пештера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Apr 2023 18:53:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пештера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шпанска спортистка која помина година и половина во пештера под земја, конечно излезе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shpanska-sportistka-koja-pomina-godina-i-polovina-vo-peshtera-pod-zemja-konechno-izleze/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shpanska-sportistka-koja-pomina-godina-i-polovina-vo-peshtera-pod-zemja-konechno-izleze/#respond Sat, 15 Apr 2023 20:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=824381

Шпанска спортистка во екстремни спортови излезе од пештера по 500 дена поминати под земја без контакт со луѓе, што може да биде светски рекорд. Кога Беатрис Фламини влезе во пештерата во Гранада, на југот на Шпанија, Русија сè уште ја немаше нападнато Украина, а светот сè уште се бореше со пандемијата на коронавирусот. Нејзиното влегување беше дел од експеримент внимателно следен од научниците. „Сè уште мислам дека е 21 ноември 2021 година, не знам што се случува со светот“, рече Фламини откако ја напушти пештерата. Кога влегла имала 48 години, времето го поминала во пештера длабока 70 метри вежбајќи, цртајќи и плетејќи волнени капи. Таа прочитала 60 книги и испила 1.000 литри вода, според нејзиниот тим за поддршка. Ја следеле група психолози, истражувачи, спелеолози и специјалисти за проучување на пештери, но никој од нив не стапил во контакт со неа. На снимката од шпанската ТВЕ станица, таа може да се види како излегува од пештерата насмеана пред да го прегрне тимот. Искуството е „одлично, непобедливо“, рече таа по заминувањето. „Не разговарав со никого освен со себе. „Ја губам рамнотежата, затоа ме држат. Ако ми дозволиш да се истуширам, немам чепнато вода година и пол. Се гледаме наскоро, дали е тоа во ред?“, им изјави таа на новинарите кои преплавија прашања. Фламини подоцна изјави дека после два месеци изгубила чувство за времето. „Тоа беше моментот кога престанав да ги бројам деновите“, објасни таа, додавајќи дека мислела дека била во пештерата „околу 160, 170 дена“. Еден од најтешките моменти во пештерата бил инвазијата на муви кои целосно ја покриле, признала таа. Оваа 50-годишна жена вели дека се случиле и „аудитивни халуцинации“. „Ти молчиш, а твојот мозок измислува“, се сеќава таа. Експертите го искористија нејзиното време во изолација за да ги проучат ефектите од социјалната изолација и екстремната привремена дезориентација врз перцепцијата на луѓето за времето. Нејзиниот тим за поддршка верува дека таа го соборила светскиот рекорд за најдолго поминато време во пештера, но Гинисовата книга на рекорди не потврдила дали постои категорија за доброволно време поминато во пештера. Таа ја додели наградата за „најдолго преживување заробен под земја“ на 33 чилеански и боливиски рудари кои поминале 69 дена под земја на длабочина од 688 метри, по уривањето на рудникот за злато во Чиле во 2010 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shpanska-sportistka-koja-pomina-godina-i-polovina-vo-peshtera-pod-zemja-konechno-izleze/feed/ 0
ВИДЕО: Јутјубер откри мистериозна пештера стара 700 години, еве како изгледа ова тајно место https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-jutjuber-otkri-misteriozna-peshtera-stara-700-godini-eve-kako-izgleda-ova-tajno-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-jutjuber-otkri-misteriozna-peshtera-stara-700-godini-eve-kako-izgleda-ova-tajno-mesto/#respond Tue, 12 Oct 2021 08:50:46 +0000 https://kurir.mk/?p=577542

