петар поп арсов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 14:44:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png петар поп арсов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДОЈАВА ЗА БОМБА И ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ – еве за кое се работи, малолетните ученици веднаш евакуирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojava-za-bomba-i-vo-osnovno-uchilishte-eve-za-koe-se-raboti-maloletnite-uchenici-vednash-evakuirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojava-za-bomba-i-vo-osnovno-uchilishte-eve-za-koe-se-raboti-maloletnite-uchenici-vednash-evakuirani/#respond Thu, 01 Dec 2022 14:44:19 +0000 https://kurir.mk/?p=769602

Дојава за поставен експлозив попладнево имало и во основното училиште „Петар Поп Арсов“. Денеска, нешто по 15.00 часот преку електронска пошта примена е порака во основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4 со заканувачка содржина во која е наведено дека е поставен експлозив во училиштето. По приемот на пораката веднаш е известена полицијата, а децата се безбедно евакуирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojava-za-bomba-i-vo-osnovno-uchilishte-eve-za-koe-se-raboti-maloletnite-uchenici-vednash-evakuirani/feed/ 0
По дванаесетти пат се одржа традиционалната Ораторска вечер Петар Поп Арсов во организација на УМС ВМРО-ДПМНЕ Велес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dvanaesetti-pat-se-odrza-tradicionalnata-oratorska-vecher-petar-pop-arsov-vo-organizacija-na-ums-vmro-dpmne-veles/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dvanaesetti-pat-se-odrza-tradicionalnata-oratorska-vecher-petar-pop-arsov-vo-organizacija-na-ums-vmro-dpmne-veles/#respond Tue, 25 Oct 2022 20:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=750409

Вечерва по дванаесетти пат се одржа традиционалната Ораторска вечер Петар Поп Арсов во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес. Овогодинешниот победник е Лина Рангелова, второпласирана е Мартина Стаменкова и третопласирани Мартина Ефремовски. Претседателот на УМС Велес Стефан Тодевски беше организатор на истата. УМС ВМРО-ДПМНЕ Велес ги охрабруваат сите млади Македонци да го кренат својот глас за подобра иднина! - Носењето на одлуки не е само работа на постарите, носењето на одлуки е и наша обврска, но и чин кој не обврзува и учи на одговорност. Силата и визијата е во младите и мораме заедно да ја искористиме, движејќи се по патот кој ни го трасираше Поп Арсов со неговите другари. Да е вечна Македонија! Да е вечна Унијата на Млади сили, посочуваат од УМС Велес.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dvanaesetti-pat-se-odrza-tradicionalnata-oratorska-vecher-petar-pop-arsov-vo-organizacija-na-ums-vmro-dpmne-veles/feed/ 0
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес положи свежо цвеќе пред куќата на Петар Поп Арсов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-vmro-dpmne-ok-veles-polozi-svezo-cvekje-pred-kukjata-na-petar-pop-arsov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-vmro-dpmne-ok-veles-polozi-svezo-cvekje-pred-kukjata-na-petar-pop-arsov/#respond Fri, 23 Oct 2020 15:46:37 +0000 https://kurir.mk/?p=419899

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес, предводена од пратеникот Игор Здравковски положи свежо цвеќе пред куќата на Петар Поп Арсов во село Богомила, велешко. Во чест на денешниот празник 23 октомври - денот на револуционерната борба и денот на основањето на македонската револуционерна организација беше организирана посета на куќата на еден од основачите на организацијата Петар Поп Арсов. Поп Арсов бил дел од основоположниците на Организацијата, автор е на нејзиниот прв устав, долгогодишен член на ЦК и има значајно место и улога во македонската историографија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-vmro-dpmne-ok-veles-polozi-svezo-cvekje-pred-kukjata-na-petar-pop-arsov/feed/ 0
„Мерси“ бате Борисов, доста не „бранеше“! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mersi-bate-borisov-dosta-ne-braneshe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mersi-bate-borisov-dosta-ne-braneshe/#respond Sun, 10 May 2020 15:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=344237

