песна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 11:47:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png песна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Mузичка магија за својата публика: Калиопи има нова песна, слушнете ја и уживајте (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/muzichka-magija-za-svojata-publika-kaliopi-ima-nova-pesna-slushnete-ja-i-uzhivajte-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/muzichka-magija-za-svojata-publika-kaliopi-ima-nova-pesna-slushnete-ja-i-uzhivajte-video/#respond Wed, 04 Oct 2023 11:46:51 +0000 https://kurir.mk/?p=885077

Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи. Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика и дарува музичка магија. И овој пат таа на фановите им подари комплетно авторско дело на Ромео Грил. Новата песна „Кад осване“ е на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи за нејзината нова песна: -Песната „Кад осване“ (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен. Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови! Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна! Ромео и овој пат се надмина себеси, а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно... За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската „Знам“, со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека „Кад осване“ ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее! Имаме нов хит - порача пејачката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/muzichka-magija-za-svojata-publika-kaliopi-ima-nova-pesna-slushnete-ja-i-uzhivajte-video/feed/ 0
Оваа песна е најрелаксирачка на светот: Слушнете ја, може да ви го намали стресот за 60 отсто https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ovaa-pesna-e-najrelaksirachka-na-svetot-slushnete-ja-mozhe-da-vi-go-namali-stresot-za-60-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ovaa-pesna-e-najrelaksirachka-na-svetot-slushnete-ja-mozhe-da-vi-go-namali-stresot-za-60-otsto/#respond Mon, 02 Oct 2023 09:39:34 +0000 https://kurir.mk/?p=884128

Истражувачи од Универзитет на Пенсилванија во Филаделфија, САД, ја пронајдоа најрелаксирачката песна на светот - „Weightless“ од групата „Маркони јунион“. Во истражувањето за анксиозност и стрес пред операција, учествувале 157 возрасни лица поделени во две групи. Така, првата група луѓе примиле еден до два милиграми „Мидазолам“ три минути пред блокадата на периферните нерви, а втората група ја слушале песната, инаку објавена 2012 година. Резултатите покажале дека пациентите кои ја слушале песната имале слично ниво на анксиозност како првата група, што посочува дека музиката е исто толку благотворна во намалувањето на стресот. Како што пренесуваат стручните списанија таа песна може да ја намали анксиозноста за дури 60 отсто. Музикотерапијата може да биде алтернатива за користење на „Мидазолам“ пред периферна општа анестезија. Сепак, потребни се дополнителни истражувања, посочува написот. Сепак, истражувачите забележуваат дека пациентите кои го зеле лекот изјавиле дека се позадоволни од целокупното тоа искуство во однос на другата група. Тие веруваат оти тоа е можеби затоа што на пациентите не им било дозволено да изберат што ќе слушаат или зашто е полесно да се комуницира без музика.   (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ovaa-pesna-e-najrelaksirachka-na-svetot-slushnete-ja-mozhe-da-vi-go-namali-stresot-za-60-otsto/feed/ 0
Бојана Скендеровски: „Заветна“ е повеќе од песна, таа е химна… Во себе ја содржи сета вистина за Македонија! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bojana-skenderovski-zavetna-e-poveke-od-pesna-taa-e-himna-vo-sebe-ja-sodrzhi-seta-vistina-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bojana-skenderovski-zavetna-e-poveke-od-pesna-taa-e-himna-vo-sebe-ja-sodrzhi-seta-vistina-za-makedonija/#respond Wed, 02 Aug 2023 12:01:47 +0000 https://kurir.mk/?p=862589

