перу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 11:47:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png перу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новооткриен вид змии во Перу го доби името по Харисон Форд https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novootkrien-vid-zmii-vo-peru-go-dobi-imeto-po-harison-ford/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novootkrien-vid-zmii-vo-peru-go-dobi-imeto-po-harison-ford/#respond Wed, 16 Aug 2023 11:47:57 +0000 https://kurir.mk/?p=867409

Новооткриен вид змии пронајдени во Перу го доби името по холивудскиот глумец Харисон Форд, кој е и познат еко-активист. Бледожолтеникаво-кафеавата змија со црни дамки, откриена од истражувачи од Перу и САД на планините Анди, е наречена „Тачименоидес харисонфорди“ (Tachimenoides harrisonfordi). Форд, кој е потпретседател на непрофитната група „Меѓународна конзервација“ (Conservation International), смета дека откритието е потсетник дека има уште многу да се научи за дивиот свет. Новиот вид е била откриен во Националниот парк „Отиши“ во Перу, пренесува „Туко". - Луѓето се само мал дел од неверојатно огромната биосфера. На оваа планета, сите судбини се испреплетени, а во мигов милион видови се на работ на заборавот. Имаме егзистенцијална задача да го поправиме нашиот нарушен однос со природата и да ги заштитиме местата што го одржуваат животот, изјави Форд. И вид мравки, како и пајаци веќе се именувани по американската акциона ѕвезда. Во 1993 година е откриен „Калпонија харисонфорди“ (Calponia harrisonfordi) - т.н. калифорниски пајак, а неколку години подоцна и мравката „Фејдоле Харисонфорди“ (Pheidole Harrisonfordi) влезе во списокот познати видови. За разлика од филмскиот лик по кого е можеби и најпознат - Индијана Џонс, Форд повеќепати истакнал дека сака змии. А пак, за новиот вид, вели дека „брзо нашол блискост“ со нив. - Змијата има очи во коишто „може да се удавите“ и повеќето денови ги минува сончајќи се покрај базен со нечиста вода - веројатно јас и тие би биле пријатели во раните 60-ти“, се пошегува тој. Истражувањето за „Тачименоидес харисонфорди“ покажува дека влекачите се особено изложени на опасност од истребување и оти над петтина од сите влекачи денес се загрозен вид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novootkrien-vid-zmii-vo-peru-go-dobi-imeto-po-harison-ford/feed/ 0
Перу ќе прогласи вонредна состојба во областа околу вулканот Убинас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peru-ke-proglasi-vonredna-sostojba-vo-oblasta-okolu-vulkanot-ubinas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peru-ke-proglasi-vonredna-sostojba-vo-oblasta-okolu-vulkanot-ubinas/#respond Tue, 04 Jul 2023 06:39:35 +0000 https://kurir.mk/?p=852380

Перуанските власти ќе прогласат вонредна состојба во областа околу вулканот Убинас во јужната област Мокегуа, објавија денеска локалните власти. Националниот институт за цивилна одбрана (INDECI) во своето соопштение наведува дека тревогата во оваа област е подигната од „жолто“ на „портокалово“ ниво откако излевањето на пепелта достигна висина од 1.700 метри. Јужен Перу, област каде што се наоѓаат важни рударски наоѓалишта, е дом на десетина активни вулкани, а целата земја се наоѓа во таканаречениот пацифички „Огнен прстен“, област со висока фреквенција на земјотреси и вулканска активност. Премиерот на Перу, Алберто Отарола рече дека најверојатно ќе биде прогласена вонредна состојба во следните неколку дена за да се обезбедат „неопходните превентивни мерки“ за регионот. Националниот институт за цивилна одбрана ги советуваше 2.000 жители во регионот да се оддалечат од вулканот и да ги држат вратите и прозорците затворени, додека властите им обезбедија на жителите маски и очила. Во 2019 година, перуанските власти евакуираа стотици луѓе кои живеат во близина на вулканот Убинас по експлозии и емисии на пепел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peru-ke-proglasi-vonredna-sostojba-vo-oblasta-okolu-vulkanot-ubinas/feed/ 0
ФОТО: Археолози во Перу открија мумија стара повеќе од 3.000 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-arheolozi-vo-peru-otkrija-mumija-stara-poveke-od-3-000-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-arheolozi-vo-peru-otkrija-mumija-stara-poveke-od-3-000-godini/#respond Fri, 23 Jun 2023 20:45:13 +0000 https://kurir.mk/?p=849110

