според таа математика, доколку граѓаните продолжат да се кладат и да добиваат со исто темпо, во 2019 година, државата само од обложувачите ќе заработи дополнителни 19 милиони евра. Лани во кладилниците низ Македонија се уплатени близу 200 милиони евра, а исплатени 156 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pogolem-danok-za-igrachite-na-sportska-od-1-januari-kladilnicite-kje-isplakjaat-pomalku-pari/feed/ 0
Нови рокови и начин на пријавување персонален данок на доход https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/novi-rokovi-i-nachin-na-prijavuvanje-personalen-danok-na-dohod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/novi-rokovi-i-nachin-na-prijavuvanje-personalen-danok-na-dohod/#respond Wed, 31 Jan 2018 14:15:34 +0000 http://kurir.mk/?p=16709

Управата за јавни приходи информира дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот доход од 1 јануари 2018 година се воведе нов начин на пресметување и плаќање на персонален данок на доход, со поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk (https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam) Граѓаните (резиденти и нерезиденти на Р.Македонија) кои остваруваат приходи од други физички лица во земјата, како и граѓаните-резиденти кои остваруваат приходи од странство, имаат обврска да поднесат Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД), и тоа за: 1) Приходи од имот и имотни права (издавање на имот на друго физичко лице) - до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот или по месецот на издавање. Во случај на склучен договор за цела година, се поднесува Електронска пресметка (е-ППД) за цела година, односно за времетрањето на закупот. На пример, кога граѓанин издава стан на друго физичко лице за цела 2018 година се поднесува една пресметка е-ППД за период од 01.01.2018 до 31.12.2018 година. Доколку времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец, односно се издава преку веб страни booking, airbnb и сл. се поднесува по една Електронска пресметка (е-ППД) за секој поединечен остварен приход. На пример, кога граѓанин во текот на еден месец издава стан по неколку дена на повеќе закупци се поднесуваат пресметки е-ППД за секој остварен приход, односно за секој различен закупец за соодветниот период на престој во станот. За повеќе информации во врска со пријавувањето и плаќањето на персонален данок за приходи од имот и имотни права преземете ја Брошурата „Оданочување на приходи од имот и имотни права (закупнина)“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/69 (http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/69)) 2) Капитални добивки од продажба на хартии од вредност, недвижен имот и учество во капиталот - до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата или во кој е заверен договорот за купопродажба. На пример, до 10.02.2018 година имате обврска да поднесете Електронска пресметка (е-ППД) за продажба извршена во Јануари 2018 година. 3) Приходи од странство - до 10-ти во месецот за приходите остварени во претходниот месец. На пример, до 10.02.2018 година имате обврска да поднесете Електронска пресметка (е-ППД) за остварените приходи од странство во текот на Јануари 2018 година. 4) Лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет и за кои даночниот обврзник сам го утврдува и уплатува данокот - до 10-ти во месецот за приходите остварени во претходниот месец. На пример, до 10.02.2018 година имате обврска да поднесете Електронска пресметка (е-ППД) за остварените лични примања во текот на Јануари 2018 година. 5) Други приходи (приходи остварени со е-трговија преку специјализирани интернет страни, приходи од интернет маркетинг услуги, приходи остварени со продажба на корисен цврст отпад, исплатите на име специјализации, постдипломски студии и др.) - до 10-ти во месецот за приходите остварени во претходниот месец. 6) Приходи од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари - до 10-ти во месецот за приходите остварени во претходниот месец. Повеќе детали ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/novi-rokovi-i-nachin-na-prijavuvanje-personalen-danok-na-dohod/feed/ 0