пестициди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jun 2023 11:51:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пестициди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трипуновски: МЗШВ, АХВ и Владата се обидоа да го затскријат случајот со недозволивото количество на пестициди во храната, но не им успеа, за тоа постојат докази https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-mzshv-ahv-i-vladata-se-obidoa-da-go-zatskrijat-sluchajot-so-nedozvolivoto-kolichestvo-na-pestitsidi-vo-hranata-no-ne-im-uspea-za-toa-postojat-dokazi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-mzshv-ahv-i-vladata-se-obidoa-da-go-zatskrijat-sluchajot-so-nedozvolivoto-kolichestvo-na-pestitsidi-vo-hranata-no-ne-im-uspea-za-toa-postojat-dokazi/#respond Tue, 06 Jun 2023 08:01:18 +0000 https://kurir.mk/?p=842618

Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ при неговото гостување во радио „Лидер“ зборуваше за актуелната тема поврзана со увезениот зеленчук и овошје од Албанија, во кој е забележано присуство на штетни и отровни супстанци далеку над дозволеното. Трипуновски укажа дека ова е многу сериозна работа и нормално некој треба да понесе одговорност за тоа. -Ова е многу важна тема која мораме да ја запознаеме јавноста, да укажеме до власта дека ова е пресериозна работа која што треба да се корегира и некој нормално да понесе одговорност за ова што се случува, рече тој. Трипуновски во текот на своето гостување ја објасни целата постапка за тоа како е дојдено до оваа информација дека храната која ја конзумираат граѓаните е штетна за нивното здравје, а тоа е дозволено од страна на власта. -Во нашите институции за среќа постојат луѓе кои што имаат морал, етика, кои што имаат чувство на одговорност, кои што практично не информираат дека се случува ваква недозволена ситуација во нашата земја, тоа е со увозот на храна која што е контаминирана односно има резиди од пестициди и има тешки метали. Нормално е наша обврска како опозиција е да алармираме дека ова кое што практично дојде до нас е фрапантен податокот и недозволиво да се случува во една нормална држава и е премногу штетно за нашите граѓани. Практично оние анализи кои што ги добивме се од Државната фитосанитарна лабораторија кое што е орган во состав на министерството за земјоделство, кое што практично е една од одговорните институции за контрола односно испитување на храната која што ја конзумираат нашите сограѓани и во овие податоци видовме дека има доста резиди од пестициди кои што се штетни по човековото здравје, потенцираше Трупуновски и во врска со целата ова ситуација додаде дека и лекарската фела односно луѓето стручни од оваа област објаснија што се штетните последици од ова кое излезе од јавноста. Трипуновски истакна дека иако министерството, владата, АХВ се обиде да го затскрие целиот овој случај сепак тој потенцирал дека сите овие документи се архивирани во лабораторија со архивски број. -Иако министерството, владата, АХВ, се обидуваше да го затскрие целиот случај, јас упорно во интерес на вистината и објективното информирање дека ВМРО-ДПМНЕ не е креатор на лажни вести потенцирав дека овие документи се архивирани во лабораторијата со архивски број каде што точно стои податоци за клиент, нарачател АХВ, односно инспекторите кои се вработени внатре, со сите податоци и податоци за примерокот. Имаме архивски број на примерок, дата кога е влезен, дата кога е излезен анализата, за која култура се работи испитувањето и така натаму, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-mzshv-ahv-i-vladata-se-obidoa-da-go-zatskrijat-sluchajot-so-nedozvolivoto-kolichestvo-na-pestitsidi-vo-hranata-no-ne-im-uspea-za-toa-postojat-dokazi/feed/ 0
Трипуновски: Власта го труе сопствениот народ, не е само зеленчукот имало и портокал со штетни пестициди и тоа шест пати над дозволеното https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-go-true-sopstveniot-narod-ne-e-samo-zelenchukot-imalo-i-portokal-so-shtetni-pestitsidi-i-toa-shest-pati-nad-dozvolenoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-go-true-sopstveniot-narod-ne-e-samo-zelenchukot-imalo-i-portokal-so-shtetni-pestitsidi-i-toa-shest-pati-nad-dozvolenoto/#respond Thu, 01 Jun 2023 16:51:29 +0000 https://kurir.mk/?p=841293

