петар василев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Mar 2021 16:35:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png петар василев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Василев за КОД: Застаре едно од делата на Мијалков, казна затвор се намалува за 3 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-za-kod-zastare-edno-od-delata-na-mijalkov-kazna-zatvor-se-namaluva-za-3-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-za-kod-zastare-edno-od-delata-na-mijalkov-kazna-zatvor-se-namaluva-za-3-godini/#respond Sat, 06 Mar 2021 16:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=478250

Три години од затворска казна која што му беше изречена на Сашо Мијалков нема да ја има ниту во првостепената пресуда со која е осуден на 12 години затвор, открива во КОД неговиот адвокат Петар Василев. Застаре едно од делата за кое му се судеше на екс началникот на УБК Сашо Мијалков. Три години од неговата затворска казна нема да ја има ниту во првостепената пресуда со која е осуден на 12 години затвор бидејќи таа се уште не е напишана, а се работи за делото Примање награда кое е едно од трите во пресудата за Таргет - Тврдина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-za-kod-zastare-edno-od-delata-na-mijalkov-kazna-zatvor-se-namaluva-za-3-godini/feed/ 0
Василев: Притворот за Мијалков е донесен врз база на претпоставки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-pritvorot-za-mijalkov-e-donesen-vrz-baza-na-pretpostavki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-pritvorot-za-mijalkov-e-donesen-vrz-baza-na-pretpostavki/#respond Thu, 29 Nov 2018 15:29:22 +0000 https://kurir.mk/?p=133777

Целото решение за одредување мерка притвор е донесено врз база на претпоставки, господинот Мијалков нема никаква поврзаност со трансакцијата за „Диамед“ ниту пак со износот од 11 милони евра кој што се споменува. Само поради такви претпоставки во услови на почитување на сите досега изречени мерки, одбраната смета дека нема никаков основ за определување на мерката притвор, изјави Петар Василев, еден од адвокитите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Адвокатскиот тим на Мијалков исто така смета дека одлуката за притвор е донесена спротивно на законот поради уште една причина, а тоа е дека решението е донесено во постапка без да може обвинетиот да се прозинесе по таквиот предлог. „Притворот е определен спротивно на законот, пред се поради тоа што решението е донесено во постапка без да може истиот да се прозинесе по таквиот предлог односно спротивно на начелото на контрадикторност во кривичната постапка за што впрочем имаме и судска пракса од Европскиот суд за човекови права. Секогаш кога се преиначува построга мерка, судот е должен да го покани обвинетиот да се произнесе по предлогот за определување мерки“, рече Василев. Во однос на јавната седница на Апелациониот суд каде треба да биде образложено барањето за укинување на притворот за Мијалков, адвокатите на поранешниот директор на УБК велат дека е чудно тоа што седницата се уште не е закажана, со оглед на тоа дека поминале 8 дена од кога е поднесено барањето, а законскиот рок за закажување на седницата е 3 дена. „Чекаме покана од Апелациониот суд за одржување на јавна седница, се надеваме дека ќе биде што поскоро бидејќи поминаа веќе 7-8 дена, а законскиот рок за закажување на јавна седница по жалбата на одбраната е во рок од 3 дена. Малку е и чудно што досега се одолговлекува“, рече Василев. Во вторникот минатата недела поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков по барање на Специјалното јавно обвинителство, а по одлука на Основниот суд Скопје 1 Скопје беше приведен во хотелот Мериот и спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Мерката притвор е определена за случајот Таргет-тврдина со образложение дека Мијалков планирал бегство надвор од државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-pritvorot-za-mijalkov-e-donesen-vrz-baza-na-pretpostavki/feed/ 0
Василев: Аболицијата на Иванов се уште е на сила и има правна последица, судските постапките мора да се запрат и да не се кршат законите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-abolicijata-na-ivanov-se-ushte-e-na-sila-i-ima-pravna-posledica-sudskite-postapkite-mora-da-se-zaprat-i-da-ne-se-krshat-zakonite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-abolicijata-na-ivanov-se-ushte-e-na-sila-i-ima-pravna-posledica-sudskite-postapkite-mora-da-se-zaprat-i-da-ne-se-krshat-zakonite/#respond Wed, 06 Jun 2018 14:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=62987