ЈуТјуб истражувач дошол до неверојатно откритие откако дошол до отвор и просторија под дрво кои го донеле до неверојатно зачувана пештера на Темпларите. Во објавената видео снимка, Брендон Иксплорс отишол на пат во Шифнал во Англија, следејќи информација за постоење на пештера стара 700 години. Откако го нашол влезот на пештерата, Брендон признал дека изгледа морничаво и дека се двоумел дали да се спушти во пештерата, но набрзо бил фасциниран од она што го видел. Иако во пештерата имало видливи траги од ѓубре, таа и натаму одлично изгледала ако се земе во предвид дека била правена во 18 век. Пријателот на Брендон кој бил со него рекол дека ваквите пештери наводно се проколнати поради сатански и ритуали на црна магија кои наводно биле таму изведувани. Дека има вистина во овие приказни почнале да се сомневаат кога и покрај полните батерии, светлото почнало да им се гаси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-jutjuber-otkri-misteriozna-peshtera-stara-700-godini-eve-kako-izgleda-ova-tajno-mesto/feed/ 0
Монах отишол во пештера да медитира, но поради обилните врнежи од дожд тој останал заглавен во неа четири дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monah-otishol-vo-peshtera-da-meditira-no-poradi-obilnite-vrnezi-od-dozd-toj-ostanal-zaglaven-vo-nea-chetiri-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monah-otishol-vo-peshtera-da-meditira-no-poradi-obilnite-vrnezi-od-dozd-toj-ostanal-zaglaven-vo-nea-chetiri-dena/#respond Wed, 07 Apr 2021 14:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=493785

Тајландските спасувачи успеаја да спасат будистички монах од поплавената пештера, четири дена откако тој влегол внатре да медитира. Еден монах, кој бил на аџилак, влегол во пештера во тајландската провинција Фитсанулок во саботата, велат спасувачите. Но, дождливо невреме ја погоди областа во неделата, предизвикувајќи зголемување на водостојот и поплавување на пештерата. Тим од 17 нуркачи од локалната единица за спасување помогнаа монахот да се врати на безбедно во средата. Четириесет и шестгодишен монах, Пра Ајарн Манас, оди на аџилак во пештерата Фра Саи Нгам секоја година да медитира. Но, кога тој не се вратил од пештерата по обилните дождови, кои ја погодија областа, жителите ги алармираа властите. Спасувачките екипи влегоа во пештерата во вторникот за да го пронајдат, но мораа да престанат со потрагата, бидејќи не била безбедна поради зголемениот водостој во неа. Спасувачката единица соопшти дека немале контакт со монахот, бидејќи во пештерата немало телефонски сигнал, а само нуркачите можеле да пристапат до областа. Тие биле загрижени дека монахот можел да биде истоштен или онесвестен, бидејќи немал храна со себе. Тим од 17 нуркачи успеал да стигне до монасот во средата наутро откако дождот престанал да паѓа. - Во 11.30 часот, успешно го спасивме Манас од пештерата - објави единицата за спасување на својата Фејсбук страница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monah-otishol-vo-peshtera-da-meditira-no-poradi-obilnite-vrnezi-od-dozd-toj-ostanal-zaglaven-vo-nea-chetiri-dena/feed/ 0
Пештерата Рамниште – фасцинантна тајна за природата и за човекот низ времињата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/peshterata-ramnishte-fascinantna-tajna-za-prirodata-i-za-chovekot-niz-vreminjata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/peshterata-ramnishte-fascinantna-tajna-za-prirodata-i-za-chovekot-niz-vreminjata/#respond Wed, 22 Jul 2020 07:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=379467

Секоја посета на пештера е посебна возбуда за секој истражувач, спелеолог, за луѓето што ги мотивира адреналинот. За авторот уште повеќе зашто е негова прва посета. Иако велат, откако е откриена пред 60-тина години, е меѓу најпосетуваните. Лесно, со автомобил, се стигнува по патот за селата Оревоец и Крстец, ама откако се појави знакот – пештера, има повеќе од половина час пешачење. Не дека е тешко, нема големи нагорнини, за искусните „мачкина кашлица“, ама чувството пак да се биде во природа е незаменливо. Бујна вегетација и многу, на општо задоволство, шумски јагоди. Посебен мирис и вкус, на природно. Везот во пештерата не е впечатлив. Грмушки, едно дрво лешник, полно плод, прави сенка на влезот. Истражувачот, повеќе од 20 години, и новинар Тренчо Димитриески вели дека ова му е посебно задоволство. А ни постави фасцинантен повод за посета – пештерата, освен што е ремек-дело на