Група перуански археолози открија добро сочувана машка мумија стара повеќе од 3.000 години во областа Римац за време на ископувањата на антички локалитет. Ова откритие е дел од програмата за обновување и валоризација „Huaca La Florida“, предводена од перуанската општина Римац, со поддршка на Националниот универзитет во Сан Маркос. Мумијата е пронајдена во одлична состојба во камена гробница, завиткана во гробно снопче направено од домороден памук. До мумијата биле откриени неколку предмети, вклучувајќи ѓердани, пченка и семиња. Министерството за култура им даде дозвола на археолозите да продолжат со ископувањата, овозможувајќи подлабоко разбирање на историјата на овој археолошки локалитет, кој е признат како светско културно наследство. „Huaca La Florida“ е предхиспански храм во форма на буквата У, кој датира од пред околу 4.000 години, што го прави еден од најстарите споменици во метрополитенската област Лима и најстариот во долината Римак. Откриената мумија е поврзана со последната фаза од изградбата на храмот и се проценува дека е стара помеѓу 3.000 и 3.500 години.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-arheolozi-vo-peru-otkrija-mumija-stara-poveke-od-3-000-godini/feed/ 0
Во Перу најдена мумија стара 3.000 години (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-peru-najdena-mumija-stara-3-000-godini-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-peru-najdena-mumija-stara-3-000-godini-video/#respond Thu, 15 Jun 2023 08:14:33 +0000 https://kurir.mk/?p=845951

Археолози пронајдоа мумија стара околу 3.000 години во Лима, Перу. Истражувачите и студентите од Универзитетот „Сан Маркос“ при ископувањето прво ги забележале остатоците од косата и од черепот на мумијата обвиени во памук, а потоа и другите останки. Мумијата најверојатно потекнува од културата Манчај, којашто живеела по долината Лима, меѓу 1500 и 1000 година п.н.е., смета археологот Мигел Аквиљар. Наодот е поврзан со изградбата на храмови во облик на потковица, свртени кон изгрејсонцето, јави „Глобал њуз“. - Оваа личност била оставена тука или жртвувана при завршувањето на изградбата на храмот. Стара е околу 3.000 години, рече Аквиљар. Археолозите пронашле и предмети закопани покрај телото, како пченка, листови од кока и семиња, коишто најверојатно биле составен дел од жртвувањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-peru-najdena-mumija-stara-3-000-godini-video/feed/ 0
САД им го екстрадираа на властите во Перу поранешниот претседател Алехандро Толедо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-im-go-ekstradiraa-na-vlastite-vo-peru-poraneshniot-pretsedatel-alehandro-toledo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-im-go-ekstradiraa-na-vlastite-vo-peru-poraneshniot-pretsedatel-alehandro-toledo/#respond Mon, 24 Apr 2023 07:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=826793

Поранешниот перуански претседател Алехандро Толедо пристигна во Перу од САД, кои им го екстрадираа на властите во Лима поради обвинението за примање мито во износ од десетици милиони долари. Британските медиуми пренесуваат дека со оваа екстрадиција Толедо стана третиот поранешен претседател на оваа јужноамериканска земја кој завршува во затвор. До судењето, Толедо ќе биде во притвор 18 месеци, во казнено-поправен дом во близина на главниот град Лима. Поранешните претседатели Алберто Фуџимори и Педро Кастиљо се наоѓаат во истиот затвор. Адвокатот на Толедо кажа дека ќе побара неговиот клиент да биде во домашен притвор поради здравствени причини. Толедо, кој беше претседател на Перу во периодот од 2001 до 2006 година, во петокот им се предаде на американските власти и вчера експресно беше екстрадиран во Лима. Властите го обвинуваат дека примил 35 милиони долари мито од бразилската градежна компанија „Одербрехт“, а за возврат им овозможил да добијат работи за изградба на автопатот. Тој ги отфрли обвиненијата за корупција. Обвинителството побара затворска казна од 20 години за Толедо, кој неколку години живееше во САД, а американскиот суд во петокот ја отфрли неговата последна жалба за екстрадирање во Перу. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-im-go-ekstradiraa-na-vlastite-vo-peru-poraneshniot-pretsedatel-alehandro-toledo/feed/ 0
ПОЛИЦАЈЦИТЕ МУ ГО ВЛЕЧЕА ДРЕСОТ, ПА МОРАШЕ ДА РЕАГИРА: Перуанскиот голман уапсен по тепачка со шпанската полиција (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/politsajtsite-mu-go-vlechea-dresot-pa-morashe-da-reagira-peruanskiot-golman-uapsen-po-tepachka-so-shpanskata-politsija-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/politsajtsite-mu-go-vlechea-dresot-pa-morashe-da-reagira-peruanskiot-golman-uapsen-po-tepachka-so-shpanskata-politsija-video/#respond Tue, 28 Mar 2023 14:08:59 +0000 https://kurir.mk/?p=817381