Бугарската држава не признава постоење на национални малцинства. Сите се Бугари! Тоа е нешто слично како францускиот концепт на уредување на државата, ама на балкански начин. Во Франција сите се французи. Французи се оние кои што самите се сметаат за французи по род, наследниците на Галите, но и оние од Алзас, Лорен, Бретања, Баскија, Корзика па дури и дојдените од земјите на Магреб и останатите делови на Африка, а кои чувствуваат „малку“ поинаков идентитет. Задолжителна компонента, која што без исклучоци ги поврзува сите овие луѓе под француското знаме, е францускиот јазик. Говорењето на францускиот јазик е задолжително и само преку неговото познавање поединецот може да се стекне со правото на француско државјанство. Јазикот е основниот елемент врз кој се дефинира граѓанскиот идентитет на секој французин. Но, мора да се истакне дека јазичната разноликост, која што постои во Франција, се почитува и во тој контекст слободно можат да се користат и изучуваат јазици како што се алзашкиот, каталонскиот, баскискиот, бретањскиот, дури и галскиот фо форма на регионални јазици во Франција. „Истото“ е и во Бугарија. Иако е под силен притисок на Рамковната конвенција за национални малцинства на Советот на Европа, која од неразбирливи причини Бугарија ја има прифатено, земјата не признава малцинства. Не признава малцинства или тоа го прави сосема неволно со толкување на одредбите од Конвенцијата на свој уникатен начин. Тоа значи дека во Бугарија сите етнички групи, Македонци, Турци, Роми, Помаци и останати, бугарската држава ги идентификува исто како и мнозинскиот бугарски народ. Сите се Бугари! Во Македонија имаме сосема различен концепт. Малцинските права се признаени. Признаени се преку Уставот и националното законодавство, но и преку превземените обврски од прифатените меѓународни договори и конвенции. Тоа е сосема спротивен концепт од бугарскиот. Кај нас, покрај мнозинскиот македонски народ, признаено е постоењето на останатите заедници кои експлицитно се наведени во Уставот. Во Македонија свој неоспорен идентитет и права уживаат Албанците, Србите, Ромите, Власите, Турците и Бошњаците, но и сите останати, кои што се изјаснуваат на поинаков начин, и не се оспорувани од никого. Овде доаѓаме до суштината на споредбата на овие два концепти. Ако во Бугарија сите се Бугари, а бугарската политика смета дека Македонците се Бугари, дали тогаш, имајќи го во предвид бугарскиот концепт на поимање на идентитетот на сопствените граѓани, сите останати кои што живеат во Македонија, исто така се Бугари? Ако во Бугарија сите се Бугари, а во Макединија Македонците се „Бугари“, тогаш логично е и сите останати во Македонија да се „Бугари“?! „Бугари“ се и Албанците, и Србите, и Ромите, и Турците….сите се „Бугари“! Тоа би бил логичниот заклучок ако одиме по бугарските стандарди и вредности! Целата колумна на Петар Поп-Арсов можете да ја прочитате ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mersi-bate-borisov-dosta-ne-braneshe/feed/ 0
Поп Арсов: зошто Владата не побара мислење од Венецијанската комисија пред донесување на Законот за јазици туку истото го стори по неговото усвојување? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pop-arsov-zoshto-vladata-ne-pobara-mislenje-od-venecijanskata-komisija-pred-donesuvanje-na-zakonot-za-jazici-tuku-istoto-go-stori-po-negovoto-usvojuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pop-arsov-zoshto-vladata-ne-pobara-mislenje-od-venecijanskata-komisija-pred-donesuvanje-na-zakonot-za-jazici-tuku-istoto-go-stori-po-negovoto-usvojuvanje/#respond Sat, 12 Oct 2019 10:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=250766