природата, е голема тајна, археолошки неистражена, за траги на човековото „битисување“ во еден дел од неговиот живот во пештерата. И најбитното – тоа место на нашите предци многу, се чини, им значело. Се потсетуваме на податоците што ни ги даде спелеологот Дарко Неданоски од спелеолошкиот клуб „Златоврв“. Пештерата Рамниште се наоѓа на локалитетот Рамниште, поточно помеѓу селата Крстец и Оревоец. Се наoѓа на западните падини на планината Козјак и е на 12 километри од Прилеп. Првите истражувања се во 60-тите години на минатиот век, од првата генерација на друштвото „Златоврв“, тогаш првпат е пронајдена, посетена и е документирана. Пештерата е долга 110, а длабока е 25 метри. Многу е специфична и е ретка, зашто е формирана во „карбонатски бречи и конгломерати“, кои се составени парчиња од мермери. Има многу пештерски украси: сталагмити, сталактити, сливови, драперии, завеси, столбови, кои се во бела, црна, црвеникава и жолтеникава боја, но претежно се во бела и црна боја. Пештерата го покажува својот „специфичен“ лик. Со тесни влезови, проширувања, одаи, на места мора да се движите лежечки. А некаде со лизгање. Водата врз камењата направила опасни терени. Шегата настрана, ама спелеологот Неданоски ни одговори сериозно на прашањето – сега не се забележани лилјаци, како во мариовските пештери. Фасцинацијата од пештерските украси се префрла на новите, неистражени траги на човековото присуство. И култура. Димитриески објаснува – бев фрапиран од трагите на културата. Вели, ги има од старите времиња, пред илјадници години и низ епохите. Среде пештера, го почнува своето детално објаснување. Многу е фасциниран. – Неодамна кога влегов со таква намера, се вчудовидов кога наидов на купови траги од култура. Можеби стотина фрагменти од керамички садови, најверојатно од разни периоди. Но, според моите скромни познавања констатирам, не сакам крајно да тврдам, дека во пештерата има култура од, веројатно, бронзеното или железното време. Најдов некои рачки од садови со јазичеста форма. А постарите фрагменти, фактички, се скаменуваат, се спојуваат со другиот состав на пештерата. Пештерата Рамниште е геолошки истражена. Илјадници луѓе ја посетиле. Формирана можеби пред два и пол до три милиони години. Па некогаш овие пештери биле засолниште. Но ретки или воопшто нема наоди на култура во пештера, објаснува Димитриески. Според сѐ, пештерата била посетувана низ историјата. Како и зошто е посетувана, дали за практични или култни намени, ритуални верувања? Ете, за таканаречената Гостинска одаја има приказна. Или наречена Невестинска. Се верувало ако тука се скрши земјен сад, ќе има плодност. – Прашањата се нижат. Зошто влегувале нашите предци? Зошто има садови тука? Стотици. Сигурен сум дека има и од античкиот период – римски и македонски период. Што велат, рана антика – од 4 век пред до 4 век во нашата ера. А има и од доцната антика, од средниот век. Некое верување или потреба? Некогаш се криеле. Значи може да констатираме дека пештерата е користена од човекот за различни намени: за култни, за заштитување, за некакви верувања или практични намени, па дури и за криење, незапирливо раскажува Димитриески. Тој е фасциниран дека нашол стаклена устинка. Од кога ли датира? Овде има култура од огромно значење, според мене. Може да излезат фрапантни сознанија. Во оваа пештера најдов и стакло и оние што препознаваат, го знаат историјатот за стаклото, првото појавување што било околу 1500 години пред нашата ера во Месопотамија. А се знае дека стаклени садови се правеле во македонскиот период. Во прилепскиот музеј има зачувано стакло од гробниците од македонски тип во Горно Село. Јас имав среќа да најдам такво парче во пештерата. Според мене, иако не можам да тврдам, е од римскиот период. А што барало едно вакво фино стакло во пештерата? За какви намени било користено?, ги ниже прашањата Димитриески и сака археолозите да истражуваат. Ама вели, ни недостигаат палеонтолози. – За жал, во Македонија имаме малку палеонтолози, стручњаци за тој праисториски