песок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 12:44:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png песок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Денес мојот пријател ме удри“ – поучна приказна за вистинското пријателство https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-mojot-prijatel-me-udri-pouchna-prikazna-za-vistinskoto-prijatelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-mojot-prijatel-me-udri-pouchna-prikazna-za-vistinskoto-prijatelstvo/#respond Mon, 18 Sep 2023 12:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=879123

Вистинското пријателство е реткост во денешно време. Ако имате вистински пријатели, вие сте среќни луѓе. Но, за истото да го задржите мора да почитувате неколку правила. Советот кој ќе го добиете во оваа поучна приказна многу ќе ви помогне. Си биле двајца пријатели... Двајца пријатели шетале низ пустината. Во еден момент се скарале и едниот го удрил другиот. Повредениот не рекол ништо, но запишал во песокот: „Денес мојот пријател ме удри“. И така продолжиле по својот пат. По некое време наишле на една оаза и одлучиле да се одморат. Но, пријателот кој бил удрен паднал во жив песок. Другиот го спасил. Во тишината, спасениот пријател изгребал на една камена плоча: „Денес пријателот ми го спаси животот“. Оној кој го удрил и кој му го спасил животот, го прашал: „Кога те удрив, тоа го запиша во песок, а кога ти го спасив животот, тоа го забележа на камен. Зошто?“ Пријателот му одговорил:  „Кога некој ќе те повреди, тоа мора да го запишеш во песок за да може ветрот на простувањето да го избрише. А, кога некој ќе направи нешто добро за тебе, тогаш тоа треба да го запишеш на камен, за ветрот никогаш да не може да го избрише и да го однесе во заборав.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-mojot-prijatel-me-udri-pouchna-prikazna-za-vistinskoto-prijatelstvo/feed/ 0
ВИ СЕ ЛЕПИ ПЕСОК ОД ПЛАЖАТА? Отстранете го за миг со ОВА средство што сигурно го имате низ дома – хит што секој треба да го знае! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vi-se-lepi-pesok-od-plazata-otstranete-go-za-mig-so-ova-sredstvo-shto-sigurno-go-imate-niz-doma-hit-shto-sekoj-treba-da-go-znae-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vi-se-lepi-pesok-od-plazata-otstranete-go-za-mig-so-ova-sredstvo-shto-sigurno-go-imate-niz-doma-hit-shto-sekoj-treba-da-go-znae-video/#respond Tue, 05 Jul 2022 07:32:17 +0000 https://kurir.mk/?p=700096

Мајка открива лесен трик со кој за неколку секунди ќе го отстраните залепениот песок на стапалата на децата или вашите – ќе посакате да го знаевте ова порано. Веројатно многупати сте се мачеле да го исчистите песокот залепен на стапалата пред да легнете на лежалка или да си заминете од плажа. Ако досега ви се чинело како невозможна мисија, мајка открива трик како да го направите тоа без проблем. Посебно ќе им се најде на родителите за нозете на децата секогаш да се чисти, без да им предизвикате гребење. Сè што треба да направите: Наросете бебешка пудра на кожата, протресете со рацете и готово е!
@lauren.clutter Save this for your next trip to the beach 🏖 #momhack #momhacks #momcontent #MakeASplash ♬ Summer - Calvin Harris
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vi-se-lepi-pesok-od-plazata-otstranete-go-za-mig-so-ova-sredstvo-shto-sigurno-go-imate-niz-doma-hit-shto-sekoj-treba-da-go-znae-video/feed/ 0
Песокот од Сахара стигна до северна Европа: Врвовите на Пиринеите станаа портокалови (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesokot-od-sahara-stigna-do-severna-evropa-vrvovite-na-pirineite-stanaa-portokalovi-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesokot-od-sahara-stigna-do-severna-evropa-vrvovite-na-pirineite-stanaa-portokalovi-foto-video/#respond Tue, 22 Mar 2022 08:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=651160