Системот е девастиран, не функционираат институциите. Свиркачи се обратија до нас како политичка партија, ни доставија информации и информираа дека се случува вака ситуација. Податоците се фрапантни, концентрациите на пестициди се големи, а тоа значи дека ако ние не бевме да ја информираме јавноста како власта оркестрирано го труе сопствениот народ, ова ќе поминеше така, а можеби и во минатото се случувало тоа, изјави претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски за „За или против“ на Алфа ТВ. Тој посочи дека јавноста треба да биде информирана дека во овие четири земјоделски култури пиперката, домат, млад кромид и краставица се детектирани повеќе пестициди штетни за човековото здравје. И ова е само заради тоа што Агенцијата за храна и ветеринарство како една од најповиканите институции, го има преспано периодот и со оглед како функционира оваа власт претпоставувам дека се работи за проценти кои на брза лента овие пратки влегуваат во Македонија, а се крајно небезбедни. Пред мене го имам извештајот кој се однесува на млад кромид, детектиран еден пестицид, максимално ниво кое е дозволено е 0,01 милиграм на килограм, а резултатот кој е евидентиран од Државна фитосанитарна лабораторија е 0,13. Тоа значи дека 13 пати над дозволената граница е во овој производ кој го консумирале граѓаните, истакна Трипуновски. Тој нагласи дека вакво труење има и кај овошјето, односно алармантно е и кај портокалот, дури 6 пати над дозволената граница. - Сакам ексклузивно да наведам дека и кај овошје, односно портокали. Иако директорот Бабовски вчера информираше за некаква пратка која е вратена, зборуваше за 30 мај, а мојот резултат е за 29 што значи дека е различна пратка. Се работи за портокал, барател на анализата е АХВ и детектирани се да пестициди. Првиот каде горната максимална граница е 7,00, но резултатот е 43,8%. Тоа значи дека овој портокал е 6 пати над дозволеното и е многу штетен. Тоа значи дека ако некој родител сакал да го нахрани своето дете со цеден портокал, му дал нешто штетно, рече Трипуновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-go-true-sopstveniot-narod-ne-e-samo-zelenchukot-imalo-i-portokal-so-shtetni-pestitsidi-i-toa-shest-pati-nad-dozvolenoto/feed/ 0
Чибишев за пестицидите во увезениот зеленчук: Исклучително токсични хемикалии кои може сериозно да го загрозат здравјето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-za-pestitsidite-vo-uvezeniot-zelenchuk-iskluchitelno-toksichni-hemikalii-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-za-pestitsidite-vo-uvezeniot-zelenchuk-iskluchitelno-toksichni-hemikalii-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-zdravjeto/#respond Mon, 29 May 2023 13:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=840073

Доктор Андон Чибишев, откако во јавноста беше објавено дека во увезени домати е детектирана недозволена количина на пестициди –инсектиции означени како Хлорперифос метил и Перимифос метил, истакнува дека се работи за хемикалии кои припаѓаат на групата на пестициди кои според хемискиот состав се органофосфорни соединенија и се користат воглавно како инсектициди. -Се работи за исклучително токсични хемикалии кои во САД и Европската унија се забранети да се користат во земјоделството. Според Законот за хемикалии и во Македонија овие токсични супстанции се ставени во препарати кои се штетни за човековото здравје и треба да се користат под строго утврдени правила. Инаку, внесени во човековиот организам доведуваат до пореметување на одредени метаболни процеси при што со блокирање на одредени ензими доаѓа до натрупување на други материи кои во високи концентрации можат сериозно да го нарушат здравјето, вели Чибишев. Докторот истакнува тие имаат афинитет кон периферниот и централниот нервен систем, кардиоваскуларниот и респираторнит систем и можат да го нарушат видот. -Внесени во поголема количина можат да го загрозат и животот, а внесувани хронично во помали количини можат на пократок и подолг рок сериозно да го нарушат човековото здравје. Соодветните државни институции се на потег, нагласува Чибишев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-za-pestitsidite-vo-uvezeniot-zelenchuk-iskluchitelno-toksichni-hemikalii-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-zdravjeto/feed/ 0
АХВ: Досега нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-dosega-nema-nitu-edna-uvozna-pratka-so-domati-pozitivna-na-pestitsidi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-dosega-nema-nitu-edna-uvozna-pratka-so-domati-pozitivna-na-pestitsidi/#respond Mon, 29 May 2023 13:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=840071