Поранешниот амбасадор во Советот на Европа во Стразбур, Петар Поп Арсов преку свој статус на Фејсбук даде опширно видување во врска со разгледувањето на нацрт мислењето на Венецијанската комисија во однос на Законот за јазици. Неговиот статус интегрално го пренесуваме во целост, инаку Венецијанската комисија е под надлежност на Советот на Европа каде тој беше член во минатото. Неколку збора во однос со есенската пленарна седница* на Венецијанската комисија, која се оддржува на 11 и 12 октомври 2019 г. (вчера и денес), на која што во рамки на точката 14, посветена на Македонија се разгледува Нацрт мислењето на Венецијанската комисија во однос на Законот за јазици. На почетокот се поставуваат неколку прашања. Првото е, зошто Владата на РМ не побара мислење од Венецијанската комисија пред донесување на Законот за јазици туку истото го стори по неговото усвојување? Второто прашање е, зошто Венецијанската комисија испрати своја делегација во Р. Македонија после повеќе од една година од усвојувањето на Законот за јазици, односно дури после осум месеци од неговот стапување во сила? Третото прашање е, какви импликации ќе има мислењето на Венецијанската комисија врз целокупниот политички и правен амбиент во Р. Македонија? Да потсетиме дека усвојувањето на законот за јазици се случи после еден крајно турбулентен период како последица од сите настани кои што се случуваа во Македонија, започнувајќи од крајот на 2014 година со најавата за т.н. „бомби“, следеше кумановското „Диво насеље“ во мај 2015 г., за се да кулминира со настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Во меѓувреме се оддржаа парламентарни (2016) и локални (2017) избори. Постапката за усвојување на Законот за јазици се одвиваше во услови на политички тензии, притвори, судски постапки исклучиво против претставници на опозицијата, бојкот на парламентот од страна на пратеничката група на најголемата опозициона партија итн. Во однос на првото прашање, односно зошто Владата на Заев не побара мислење од Венецијанската комисија пред донесување на Законот за јазици, туку истото го стори по неговото усвојување, може да се посочат неколку факти кои што се поврзани со делокругот на функционирање на Венецијанската комисија, без притоа да се допираат останатите важни аспекти поврзани со овој закон. 1. Усвојувањето на Законот во јануари 2017 г. и неговото објавување во Службен весник без потпис на Претседателот на државата една година подоцна, беше политичка обврска на Владата на Заев како резултат на начинот на кој што истата беше избрана. Зошто беше избрана таквата Влада и дали постоеја други опции, е прашање кое што е сосема друга тема и бара многу поголем простор за негова елаборација. 2. Отпочнувањето на целокупната дебата во однос на овој закон, која што се водеше во рамки на дебатата за т.н. „тиранска платформа“, претставуваше увертира во активностите кои што следеа и резултираа со потпишувањето на договорите со Бугарија (август 2017 г.) и Грција (јуни 2018 г.). 3. За усвојување на Законот за јазици беше неопходно т.н. „бадинтерово мнозинство“. Токму во ова мнозинство е клучот за понатамошната постапка и настаните кои што ќе следат по усвојувањето на конечното мислење на Венецијанската комисија во однос на Законот за јазици. Токму потребата од „бадинтерово мнозинство“ е одговор на прашањето зошто беше побарано мислење од Венецијанската комисија по донесувањето на Законот за јазици, а кој што одговор ќе следи кон крајот на овој текст. 4. Доколку беше побарано мислење од Венецијанската комисија пред усвојување на Законот очигледно е дека истата ќе укажеше на елементите кои што се спротивни на Уставот, конвенциите и останатите релевантни правни акти на Советот на Европа. Ваквото укажување ќе беше исто како укажувањето содржано во нацрт верзијата на мислењето, кое што овие денови протече во јавноста надвор од стандардните процедури на доверлив дијалог меѓу Венецијанската комисија и владите на земјите членки. Факт е дека таквото укажување пред усвојување на законот ќе беше причина за повлекување на законот и негови корекции и усогласување со Уставот на РМ. Сето ова ќе ги разнишаше односите на релација СДСМ-ДУИ во многу сензитивен период, особено ако се има во предвид притисокот од потребата од стабилно парламентарно мнозинство за исполнување на императивот кој што си го наметна СДСМ самата на себе за решавање на проблемот со името и реализирање на уставните измени. Тука некаде лежи одговорот зошто беше усвоен овој закон без претходно да се побара мислење од Венецијанската комисија. Во однос на второто прашање, односно зошто Венецијанската комисија испрати своја делегација во Р. Македонија после повеќе од една година од усвојувањето на Законот за јазици, односно осум месеци по неговото стапување на сила, се наметнуваат следниве одговори. 