„Песните се нивни незаборав“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jul 2020 12:32:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Песните се нивни незаборав“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книгата „Песните се нивни незаборав“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-pesnite-se-nivni-nezaborav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-pesnite-se-nivni-nezaborav/#respond Thu, 16 Jul 2020 12:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=377115

Во рамки на „Скопско лето“ денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Песните се нивни незаборав“ – монографски труд посветен на 24 починати пејачи чии што песни и изведби имаат трајни вредности. Автори на делото се Кирил Тодевски – етномузиколог и повеќегодишен урредник на Редакцијата за народна музука на Македонското радио и Марија Велковска – уредник во Музичката програма на Македонското радио. Како што соопшти организаторот на „Скопско лето“ – Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДУКС), книгата е посветена на песнопојците: Васил Хаџиманов, Никола Бадев, Александар Сариевски, Васка Илиева, Мирвет Беловска, Благој Петров-Караѓуле, Нада Макеларска, Гого Зафироски-Зафиро, Вања Лазарова-Димитровска, Блага Видец, Јонче Христовски, Добри Ставревски, Драгица Мавровска, Кирил Манчевски, Љупчо Дучевски, Мирко Митревски, Пепи Бафтировски, Есма Реџепова-Теодосиевска, Кирчо Поплазаров, Гоце Николовски, Петранка Костадиновска, Војо Стојановски, Јанко Узунов и Гоце Арнаудов. – Зад себе оставија непроценливо фолклорно богатство, со кои за навек го легитимираа македонскиот фолклорен израз. Со своите песни за себе испишаа незаборав, а на повиканите од сферата на Фолклористиката, односно Етномузикиологијата останува нивниот незаборав трајно да го забележат во своите научни и друг вид на прилози, соопшти ДУКС. Согласно со објавените протоколи, бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: носење заштитни маски, мерење телесна температура одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-pesnite-se-nivni-nezaborav/feed/ 0