петар пан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 09:38:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png петар пан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради големиот интерес на публиката „Петар Пан“ ќе долета во Штип на 11, а во Струмица на 18 јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poradi-golemiot-interes-na-publikata-petar-pan-ke-doleta-vo-shtip-na-11-a-vo-strumitsa-na-18-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poradi-golemiot-interes-na-publikata-petar-pan-ke-doleta-vo-shtip-na-11-a-vo-strumitsa-na-18-juni/#respond Mon, 05 Jun 2023 09:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=842184

Поради големиот интерес за детскиот балетски спектакл „Петар Пан“, можноста да уживаат во претставата ќе ја имаат децата од Штип и од Струмица. Вистински начин да се одбележи крајот на училишната година со омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат. На 11 јуни (недела), точно напладне (12 ч) во НУКЦ „Ацо Шопов“ во Штип, ќе долета Ѕвончица заедно со Петар Пан, капетанот Кука, Венди, индијанци, пирати… Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите оние што си го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либрето го пее Ѕвончица преку различни песни што едноставно влегуваат во уво и долго се пеат. Една недела подоцна, на 18 јуни, во НКУЦ -Антон Панов во Струмица, во 12:00 часот, Ѕвончица со својот волшебен прав и прекрасните сонгови ќе ги пресели сите гости во волшебната земја Недојдија. Претставата не се пропушта поради оригиналноста и мајсторска симбиоза на играта, зборовите и музиката. Се е прекрасно и наросено со волшебен прав: зборовите се паметат и потпевнуваат а сценографија и костими инспиративно зрачат радост и среќа. Да потсетиме: Петар Пан имаше премиера во Скопје, сеуште се памети добра атмосвера, овации и радоста на децата во публиката и на сцената. Петар Пан е потпишан од тимот составен од Ристо Самарџиев- сценарио и сонгови, Ирена Лозинска – кореографија и режија, Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт Балет“, костимите се на Елена Вангеловска, сценографијата на Љупчо Јованов а музиката на Владимир Дојчиновски -Дојчин. На сцената доминираат по 57 деца (во двете постави) од балетското студио „Арт Балет“ и гостите при балетскиот ансамбл на НОБ: Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау. Продукцијата на „Петар Пан“ е на М- Соунд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poradi-golemiot-interes-na-publikata-petar-pan-ke-doleta-vo-shtip-na-11-a-vo-strumitsa-na-18-juni/feed/ 0
Детска балетска претстава Петар Пан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/detska-baletska-pretstava-petar-pan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/detska-baletska-pretstava-petar-pan/#respond Thu, 23 Mar 2023 06:45:48 +0000 https://kurir.mk/?p=815268

Во Националната опера и балет на 31 март премиерно ќе биде изведена детската балетска претстава Петар Пан во режија и кореографија на Ирена Лозинска. Детали за претставата ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција. Сценариото и сонговите за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката е на Владимир Дојчиновски –Дојчин, а продукцијата на М-Соунд. Во овој музичко балетски спектакл учествуваат и 56 деца од балетско студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл. Детската балетска претстава за Петар Пан, момче што не сакаше да порасне, ќе биде изведена од 17:30 и 20 часот на 31 март, а билетите можат да се набават на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/detska-baletska-pretstava-petar-pan/feed/ 0
Објавен трејлерот за филмот „Петар Пан и Венди“, римејк на легендарниот цртан филм на Дизни https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/objaven-trejlerot-za-filmot-petar-pan-i-vendi-rimejk-na-legendarniot-tsrtan-film-na-dizni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/objaven-trejlerot-za-filmot-petar-pan-i-vendi-rimejk-na-legendarniot-tsrtan-film-na-dizni/#respond Fri, 03 Mar 2023 10:04:43 +0000 https://kurir.mk/?p=807533

Дизни работи на „полна пареа“, а сега објавија дека во кината доаѓа филмот „Петар Пан и Венди“, римејк на легендарниот цртан филм од 1953 година. Како што е најавено, ќе излезе на платформата Disney Plus на 28 април. Филмот „Петар Пан и Венди“ ја претставува Венди Дарлинг, млада девојка која се плаши да го напушти домот од детството, која го запознава Петар Пан, момче кое одбива да порасне. Заедно со нејзините браќа и малата самовила, Тинкербел, таа патува со Петар во магичниот свет на Недојдија. Таму го запознава капетанот на пиратите, капетанот Кук, и се впушта во возбудлива и опасна авантура која засекогаш ќе ѝ го промени животот. Главните улоги ги толкуваат Џуд Ло, Александар Молони, Евер Андерсон, Јара Шадиди и многу други. Погледнете го трејлерот:
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/objaven-trejlerot-za-filmot-petar-pan-i-vendi-rimejk-na-legendarniot-tsrtan-film-na-dizni/feed/ 0
Една од омилените бајки крие тажна приказна: Семејство скршено од несреќи, дознајте ја нивната судбина https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/edna-od-omilenite-bajki-krie-tazna-prikazna-semejstvo-skrsheno-od-nesrekji-doznajte-ja-nivnata-sudbina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/edna-od-omilenite-bajki-krie-tazna-prikazna-semejstvo-skrsheno-od-nesrekji-doznajte-ja-nivnata-sudbina/#respond Tue, 10 May 2022 17:58:31 +0000 https://kurir.mk/?p=674739

