Петар Стано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 May 2023 18:41:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Петар Стано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ остро ги осуди судирите во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-ostro-gi-osudi-sudirite-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-ostro-gi-osudi-sudirite-vo-severno-kosovo/#respond Fri, 26 May 2023 18:41:49 +0000 https://kurir.mk/?p=839211

Европската унија остро ги осудува судирите во кои учествуваа косовската полиција и демонстрантите на северот на Косово, иницирани од обидот на новоизбраните градоначалници да влезат во општинските згради, соопшти ЕУ. - Силно изразуваме жалење за нападите врз патролите на цивилната мисија на ЕУ на Косово, Еулекс. На Еулекс мора да му се дозволи мирно да го спроведува својот мандат, се вели во пишаната изјава на Петер Стано, главниот портпарол за надворешна политика и безбедност на Унијата. Според ЕУ, сите страни треба да преземат акции за деескалација на тензичната ситуација и веднаш да се врати смиреноста. ЕУ нагласува дека нема да прифати никакви дополнителни еднострани или провокативни дејствија, а приоритет треба да бидат зачувување на мирот, а безбедноста на теренот. - Како што ЕУ постојано наведува, неодамнешните дополнителни избори на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за вклучените општини. Таквото решение може да се најде само преку вистински дијалог меѓу сите клучни чинители, кои ги вклучуваат Косово, Србија и заедницата на косовските Срби, со посредство на ЕУ, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-ostro-gi-osudi-sudirite-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Стано: Одлуката на Косово за укинување на Управувачкиот тим за ЗСО го нарушува духот на договорот за дијалог https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-odlukata-na-kosovo-za-ukinuvane-na-upravuvachkiot-tim-za-zso-go-narushuva-duhot-na-dogovorot-za-dijalog/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-odlukata-na-kosovo-za-ukinuvane-na-upravuvachkiot-tim-za-zso-go-narushuva-duhot-na-dogovorot-za-dijalog/#respond Thu, 04 May 2023 07:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=830410

Портпаролот на Европската унија, Петар Стано, изјави дека одлуката на Косово да го распушти Управувачкиот тим, кој го подготви Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО), „го крши словото и духот на договорот за дијалог“ и дека секоја одлука во врска со тимот мора да биде одобрена во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград. Стано нагласи дека според договорите постигнати за дијалогот, јасно е дека Управувачкиот тим мора да функционира до донесување на статутот на ЗСО. Тој потсети дека првиот нацрт беше претставен од страна на овој тим на 2 мај за време на разговорите на високо ниво, со кои беше започнат преговарачкиот процес. Стано рече дека посредниците во дијалогот ќе ги поканат главните преговарачи да започнат преговори, а доколку има потреба ќе биде поканет и Управувачкиот тим да учествува во процесот. -ЕУ како посредник ќе ги покани главните преговарачи и нивните експерти во Брисел за да започнат преговори за повелбата. Очекуваме двете страни да се вклучат во процесот конструктивно и со добра волја и брзо да ги завршат преговорите. На 2 мај, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, им рече на двете страни дека Управувачкиот тим ќе биде поканет да учествува во процесот доколку е потребно, што ќе го утврди модераторот на ЕУ, рече Стано. „Косово со премиерот Албин Курти донесе еднострана и незаконска одлука за распуштање на Управувачкиот тим кој го подготви нацртот на Статутот на ЗСО и го претстави во вторник во Брисел, на што немаат право ниту Курти, ниту неговиот министер за локална самоуправа“, изјави претходно директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-odlukata-na-kosovo-za-ukinuvane-na-upravuvachkiot-tim-za-zso-go-narushuva-duhot-na-dogovorot-za-dijalog/feed/ 0