Иако песочната бура во Сахара стивна, сепак последиците се видливи. Наместо бели, врвовите на Пиринеите сега се портокалови. Невообичаено силната бура Селија го раздвижи пустинскиот песок во северозападна Африка и ја намали видливоста на нула. Песочното масло го прекри северниот дел на Алжир, а потоа жешкиот јужен ветер ја пренесе широката пустинска прашина во многу европски земји - Португалија, Франција, Шпанија, Англија, Балканскиот Полуостров. Светската метеоролошка организација соопшти дека по пет дена песокот стигнал далеку на север од Европа, до Балтичкото Море, пишува РТС. Во Алжир, болниците беа преполни со луѓе кои бараа помош за отежнато дишење, бидејќи маските не помогнаа многу дури и со затворени прозорци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesokot-od-sahara-stigna-do-severna-evropa-vrvovite-na-pirineite-stanaa-portokalovi-foto-video/feed/ 0
Жолто небо и дожд со песок од Сахара над Источна Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zolto-nebo-i-dozd-so-pesok-od-sahara-nad-istochna-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zolto-nebo-i-dozd-so-pesok-od-sahara-nad-istochna-francija/#respond Wed, 16 Mar 2022 08:28:12 +0000 https://kurir.mk/?p=647995

Добар дел од источниот и средниот дел на Франција вчера и денеска се најдоа во необична атмосферска состојба, во која доминираше небото со жолтеникава светлина, а автомобилите беа прекриени со жолт песок. Причината за ова се честички од песок од Сахара, јави дописникот на МИА. За да го објасни овој феномен, Метето Франс објасни дека ова е последица од песочната бура која во последните часови дува во пустината Сахара, во Мароко. Многу изразениот јужен тек ги испрати честичките од песок во атмосферата, а потоа депресијата на Балеарските Острови дозволи песокот да се крене многу подалеку на север, до Франција, па дури и до Бенелукс. Ситниот дожд потоа ги спушти зрната песок на земја… паѓајќи врз автомобилите и улиците. Неколку слични епизоди се случија минатата година. Жолтото небо беше особено видливо на почетокот на февруари 2021 година, поради ниското зимско сонце. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zolto-nebo-i-dozd-so-pesok-od-sahara-nad-istochna-francija/feed/ 0
НАЈЗДРАВИ ДЕЦА НА ПЛАНЕТАТА: Не патат од алергии, бактериите и вирусите бегаат од нив! Еве како https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najzdravi-deca-na-planetata-ne-patat-od-alergii-bakteriite-i-virusite-begaat-od-niv-eve-kako/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najzdravi-deca-na-planetata-ne-patat-od-alergii-bakteriite-i-virusite-begaat-od-niv-eve-kako/#respond Mon, 07 Mar 2022 17:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=642780