Неофицијалната химна на Македонците како што ја нарекуваат „Заветна“ на легендарниот Пепи Бафтировски, Бојана Скендеровски не ја пее прв пат, но сега премиерно ќе ја чуете спакувана во ново руво. „Заветна“ е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“ и нејзиниот нов аранжман, како впрочем и на целиот проект, го потпишува маестро Николче Мицевски. Инаку, „Заветна“ е една од оние песни во кои Бафтировски го опејуваше родниот крај. Создадена е пред повеќе од 30 години и песна која ја опејува вековната тага што се пренесува од поколение на поколение, но и вербата дека ќе дојдат подобри денови. -„Заветна“ е повеќе од песна, таа е химна… Во себе ја содржи сета вистина за Македонија, и како историјата да се повторува од времето кога била создадена пред 30 години денес нејзиното значење е уште поголемо… Сакам да изразам огромна благодарност до Миле и Георги Барбаровски кои ни оставија вакво музичко, брилијантно дело… Апелирам Пепи Бафтировски постхумно да добие награда за посебен придонес во музиката како национален уметник од државата. „Заветна“ е песната која ги обединува Македонците на секоја точка во светот, таа во исто време ти предизвикуваа милион различни емоции, те тера и да плачеш, и да бидеш силен, и горд на тоа што си. Прв пат ја отпеав во 2011 година во емисијата „Зајди, зајди“ и се сеќавам дека сега веќе покојниот Милан Завков ми рече: ‘Бојана браво, како се сети на песната, јас го снимав студискиот дел од аранжманот кога ја подготвуваме за Пепи…’ Инаку, сакам да се заблагодарам на целиот наш тим кој работи на овој проект, на мојот и наш продуцент Васко Скендеровски, на Николче кој направи чиста уметност со преработките, на техничката екипа која работи на аудио и видео делот од проектов, на моите колеги кои беа вистински професионалци, на тимот кој го работи ПР-делот и кој е задолжен сето ова да допре до публиката, и на сите медиуми кои ни даваат безрезервна поддршка…. И на крај огромна благодарност на целиот македонски народ што го сака „Македонијо во срце те носиме!, вели Бојана. Видеото за „Заветна“ во изведба на Бојана Скендеровски е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“, а во чии рамки се препеани 12 македонски легендарни песни, во изведба на 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Меѓу изведувачите кои публиката допрва треба да ги слушне и види се и: Сузана Спасовска, ДНК, Андријана Јаневска и Зуица Лазова. Уживајте во изведбата на Бојана и моќната „Заветна“ и, секако, очекувајте го стартот на концертниот караван кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови - Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bojana-skenderovski-zavetna-e-poveke-od-pesna-taa-e-himna-vo-sebe-ja-sodrzhi-seta-vistina-za-makedonija/feed/ 0
Поради изгубената подморница, илјадници луѓе споделуваат песна стара 26 години (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-izgubenata-podmornitsa-iljadnitsi-luge-spodeluvaat-pesna-stara-26-godini-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-izgubenata-podmornitsa-iljadnitsi-luge-spodeluvaat-pesna-stara-26-godini-video/#respond Fri, 23 Jun 2023 09:41:39 +0000 https://kurir.mk/?p=848929

Подморницата Титан, по која се трагаше од неделата, а вчера беше откриено дека експлодирала во Атлантскиот Океан, е главна тема на интернет последните денови. Иако имаше многу лоши шеги, многумина ја споделија песната од филмот Титаник, кој во 1997 година го отпеа Селин Дион. На интернет се појави информација дека поради масовното слушање песната повторно стигнала на врвот на најгледаните листи на Spotify и Billboard, но оваа информација не е точна. Но, илјадници луѓе дефинитивно повторно го слушаат овој стар хит. „Титаник по 25 години одзеде уште пет животи“, „Повторно ја слушам оваа песна поради трагедијата во подморницата“, „Луѓе, сите ќе одиме по ѓаволите“, пишува тимот во коментарите под песната, која има собрано околу 40 милиони прегледи на YouTube. Под видеото на YouTube има илјадници нови коментари каде луѓето признаваат дека несреќата на подморницата ги потсетила на песната. My Heart Will Go On се смета за најголемиот хит на Селин Дион. Се најде на врвот на топ листите во повеќе од дваесет и пет земји. Синглот е продаден во повеќе од 18 милиони примероци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-izgubenata-podmornitsa-iljadnitsi-luge-spodeluvaat-pesna-stara-26-godini-video/feed/ 0
Ај Кју со нова песна „До тебе“ и спот снимен во Лондон (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aj-kju-so-nova-pesna-do-tebe-i-spot-snimen-vo-london-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aj-kju-so-nova-pesna-do-tebe-i-spot-snimen-vo-london-video/#respond Fri, 16 Jun 2023 09:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=846450

