песочна бура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Aug 2022 08:42:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png песочна бура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Песочна бура „го проголта“ Дубаи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pesochna-bura-go-progolta-dubai/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pesochna-bura-go-progolta-dubai/#respond Wed, 17 Aug 2022 08:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=719702

Невидена песочна бура ги зафати Дубаи и Абу Даби, познатите обележја на градот не можеа да се видат, а здравствените власти им препорачаа на граѓаните да останат дома. И покрај обилниот дожд што падна во пет од седумте Емирати кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), песочна бура во неделата ги зафати ОАЕ. Здравствените власти ги упатија граѓаните да носат заштитни маски на лицето и да се држат настрана од песокот и прашината. Националниот центар за метеорологија на ОАЕ (NCM) издаде црвени предупредувања за одредени делови од земјата. Полицијата ги предупреди сите да возат внимателно. Неколку авиони беа пренасочени кон други аеродроми поради слабата видливост. Според податоците на NCM, видливоста над меѓународните аеродроми во Абу Даби и Дубаи паднала на помалку од 500 метри. Десет авиони кои што требало да слетаат на меѓународниот аеродром во Дубаи биле пренасочени кон Светскиот централен аеродром во Дубаи и други блиски аеродроми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pesochna-bura-go-progolta-dubai/feed/ 0
Над две илјади луѓе повредени во песочна бура во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-dve-iljadi-lugje-povredeni-vo-pesochna-bura-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-dve-iljadi-lugje-povredeni-vo-pesochna-bura-vo-irak/#respond Sun, 26 Jun 2022 12:55:05 +0000 https://kurir.mk/?p=695940

Повеќе од 2.250 луѓе побарале медицинска помош поради песочната бура и загадувањето на воздухот во Багдад и други ирачки провинции. Поради песочната бура што вчера погоди повеќе ирачки региони, меѓународните аеродроми во Багдад и во Ен-Наџаф беа затворени. Делови од Ирак од април речиси секојдневно се покриени со песок и прашина. Според експертите неодамнешното зголемување на песочните бури во регионот се предизвикани од климатските промени и од неефикасното искористување на копнените и водните ресурси на Ирак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-dve-iljadi-lugje-povredeni-vo-pesochna-bura-vo-irak/feed/ 0
ВИДЕО: Песочна бура во Иран ги затвори училиштата и владините канцелари, а во Ирак илјадници луѓе побараа помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pesochna-bura-vo-iran-gi-zatvori-uchilishtata-i-vladinite-kancelari-a-vo-irak-iljadnici-lugje-pobaraa-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pesochna-bura-vo-iran-gi-zatvori-uchilishtata-i-vladinite-kancelari-a-vo-irak-iljadnici-lugje-pobaraa-pomosh/#respond Tue, 17 May 2022 08:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=677688

Уште една песочна бура го погоди Техеран и затвори училишта и државни канцеларии, јавија денеска локални медиуми. Се наведува дека квалитетот на воздухот е многу лош, има високо загадување од прашина. Станува збор за трета силна песочна бура што го погодува Иран од средината на април. Минатата недела исто така се затворија училишта во Техеран и во други провинции поради слични песочни бури. За првпат денеска се затворени и канцеларии на Владата. Техеран спаѓа меѓу најзагадените градови во светот. Во западниот дел на земјата, чести се затворањата на училишта и деловни згради поради песочни бури. Десетици летови вчера беа откажани или одложени на аеродромите во западен Иран. Кај соседот Ирак, поради песочни бури, најмалку осум од април, илјадници луѓе побараа помош во болници со тешки респираторни проблеми, а најмалку едно лице почина. Во Сирија, најмалку три лица ги изгубија животите поради песочната бура. Експертите сметаат дека лошите државни политики, опустинувањето, ниското ниво на вода, како и климатските промени, се одговорни за честите песочни бури во изминатиот период, како и нивниот интензитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pesochna-bura-vo-iran-gi-zatvori-uchilishtata-i-vladinite-kancelari-a-vo-irak-iljadnici-lugje-pobaraa-pomosh/feed/ 0
Над 1.000 Ирачани завршија во болница поради последици од песочната бура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-1-000-irachani-zavrshija-vo-bolnica-poradi-posledici-od-pesochnata-bura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-1-000-irachani-zavrshija-vo-bolnica-poradi-posledici-od-pesochnata-bura/#respond Thu, 05 May 2022 10:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=672232