Многумина од нас среќно се сеќаваат на детството во кое го достигнавме врвот на креативноста во играта со кал и песок! На децата им беше забавно, а на родителите им беше јасно - каде на земјата има дете што не се валка? Не пуштаа да се тркаламе по песок, трева, кал, да се капеме навечер и приказната заврши. Без навреди, без лутина поради дамката, сите имавме алишта со кои си играме и алишта со кои некаде одевме. Освен што е забавна, науката потврди и дека играта во песок и кал е добра! Многу деца денес се отуѓени од природата Нормално е родителите да се грижат за хигиената и безбедноста на своето дете, затоа многумина денес претпочитаат децата да си играат дома наместо надвор. Како резултат на тоа, добиваме деца кои подоцна немаат желба да играат на отворено, туку претпочитаат да изберат технологија. - Нашите деца и децата на нашите деца се генерацијата која е најотуѓена од природата во историјата, вели Ричард Лув, автор на студија која анализирала 3.000 семејства со деца. Малку нечистотија никогаш не му пречела на никого Педијатарот д-р Марија Јулија Карваљо се согласува со Лув и инсистира на тоа дека децата мора да бидат во контакт со микроорганизми кои се наоѓаат во почвата и тревата со цел нивниот имунолошки систем да се развие правилно. Чистењето на вашето дете по играњето во кал можеби е тешко, но мора да се потрудите да најдете средина, бидејќи овие нехигиенски игри му се неопходни на вашето дете. Кога на овој начин ќе се зајакне имунитетот, во иднина детето ќе биде поотпорно на болести и алергии. Освен тоа, Лув вели дека игрите во природа ја поттикнуваат креативноста, го минимизираат стресот и депресијата и овозможуваат подобар когнитивен развој. Истото важи и за животните Студијата објавена во списанието Allergy and Clinical Immunology покажа дека децата кои живеат и растат со животни како кучиња и мачки од рана возраст имаат помала веројатност да развијат алергии бидејќи овие деца живеат меѓу ендотоксини, вид на бактерии кои се наоѓаат во прашината и животната средина кои помагаат за зајакнување на имунолошкиот систем. Едноставно - така функционира имунитетот Имунолошкиот систем е она што го штити човекот од надворешни „напаѓачи“, како што се микробите и бактериите кои се закана за здравјето. Ова успешно се прави со откривање на супстанции кои можат да стимулираат болести и инфекции, а потоа и со нивна борба. Но, за борбата да биде успешна, имунолошкиот систем мора да се навикне на микроорганизми од надворешната средина. Како што растат децата, тие стануваат сè поотпорни на одредени микроби, бидејќи веќе биле изложени на нив и имунитетот веќе го „знае непријателот“ и „тактики“ како да го нападне. Последици од држењето на децата подалеку од природата Без контакт со микроорганизми, имунолошкиот систем станува поподложен на супстанции кои инаку не се патолошки, како што се поленот или животинските влакна, по што децата развиваат алергии. Ричард Лув истакнува дека држењето на децата на растојание од природата го ограничува развојот на нивната креативност. Децата кои немаат интеракција со природната средина немаат физички дразби и немаат директни искуства на кои би можеле дополнително да ја развијат својата имагинација. Тој додава дека престојот во природа е феноменална превенција од дебелеење, бидејќи децата надвор се физички активни, додека причината за епидемијата на дебели деца лежи во поминувањето премногу време зад затворени врати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najzdravi-deca-na-planetata-ne-patat-od-alergii-bakteriite-i-virusite-begaat-od-niv-eve-kako/feed/ 0
Туристите веќе не смеат да земаат песок како сувенир од плажите во Сардинија, казните се огромни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turistite-vekje-ne-smeat-da-zemaat-pesok-kako-suvenir-od-plazite-vo-sardinija-kaznite-se-ogromni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turistite-vekje-ne-smeat-da-zemaat-pesok-kako-suvenir-od-plazite-vo-sardinija-kaznite-se-ogromni/#respond Tue, 07 Sep 2021 07:27:44 +0000 https://kurir.mk/?p=560393

Шишенце песок од плажите во Сардинија за многумина се чини добар сувенир, но проблем е во тоа што голем број туристи ја имаат истата идеја. Сардинија, позната по своите прекрасни плажи, се соочува со потешкотии поради игнорирањето на предупредувањето на туристите да ги остават плажите недопрени. Затоа властите одлучиле да воведат построги мерки за оние кои ќе одлучат со себе да понесат и најмала количина песок или школка. Ако бидат откриени, туристите ќе треба да платат меѓу 500 и 3.000 евра, а тоа неодамна и се случи на една екипа фатена на еден од аеродромите и тоа ни помалку ни повеќе со четири килограми песок од разни плажи. Сите до еден биле казнети со максимален износ, објавија властите и објаснија дека сардиниските плажи секоја година трпат непоправлива штета поради тоа што „туристите без нималку почит со себе носат песок, камења и школки“. На плажата Spiaggia della Pelosa, една од најубавите во Европа, туристите под пешкирот мора да имаат сламена простирка и да ги почитуваат строгите забрани за пушење. На оваа плажа е ограничен бројот на посетители и влезот се наплаќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turistite-vekje-ne-smeat-da-zemaat-pesok-kako-suvenir-od-plazite-vo-sardinija-kaznite-se-ogromni/feed/ 0
Сонце, песок и солена вода – трио што прави чуда за здравјето: Останувањето на море го враќа телото https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sonce-pesok-i-solena-voda-trio-shto-pravi-chuda-za-zdravjeto-ostanuvanjeto-na-more-go-vrakja-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sonce-pesok-i-solena-voda-trio-shto-pravi-chuda-za-zdravjeto-ostanuvanjeto-na-more-go-vrakja-teloto/#respond Fri, 09 Apr 2021 07:49:17 +0000 https://kurir.mk/?p=494659