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира изнесените ставови на денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, на која обвинува дека надлежните државни органи дозволиле увоз на небезбеден зеленчук со концентрации на пестициди над максимално дозволените концентрации. -Документите кои ги презентираше Трипуновски не се тајна, напротив, тие се само уште една потврда дека државата си ја врши работата, односно дека контролите се спроведуваат. Како и досега, се додека со лабораториски наод не се потврди безбедноста, пратките со храна, вклучително и со зеленчук, се ставаат под официјален надзор. Не смее и не се пуштаат во промет пред да се добие задоволителен резултат за нив. Во случај на добивање на незадоволителен резултат пратката се поништува, или се наредува враќање во земјата на потекло, стои во соопштението од АХВ. Пратките на домати кои се увезуваат од Албанија, како што се наведува, се под засилен надзор и за секоја се врши лабораториско испитување. - За како што вели Трипуновски сомнителните пратки со зеленчук со пестициди, впрочем и самиот тој изразува само сомнеж, но не и тврдење, велејќи дека зеленчукот можел да заврши на пазарите во земјава. Го повикуваме, доколку вистински располага со докази за сторен криминал за кој повикува на одговорност и бара оставки, да ги приложи до надлежните институции, а не преку прес-конференции да ја заплашува јавноста дека државата ги труе граѓаните со небезбедна храна, се вели во соопштението. Во однос на резултатот од лабораториско тестирање спроведено на Факултетот за ветеринарна медицина, како што се наведува, во објава на социјалните мрежи, мостра од домат по потекло од Република Албанија, кај која е утврдено зголемено присуство на пестициди, за АХВ се работи за мостри на домати кои не се официјално земени од надлежните инспекциски органи, туку од физичко лице и доставени во Факултетот. -За нив нема никаков доказ за потеклото на доматите и од каде се земени мострите и затоа резултатот од страна на АХВ се смета за сомнеж, стои во соопштението. Од АХВ посочуваат дека преку инспекторите веќе спроведуваат дополнителни, засилени контроли на местата каде се продаваат домати од оператори кои извршиле увоз од Република Албанија, со цел утврдување на потеклото на доматите, односно дали станува збор за производ од увозно или од домашно производство и дали доколку се увезени ја имаат потребната документација која опфаќа и извршени лабораториски анализи. - Од почетокот на годинава досега, земени и лабораториски тестирани се 63 мостри од зеленчук (домати,краставици, пиперки), од кои 26 мостри само од домати. Позитивни на пестициди се само две пратки и тоа една со краставици од Албанија ( небезбедно се уништени) и една пратка со пиперки по потекло од Албанија, која се уште се наоѓа по официјален надзор, информира АХВ. Минатата година земени биле вкупно 133 мостри од увозен зеленчук (краставици, пиперки, домати и други производи). Потврдени се лабораториски четири позитивни резултати на пестициди и тоа два резултати од домати увоз од Албанија, еден позитивен резултат од јаболка и еден резултат позитивен на пестициди во пратка со компир, увоз од Белгија. -Небезбедните пратки се нештетно уништени, а за оние по потекло од Република Албанија известени се и надлежните државни органи во земјата извозник, за преземање на активности во однос на подобрување безбедноста на производите кои се извезуваат, информира АХВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-dosega-nema-nitu-edna-uvozna-pratka-so-domati-pozitivna-na-pestitsidi/feed/ 0
Бидете внимателни: Во овие овошја и зеленчуци има најмногу пестициди https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/bidete-vnimatelni-vo-ovie-ovoshja-i-zelenchuci-ima-najmnogu-pesticidi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/bidete-vnimatelni-vo-ovie-ovoshja-i-zelenchuci-ima-najmnogu-pesticidi/#respond Sun, 28 Nov 2021 14:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=601042

Кога купувате на пазар продавачите се колнат дека ви нудат здрава и природна храна и дека супермаркетите овошјето и зеленчукот го третираат со хемикалии. Но, тоа не е целосно така бидејќи речиси сите користат пестициди за да бидат во чекор со големата побарувачка на купувачите. Според американското истражување за зачувување на животната средина и здравјето „Environmental Working Group“ целерот во себе може да содржи дури 60 проценти пестициди. Некои овошја од продавниците содржеле дури 94 проценти пестициди, открива истражувањето. За жал и во Европа прксата е слична. Овошја и зеленчуци во кои биле пронајдени најголеми количества пестициди: 1. Домати 2. Пиперки 3. Праски, нектарини 4. Разни видови на зелена салата 5. Спанаќ, блитва, зелка 6. Јагоди 7. Краставици 8. Грозје 9. Грав Денес навистина е тешко да се најдат свежи продукти кои не се хемиски третирани. Затоа се препорачува дека е најдобро да се јаде овошје и зеленчук кој е биолошки и органски одгледани или од проверени домашни производители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/bidete-vnimatelni-vo-ovie-ovoshja-i-zelenchuci-ima-najmnogu-pesticidi/feed/ 0
Намирници полни со пестициди на македонските пазари: Листа со 12 најотровни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namirnici-polni-so-pesticidi-na-makedonskite-pazari-lista-so-12-najotrovni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namirnici-polni-so-pesticidi-na-makedonskite-pazari-lista-so-12-najotrovni/#respond Wed, 17 Jan 2018 16:17:47 +0000 http://kurir.mk/?p=12139