По физичката пресметка меѓу полицијата и перуанската фудбалска репрезентација што се случи во понеделникот вечер во Мадрид уапсен е голманот Педро Гаљесе, јавија денеска светските медиуми повикувајќи се на официјални извори. Перуанските фудбалери денеска во Мадрид треба да одиграат пријателски натпревар против Мароко, а инцидентот се случи пред хотелот во кој е сместена репрезентацијата на Перу. Според шпанската полиција, пред хотелот биле собрани околу 300 перуански навивачи. „Навивачите се обидоа да им пријдат на играчите и полицијата интервенираше меѓу играчите и навивачите за да се избегне стампедо. Еден играч удри полицаец во пределот на главата по што беше уапсен и однесен во полициската станица во Чамартин“, соопшти полицијата во Мадрид. Перуанското Министерство за надворешни работи соопшти од своја страна дека идентитет на приведениот фудбалер е голманот на репрезентацијата Педро Гаљесе. „Педро Гаљесе ја напушти полициската станица во која беше испрашан, а против него не е поведено обвинение и тој се врати во хотелот“, објави перуанското МНР на Твитер, додавајќи дека е побарано од домашните власти целосно расветлување на настаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/politsajtsite-mu-go-vlechea-dresot-pa-morashe-da-reagira-peruanskiot-golman-uapsen-po-tepachka-so-shpanskata-politsija-video/feed/ 0
Во Перу запленети 2,3 тони кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-peru-zapleneti-2-3-toni-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-peru-zapleneti-2-3-toni-kokain/#respond Tue, 28 Mar 2023 06:49:17 +0000 https://kurir.mk/?p=817177

Перуанската полиција запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима. Како што соопштија локалните власти, вредноста на запленетата дрога изнесува најмалку 20 милиони долари. Дестинацијата на таа пратка била Турција, а товарот бил лажно пријавен како керамички плочки. Кокаинот бил прицврстен за гумени листови за да личи на керамички плочки и бил ставен во дрвени кутии во бродски контејнер. Претставник на локалната полиција соопшти дека тоа е првиот евидентиран случај дестинацијата на дрогата од Перуанскиот залив да е Турција. - Обично внимаваме на пратките што одат со брод до Белгија, Холандија, Шпанија и Франција, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-peru-zapleneti-2-3-toni-kokain/feed/ 0
ФОТО: Стара мумија пронајдена во торба-ладилник во Перу – „Таа ми е духовна девојка, ме казнува ако сум лош“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-stara-mumija-pronajdena-vo-torba-ladilnik-vo-peru-taa-mi-e-duhovna-devojka-me-kaznuva-ako-sum-losh/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-stara-mumija-pronajdena-vo-torba-ladilnik-vo-peru-taa-mi-e-duhovna-devojka-me-kaznuva-ako-sum-losh/#respond Wed, 01 Mar 2023 07:47:06 +0000 https://kurir.mk/?p=806412