Бојан и Марија од Ај Кју по успешната преработка на „Молитва“ ни ја претставуваат нивната нова песна „До тебе“. Музиката и текстот го напишаа уиграната комбинација Бојан Трајковски и Кристина Арнаудова, а продукцијата и аранжманот се на Роберт Билбилов. Песната е снимена во JustRBproduction и за медиумите изјавија: „За одредени песни едноставно знаеш дека има нешто посебно и дека се поклопиле енергиите на сите вклучени во тимот, токму за оваа песна така се чувствувавме“. Ај Кју спотот го снимија во Лондон, каде во последно време се поактивни на музички план со настапи и снимања, но најавија дека летово ќе имаат настапи и низ Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/aj-kju-so-nova-pesna-do-tebe-i-spot-snimen-vo-london-video/feed/ 0
Песната за утрешниот празник е глобален хит- еве како настанала „Ѓурѓовден“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pesnata-za-utreshniot-praznik-e-globalen-hit-eve-kako-nastanala-gurgovden/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pesnata-za-utreshniot-praznik-e-globalen-hit-eve-kako-nastanala-gurgovden/#respond Fri, 05 May 2023 13:24:34 +0000 https://kurir.mk/?p=830972

Православните верници утре го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Песната Ѓурѓовден била создадена во возот на смртта кој патувал од Сараево до Јасеновац. Затворениците во вагони без храна и вода почнале да паѓаат во криза од страв и несигурност. Во општиот хаос еден од нив за кој се вели дека бил член на Сараевска „СЛОГА“ од гордост и инает, запеал … Ова е тврдење на новинарот Вукашин Беатовиќ. Еве како оди приказната: Мај шести во 1942 година– студено утро во Сараево. Полицајците им наредиле на ИТЗ да ги подготват заробените Срби. Во четири часот наутро во градот колони на затворениците од Јајце касарната и другите затвори ги собрале на железничката пруга во Сараево. Колоната била околу три илјади претежно млади луѓе. Меѓу нив и домаќини заедно со нивните синови, како и муслимани кои ги поддржувале Србите или се изјасниле како Срби. Чуварите извикувале „Како сте Срби? Ве носиме на бесплатна екскурзија во Јасеновац”. Возот на свети Ѓорѓија од Сараево отиде во Јасеновац. По патот затворениците во вагоните без храна и вода почнале да паѓаат во криза на страв и несигурност. Во општиот хаос еден од нив запеал „Пролече на моје раме слече – џурџевак зелени – свима осим мени“. Поради песната чуварите ги затвориле вратите од вагоните, а затворениците останале без воздух во тесните вагони стиснати еден до друг. Од три илјади колку што тргнале од Сараево до Јасеновац стасале само две илјади, а стотина од нив успеале да ја преживеат тортурата. Благодарение на преживеаните денес се знае за овој настан. Под импресија на оваа приказна, Горан Бреговиќ ја направил песната „Ѓурѓовден“. Песната оттогаш стана глобален хит која се пее на повеќе јазици. Но, многу малку денес знаат за позадината на оваа песна, за возот на смртта и судбината на овие луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pesnata-za-utreshniot-praznik-e-globalen-hit-eve-kako-nastanala-gurgovden/feed/ 0
Македонските трап артисти во „отворена војна“: Најпрвин договориле соработка, па откако го „искулирале“, Стар Бој тврди дека „2Бона“ му ја „украле“ песната?! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonskite-trap-artisti-vo-otvorena-vojna-najprvin-dogovorile-sorabotka-pa-otkako-go-iskulirale-star-boj-tvrdi-deka-2bona-mu-ja-ukrale-pesnata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonskite-trap-artisti-vo-otvorena-vojna-najprvin-dogovorile-sorabotka-pa-otkako-go-iskulirale-star-boj-tvrdi-deka-2bona-mu-ja-ukrale-pesnata/#respond Mon, 10 Apr 2023 11:28:02 +0000 https://kurir.mk/?p=822400

