Петар Андоновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 May 2018 06:00:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Петар Андоновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на новиот роман на Петар Андоновски „Страв од Варвари“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-noviot-roman-na-petar-andonovski-strav-od-varvari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-noviot-roman-na-petar-andonovski-strav-od-varvari/#respond Tue, 22 May 2018 06:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=56781

Новиот роман од Петар Андоновски, „Страв од Варвари“ ќе биде промовиран вечер во кафе бар „Ла Кања“. Романот е во издание на Или-Или, а за него ќе зборуваат Румена Бужаровска и Славчо Димитров. Во предговорот од Лидија Капушевска Дракулевска се вели дека во романот наизменично се испреплетени два наративни тека на два женски гласа: Русинката Оксана и Гркинката Пинелопи. Наспроти општопознатата метафора на името на Гркинката (експлицитната алузија на Пенелопа кај Хомер), помалку е познато дека и името Оксана, покрај словенското (украинско) потекло (со значење: во слава на Бог), во превод од грчки значи „странец“, но и „гостољубив“, што исто така добива метафорички конотации во контекст на романот. Андоновски мошне уверливо ги портретира психолошките профили на двата носечки женски ликови преку сопствената автоперцепција, а преку нивната визура, пак, ги слика и портретите на цела плејада други ликови што упаѓаат во орбитите на нивните животи некогаш и сега. Сите ликови се, на еден или на друг начин, нереализирани во животот, своевидни аутсајдери, со изневерени надежи и неостварени копнежи. Такви се и ликовите на двете нараторки: и тие се инертни, пасивни, еднодимензионални, ним им недостига вториот дел од нивната личност, отсутната жена-пријателка, олицетворение на динамичниот, активен принцип на постоењето. Без нивното „алтер его“, животот на двете нараторки е бесмислен, празен и апсурден. Просторното вкрстување на двојната нарација се случува со доаѓањето на тројцата Руси (всушност Украинци, но во времето на кое се алудира во романот, Украина е сѐ уште во составот на СССР) на островот Гавдос и со овој настан се воведува клучната тема во романот – варварството. Петар Андоновски е роден 1987 година во Куманово. Тој е автор на: „Ментален простор" (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли" (роман, 2013, три изданија), „Телото во кое треба да се живее" (роман, 2015, три изданија), „Страв од варвари" (роман, 2018). Добитник е на наградата Роман на годината на Утрински весник за романот „Телото во кое треба да се живее“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-noviot-roman-na-petar-andonovski-strav-od-varvari/feed/ 0