петар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Aug 2023 12:24:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png петар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција се подготвува за невремето „Петар“, пораки со предупредување до жителите на три региони https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-se-podgotvuva-za-nevremeto-petar-poraki-so-predupreduvane-do-zhitelite-na-tri-regioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-se-podgotvuva-za-nevremeto-petar-poraki-so-predupreduvane-do-zhitelite-na-tri-regioni/#respond Sat, 05 Aug 2023 12:24:32 +0000 https://kurir.mk/?p=863655

Порака од бројот 112 за итни случаи со предупредување за силно невреме, претпладнево добија сите оние кои се наоѓаат во грчките области Епир, Етолоакарнаниа и Јонските острови, поради невремето „Петар“ што денеска се очекува да го зафати западниот и северниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Поради невремето што ќе донесе обилни врнежи на дожд, висока фреквенција на молњи и град, министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас синоќа свика вонреден состанок „со цел да постои најголема можна координација на сите надлежни органи“. Кикиљас истакнал дека „целиот механизам на цивилната заштита е во состојба на готовност“ за да може да се преземат неопходните превентивни мерки, но и веднаш да има справување со евентуалните проблеми поради опасните временски појави. На состанокот било одлучено доколку биде потребно да се активира бројот 112 со предупредувачки пораки до одредени области во зависност од текот на невремето. Претпладнево, ваква предупредувачка порака добија оние кои се во областите Епир, Етолоакарнаниа и Јонските острови во западниот дел на Грција и од нив беше побарано да ги ограничат непотребните движења и да ги следат упатствата од властите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-se-podgotvuva-za-nevremeto-petar-poraki-so-predupreduvane-do-zhitelite-na-tri-regioni/feed/ 0
ДЗС со седум припадници се приклучи во потрагата по исчезнатиот Петар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-so-sedum-pripadnici-se-prikluchi-vo-potragata-po-ischeznatiot-petar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-so-sedum-pripadnici-se-prikluchi-vo-potragata-po-ischeznatiot-petar/#respond Tue, 01 Mar 2022 12:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=638659

Од денеска во потрагата по детето Петар Џобоски се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). – Во потрагата се ангажирани седум припадници на ДЗС од кои четири од Тимот за брз одговор за спасување од планини од ПОЗС – Битола, еден припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС – Прилеп и двајца вработени од Секторот за оператива и логистика, соопшти ДЗС. На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото Врбско за да ги проверат пчелите. Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-so-sedum-pripadnici-se-prikluchi-vo-potragata-po-ischeznatiot-petar/feed/ 0
Родителите на Петар, момчето кое стана вирално за неколку часа – побараа видеото да се избрише од социјалните мрежи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-na-petar-momcheto-koe-stana-viralno-za-nekolku-chasa-pobaraa-videoto-da-se-izbrishe-od-socijalnite-mrezi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-na-petar-momcheto-koe-stana-viralno-za-nekolku-chasa-pobaraa-videoto-da-se-izbrishe-od-socijalnite-mrezi/#respond Mon, 29 Nov 2021 11:35:18 +0000 https://kurir.mk/?p=601392

Симпатично видео на кое момче по име Петар со целата своја детска искреност и наивност раскажува дека не сака да јаде грашок кога оди на планинарење, ја расположи и ја освои јавноста вчера. Видео клипот за многу кратко време се прошири на социјалните мрежи и достигна голема гледаност, но сепак, и покрај позитивната енергија која ја пренесе, ,,Фокус” дознава дека родителите на Петар не сакале истото да се споделува. Наша позната водителка и инфлуенсерка која како и илјадници други граѓани го споделила видеото на својот социјален профил, раскажа дека мајката на момчето ја контактирала и побарала од неа да ја тргне објавата. -Мајката побара да го тргнам видеото, бидејќи, како што вели, сепак е дете. Ја испочитував и го тргнав, таа е негова мајка, но во секој случај видеото има многу споделувања, се објави и во повеќе потрали – ни кажа таа. Инаку, неофицијално, видеото прв го објавил другар на таткото на момчето, по што започнало преземањето од оние кои сметале дека е интересно и забавно, и кои генерално, без лоша намера, не ни помислиле дека евентуално треба да се добие согласност од родители, за да се споделува видео клип со дете. На социјалните мрежи веќе започнаа и полемиките околу тоа дали јавноста смеела да го споделува видеото, дали и какви штети тоа може да предизвика, односно дали може да иницира сајбер – булинг и да влијае негативно врз момчето. Иако во помал број, но актуелни се и коментари околу тоа дали дете кое наоѓа замерки на понудената храна е разгалено, со што се испоставува дека момчето сепак, иако не по своја вина, се најде на мета на невкусни коментари и критики, и прашање е како тоа може да влијае врз неговата детска психа. Со цел да го дознаеме ставот на родителите по повод објавувањето и масовното споделување на видеото со нивното дете, „Фокус“ ја контактираше мајката, но до објавата на веста таа не одговори на нашите прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-na-petar-momcheto-koe-stana-viralno-za-nekolku-chasa-pobaraa-videoto-da-se-izbrishe-od-socijalnite-mrezi/feed/ 0
ФОТО: Јанкулоска објави фотографија со синот Петар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-jankuloska-objavi-fotografija-so-sinot-petar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-jankuloska-objavi-fotografija-so-sinot-petar/#respond Sat, 28 Jul 2018 13:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=82161

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ужива во мајчинство. Таа минатиот месец се породи во една од скопските клиники и на свет го донесе малиот Петар. На социјалните мрежи, Јанкулоска објави фотографија на која е облечена во дрес на Ливерпул пред породување и фотографија од денес во пресрет на вечерашниот натпревар, повторно во дрес, но со малиот Петар во раце кој исто така ќе навива за омилениот клуб на мама. Ова е прво дете на Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко Илиевски со кого е во брак од 2010 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-jankuloska-objavi-fotografija-so-sinot-petar/feed/ 0