Над 1.000 Ирачани завршија во болница поради респираторни заболувања, предизвикани од песочна бура. Станува збор за седма по ред песочна бура што ја погоди земјата во изминатиот месец, јавија ирачките државни медиуми. Жителите на шест од 18-те ирачки провинции повторно се разбудија со густ облак прашина што го прекри небото. Властите на провинциите Ал-Анбар и Киркук повикаа луѓето да не излегуваат надвор и да бидат на безбедно. Болниците во Ал-Анбар примија повеќе од 700 пациенти со отежнато дишење. Централната провинција Салахедин информираше за над 300 случаи, а Дивани и Наџаф евидентираа по околу 100 пациенти со такви проблеми. Ирак е особено ранлив на климатските промени и забележа рекордно ниски врнежи и високи температури изминатите години. Овие фактори, според мислењето на експерти, се закануваат да доведат до социјална и економска катастрофа во земјата разурната од војна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-1-000-irachani-zavrshija-vo-bolnica-poradi-posledici-od-pesochnata-bura/feed/ 0
Песочна олуја го парализира Багдад, целиот град обвиен во портокалова боја (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-oluja-go-paralizira-bagdad-celiot-grad-obvien-vo-portokalova-boja-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-oluja-go-paralizira-bagdad-celiot-grad-obvien-vo-portokalova-boja-video/#respond Mon, 02 May 2022 17:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=670816

Облак од портокалова прашина го прекри Багдад, по што десетици луѓе побарале помош во болница. Поради намалена видливост, прекинати се и летовите. Снимките од улиците на Багдад покажуваат како целиот град е обвиен во портокалова, нереална боја. Прашината продрела и во куќите, па во централниот и западниот дел од земјава неколку десетици лица биле сместени во болница поради респираторни проблеми. Болниците во Наџаф примиле 63 лица кои имале респираторни проблеми, а повеќето од нив ја напуштиле болницата откако добиле помош. Во провинцијата Анбар, на западот на земјата, уште 30 лица се јавиле во болниците, пренесува „Гардијан“. Видливоста е помала од 500 метри. Според метеоролозите, денеска се очекува пустинска бура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-oluja-go-paralizira-bagdad-celiot-grad-obvien-vo-portokalova-boja-video/feed/ 0
Песочна бура зафати делови од Бразил, предизвикана голема штета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-bura-zafati-delovi-od-brazil-predizvikana-golema-shteta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-bura-zafati-delovi-od-brazil-predizvikana-golema-shteta/#respond Wed, 06 Oct 2021 15:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=574180

Песочна бура, кое траеше 20 минути, предизвика значителна штета на домовите во градот Катандува во Сао Паоло, Бразил. Според Би -Би -Си, песочните бури ги зафатија и другите градови во земјата, а небото низ целата земја доби различни нијанси на портокалова и кафеава боја. Ваквите промени настанаа поради силните ветрови по продолжената суша што претходно го погоди Бразил. Експертите велат дека сушите се резултат на климатските промени, а вишокот топлина во атмосферата повлекува повеќе влага од земјата и ги влошува сушите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-bura-zafati-delovi-od-brazil-predizvikana-golema-shteta/feed/ 0
ПЕСОЧНА БУРА ВО РУСИЈА – небото се претвори во портокалово, погледнете ја оваа глетка (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-bura-vo-rusija-neboto-se-pretvori-vo-portokalovo-poglednete-ja-ovaa-gletka-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-bura-vo-rusija-neboto-se-pretvori-vo-portokalovo-poglednete-ja-ovaa-gletka-video/#respond Thu, 20 May 2021 11:32:29 +0000 https://kurir.mk/?p=512907

Апокалиптични сцени се забележени вчера во источна Русија, откако огромна бура што со себе носеше прашина небото го претвори во портокалово, пишува „Раша Тудеј“. На видео материјалите што ги преплавија социјалните мрежи се гледа огромен портокалов облак, што носен од многу силен ветер, за кратко време буквално проголтува град во регионот Астрахан. Пријавена е голема материјална штета, поради налетите на бурниот ветер, а има и повредени лица. Регионот Астрахан, припаѓа на руската република Калмикија, како и Дагестан, кој се наоѓа на северот на Кавказ. Снимките од Астрахан на брегот на реката Волга покажуваат напуштени улици исполнети со жолт песок, додека неколку луѓе што биле затекнати надвор побегнале на безбедно. Невремето што во овој регион навлезе вчера, исто така, оштети далноводи, однесе покриви од куќи и пресече дрвја, што паѓаа врз паркирани автомобили. Слични снимки пристигнаа и од Дагестан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-bura-vo-rusija-neboto-se-pretvori-vo-portokalovo-poglednete-ja-ovaa-gletka-video/feed/ 0
Научници загрижени: Тврдат дека невремето кое го покри Пекинг не било песочно – еве за што се работи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-zagrizeni-tvrdat-deka-nevremeto-koe-go-pokri-peking-ne-bilo-pesochno-eve-za-shto-se-raboti-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-zagrizeni-tvrdat-deka-nevremeto-koe-go-pokri-peking-ne-bilo-pesochno-eve-za-shto-se-raboti-video/#respond Fri, 19 Mar 2021 11:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=484717