Оние кои ги следат новите музички трендови кои најмногу ги допираат младите, се сеќаваат на македонски трап артист, Македонецот кој живее во Париз, а тргна да прави интернационална кариера и таму, но и во Македонија и регионот под уметничко име Стар Бој (Star Boy). Преку ноќ ја стекна својата медиумска популарност, но очигледно не само со своите песни, музика и видеоспотови и темите од суровата реалност кои во нив ги третира како што се „Cash game“, „Mad“, “Motorsport“… . Имено, додека песните тукушто почнуваат да му се вртат по радиостаниците, а видеоспотовите по телевизиите и Јутјуб, на социјалните мрежи Стар Бој веднаш почна некому да боде очи! Ако е на конкуренцијата би било сосема нормално, зашто колку и да е здрава, конкуренција никој не трпи, па  иако не е ниту коректно ниту етички, можеби е и логично да има и по некој збор што не треба или „валкани игри“ за да се „оцрни“ конкурентот, иако работите во неговиот случај ќе се одвиваат по сосема обратен редослед. Најпрвин со конкуренцијата договориле соработка, а „валканите игри“, како што тврди самиот артист,  дошле потоа… Имено,  Ванчо, како што му е вистинското име на Star Boy следејќи ги приликите со сцената и музиката која ја изведува стапува во контакт со членовите на дуото „2Бона“, како водечки изведувачи во правецот кој е тренд не само во Македонија, туку и во регионот. Откако ќе исконтактираат, Стар Бој им кажува дека има готов проект, 3-4 веќе промовирани песни со видеа, а наскоро излегува и негов албум со 8 траки, па им предлага соработка со нив и „Горила ТВ“ и предлага да се сретнат. Одговорот на  „2Бона“ (Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито) е дека најпрвин Стар Бој мора да им испрати 6-7 свои песни, за да ги преслушаат, па заеднички сите во продукцијата да одлучат дали е тоа за кај нив или не е, што македонскиот артист кој живее во Париз и го прави. Откако добива од нив само пофални зборови и комплименти, како сето тоа е супер, како е топ, дека може да соработуваат, да биде дел од „трап кланот“, го викат во студио кај нив да се договорат за деталите и идните планови. Арно ама, како што обично бидува, кога треба да се финализираат деталите и договорот, се појавува „ѓаволот“ кој лежи токму во деталите… Наеднаш  веќе ништо не е исто, почнува нешто да не штима, ја снемува почитта… Започнува љубомората, стравот од конкуренција или нешто трето… Артистот вели дека ја знае причината , ама ќе ја каже во друга прилика. „Ги прашав дали им одговара зашто во спротивно мене не ми одговара соработка само за една песна или само за спотовите да бидат пуштени, сакав промоција на целиот материјал. Ми викаат – океј, нема проблем, формираме моментално збир од најдобри артисти така што те имаме во предвид“ – почнува да ја раскажува приказната Стар Бој.                   „Веднаш се договоривме за датумот, се сеќавам ја поместија песната на “Dijana OG” за да ја објавиме мојата, бидејќи им кажав битен ми е датумот за првиот сингл – 23 ноември. Ова ми звучеше во стил како најава за ‘sign up’.  Им реков нема проблем, но сакам да видам какви услови нудите, што добивам, а што губам ако се обврзам. После објавувањето на првата трака ја објавивме и втората ‘Mad’,  но јас почувствував дека нешто не штима, како одненадеж да се изгуби респектот, онака наеднаш, без причина…“ – вели Стар Бој.                         Кога доаѓа на ред објавувањето на третата трака и спотот за „Моторспорт“ работите почнуваат и отоврено да се „мешаат“…                         „Стига на ред третата трака  ‘MotorSport’, ама  работата е ‘повуци-потегни’,  држ – недај… Си викам кај им е професионалноста на дечкиве едно зборат друго прават. Прво покажаа интерес, респект, божем топ е, одлично, а после ништо… тапа“ – ја продолжува приказната Стар Бој.                         Потоа доаѓа клучниот момент,  откако ќе бидат објавени трите спота, Стар Бој тврди дека почнува да ги брка за датум за промоција на целиот проект „Infinity“, но агонијата само се продлабочува.                         „Почнуваат да ме мотаат дека не се тие одговорни, демек имаме тим кој одлучува. Преку ноќ се’  се менува одново. Од тоа што е договорено – нема ништо. Пу, пу – не важи.  Јави му се на Желе (извршен продуцент), него му пишувам, а тој се прави на Тошо. Ти реков, ми рече… ме мотаат.                         Видов колку е саат дека со ку**они си имам работа, си викам не си троши време и живци. Си го постирав албумот на мојот канал и на дигиталните платформи. Тие цело време пратат будно шо се случува. Ама ништо да спомнат, само се неми набљудувачи“ – се потсетува Стар Бој на ситуацијата.                                               По извесно време сепак еден од  „дечките“ од  „2Бона“ пробал да го исконтактира Стар Бој, кој пак студено, но сепак учтиво му одговара:                 „По извесно време оп, ете ти го Тони(то)… Ми пишува: Тука си брат ?  На што јас му одговарам професионално и учтиво: Барај ме на мобилен или преку е-маил. (Не сме веќе браќа за на вибер). После еден или два дена повторно на вибер ми пишува: „Брат вака да знаеш, еден исти бит имаме…“ Или што би рекле, одеднаш имаме иста трака? И до ден – денешен  е така“ – тврди Стар Бој алудирајќи на тоа дека намсто договорената соработка „2Бона“ всушност „му ја позјамиле“ песната!?                               Огорчен од измамата, Стар Бој тврди дека тие не се она за што се претставуваат, не се ни лабел ниту пак професионалци во тоа шо го работат, па решил да се обрати до јавноста и медиумите.                                     „Ниту покажаа почит кон мене како артист, некој шо носи нов уникатен звук и видео записи какви шо нема во Македонија. Не пак на нивниот канал. Очигледна е љубомората и зависта од самата моја појава како артист на сцената. Бум спотови јаки, вести, портали, ТВ појавувања, албум, веб портал, гардероба, свој бренд, у Париз живее, има кеш, уникатен е… знаете како се  размислува: Да не му даваме многу простор, оти може да не пое*е – тоа е менталитетот“ – вели Стар Бој, кој јавно им порача: „Е од такви примери како вас живеам во Париз и не планирам да се вратам никогаш. Музика правам од љубов, а не за пари, реален сум во неа, максимално и брутално искрен (знам ви пречи), ама је*ига,  ако се пронаоѓате не е мој проблем. Не е ни чудно шо сцената ни е таква каква што е…  И да, не ве мразам, супер музика правите, не можам да речам, тоа шо сте фејк е друго“ – им порача Стар Бој на несудените „соработници“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonskite-trap-artisti-vo-otvorena-vojna-najprvin-dogovorile-sorabotka-pa-otkako-go-iskulirale-star-boj-tvrdi-deka-2bona-mu-ja-ukrale-pesnata/feed/ 0
Карлеуша му прости на раперот, ги закопаа „воените секири“ и подготвуваат голем спектакл https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/karleusha-mu-prosti-na-raperot-gi-zakopaa-voenite-sekiri-i-podgotvuvaat-golem-spektakl/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/karleusha-mu-prosti-na-raperot-gi-zakopaa-voenite-sekiri-i-podgotvuvaat-golem-spektakl/#respond Tue, 14 Feb 2023 11:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=800309