Перуанската полиција соопшти дека изминатиов викенд запленила мумија стара 600 до 800 години во торба-ладилник за испорака на храна. Сопственикот на торбата притоа рекол дека „неговата“ мумија долго време му била „состанарка“. Мумијата била пронајдена во областа Пуна на Андите. Хулио Сезар Бермехо (26) е притворен. Министерството за култура нареди заплена на мумијата заради заштита и зачувување на културното наследство, соопштија перуанските власти. Бермехо одрекува дека сакал да ја продаде мумијата, но признал дека ја чува во ладилник за да ѝ ја покаже на пријател, а потоа би ја дал во музеј. Тој раскажал и дека татко му ја зел мумијата пред 30 години од полицаец, кој му должел пари и археолошкиот наод го викал „Хуанита“. „Таа е во мојата соба, спие со мене. Се грижам за неа, ја чувам. Таа ми е како духовна девојка“, изјавил младиот човек додавајќи дека мумијата „има енергија и го казнува ако тој се однесува лошо“. Како и да е, стручните анализи велат дека „таа“ не е „Хуанита“, т.e. черепот е од маж, висок 151 сантиметар, кој починал на околу 45 години. Според властите, мумијата веројатно е пронајдена во источниот дел на Перуанските Анди и е стара 600 до 800 години.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-stara-mumija-pronajdena-vo-torba-ladilnik-vo-peru-taa-mi-e-duhovna-devojka-me-kaznuva-ako-sum-losh/feed/ 0
Најмалку 36 загинати при лизгање на земјиште во Перу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-36-zaginati-pri-lizgane-na-zemjishte-vo-peru/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-36-zaginati-pri-lizgane-na-zemjishte-vo-peru/#respond Tue, 07 Feb 2023 07:32:54 +0000 https://kurir.mk/?p=797111

Во лизгање на земјиштето предизвикано од поројни дождови загинаа 36 луѓе во неколку села во јужниот дел на Перу, соопштија локалните власти. Вилсон Гутиерез, службеник за цивилна заштита во општината Маријано Николас Валкарсел, во провинцијата Камана, изјави за локалната радио станица Ер Пе Пе дека се пронајдени 36 мртви тела во одалечената област наречена Миски. Меѓу жртвите има и пет лица кои се движеле со комбе. Претставници на цивилната одбрана соопштија дека речиси 630 објекти биле погодени од лизгање на земјиштето, додека мостови, канали за наводнување и патишта исто така биле оштетени.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-36-zaginati-pri-lizgane-na-zemjishte-vo-peru/feed/ 0
Над 50 повредени во судири на полицијата и демонстрантите во Перу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-50-povredeni-vo-sudiri-na-politsijata-i-demonstrantite-vo-peru/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-50-povredeni-vo-sudiri-na-politsijata-i-demonstrantite-vo-peru/#respond Sat, 21 Jan 2023 09:35:17 +0000 https://kurir.mk/?p=789993

Во главниот град Лима, полицијата употреби солзавец за да ги одбие демонстрантите кои фрлаа шишиња и камења додека гореа пожари на улиците, јавија локалните медиуми. Во јужниот регион Пуно, околу 1.500 демонстранти нападнаа полициска станица во градот Илаве, а беше запалена и полициска станица во Зепита, изјави министерот за внатрешни работи Висенте Ромеро. Здравствените власти во Илаве пријавија осум лица хоспитализирани со повреди. Според извештајот на перуанскиот омбудсман, до доцна попладне во протестите низ целата држава биле повредени 58 лица. Немирите уследија по еден ден од превирања во четвртокот, кога една од најстарите историски градби во Лима беше изгорена до темел, додека претседателката Дина Болуарте вети дека ќе стане построга кон „вандалите“. Официјалните лица го опишаа уништувањето на зградата, вила стара речиси век во центарот на Лима, како загуба на „културно наследство“. Илјадници демонстранти се собраа во Лима оваа недела повикувајќи на промени и огорчени од зголемениот број на жртви од демонстрациите, кои досега се 45. Протестите го потресоа Перу откако претседателот Педро Кастиљо беше соборен во декември, откако тој се обиде да го распушти законодавниот дом за да спречи гласање за импичмент. До оваа недела немирите беа концентрирани на југот на Перу. Демонстрантите ги нападнаа и аеродромите во Арекипа, Куско и јужниот град Јулијака. Владата прогласи вонредна состојба во шест региони. Болуарте ги отфрли повиците за оставка и одржување предвремени избори, повикувајќи на дијалог, истовремено заканувајќи се дека ќе ги казни оние кои се вклучени во немирите.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-50-povredeni-vo-sudiri-na-politsijata-i-demonstrantite-vo-peru/feed/ 0