Сите знаеме колку е добро пливањето за здравјето - тоа ги прави мускулите посилни, има корисен ефект врз зглобовите, ги чисти синусите, го зголемува капацитетот на белите дробови ... Пливањето во морска вода е извонредно за убавината и здравјето на кожата, а песокот е особено пријатен за луѓето со ревматски болки. Останувањето на море е корисно и за нашето физичко и за нашето ментално здравје. После летото, сите се чувствуваме поенергични, посреќни..., и тоа не без причина. Бидејќи комбинацијата на сонце, морска вода и песок има повеќе придобивки за нашето тело. 1. Природен витамин Д наместо таблети Потребни се само 20 минути да бидете изложени на сонце за да ја добиете дневната доза на витамин Д. Најдобро е да се сончате рано наутро и доцна попладне. Ако вашата кожа е особено чувствителна, задолжително ставете крем за сончање. Многу состојби и автоимуни болести се поврзани со недостаток на витамин Д. Значи, зајакнете го вашето тело само со посета на плажа. 2. Плажата може да ве смири Многу луѓе имаат инсталирани звучни ефекти на нивните телефони за да ги заспијат. Меѓу најефикасните звуци за релаксација се звуците на вода, како звукот на морето. Ритмичката фреквенција со која брановите го зафаќаат брегот имаат способност да го смират умот, додека нашиот ум се повлекува, дишењето се забавува и како последица на тоа, се наоѓаме во состојба на целосна релаксација. Не случајно многу луѓе ја избираат плажата како место за медитација. 3. Песокот може да направи чуда за вашата кожа Одење по песок не само што ве подготвува и ви помага да го одржувате тонот на мускулите на нозете, туку е одлично и за вашата кожа. Песокот е природен пилинг, што значи дека триењето помеѓу песокот и вашата кожа може да ви помогне да се ослободите од мртвите клетки на кожата лоцирани во стапалата и нозете. Можеби сте виделе луѓе како седат или лежат на плажа како тријат песок на нивните тела. Не дека се ексцентрични, но веројатно ги знаат придобивките од користењето песок како пилинг. Кога ќе го завршите „третманот“, не заборавајте да го измиете во морето, бидејќи ладната вода ќе ви помогне да ја затегнете кожата и да ја направите помлада! 4. Морската вода може да ве излечи Со децении, лекарите им предлагаат на своите пациенти подолг престој на море, бидејќи тоа може да помогне во поправка и ублажување на бројни здравствени проблеми и состојби. Капењето во морска вода ја стимулира работата на црниот дроб и бубрезите. Акумулираните штетни материи во организмот се излачуваат преку лимфата и крвотокот, а солта го олеснува процесот на излачување на токсините. Морската вода содржи некои навистина важни минерали како магнезиум, калиум и јод, кои се неопходни за силен и здрав имунолошки систем и можат да помогнат раните да зараснат брзо. Ако страдате од егзема или псоријаза, капењето во морска вода може да има корисен ефект врз вашата кожа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sonce-pesok-i-solena-voda-trio-shto-pravi-chuda-za-zdravjeto-ostanuvanjeto-na-more-go-vrakja-teloto/feed/ 0
Една минута ќе ја читате, цел живот ќе ја помните: Кратка приказна за тоа како се чува љубовта! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-minuta-kje-ja-chitate-cel-zivot-kje-ja-pomnite-kratka-prikazna-za-toa-kako-se-chuva-ljubovta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-minuta-kje-ja-chitate-cel-zivot-kje-ja-pomnite-kratka-prikazna-za-toa-kako-se-chuva-ljubovta/#respond Tue, 23 Jun 2020 09:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=361360