1. Венецијанската комисија несакаше да влијае** со свое мислење на локалните избори од 2017 г., кои што ги споменавме погоре во текстот. Имајќи ја во предвид Нацрт верзијата на мислењето, за која што деновиве пишуваа македонските медиуми, можеме да видиме дека Венецијанската комисија посочува дека одредени делови од Законот за јазици се спротивни на Уставот на РМ. Која политичка партија имаше бенефит од отсуството на такво мислење пред локалните избори во 2017 г., е повеќе од јасно, односно партиите од актуелната владејачка коалиција кои ги освоија речиси сите општини во РМ. Нормално, ова не беше последица само на ова прашање, но факт е дека ефектот би бил сосема поинаков доколку мислењето на Венецијанската комисија беше достапно уште пред почетокот на собраниската процедура за усвојување на Законот за јазици во 2017 г. 2. Аналогно на претходното, со оглед на тоа што политичкта дебата во однос на законот за јазици се одвиваше паралелно со постапката за постигнување на договор со Бугарија и Грција, Венецијанската комисија веројатно не сакала да има свое влијание и на процесите и настаните кои што се одвиваа и следеа, односно потпишувањето на договорите со Бугарија и Грција. 3. Ова прашање наметнува дополнителното прашање, а тоа е каков ќе биде политичкиот ефект од мислењето на Венецијанската комисија во моментот кога истото ќе ја добие својата конечна верзија, особено во контекст на претстојните парламентарни избори, кога и да се случат? Дали барањето на Владата на Заев за одлагање на усвојувањето на финалната верзија на мислењето, кое што требаше да се случи на пленарната седница на Венецијанската комисија одржана на 11 и 12 октомври 2019 г., всушност посочува на тоа дека сеуште не е донесена конечната одлука за датумот за оддржување на изборите. Патем кажано, датумот за претстојните избори, во најголема мера, ќе зависи од неколку други значајни фактори. Одлуката за почеток на преговори со ЕУ, заслужена уште во 2009 г., како и конечното стекнување на статусот полноправна земја членка на НАТО, се клучните референтни точки од кои ќе зависат понатамошните политички настани во државата. Исто така, менаџирањето на ефектите од големиот број на криминални афери кои што ја потресуваат владејачката структура ќе бидат дел од факторите кои што ќе ја одредат политичката позиција на власта во однос на прашањето за оддржување на изборите. Мислењето на Венецијанската комисија и сето она што потоа ќе следи како постапка, дефинитивно ќе има свое влијание на резултатите од следните парламентарни избори и во тој контекст може да се гледа тајмингот на целокупната активност на Венецијанската комисија. Токму споменатиот тајминг претставува основна компонента на одговорот на прашањето какви импликации ќе има мислењето на Венецијанската комисија врз целокупниот политички и правен амбиент во Р. Македонија, особено на одговорот на дополнителното прашање за тоа каков ќе биде политичкиот ефект од мислењето на Венецијанската во контекст на претстојните избори во 2020 г.? Во однос на политичкиот аспект можеме да го издвоиме следново: 1. Очигледно е дека Венецијанската комисија ќе укаже на постоење на противуставни елементи во Законот за јазици и ќе сугерира нивно усогласување со Уставот. 2. За очекување е Венецијанската комисија, како институција на Советот на Европа, да укаже на постоење на неусогласеност со меѓународните стандарди, конвенции и останати правни акти на Советот на Европа. Овде особено се мисли на Европската повелба за регионални и малцински јазици на Советот на Европа. Република Македонија е потписник на оваа повелба, но сеуште ја нема ратификувано од причина што стандардите вградени во македонското закондавство во однос на јазичните права на малцинските заедници се далеку поголеми од оние предвидени со одредбите од повелбата. Нејзината ратификација всушност ќе значи враќање на неколку чекори назад во однос на јазичните права на малцинските заедници. Можеме слободно да кажеме дека ваков пример на јазични права не постои никаде во Европа и пошироко. Обидот за ратификација на оваа повелба може да предизвика дополнителни политички тензии по етничка линија. 