период. Предметите од тие периоди имаат специфични облици, кои стручњаците за тој период може да ги препознаат. Потребни се сериозни истражувања, со сонди, смета Димитриески. За преданијата, верувањата, фрагментите од керамички садови говори и спелеологот Неданоски. – Има и многу парчиња од различни видови керамика. Во минато време, жителите на Оревоец и на Крстец сметајќи дека во длабочините на пештерата се кријат зли духови, пештерата Рамниште ја нарекуваат и Духова Дупка. Во одредени денови, како Духовден, носеле стомни, бардиња со вода, правеле ритуали за нивно здравје, ги пренесува преданијата Неданоски. Вљубениците во пештерите, фасцинирани од ремек-делото на природата може со часови да се „загубат“ во она што мајката природа го создавала низ вековите, милениумите. Геолошки е истражена, ама не и археолошки. Сознанијата дека низ времињата човекот оставал траги, допрва може да отворат приказни за човековото постоење и неговите потреби низ времињата. Ова мало „начнување“ на човековото битисување, заедно со природата е само мал почеток. Можеби и никогаш докрај нема да се открие. Токму тоа ќе биде мистеријата што ќе ги привлекува посетителите. Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ уште во 2013 година побарал од прилепските локални власти да ја поддржат намерата пештерата Рамниште да се уреди туристички, да биде привлечна за туристите. Но немало разбирање, ама спелеолозите не губат надеж. – Иако оваа пештера не е туристички уредена, спаѓа во една од најпосетуваните пештери во Македонија. Клубот „Златоврв“ често организира посета на пештерата. Неколкупати целосно е осветлена. Се надеваме дека во иднина оваа пештера ќе ја внесеме во туристичката мапа на алтернативни и авантуристички места за посета на туристите во нашиот град, вели спелеологот Неданоски. И по напуштањето на Рамниште, останува кај нас фасцинацијата. Од природната уникатност, од новите човекови траги за неговото постоење. Можеби некогаш ќе стигнеме до одговорите: кој, кога, зошто? Којзнае? Фасцинацијата останува.(МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/peshterata-ramnishte-fascinantna-tajna-za-prirodata-i-za-chovekot-niz-vreminjata/feed/ 0
Пронајдени 4 безживотни тела во подземна пештера во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeni-4-bezzivotni-tela-vo-podzemna-peshtera-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeni-4-bezzivotni-tela-vo-podzemna-peshtera-vo-grcija/#respond Sat, 16 May 2020 11:48:31 +0000 https://kurir.mk/?p=346658

Во подземна пештера со длабочина од околу 20 метри во близина на грчкиот град Лутраки на Пелопонез, утрово беа пронајдени четири мртви лица на возраст од 35 до 72 години, а во акцијата за извлекување на телата учествувал 21 пожарникар со пет возила, јави дописничката на МИА од Атина. Причините за смртта, како и која била причината што четворицата мажи се нашле во пештерата, официјално не се познати, а надлежните работат на расчистување на случајот. Според локалните медиуми, станува збор за германско засолниште од Втората светска војна, не ја исклучуваат можноста починатите да барале скриени лири, а смртта да настанала од задушување, поради тоа што со нив имале генератор, како и алатки за копање. Сепак, не постои официјална потврда на овие информации. Грчката новинска агенција АНА-МПА, објави дека безживотните тела биле пронајдени на длабочина од пет метри, а акцијата на полицијата и противпожарната служба започнала по пријавата од роднина на еден од загинатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeni-4-bezzivotni-tela-vo-podzemna-peshtera-vo-grcija/feed/ 0
Митот за пештерата „Коњска дупка” во село град, делчевско https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitot-za-peshterata-konjska-dupka-vo-selo-grad-delchevsko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitot-za-peshterata-konjska-dupka-vo-selo-grad-delchevsko/#respond Sat, 12 Oct 2019 12:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=250821