Многу генерации пораснаа со „Петар Пан“, а децата ширум планетата сонуваа да ја „посетат земјата Недојдија“ со него. Меѓутоа, другата страна на оваа бајка крие тажна приказна за момчиња кои биле инспирација за ликот на Петар Пан и неговите „изгубени момчиња“. Синоним за вечна младост и одбивање да порасне е момчето во зелен костум со зашилена капа, Петар Пан, кого  го создаде шкотскиот автор Џејмс Метју Бери. Тој стана дел од популарната култура, а приказната за неговите авантури се играше и во театар и во филм. Сепак, помалку е познато дека авторот бил инспириран да го создаде ликот на „вечното момче“ од момчиња кои навистина постоеле. Изгубени момчиња -Џејмс Метју Бери првпат ги видел момчињата од семејството Левелин Дејвис во 1897 година додека шетале со неговата дадилка низ Кенсингтон Гарденс во Лондон. Тогаш петгодишниот Џорџ, една година помладиот Џек и нивниот новороден брат Питер веднаш го маѓепсале, па почнале да се гледаат секој ден и станале блиски пријатели. Нивните родители Артур и Силвија Левелин Дејвис, покрај овие три момчиња, имале уште два сина, Мајкл и Николас, попознат како Нико, пишува Vintage News. Ликот на Петар Пан првпат се појави во 1902 година во романот на Бери „Малата бела птица“ во поглавјето наречено Петар Пан во Кенсингтонските градини. Оваа приказна почна да се прикажува на сцената две години подоцна како претставата „Петар Пан, момчето што не сака да порасне“. Претставата беше дополнета и претворена во романот „Питер Пан и Венди“ кој беше објавен во 1911 година, во кој се појави и капетанот Кук, „Изгубените момчиња“, и браќата на Венди... Децата го сакаа „Вујко Џим“, како што го нарекуваа Бари, а тој ги забавуваше со измислени приказни, на кои подоцна ќе ги базира авантурите на најпознатото „вечно момче“. Семејство скршено од несреќи Сепак, семејството Дејвис доживеало голема трагедија во 1907 година, кога таткото на момчето Артур починал од рак на коските. Авторот на Петар Пан тогаш многу ѝ помогнал на Силвија, но и таа по три години се разболела од рак и починала. Така момчињата останале под грижата на Бари, кој бил речиси единствен нивни старател. Во тоа време бил добро ситуиран писател, па финансиски ги издржувал момчињата и им обезбедувал „покрив над глава“ додека не се осамостојат. Иако останале без родители, се чинело дека сепак им е обезбеден пристоен живот покрај семејниот пријател кога го сакаа, но тогаш нова трагедија ги погодила браќата Левелин Дејвис. Најстариот Џорџ се пријавил како доброволец во британската армија за време на Првата светска војна, а во 1915 година го загубил животот на бојното поле на 21-годишна возраст. Шест години по ова, несреќно починал и Мајкл Левелин Дејвис, кој се удавил заедно со својот најдобар пријател, за кој се шпекулираше дека е негов љубовник, во Оксфорд. Многумина мислеа дека неговиот лик е најголемата инспирација за Петар Пан, па не е чудно што Бари бил особено погоден од неговата смрт. Џон Левелин Дејвис починал во 1959 година на 65-годишна возраст, додека неговиот брат Питер се самоубил следната година. Цел живот се борел со „идентификувањето со Петар Пан“ и тоа што го нарекувале така каде и да се појави, па подлегнал на притисокот и скокнал под возот. Од петте браќа Дејвис, најдолго живеел најмладиот Нико, кој починал на 77-годишна возраст во 1980 година. Џејмс Метју Бери почина од пневмонија на 19 јуни 1937 година на 77-годишна возраст и се откажа од авторските права на „Петар Пан“ во болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/edna-od-omilenite-bajki-krie-tazna-prikazna-semejstvo-skrsheno-od-nesrekji-doznajte-ja-nivnata-sudbina/feed/ 0
Тестирајте го вашиот вид: На прв поглед обичен пламен, на втор – нешто друго https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/testirajte-go-vashiot-vid-na-prv-pogled-obichen-plamen-na-vtor-neshto-drugo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/testirajte-go-vashiot-vid-na-prv-pogled-obichen-plamen-na-vtor-neshto-drugo/#respond Wed, 20 Apr 2022 17:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=666163