3. Како најважен политички ефект, кој што всушност претставува и основна цел на вака темпираното, а во суштествениот дел задоцнетото вклучување на Венецијанската комисија, е овозможување на владејачките партии, пред се на СДСМ и ДУИ да профитираат од ова прашање. Факт е дека Законот за јазици од мнозинството Македонци се доживува како непотребна и наметната обврска, која што не придонесува за подобрување на меѓуетничките односи. Не би можеле да говориме во име на етничките Албанци за тоа како го доживуваат овој Закон, но факт е дека наметнувањето на дополнителни обврски кон останатите етнички заедници во Република Македонија, со ништо не придонесува за зголемување на правата на самата албанска етничка заедница, а со тоа и за подобрување на меѓуетничките односи кое што е од исклучителен интерес за сите нас. 4. Фавозирањето на само една етничка малцинска заедница претставува дискриминација и нарушување на правата на останатите малцински заедници и за очекување е дека овој факт ќе биде една од причините зошто Венецијанската комисија ќе укаже на потребата од измени на Законот за јазици. 5. Кога се споменуваат измените на веќе усвоениот закон, доаѓаме до клучниот момент и одговор на прашањето зошто токму сега се активираше Венецијанската комисија. Имено, веќе по првичните изјави на претставниците на СДСМ (Десковска) и ДУИ (Груби), се навестува силна борба меѓу овие две партии, кои ќе се вкопаат во имагинарни ровови бранејќи ги сопствените позиции, секоја со свои мотиви. Сосема е извесно дека СДСМ ќе се „залага“ за имплементирање на мислењето на Венецијанската комисија кое што во некаква форма на измени на Законот ќе биде доставена до Собранието на Македонија. Сосема е извесно дека ќе има силно залагање од пратениците на оваа партија за почитување на мислењето на Венецијанската комисија како врвно експертско тело на Советот на Европа. Сосема е извесно и тоа дека пратениците на оваа партија, поддржани од останатите политички партии, вклучително и на ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласаат за предложените измени. И секако, сосема е извесно и за очекување, согласно моменталната поставеност на фигурите на шаховската табла, дека овие измени ќе добијат огромно мнозинство. Но, тука ќе недостасува „Бадинтер“! Токму тука е најголемата манипулација која што ја прави СДСМ. Во однос на претставниците на помалите етнички заедници застапени во парламентот, пред се тука се мисли на албанската заедница, кратко кажано, мнозинството пратеници ќе гласаат против. ДУИ како политичка партија ќе се обиде целокупниот политички бенефит да го стави на свое конто, поточно кажано да го сочува веќе стекнатиот политички капитал добиен врз основа на Законот за јазици. ВМРО-ДПМНЕ веќе го има достигнато максималниот пик во однос на ова прашање и неможе да се очекува дека ќе има додадена политичка вредност во моментот на заокружувањето на целокупниот процес, дури и ќе мора да вложи дополнителни напори да го сочува она што досега беше стекнато како политички капитал. Шансата за најголема добивка во оваа перфидна игра ја има токму СДСМ. Оваа партија ќе се обиде да ги поправи ефектите кои што со себе ги носи Законот за јазици, а кои што своевремено имаа негативен импакт врз СДСМ, особено кај македонското гласачко тело. На тој начин СДСМ ќе се обиде да се претстави како партија која се грижи за почитување на меѓународните стандарди и вредности и која истовремено, во рамките на тие станадрди и вредности, се грижи за македонските национални интереси. Со еден збор, ќе се обиде да ја санира руинираната патриотската компонента во рамките на своето функционирање. Правните аспекти се уште покомплицирани и со негативно кумулативно