Во интервју дадено за емисијата „Несомнено“ на Катерина Гетева, Петар Василев, адвокат на одбраната на обвинетите во случаите на Специјалното јавно обвинителство, рече дека за сите лица кои што се опфатени со аболицијата на  Претседателот Ѓорѓи Иванов донесена во април 2016 судските постапки и истраги кои се водат од страна на Специјалното јавно обвинителство или од Основното јавно обвинителство  мора да се прекинат. Сакам да го истакнам фактот дека одбраната уште, да речам во третиот - четвртиот дена после објавување на аболицијата од страна на претседателот и имајќи предвид дека обвинителството е должно после законот со наредба да ја запре постапката кога постои ваква правна ситуација, побара од обвинителството да донеси наредба за запирање, со оглед дека ги почитуваат законите и со оглед дека сметаме дека веќе ја донеле. Но, од обвинителството не добивме таков одговор, туку добивме одговор дека тие ќе ги запрат за момент постапките, а наводно дека се најавуваа големи протести и под притисок дека претседателот ќе ја повлече аболицијата ќе си продолжиле со постапките. Вакво нешто не е предвидено во законот, а сега гледаме дека грчкиот суд а и сите други судови кои што ја почитуваат Европската конвенција за човекови права и кои ги применуваат високите европски стандарди за правично судење и почитување на правото и законите одлучуваат на тој начин, истакна Василев. Адвокатот Василев додаде дека до судот доставиле барање за прекин на судската постапка кога ги поднесувале приговорите на обвинителните акти, но судот подолго време го занемарувало ова прашање околу аболицијата на Иванов. Според Василев паметно од страна на судот би било да донесе решение по оваа прашање. -По мое лично мислење и по мислење на колегите од одбраната а и според мислењето на сите кои го практицираат правото, мора да се донесе одлука со која што ќе се запре постапката и ќе се отфрли обвинителниот акт, рече Василев. За изјавата на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев дека судот треба да изгради став по однос на оваа прашање, адвокатот со став Василев. -Јас не знам што значи тоа став како што Џолев рече дека судот треба да го изгради. Но, и да е тоа став, тој треба да биде изграден врз основа на закон. Ставови вон закон односно спротивни на законот сметам дека единствено има политичка позадина, се со цел да се задоволи нечии интерес, вели адвокатот. За помилување на Иванов, Василев рече дека претседателот на државата согласно Уставот на Република Македонија има право на помилување. Помилувањето е правото на претседателот согласно Уставот, со кое претседателот има право на поединец да им изрази акт на милост и со тоа во одредена фаза во постапката во кој се наоѓа кривичниот прогон да предизвика одредени правни последици. Обично тие правни последици се во интерес на обвинетите против кои се води постапката, без разлика дали се осомничени или обвинети во зависност до кој дел е стигната постапката. Тоа е негово дискреционо право, кажа Василев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-abolicijata-na-ivanov-se-ushte-e-na-sila-i-ima-pravna-posledica-sudskite-postapkite-mora-da-se-zaprat-i-da-ne-se-krshat-zakonite/feed/ 0
Василев: Поради политички притисок на судиите не им се овозможува да судат според законите и правото, непристрасно и професионално https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-poradi-politichki-pritisok-na-sudiite-ne-im-se-ovozmozuva-da-sudat-spored-zakonite-i-pravoto-nepristrasno-i-profesionalno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-poradi-politichki-pritisok-na-sudiite-ne-im-se-ovozmozuva-da-sudat-spored-zakonite-i-pravoto-nepristrasno-i-profesionalno/#respond Wed, 06 Jun 2018 14:30:45 +0000 https://kurir.mk/?p=62976