Фотографиите се вистинска уметност, а голем дел од фотографите вложуваат многу труд и работа за да дојдат до своето совршено уметничко дело. Од друга страна, некогаш доволно е да имате малку среќа и само да го притиснете копчето од фотоапаратот (или мобилниот телефон). Непознат автор само посакал да го фотографира пламенот, можеби од здодевност. Меѓутоа, кога подобро ќе ја погледнете фотографијата ќе воочите нешто друго. Пред него во пламенот се укажале силуетите на два добро познати ликови – Петар Пан и неговата верна Ѕвончица. Погледнете добро – свртени се со грб еден со друг, лево е Ѕвончица, а десно Петар Пан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/testirajte-go-vashiot-vid-na-prv-pogled-obichen-plamen-na-vtor-neshto-drugo/feed/ 0
ТРГЕДИЈА КОЈА СЕ КРИЕ ЗАД ПРИКАЗНАТА НА „ПЕТАР ПАН“: Израснавме со него, но вистината е потполно поинаква https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/trgedija-koja-se-krie-zad-prikaznata-na-petar-pan-izrasnavme-so-nego-no-vistinata-e-potpolno-poinakva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/trgedija-koja-se-krie-zad-prikaznata-na-petar-pan-izrasnavme-so-nego-no-vistinata-e-potpolno-poinakva/#respond Mon, 29 Nov 2021 15:30:38 +0000 https://kurir.mk/?p=601521

Многу генерации пораснаа со „Петар Пан“, а децата ширум планетата сонуваа да ја „посетат земјата Недојдија“ со него. Меѓутоа, другата страна на оваа бајка крие тажна приказна за момчиња кои биле инспирација за ликот на Петар Пан. Синоним за вечна младост и одбивање да порасне е момче во зелен костум со зашилена капа во иста боја, Петар Пан, кога го создаде шкотскиот автор Џејмс Метју Бери. Тој стана дел од популарната култура, а приказната за неговите авантури се играше и во театар и во филмовите. Сепак, помалку е познато дека авторот бил инспириран да го создаде ликот на „вечното момче“ од момчиња кои навистина постоеле. Џејмс Метју Бери првпат ги видел момчињата од семејството Левелин Дејвис во 1897 година додека шетале со својата дадилка низ Кенсингтон Гарденс во Лондон. Тогаш петгодишниот Џорџ, една година помладиот Џек и нивниот новороден брат Питер веднаш го маѓепсале, па почнал да ги гледа секој ден и станал близок пријател на семејството. Нивните родители Артур и Силвија Левелин Дејвис, покрај овие три момчиња, имаа уште два сина, Мајкл и Николас, попознати како Нико, пишува „Винтиџ њуз“. Ликот на Петар Пан првпат се појавил во 1902 година во романот на Бери „Малата бела птица“ во поглавјето наречено Петар Пан во градините Кенсингтон. Оваа приказна почнала да се прикажува на сцената две години подоцна како претставата „Петар Пан, момчето што не сака да порасне“. Претставата била дополнета и претворена во романот „Питер Пан и Венди“, кој бил објавен во 1911 година, во кој се појави и капетанот Кук, „Изгубени момчиња“, Браќата на Венди. Децата го сакаа „Вујко Џим“, како што го нарекуваа Бари, а тој ги забавувал со измислени приказни, на кои подоцна ќе ги базира авантурите на најпознатото „вечно момче“. Сепак, семејството Дејвис ја доживеа првата голема трагедија во 1907 година, кога таткото на момчето, Артур, почина од рак на коските. Авторот на Петар Пан тогаш многу и помогнала на Силвија, но и таа по три години се разболела од рак и починала. Така, момчињата останаа под грижата на Бари, кој беше речиси единствениот нивен старател. Во тоа време бил добро ситуиран писател, па финансиски ги издржувал момчињата и им обезбедувал „покрив над глава“ додека не се осамостојат. Иако останаа без родители, се чинеше дека на момчињата и понатаму им беше обезбеден пристоен живот покрај семејниот пријател когo го сакаа, но тогаш нова трагедија ги погоди браќата Левелин Дејвис. Најстариот Џорџ се пријавил како доброволец во британската армија за време на Првата светска војна, а во 1915 година го загубил животот на бојното поле на 21-годишна возраст. Шест години по ова, несреќно починал и Мајкл Левелин Дејвис, кој се удавил заедно со својот најдобар пријател, за кој се шпекулирало дека е негов љубовник, во Оксфорд. Многумина мислеле дека неговиот лик е најголемата инспирација за Петар Пан, па не е чудно што Бари го погодила особено смртта, а тој некаде напиша дека „тој е на некој начин во негова близина“. Џон Левелин Дејвис починал во 1959 година на 65-годишна возраст, додека неговиот брат Питер се самоубил следната година. Цел живот се борел со „идентификувањето со Петар Пан“ и тоа што така го викаа каде и да се појави, па подлегнал на притисокот и скокнал под воз. Од петте браќа Дејвис, најдолго живеел најмладиот Нико, кој починал на 77-годишна возраст во 1980 година. Џејмс Метју Бери починал од пневмонија на 19 јуни 1937 година на 77 години и во болница се откажал од авторските права на „Петар Пан“ и поради овој благороден гест многу деца имале корист. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/trgedija-koja-se-krie-zad-prikaznata-na-petar-pan-izrasnavme-so-nego-no-vistinata-e-potpolno-poinakva/feed/ 0