Пештерата „Коњска дупка” во село Град е една од поубавите пештери во овој дел од државата. Влезот на самата пештера е со голем елиптичен отвор со димензии 1,6/3.5 метри по што доаѓа поголем отвор-одаја за која се верува дека во минатото била монашка просторија во која претстојувале монаси. Левиот тунелски отвор е со дијаметар од околу 80-тина cm и истиот е вертикален нагоре во пештерата, а движењето низ него е можно со специјална алпинистичка опрема. Не се знае за должината т.е. длабочината на двата отвори. Од северната страна на пештерата постои втор нејзин отвор кон површината кој е делумно затрупан низ кој протекуваат атмосферски води кон внатрешноста на пештерата. Со постоењето на оваа пештера се поврзани голем број на легенди и преданија како и народни верувања. Еден од најзастапените митови за оваа пештера помеѓу локалното население е дека преку оваа пештереа некогаш постоел таен премин кон Бугарија преку кој чети и комити на ВМРО преминувале незабележано од отоманските власти низ овој предел. По формирањето на административната граница по поделбата на етничка Македонија после Втората Балканска Војна, кај локалното население дополнително се подгреал овој мит затоа што пештерата се наоѓа токму во пограничниот регион, меѓу тогашна Вардарска Македонија и Бугарија. Во предилинденскиот период оваа пештера била заточиште на монаси и свештени лица, за што сведочат исклесаните цртежи на централниот ѕид од пештерта, како и разни археолошки пронајдоци во тек на времето кои биле експлоатирани од таму од страна на диви копачи на злато. Пештерата “Коњска дупка” се наоѓа во непосредна близина на Археолошкиот локалитет “Градиште”, што дополнително додава вредност на самиот локалитет во неговата репрезентативност и потенцијал за искористување во функција на туризмот и економскиот развој на ова место. Со вистинска стратегија и многу мали инвестиции ова место може да прерасне во посакувана туристичка дестинација каде може да се видат восхитувачки сцени на природата и човечката креација на едно место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitot-za-peshterata-konjska-dupka-vo-selo-grad-delchevsko/feed/ 0
По бегството од затвор, 17 години живеел во пештера- го фатиле па пак го вратиле https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-begstvoto-od-zatvor-17-godini-ziveel-vo-peshtera-go-fatile-pa-pak-go-vratile/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-begstvoto-od-zatvor-17-godini-ziveel-vo-peshtera-go-fatile-pa-pak-go-vratile/#respond Tue, 01 Oct 2019 08:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=246505

Во кинеската покраина Јунан, полицијата уапси 62-годишен маж кој бил во бегство 17 години, откако со помош на дронови го откриле неговото засолниште. Сонг Јианг, осуденик за трговија со жени и деца, во 2002. побегнал од затворскиот логор. Оттогаш со години живеел во мала пештера во планината близу неговото родно место, целосно отсечен од цивилизацијата, објави Би-би-си. Полицијата добила дојава за локацијата на Сонг на почетокот на септември, но по неуспешната теренска потрага, властите употребиле дополнителни беспилотни летала. Така, пештерата на бегалецот била најдена. Според полициските извештаи, поради тоа што долго време живеел сам, на човекот му било тешко да комуницира со службениците. Осуденикот е вратен во затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-begstvoto-od-zatvor-17-godini-ziveel-vo-peshtera-go-fatile-pa-pak-go-vratile/feed/ 0
Вистински пештерски луѓе: Сред шума се крие пештера, а во неа живее цела една заедница (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vistinski-peshterski-lugje-sred-shuma-se-krie-peshtera-a-vo-nea-zivee-cela-edna-zaednica-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vistinski-peshterski-lugje-sred-shuma-se-krie-peshtera-a-vo-nea-zivee-cela-edna-zaednica-video/#respond Fri, 21 Sep 2018 16:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=104307