Адвокатот на одбраната на обвинетите од случаите на Специјалното јавно обвинителство, Петар Василев во вчерашното интервју во емисијата „Несомнено“ на Катерина Гетева рече дека ниедно заканодавство не познава ретроградно носење на законите со повратно дејство, посебно не на штета на обвинетите, алудирајќи дека аболицијата на претседателот на Иванов има правно дејство и покрај тоа што тој ја укинал. Како доказ дека во Македонија не се почитуваат законските решенија, Василев го посочи и случајот на двајцата високи функционери во МВР Бошковски и Грујовски кога Врховниот суд донел одлука дека нема да дозволи екстрадиција бидејќи амнестијата на претседателот е се уште во сила и таа произведува правна последица, додека тоа не е случај во Македонија од страна на македонските судови бидејќи судот не ги запира постапките на СЈО. За случајот кој се води против Бошковски и Грујовски, Василев вели дека последното рочиште било одложено бидејќи судот во Грција предметот го испратил до Институтот за меѓународно право, при Универзитетот во Атина за правни и политички науки и тој институт имајќи ги во предвид законите и законот за повлекување на амнестијата од страна на претседателот биле детално разгледани. -Ниедно законодавство, ниту правната наука не познава ретроградни носења на закони со повратно дејство, односно со дејство наназад. Посебно не на штета на обвинетите. Тие изготвија детален извештај и нагласија дека помилувањето е се уште во сила и дека тоа предизвикува правни последици во однос на постапките, додаде Василев. За предметите Таргет, Тврдина и Трезор постапката се уште не биле започната со оглед дека судот коректно почекал да види што ќе се случи со екстрадицијата. Тој додаде дека Апелација ја укинала пресудата за Тврдина 2 и го вратила предметот на повторно одлучување од првостепениот суд со препорака дека судијата направил повреда во постапката бидејќи не почекала да заврши екстрадиционата постапка. Василев вели дека постапките кои што се водат пред македонскиот суд  за случаите на СЈО не може да се каже дека се водат на еден фер и правично судење пред се поради непочитување на законите, бидејќи со самото дозволување на незаконско стекнатите аудио материјали и транскриптите кои ги поседува СЈО, дозволувањето на овие материјали да бидат доказ во постапките е директно спротивно на законот за кривична постапка. Тој нагласи дека се бара начин со извртување на правните норми да тие се вметнат и да може да се користат во кривичната постапка меѓутоа тоа според него е толку волантаристички и толку неиздржано што и за овие прашања е убеден  дека еден ден ќе бидат расчистени и ќе се донесе одука дека постапката не е водена фер и правично против обвинетите, со оглед дека не е почитувано правото и законите. -Замислете го апсурдот за дел од таканаречените бомби, во голем дел од предметите се веќе ковертирани од страна на судија на претходна постапка, уште кого предметите ги водел ОЈО. Кога една аудио снимка е ковертирана таа не може да биде отворена се додека не се донесе одлука со кој ќе се поништи првата одлука за ковертирање и издвојување од списите на предметот. Овде со квази одлуки се побара од Апелациониот суд да донесе решение како божем да ова решение не постои и се донесија решенија на Апелација и сега се почитува тоа решение, а не се почитува претходното решение. Такво нешто е недозволиво за еден исти предмет, впрочем тука постои и правниот институт „rest judicata“ односно пресудена работа. По тоа прашање еден суд пресудил и донел одлука, а таа е правосилна и извршна, со никаква друга одлука не може да се намали и ли избрише нејзиното дејство. Користењето на снимките по изговор дека е од јавен интерес или фактот што Апелација донела таква одлука е незаконит и не може да произведе законито правно дејство, односно не може да донесе до носење на законита одлука, нагласи Василев. За најавените реформи во правосудството тој смета дека не верува во заложбите за реформи во правосудството бидејќи во последно време се носеле незаконски одлуки. Доколку се ослободат судите од притисок на политичкото влијание Василев вели дека судовите имаат капацитет на носење на законите одлуки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-poradi-politichki-pritisok-na-sudiite-ne-im-se-ovozmozuva-da-sudat-spored-zakonite-i-pravoto-nepristrasno-i-profesionalno/feed/ 0
Василев: Моментално во државата имаме казнивост по секоја цена, дали државата е заробена или ослободена? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-momentalno-vo-drzavata-imame-kaznivost-po-sekoja-cena-dali-drzavata-e-zarobena-ili-oslobodena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-momentalno-vo-drzavata-imame-kaznivost-po-sekoja-cena-dali-drzavata-e-zarobena-ili-oslobodena/#respond Fri, 01 Jun 2018 13:49:09 +0000 https://kurir.mk/?p=61073

Адвокатот Петар Василев, кој е застапник во одбраната во поголем број случаи кои ги води СЈО, во емисијата „Правда и неправда“ вели дека моментално судството во државата ги третира осомничените за виновни без да се поведе судска постапка односно без да се докаже дали навистина тоа е така.

