Петар Петковиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 May 2023 20:48:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Петар Петковиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петковиќ: Во Брисел нема напредок во новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-vo-brisel-nema-napredok-vo-novata-runda-dijalog-megu-prishtina-i-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-vo-brisel-nema-napredok-vo-novata-runda-dijalog-megu-prishtina-i-belgrad/#respond Mon, 15 May 2023 20:42:00 +0000 https://kurir.mk/?p=834508

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ денеска во Брисел по новата рунда дијалог со Приштина на техничко ниво изјави дека ништо не е договорено, дека нема напредок и дека косовската страна тврди дека не знае што е тоа Сојуз на српски општини (ЗСО), јави дописникот на МИА од Белград. Петковиќ изјави дека разговорите не биле лесни и дека однесувањето на главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими, „било скандалозно“, како што рече, бидејќи дошол неподготвен и одбил да разговара на која било тема. - Бисљими дојде сам, без документи, а кога требаше да зборуваме за натамошното спроведување на формирањето на ЗСО или за прашањето за исчезнатите и слободата на движење и други важни прашања како што е институционалното насилство, не сакаше да даде какви било конкретни одговори и со неговите упади се обидуваше да го направи дијалогот бесмислен, рече Петковиќ. Според него, Бисљими не сакал да зборува ниту за енергетиката, на под ги фрлил доказите дека на новинарката на РТС и бил забранет влез во Косово, а повикувањето на повелбата на ОН го оценил како „зборување глупости“, односно, според Петковиќ, тој само сакал да исценира разговор што всушност таму го немало. Петковиќ оцени дека Приштина уште еднаш покажала дека нема намера да формира ЗСО и повтори дека Бисљими, кому неколкупати му се обратил Албин Курти (премиерот на Косово), рекол дека „не знае што е тоа“. Новата рунда преговори во Брисел почна утрово со средбата на специјалниот преговарач на ЕУ, Мирослав Лајчак, со српската делегација на чело со Петар Петковиќ. Ова е прва средба на главните преговарачи на Србија и Косово по средбата на високо ниво меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 мај во Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-vo-brisel-nema-napredok-vo-novata-runda-dijalog-megu-prishtina-i-belgrad/feed/ 0
Петковиќ: Следната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина ќе биде посветена на ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-slednata-runda-dijalog-megu-belgrad-i-prishtina-ke-bide-posvetena-na-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-slednata-runda-dijalog-megu-belgrad-i-prishtina-ke-bide-posvetena-na-zso/#respond Wed, 19 Apr 2023 07:46:38 +0000 https://kurir.mk/?p=825320

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека следната седница на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што треба да се одржи на 2 мај во Брисел, ќе биде посветена на Заедницата на српски општини (ЗСО). „Да одиме во најконкретните чекори кога станува збор за формирањето на ЗСО, но не онака како што тоа го сака Албин Курти, туку како што е договорено преку четири договори од 2013 и 2015 година“, рече Петковиќ за РТС. Првиот чекор, според него, е управувачкиот тим да го претстави својот нацрт на статутот на ЗСО, по што ќе следи расправа за предложениот нацрт, што мора да ги содржи сите одредби договорени во општите принципи од 2015 година. „На тоа ќе инсистираме, тоа е во духот на договорот и што се договоривме во Охрид. Секако дека треба да инсистираме на тоа, без ЗСО едноставно е невозможно да се зборува за ништо“, оцени Петковиќ, пренесе Бета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-slednata-runda-dijalog-megu-belgrad-i-prishtina-ke-bide-posvetena-na-zso/feed/ 0
Петковиќ и Бислими во Брисел ќе разговараат за имплементација на договореното во Охрид https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-i-bislimi-vo-brisel-ke-razgovaraat-za-implementatsija-na-dogovorenoto-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-i-bislimi-vo-brisel-ke-razgovaraat-za-implementatsija-na-dogovorenoto-vo-ohrid/#respond Tue, 04 Apr 2023 05:50:28 +0000 https://kurir.mk/?p=819798

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, на кој ќе се разговара за имплементација на договореното на средбите во Охрид на 18 март. Средбата Петковиќ и Бислими треба да започне околу 11 часот. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано на вчерашниот брифинг истакна дека двете страни мора да се фокусираат на имплементација, бидејќи само така може да успее договорот, што би помогнало да се излезе од сегашната ситуација. - Двете страни се обврзаа да се воздржат од какви било дејствија што ќе имаат спротивен ефект врз атмосферата, што е неопходно за конструктивен ангажман и помирување, посочи Стано. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-i-bislimi-vo-brisel-ke-razgovaraat-za-implementatsija-na-dogovorenoto-vo-ohrid/feed/ 0
Петковиќ: Во продолжение на дијалогот во Брисел ќе се разговара за спроведување на договорот од Охрид https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-vo-prodolzhenie-na-dijalogot-vo-brisel-ke-se-razgovara-za-sproveduvane-na-dogovorot-od-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-vo-prodolzhenie-na-dijalogot-vo-brisel-ke-se-razgovara-za-sproveduvane-na-dogovorot-od-ohrid/#respond Wed, 29 Mar 2023 14:52:44 +0000 https://kurir.mk/?p=817805