Јаболкото има најмногу пестициди од сите други видови овошје и зеленчук, а потоа се јагодите, грозјето, праските, спанаќот и благите пиперки. Овие резултати се од истражувањето на американската непрофитна еколошка организација ЕВГ, а загрижува податокот дека остатоци од пестицидите не можат потполно да се отстранат ниту со темелно миење. Најновата листа „12 најотровни" за 2015 година стручњаците ја направија врз основа на анализа на остатоците од пестицидите, а ја спроведе американското Министерство за земјоделие и ФДА, значи станува збор за увезени овошје и зеленчук. Конвенционалната метода за одгледување овошје и зеленчук користи стотици пестициди за да ги уништат потенцијалните штетници и за да се зголемат приносите. Научната заедница многу пестициди ги поврзува со зголемената интенција на карциноми, неплодност, психички пореметувања и сл. Додека за други допрва се открива евентуалното штетно делување. Затоа корисно е да се знае кои производи содржат повеќе пестициди од други и како да постапуваме со производите за да можеме да ја намалиме концентрација на пестициди - предупредуваат нутриционистите. Биолошко одгледување Општо е позната штетноста на пестицидите и за нив важи правилото дека треба да се избегнува количество кое се илјада пати помало од она кое е утврдено дека е отровно. Студија која е спроведена во САД во 2009 година открива дека во крвта на дури 40 отсто од американските деца има барем еден пестицид на ново кое е значително повисоко од одредената гранична вредност илјадапати помала од токсичната концентрација. Поради малата телесна маса децата се особено ризична популација, зашто и малите количества токсични пестициди можат да имаат штетен учинок на нивните органи и системи. Доенчињата и малите деца се многу осетливи на пестициди, па затоа е пожелно мајката и потоа детето да јадат храна која е органски одгледана. Но, бидејќи таа храна е поскапа од онаа која е конвенционално одгледувана, и не може секој да си ја дозволи, корисно е да се знае кое овошје задржува најмногу пестициди, а кое најмалку. Миење и лупење Иако пестицидите можат да допрат и до овошката, најмногу се задржуваат на кората, односно на површината. Траги од пестицидите во самото овошје или во зеленчукот со термичка обработка веројатно ќе се разградат, зашто новите групи пестициди се многу термолабилни. Истражувањата покажуваат дека пестицидите можат да се измијат со вода. Затоа се препорачува овошјето и зеленчукот да се мијат темелно, да се лупат или да се истријат со четка, или да се изгребат за да се отстрани горниот слој (како кога лупите моркови со нож).

Листа на 12 најотровни

1. Јаболка - од сите примероци кои биле земени за испитување, 99 отсто биле позитивни на пестициди; содржат дури и до 56 видови различни хемикалии. 2. Праски - дури 85,6 отсто различни видови праски на пазарот содржат два или повеќе видови пестициди, а 57 видови различни хемикалии. 3. Нектарини - секој примерок од увезените некатарини позитивен е на некој вид пестициди, а 90,8 отсто од нив содржи два или повеќе видови пестициди. 4. Јагоди - во нив се откриени 13 различни видови пестициди. 5. Грозје - на еден примерок пронајдени се дури 15 видови пестициди. 6. Целер - контаминиран е со 13 хемикалии. 7. Спанаќ - содржи различни комбинации пестициди. 8. Блага пиперка - речиси 69,4 отсто од тестираните пиперки содржеле повеќе видови пестициди. 9. Краставици - третирани се со дури 68 различни пестициди. 10. Шери домати - еден примерок од овие домати е загаден со дури 13 хемикалии. 11. Грашок - еден примерок е третиран со 13 видови хемиски средства. 12. Компир - компир со просечна тежина има повеќе пестициди од која било друга храна. Егзотичните видови се најчисти Од тестираните овошја и зеленчуци авокадото е најчисто. Само 1% од сите тестирани видови авокадо на пазарот покажало траги од отровни хемикалии. Слично е и со другите егзотични овошја. Дури 89% испитани ананаси, 82% киви, 80% папаи, 88% манга и 61% дињи не покажале траги од пестциди. Ниту едно овошје или зеленчук од листата на 15 најчисти немало повеќе од четири видови пестициди. Освен егзотичното овошје, чисти се зелката, боранијата, лукот, кромидот, аспарагусот, црниот патлиџан, карфиолот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namirnici-polni-so-pesticidi-na-makedonskite-pazari-lista-so-12-najotrovni/feed/ 0