Од аспект на тоа, Василев посочи дека моментално во државата по секоја цена се казнуваат осомничените лица без да се спроведдее соодветна одбрана и од тука постави прашање дали државата е заробена или ослободена?.

-Додека не се докаже дека тој човек не го сторил кривичното дело, не може да се теретира некој дека е виновен односно дека ги сторил кривични дела. Тоа треба во една судска постапка да се поведе меѓутоа од аспектот на казнивот и неказнивост ако имало некогаш неказнивост , сега имаме казнивост по секоја цена и тоа е прашање дали е добро и тоа е прашање на тоа дали државата е заробена или е ослободена, праша Василев.

За пример, Василев  го  посочи предметот „Тенк“ за кој е обвинет Никола Груевски за набавка на блиндиран мерцедес, кој е осуден на 2 години затврска казна. Тој истакна дека таа постапка нема основа да се покрене бидејќи веќе е застарена.

-Тој е осуден на две години ефективна казна затвор во предметот за набавката на блиндираниот мерцедес. Таа постапка како адвокат и како учесник во истрагата знам дека е  релативно застарена односно не можела да биде поведена  после 3 години откако наводно го сторил кривичното дело кое не ни го сторил,  рече Василев.

Тој истакна дека одбраната уште од самиот почеток побарала од СЈО да ја прекине истражната постапка, имајќи го во предвид, Законот за кривична постапка 304, став 1 според кој доколку настапат услови за застареност или постои акт на амнестија , обвинетиот е должен со наредба да ја запре истражната постапка.

-Ние во таа фаза после 12 април 2016 година, веднаш побаравме од Обвинителството да ни ја достави таа наредба имајќи во предвид дека сметаме дека Обвинителството постапува согласно закон и согласно членот 304 и новонастанатата правна ситуација, мора да донесе наредба за запирање на истражната постапка. Такво нешто не се случило. Ние тој предмет и оваа правна ситуација ја аргументиравме во приговорите на обвинителните акти, меѓутоа тие поминаа како брз воз директно во судските постапки иако во нашите приговори имаше огромен број на приговори кои што се издржани согласно закон. Меѓутоа не примената на Европските стандарди на практикување на правото не доведоа до судски постапки и уште долго ќе не водат вака со вакво судство, нагласи Василев.

За одлуката на Врхвниот суд во Грција за одбивање на екстрадацијата на Грујовски и Бошковски, Василев рече дека треба да се почитува бидејќи одлуката е според европските судски стандарди кои се на повисоко ниво од нашите.

-Грција е членка на Европската Унија и членка на советот на Европа а со тоа е директен потписник и почитувач на европската конвенција за човековите права. Демократките и правните стандарди кои важат во Р. Грција тврдам дека се на повисоко становиште од стандардите кои важат во Р. Македонија.Кога еден суд во една држва која во наводници не ни е толку наклонета носи ваква одлука поради сопствениот интегритет, поради интегритетот на сопствените судии, тие сами, заради нивниот интегритет и заради ништо друго имајќи во предвид дека се обврзани да ја почитуваат европската конвенција, по изнесувањето на нашите факти, по презентирањето на предметите на кои се повикавме кои што биле веќе одлучени а се идентични пред Европскиот суд за човекови права кажа Василев.

Исто така и Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Европскиот суд за човекови права, испрати порака до националните судови да одговораат соодветно на барањата на одбраната на случаите што ги води СЈО. Таа истакна дека домашните судови не можат да ги избегнат прашањата кои што ги покренува одбраната бидејќи веројатно сите случаеви на СЈО ќе се најдат пред Европскиот суд за човекови права.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-momentalno-vo-drzavata-imame-kaznivost-po-sekoja-cena-dali-drzavata-e-zarobena-ili-oslobodena/feed/ 0
Василев: Џолев не смее да врши притисок врз Судечкиот совет, одлуките на судиите мора да се правни, а не политички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-dzolev-ne-smee-da-vrshi-pritisok-vrz-sudechkiot-sovet-odlukite-na-sudiite-mora-da-se-pravni-a-ne-politichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-dzolev-ne-smee-da-vrshi-pritisok-vrz-sudechkiot-sovet-odlukite-na-sudiite-mora-da-se-pravni-a-ne-politichki/#respond Mon, 28 May 2018 18:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=59401