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека во продолжението на дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се разговара за конкретни чекори за имплементација на договорот од Охрид. Средбата на шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими е закажана за 4 април во Брисел. Петковиќ за радио Белград изјави дека ќе има продолжување на дијалогот на техничко ниво и дека ќе се разговара за конкретни чекори за спроведување на договорот од Охрид, заедно со јасни „црвени линии“, пренесе Бета. „Нашите црвени линии се дека Белград никогаш нема да се согласи таканареченото Косово да стане членка на ОН и дека Белград ниту де факто ниту де јуре нема да го признае таканареченото Косово. Можеме да разговараме и да видиме за се друго што беше договорено во Анексот, како ќе го спроведеме“, рече Петковиќ. Тој додаде дека во текстот на Анексот за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово, меѓу првите работи што треба да се исполнат е обврската на Приштина да формира Заедница на српски општини и дека јасно дека треба да се спроведе во согласност со релевантните претходни договори од дијалогот. Според него, суштинските надлежности на ЗСО, нејзините цели, органи и како функционира се јасно дефинирани, вклучително и точка 16, која предвидува дека Белград го финансира ЗСО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovik-vo-prodolzhenie-na-dijalogot-vo-brisel-ke-se-razgovara-za-sproveduvane-na-dogovorot-od-ohrid/feed/ 0
На Петковиќ повторно му се забрани влез во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-petkovikj-povtorno-mu-se-zabrani-vlez-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-petkovikj-povtorno-mu-se-zabrani-vlez-vo-kosovo/#respond Tue, 27 Sep 2022 12:16:05 +0000 https://kurir.mk/?p=737957

Властите во Приштина повторно му го одбиле барањето на директорот на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Петар Петковиќ за посета на Северна Митровица, јавија косовските медиуми повикувајќи се на Радио-телевизија на Србија (РТС). Според државната српска телевизија, Петковиќ денеска, по повод верскиот празник Крстовден, требало да присуствува на свеченоста на отворањето на плоштадот во Митровица што ќе го носи името на браќата Милиќ, близнаци кои страдале како припадници на српските сили во војната во Косово во 1999 година. Петковиќ најавил и дека ќе го посети во градската болница младиот Србин Немања Митровиќ, за кого медиумите на српски јазик информираа дека бил нападнат и ранет со нож од косовски Албанци. Ова е деветти пат по ред, од почетокот на минатата година, како на шефот на српската Канцеларија за Косово властите во Приштина му го одбиваат барањето за влез во Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-petkovikj-povtorno-mu-se-zabrani-vlez-vo-kosovo/feed/ 0
Петковиќ: Изјавите на Курти дека ЗСО никогаш нема да се формира поттикнуваат на војна https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovikj-izjavite-na-kurti-deka-zso-nikogash-nema-da-se-formira-pottiknuvaat-na-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovikj-izjavite-na-kurti-deka-zso-nikogash-nema-da-se-formira-pottiknuvaat-na-vojna/#respond Mon, 08 Aug 2022 15:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=715748

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти, со најавата дека Заедницата на српските општини (ЗСО) никогаш нема да се формира и дека Србите мора да прифатат еднострани одлуки за регистарските таблички и личните картички, „поттикнува конфликти во Косово и Метохија“, јави дописникот на МИА од Белград. Петковиќ во писмената изјава наведе дека Курти „во секоја изјава го измислува наводното влијание на Русија, бидејќи сака не само да го нападне Белград, туку и да ги оправда идните нови еднострани и насилни дејствија против српскиот народ во покраината (Косово)“. Тој оцени дека „обидите на Приштина да ја наметне агендата на разговорите во Брисел со некои празни соништа за „заемно признавање“ не се ништо повеќе од тактиката дијалогот да го обесмислат и да го уништат уште пред тој да започне“. Она што Курти добро го знае, посочи Петковиќ, но не смее јавно да го каже, е дека Србите него на Косово го сметаат за директно одговорен за сите малтретирања, инциденти, обесправеност, лишување од слободата на движење и други демократски права. Затоа, додава тој, нивниот отпор и револт е резултат на едностраните, насилни и незаконски дејствија на Курти, а не на некаква оркестрирана странска агенда. Премиерот на Косово, Курти во интервју за италијанскиот весник „Република“ изјави дека постои ризик од нов конфликт со Белград за Косово и дека ризикот од конфликт е голем, тврдејќи дека „рускиот лидер Владимир Путин стои зад Србија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/petkovikj-izjavite-na-kurti-deka-zso-nikogash-nema-da-se-formira-pottiknuvaat-na-vojna/feed/ 0