Момче сакаше да добие совет од мајка си, за како да ја одржува љубовта. Начинот на кој таа му го објасни тоа е нешто кое ќе ве замисли: Мајка и момче шетаат на плажа. Во еден момент момчето ја прашува: „Мамо, како се чува љубовта?" Мајката го погледна и одговори: „Земи малку песок и стисни го во тупаницата.“ Момчето ја стегаше тупаницата и колку повеќе стискаше, толку повеќе излегуваше од неa песок. „Но, мамо, песокот ми бега." „Знам, сега потполно отвори ја тупаницата.“ Момчето ја послуша, но во тој момент дувна ветер и го однесе целиот песок од дланката. „Ни вака не успевам да го задржам песокот“. Мајката му одговори со насмевка на лицето: „Сега земи малку песок во раката и држи ја дланката во форма на лажица, доволно затворена за да го заштитиш и доволно отворена за песокот да биде слободен“. Момчето направи како што му беше кажано и песокот остана на дланката, доволно заштитен од ветрот и ослободен од лизгање низ прстите. „Така се чува љубовта.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-minuta-kje-ja-chitate-cel-zivot-kje-ja-pomnite-kratka-prikazna-za-toa-kako-se-chuva-ljubovta/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Го затрупало песок, па му немало спас- почина работник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-makedonija-go-zatrupalo-pesok-pa-mu-nemalo-spas-pochina-rabotnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-makedonija-go-zatrupalo-pesok-pa-mu-nemalo-spas-pochina-rabotnik/#respond Mon, 06 Apr 2020 11:19:53 +0000 https://kurir.mk/?p=328093

Градежен работник од Штип почина рано утринава, откако го потрупало поголема количина на песок. Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски информира дека настанот се случил во месноста Ежово Поле во близина на Штип. Обвинителот наредил обдукција на телото, а увидот се врши од страна на полицијата и е повикан инспектор за заштита при работа, кој треба да утврди дали се запазени стандардите за заштита на работникот на работното место. Од полицијата најавуваат дека со повеќе детали ќе излезат откако ќе заврши увидот на местото на несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-makedonija-go-zatrupalo-pesok-pa-mu-nemalo-spas-pochina-rabotnik/feed/ 0
Некој купува магнет, тие како сувенир земале 40 килограми песок: Пар од Франција си ја чека казната https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoj-kupuva-magnet-tie-kako-suvenir-zemale-40-kilogrami-pesok-par-od-francija-si-ja-cheka-kaznata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoj-kupuva-magnet-tie-kako-suvenir-zemale-40-kilogrami-pesok-par-od-francija-si-ja-cheka-kaznata/#respond Mon, 19 Aug 2019 16:33:50 +0000 https://kurir.mk/?p=231290

Француска двојка, во чиј автомобил пронајдени се 40 килограми песок од Сардинија, може да биде осудена на шест години затвор. Тие тврдат дека песокот сакале да го однесат во својот дом како сувенир и оти не знаеле дека прават прекршок. Познатиот бел песок од Сардинија се смета за јавно добро и е строго забрането да се зема од Островот. Француската двојка може да биде осудена од една до шест години затвор поради кражба на имот што е во јавна сопственост. Трговијата со песок, камчиња и школки во 2017 година е прогласена за незаконска. Тие кои тргуваат со нив најчесто плаќаат парична казна и до 3.000 евра. Полицијата песокот го открила во петокот во багажникот на автомобилот. Песокот бил во 14 пластични шишиња. Од Сардинија секоја година исчезнуваа по неколку тони песок. Туристите, првенствено од Европа, но и некои Италијанци го пакуваат песокот во шишиња и потоа го продаваат на онлајн аукции. Од 1994 година на посетителите им е забранет пристап до познатата розова плажа на островот Будели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekoj-kupuva-magnet-tie-kako-suvenir-zemale-40-kilogrami-pesok-par-od-francija-si-ja-cheka-kaznata/feed/ 0