Во скопскиот Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Титаник“. Според адвокатот на обвинетите Петар Василев, во овој предмет постои еклатантно кршење на правата на одбраната како и голем број на процедурални грешки од страна на судот. Василев вели дека во членот 304 став 1 јасно се вели оти јавниот обвинител ќе ја запре истражната постапка ако има застареност на предметот или постои изречна амнестија или помилување. Според ова, доколку законите се почитуваа и се применува правно, а не политички, тогаш истражната постапка по лицата врз кои е изречено помилување мора веднаш да биде запрена. Откако одбраната на обвинетите денеска побара судот да ги отфрли обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство повикувајќи се на аболицијата на Иванов, претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев одговори дека судот прво ќе провери дали Иванов имал право да ги ослободи осомничените и на кој член се повикува неговата одлука и дали таа е прaвосилна. Бранителот Василев ваквата изјава на Џолев ја окактеризира како вршење на притисок врз судечкиот совет кој постапува по  овој предмет, нагласувајќи дека тој како претседател нема надлежност за увид во судските предмети. -Како претседател на судот тој нема увид во судските предмети. Ниту на било каков начин а посебно не со вакви изјави не би требало и не смее да врши притисок директно врз судечките совет кој што постапуваат по овие предмети. Тој со неговата функција нема такви надлежности и ме зачудува својството кое што си го придава за да може да коментира и да дава ставови во врска со ова прашање, рече Василев во Вестите на Телевизија Сител. Вели дека македонските судови треба да постапуваат согласно со Европското право како што постапил Врховниот суд во Атина. Тој како неточни ги отфрли гласините дека грчкиот министер во правда може да ја отфрли судската одлука Горан Груевски и Никола Бошковски да не бидат екстрадирани во Македонија. -Врховниот суд е највисоката инстанца во Република Грција. Таа е конечна и гласините низ медиумите што ги слушнавме дека имало можност министерот за правда оваа одлука да ја оспори, да ја преиначи или на било каков начин да влијае на нејзе е неиздржана и нема поткрепа во законот. Со оглед дека тоа би било директно мешање на извршната власт во судската власт која што во една демократска држава е недозволено а и ниту еден правен систем такво нешто не познава, вели Василев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-dzolev-ne-smee-da-vrshi-pritisok-vrz-sudechkiot-sovet-odlukite-na-sudiite-mora-da-se-pravni-a-ne-politichki/feed/ 0
Василев: Истражната постапка за лицата врз кои е изречено помилувањето мора веднаш да запре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-istraznata-postapka-za-licata-vrz-koi-e-izrecheno-pomiluvanjeto-mora-vednash-da-zapre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-istraznata-postapka-za-licata-vrz-koi-e-izrecheno-pomiluvanjeto-mora-vednash-da-zapre/#respond Mon, 28 May 2018 09:45:52 +0000 https://kurir.mk/?p=59184

Во кривичен суд денеска продолжи судењето за случајот „Титаник“, на кое се изведуваат воведните говори. Според бранителот Петар Василев, во овој предмет постојат голем број на процедурални грешки и грубо кршење на правото на одбраната. Прашањето околу помилувањето од страна на претседстелот на државата е факт кој предизвикува трајни последици врз обвинетите. -Во членот 304 став 1 се вели дека јавниот обвинител ќе запре истражна постапка ако има застареност на предметот или постои изречена амнестија или помилување. Ако го имаме во предвид овој закон кој сега го цитирав, истражната постапка по лицата врз кои е изречено помилувањето мора веднаш да биде запрена, рече Василев. Тој додаде дека државниот орган мора да го почитува овој закон и веднаш да побара запирање на постапката. Тоа го стори и Врховниот суд на Грција кој што одлучи дека помилувањето е сеуште во правна сила па затоа не ги екстрадираше лицата кои обвинителството ги гони и побара за нив да биде распишана меѓународна потерница. -Како правилно би одлучил Врховниот суд во Грција побара и стручно мислење од страна на Институтот за меѓународно право. Еднаш изречено помилување предизвикува трајни и конечни постапки врз лицата за кои е изречено помилувањето, рече бранителот Василев. Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-istraznata-postapka-za-licata-vrz-koi-e-izrecheno-pomiluvanjeto-mora-vednash-da-zapre/feed/ 0