Невремето што го покри Пекинг со кафено-портокалова боја не беше песок, односно оној што пренесува честички од песок, туку бура од прашина. Ова може да звучи како незначителна разлика што е важна само за геолозите, но големината на честичките игра голема улога во здравјето на жителите. Зрната од песок се честички со дијаметар поголем од 0,06 mm, а честичките од прашина се помали, полесни и можат да патуваат многу, многу подалеку, пренесува Index.hr. Ветерот нема лесно да го дува песокот на растојанија од стотици километри, додека прашината многу полесно ќе се шири низ целиот свет. Честички помали од 10 микрометри, а особено оние помали од 2,5 микрометри, претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето, бидејќи тие се доволно мали за да завршат во нашите бели дробови. Кој е главниот виновник? Што ги предизвикува денешните бури од прашина - дали е тоа природен процес или можеби е резултат на климатските промени? Одговорот е сложен и веројатно е комбинација од неколку фактори, според геологот Мет Телфер од универзитетот Плимут во списанието „Конверзација“. Во една неодамнешна студија, научниците анализираа до кој степен различните социјални системи во Кина, како и климатските промени, влијаеја на фреквенцијата на бури од прашина во последните 2000 години. Откриле дека зголемувањето на бројот на бури се совпаѓа со зголемувањето на населението и зајакнувањето на циркулацијата на азиските монсуни. Интересно е што зачестеноста на ваквите бури се зголеми за време на периодот на обилни дождови, бидејќи во тој период населението се развиваше побрзо и се користеше поголема земјоделска површина. Друг фактор што влијае на појава на бури од прав е од природно потекло. На пример, ретко населената депресија на Бодела во Сахара е најголемиот извор на атмосферска прашина во светот, и покрај неговата скромна големина. Причината за тоа се сувите пустински услови, површините на ситни седименти, како и блиските планини што го насочуваат ветерот во таа област.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-zagrizeni-tvrdat-deka-nevremeto-koe-go-pokri-peking-ne-bilo-pesochno-eve-za-shto-se-raboti-video/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Силна песочна бура во Пекинг, откажани над 400 летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-silna-pesochna-bura-vo-peking-otkazani-nad-400-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-silna-pesochna-bura-vo-peking-otkazani-nad-400-letovi/#respond Mon, 15 Mar 2021 06:41:59 +0000 https://kurir.mk/?p=482422

Пекинг денеска беше прекриен прашина, донесена од силните вретрови од пустината Гоби, северозападна Кина. Според метеоролозите тоа е најсилната песочна бура во реонот во последната деценија. Песочната бура се движи кон кинеските провинции Гансу, Шанси и Хубеи. Честичките ПМ10 во некои реони на Пекинг достигнаа до 8.000 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50, додека честичките ПМ2 се на ниво од 300 микрограма на метар кубен, а дозволени се 35. Поради песочната бура откажани се 428 летови од аеродромите во Пекинг. Од силни песочни бури погодена е и соседна Монголија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-silna-pesochna-bura-vo-peking-otkazani-nad-400-letovi/feed/ 0
Анкара погодена од песочна бура, шестмина повредени (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ankara-pogodena-od-pesochna-bura-shestmina-povredeni-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ankara-pogodena-od-pesochna-bura-shestmina-povredeni-video/#respond Sat, 12 Sep 2020 18:08:13 +0000 https://kurir.mk/?p=402411

Шест лица се полесно повредени денеска во Анкара, која беше погодена од ретка песочна бура, пренесува турскиот весник Хуриет. Песочната бура ги погоди окрузите Олатли и Хајман околу 15 часот по локално време, а претходно беше издадено предупредување за силен дожд и невреме. Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, потврди дека шест лица се полесно повредени. Ветерот оштети неколку покриви на куќи и згради, откорна дрвја, а граѓаните во паника бараа засолниште, пишуваат турските медиуми. Поради невремето имаше прекин на електричната енергија во центарот на градот, а пожарникарите им помагаа на оние што беа заглавени во лифтови. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ankara-pogodena-od-pesochna-bura-shestmina-povredeni-video/feed/ 0