Српската пејачка Јелена Карлеуша и Михајло Веруовиќ -  Војаж, ги закопаа „воените секири“ и снимаат дует! Поп ѕвездата на социјалните мрежи објави дека тие двајца ќе соработуваат на нејзиниот нов албум, а со тоа и потврди дека повеќе не се непријатели. Пејачката на Инстаграм откри како ќе се вика нивната песна „11:11“ и го означи младиот пејач. - Во нумерологијата овие броеви симболизираат нов почеток, креативност и иновација. Тие двајца подготвуваат дует кој ќе се најде на новиот албум на Јелена. Тоа ќе биде вистинско изненадување за нивните фанови, вели извор за српските медиуми. Најавата дека тие двајца ќе соработуваат  многумина изненади, бидејќи Карлеуша на минатогодишниот настап на Војаж на фестивалот „Мјузик вик“ на Ушче жестоко го навредуваше. -Пет минути слава може да има секој, но да опстане може само оној кој вложува крв, пот, пари, срце, мозок, желба, труд и волја. Сите заедно да се соберете, не сте една вистинска ѕвезда која сјае. Особено ми пречеше едно мало ѓубре кое ладно рече дека тешко го поднесува притисокот на славата и дека постигнал се што може да се постигне. Не знам ни како се вика, но слушнав дека тонот во газот не може да боде! Дури ни мама нема да ѝ го знае името до Нова година - рекла тогаш Јелена, а Војаж не сакал да влезе во „војна“ со неа. - Не мислам дека алудира на мене. Жал ми е ако тоа го мисли со оглед на тоа дека таа е икона на нашата естрада, од стил до шоу-бизнис.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