дејство кон човековите права на македонските граѓани и Македонија како држава. Имено, дијалогот меѓу Венецијанската комисија и Владата на една земја членка на Советот на Европа има неформален и необврзувачки карактер. Со други зборови, Владата на РМ, иако нема формална обврска, може да го уважи мислењето на Венецијанската комисија и во форма на предлог да го достави до Собранието, чие што парламентрано мнозинство, во принцип и по правило, е на иста линија со Владата. Имплементацијата на мислењата на Венецијанската комисија ја превенира неусогласеноста на националното законодавство со веќе прифатените и ратификувани конвенции и останати правни акти на Советот на Европа. Ваквата состојба дава доволни гаранции за граѓаните на една земја членка на Советот на Европа дека шансите за повреда на човековите права се сведени на минимум, односно било каква повреда ќе биде утврдена од националното судство, без понатамошна потреба од поведување на постапка пред Судот во Стразбур. Теоретски гледано, евентуалното неимплементирање на мислењето на Венецијанската комисија во Законот за јазици носи опасност во иднина од создавање на услови за евентуална повреда на човековите права која што од страна на македонското судство нема да може да биде констатирана од причини што законот е таков и го дозволува тоа. Во тој случај правдата ќе мора да биде побарана пред Судот во Стразбур, кој што ќе биде обврзан да констатира повреда на човековите права. Причината за ваквиот исход ќе биде неимплементирањето на мислењето на Венецијанската комисија заради погоре споменатите политички мотиви. Сето ова може да предизвика поднесување на серија апликации (тужби) до Судот во Стразбур, чии што пресуди ќе ја доведат Македонија во состојба постојано да биде на дневен ред на Комитетот на Министри на Советот на Европа. Покрај индивидуалните мерки за обештетување на поедини граѓани, од страна на Советот на Европа ќе биде побарано извршување и на генерални мерки, односно усогласување на Законот со Уставот и меѓународните правни акти. Со други зборови кажано, наместо неформален дијалог како што во моментов постои со Венецијанската комисија, Република Македонија ќе биде формално задолжена да го направи истото. Гледано од теоретски аспект ова би биле можните резултати кои би произлегле како последица на непочитувањето на мислењето на Венецијанската комисија. Ваквото непочитување свои ефекти ќе има на среден и долг рок, а нивното решавање ќе претставува обврска за некоја друга Влада. Практичните ефекти, цели и политички мотиви веќе ги образложивме и истите немаат никаква врска со демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. За економските ефекти од овој закон воопшто и да зборуваме во оваа прилика, иако истите најверојатно ќе бидат споменати од Венецијанската комисија. Дури и најбогатите европски земји не се во состојба да си дозволат имплементација на закон чии што одредби одат повисоко од европските стандарди, а кој што воедно има силно изразени финансиски импликации. Во принцип никој не треба да биде против унапредување на правата на помалите етнички заедници, но притоа треба да се води ред за оддржливиот карактер на секој законски проект, кој што реално ќе придонесува за подобрување на меѓуетничките односи и меѓусебното почитување. Исто така, улогата и активностите на Венецијанската комисија, како врвно експертско тело од областа на правото, треба да бидат засновани исклучиво на правната компонента, ослободена од било какви политички влијанија кои би имале негативни ефекти врз зачувувањето и зајакнувањето на трите столба врз кои што се потпира Советот на Европа и неговите земји членки, а тоа се демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права. * https://www.venice.coe.int/webforms/documents/default.aspx… ** Информација дадена на амбасадорот на РМ при Советот на Европа, за кое што е информирано македонското МНР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pop-arsov-zoshto-vladata-ne-pobara-mislenje-od-venecijanskata-komisija-pred-donesuvanje-na-zakonot-za-jazici-tuku-istoto-go-stori-po-negovoto-usvojuvanje/feed/ 0