Во пештера во непристапен дел во кинеската провинција Гуижу, до која нема ни пат, живее цела една заедница. Селото Жонгдонг се наоѓа на 1.800 метри надморска височина, а до него се стигнува единствено со планинарење, што на неговите жители прилично им ги отежнува доаѓањето до основни работи кои им се потребни. Во пештерата дури имало и училиште, но во 2008 година властите го затвориле под образложение дека „Кина не е земја на пештерски луѓе“. Така што децата морале да пешачат секој ден во 2 и пол часа до најблиското училиште. Инаку, училиштето во пештерата го посетувале 186 ученици, а како дел од него имало и терен за кошарка. Заедно со мештаните, кои се нарекуваат последни живи пештерски луѓе, овде живеат и нивните домашни животни како што се крави, кокошки и куќни миленици. Селото живеело во целосна изолација без информации за надворешниот свет, бидејќи немале ниту телевизиски сигнал. Меѓутоа, откако во медиумите се појави приказната за нивната заедница, се повеќе туристи се заинтересирале за посета. Со текот на времето жителите добиле и пат, а учениците биле преместени во интернат. Своите семејства ги посетуваат за викендите и празниците. Еден дел од луѓето се преселиле, во во пештерата се уште живеат стотина луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vistinski-peshterski-lugje-sred-shuma-se-krie-peshtera-a-vo-nea-zivee-cela-edna-zaednica-video/feed/ 0
Три деца ослободени од пештерата во Тајланд и нивниот тренер конечно добија државјанство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-deca-oslobodeni-od-peshterata-vo-tajland-i-nivniot-trener-konechno-dobija-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-deca-oslobodeni-od-peshterata-vo-tajland-i-nivniot-trener-konechno-dobija-drzavjanstvo/#respond Wed, 08 Aug 2018 19:41:58 +0000 https://kurir.mk/?p=85994

Членовите на фудбалскиот тим и нивниот тренер кои немаа државјанство од Тајланд веќе не треба да се грижат за документи. Тајландско државјанство немаа три момчиња и нивниот тренер иако се родени во Тајланд, бидејќи локалните власти ги проверувале нивните квалификации, вклучително и изводите на родени, пренесува Ројтерс. Голем број лица од Тајланд немаат државјанство бидејќи потекнуваат од области каде се менувале националните граници, и нивното државјанство било доведено во прашање. Како што наведува над 486.000 граѓани немаат државјанство, а од оваа бројка 146.269 се лица под 18 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-deca-oslobodeni-od-peshterata-vo-tajland-i-nivniot-trener-konechno-dobija-drzavjanstvo/feed/ 0
Беа 17 дена заробени во пештера: Децата херои од Тајланд се вратија во училиште, еве што се случи со нивниот тренер (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bea-17-dena-zarobeni-vo-peshtera-decata-heroi-od-tajland-se-vratija-vo-uchilishte-eve-shto-se-sluchi-so-nivniot-trener-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bea-17-dena-zarobeni-vo-peshtera-decata-heroi-od-tajland-se-vratija-vo-uchilishte-eve-shto-se-sluchi-so-nivniot-trener-foto/#respond Tue, 07 Aug 2018 13:24:56 +0000 https://kurir.mk/?p=85441

Тајландските момчиња спасени од пештерата на северот од земјата се вратија денеска на училиште, објавија локалните власти. Во училиштето Мае Саи Праситсарт, во покраината Чианг Раи, приредено е топло добредојде за 12-те момчиња спасени од поплавената пештера, во акција која со страв ја следеше целиот свет. Беа облечени во училишни униформи, а од претставникот на германскиот фудбалски клуб Баерн добија и клупски дресови. По успешното спасување од подземниот лавиринт во кој беа заробени две недели, малечките фудбалери на возраст од 11 до 16 години, недела дена се опоравуваа во локалната болница и недела дена дома. Сите деца, со исклучок на 14-годишниот Адул Сама кој е христијанин, поминаа 9 дена во будистички манастир во знак на благодарност за спасувањето. Нивниот тренер, 25-годишниот Екапол Чатавонг, ќе остане во манастирот уште 3 месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bea-17-dena-zarobeni-vo-peshtera-decata-heroi-od-tajland-se-vratija-vo-uchilishte-eve-shto-se-sluchi-so-nivniot-trener-foto/feed/ 0