- Спомнатите траат колку тие инстант песни. Верувам дека ниту еден од нив нема да постои за три месеци. Мислам дека мене не ми требаат песните да бидам најактуелна, најплатена и најследена. Може да се наречат мои колеги, но оваа работа ја работат на аматерски начин. Затоа траат многу кратко, ги снемува и треба да пуштат песни на три, пет, седум дена. Карлеуша очигледно во меѓувреме се предомислила, па решила да сними заедничка песна со Војаж. Како што дознаваат српските медиуми, премиерата на нивниот дует ќе биде во мај!
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/karleusha-mu-prosti-na-raperot-gi-zakopaa-voenite-sekiri-i-podgotvuvaat-golem-spektakl/feed/ 0
ВИДЕО: Шакира објави нова песна – Брутална прозивка за Пике? https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-shakira-objavi-nova-pesna-brutalna-prozivka-za-pike/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-shakira-objavi-nova-pesna-brutalna-prozivka-za-pike/#respond Thu, 12 Jan 2023 10:14:47 +0000 https://kurir.mk/?p=786352

Се повеќе луѓе тврдат дека Шакира во новата песна говори токму за нејзиниот однос со Пике, но и неговата љубов со Клара Марти. Колумбиската пејачка во песната пее „Преголема сум за тебе, затоа си со некој како тебе“. Нејзините обожаватели веруваат дека токму овој текст е посветен за новата врска која ја има Пике. -Кога ми требаше, ми ја даде најлошата верзија од себе, пее понатаму Шакира, а овој дел го поврзуваат со периодот на нивната разделба кога во исто време нејзиниот татко беше хоспитализиран во тешка здравствена состојба. Шакира и Пике во јуни 2022 година објавија дека се разделуваат по 11 години поминати заедно. Парот има два сина на возраст од 9 и 7 години.

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-shakira-objavi-nova-pesna-brutalna-prozivka-za-pike/feed/ 0
Ни трошка од новогодишна магија: Песната која сите ја пееме овие денови крие МРАЧНА приказна (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ni-troshka-od-novogodishna-magija-pesnata-koja-site-ja-peeme-ovie-denovi-krie-mrachna-prikazna-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ni-troshka-od-novogodishna-magija-pesnata-koja-site-ja-peeme-ovie-denovi-krie-mrachna-prikazna-video/#respond Sat, 31 Dec 2022 19:20:08 +0000 https://kurir.mk/?p=782865

„Jingle Bells“ е една од најпопуларните божиќни песни, но малкумина знаат дека оваа песна воопшто не зборува за Божиќ, а e далеку и од весела семејна песна. Таа била оригинално создадена во 1850-тите години за американскиот Ден на благодарноста, а настанала во една крчма во Медфорд, недалеку од Бостон, пишува "CBC". Во Медфорд во тоа време се одржувале трки на санки кои биле влечени од коњи, а дивеењето токму на тие трки било инспирација за "Jingle Bells", објаснила Кајна Хамил, професорка од универзитетот во Бостон и потпретседателка на тамошното историско друштво. Таа раскажала и детали од животот на Џејмс Лорд Пиерпонт, автор на песната. „Тој всушност бил кретен. Постојано го оставал своето семејство. Кога тргнал на запад во потрага по злато, Џејмс оставил на својот татко да се грижи за неговата сопруга и деца. Кога сопругата во меѓувреме починала, тој ги напуштил децата и набрзо повторно се оженил. Наводно, Пиерпонт не се ни појавил на погребот на својата сопруга", раскажала Хамил. -Песната за која повеќето луѓе мислат дека е убава божиќна песна всушност е песна за опивање, тврди таа. „Ако размислите дека производството на алкохол во Медфорд била една од најпрофитабилните индустрии и повторно размислите на текстот на песната, знаејќи дека се пеела на лудите трки во тоа доба, ќе ви стане јасно дека всушност станува збор за песна на која луѓето се опивале. Некои делови од текстот всушност звучат како опис на нешто што се случувало додека луѓето биле пијани", вели Кајна. Освен познатите делови, постои уште една строфа која зборува за возење на кочија која нема среќен крај и воопшто не е божиќна.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ni-troshka-od-novogodishna-magija-pesnata-koja-site-ja-peeme-ovie-denovi-krie-mrachna-prikazna-video/feed/ 0