Петер Пелегрини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 16:10:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Петер Пелегрини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фицо потпиша договор со две партии за формирање нова словачка влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fitso-potpisha-dogovor-so-dve-partii-za-formirane-nova-slovachka-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fitso-potpisha-dogovor-so-dve-partii-za-formirane-nova-slovachka-vlada/#respond Mon, 16 Oct 2023 16:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=889453

Поранешниот популистички премиер на Словачка, Роберт Фицо, чија партија Смер освои најмногу гласови на парламентарните избори на 30 септември, денеска потпиша коалициски договор со лидерите на двете партии за формирање нова влада. Фицо и неговата левичарска Смер постигнаа договор со Петер Пелегрини, шеф на левичарската партија Глас, која го освои третото место на изборите и има 27 места во новиот парламент, како и со ултранационалистичката и проруската Словачка национална партија со 10 пратеници. Поранешниот премиер и неговата партија, која планира да ја прекине воената поддршка на земјата за Украина, победија на парламентарните избори на 30 септември со 22,9 отсто од гласовите, освојувајќи 42 од 150 места во Парламентот. Трите партии минатата недела се согласија партијата на Фицо да го именува премиерот и да има уште шест министри, со што ќе го отвори патот Фиц да биде шеф на владата на Словачка по четврти пат. Глас ќе го именува претседателот на Парламентот и седум министри, додека Словачката национална партија ќе има тројца министри. Смер, меѓу другото, ќе ги има и министрите за надворешни работи, правда, одбрана и финансии. Глас ќе ги добие министерствата за внатрешни работи, економија и образование, додека Словачката национална партија ќе ги добие министерствата за култура и за животна средина. Фицо претходно рече дека сака Словачка да остане членка на ЕУ и НАТО, но со „целосно почитување на суверенитетот на неговата земја“, а во понеделникот нагласи дека „неговата влада нема да зборува во име на странски интереси“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fitso-potpisha-dogovor-so-dve-partii-za-formirane-nova-slovachka-vlada/feed/ 0
Моравецки: Поранешните комунистички земји во ЕУ се уште имаат потреба од поддршка од ЕУ фондовитe https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moravecki-poraneshnite-komunistichki-zemji-vo-eu-se-ushte-imaat-potreba-od-poddrshka-od-eu-fondovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moravecki-poraneshnite-komunistichki-zemji-vo-eu-se-ushte-imaat-potreba-od-poddrshka-od-eu-fondovite/#respond Thu, 26 Apr 2018 06:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=46246

Полскиот премиер Матеуш Моравецки изјави дека поранешните комунистички земји, кои се членки на ЕУ, се уште имаат потреба од високи нивоа на финансирање од фондовите на Унијата за да го достигнат животниот стандард на нивните западни партнери. На заедничка прес-конференција со словачкиот премиер Петер Пелегрини, кој е во посета на Варшава, Моравецки рече дека државите од Источна Европа се уште се позаостанати од Западот, затоа што после Втората светска војна немале „среќа“ да можат целосно економски да се развиваат. Полският премиер истакна дека животниот стандард и инфраструктурата на европскиот Исток останува под нивото на европскиот Запад. Изјавата на премиерот на Полска доаѓа во време кога се најавува дека во следната буџетска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година финансирањето на земјите од Централна Европа ќе биде намалено за  милијарди евра. Се смета дека тоа е делумно казнена мерка против Полска и Унгарија поради непочитување на владеењето на правото и одбивањето да прифатат мигранти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moravecki-poraneshnite-komunistichki-zemji-vo-eu-se-ushte-imaat-potreba-od-poddrshka-od-eu-fondovite/feed/ 0
Именувана нова министерка за внатрешни работи на Словачка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/imenuvana-nova-ministerka-za-vnatreshni-raboti-na-slovachka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/imenuvana-nova-ministerka-za-vnatreshni-raboti-na-slovachka/#respond Tue, 24 Apr 2018 11:51:37 +0000 https://kurir.mk/?p=45358

Словачкиот премиер Петер Пелегрини денеска ја номинира сегашната заменичка Дениса Сакова за нова министерка за внатрешни работи, соопшти портпаролот на претседателот на Словачка. Функцијата е во центарот на вниманието на јавноста поради убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Куснирова, кое предизвика пад на словачката влада. Сакова долго време соработуваше со претходниот министер Роберт Калинак, кого го замени Томас Друкер, но тој поднесе оставка минатата седмица. Новинарот Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Куснирова беа убиени на 21 февруари. Словачките власти соопштија дека околностите на убиството укажуваат дека било нарачано и оти најверојатно има врска со работата на Куцијак. Убиството на новинарот предизвика политичка криза во земјата која резултираше со протести, пад на владата и смена на шефот на националната полиција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/imenuvana-nova-ministerka-za-vnatreshni-raboti-na-slovachka/feed/ 0
Словачкиот шеф на полицијата заминува од функцијата поради убиството на новинарот Куцијак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachkiot-shef-na-policijata-zaminuva-od-funkcijata-poradi-ubistvoto-na-novinarot-kucijak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachkiot-shef-na-policijata-zaminuva-od-funkcijata-poradi-ubistvoto-na-novinarot-kucijak/#respond Tue, 17 Apr 2018 17:43:57 +0000 https://kurir.mk/?p=42168

Словачкиот премиер Петер Пелегрини постигна договор со шефот на полицијата Тибор Гашпар  за негово заминување од таа функција. Оставка од Гашпар бараа граѓаните на протестите, кои траат веќе неколку месеци, поради спроведување независна истрага на убиството на Јан Куцијак и неговата вереница, бидејќи досегашниот шеф на полицијата го гледаат како главна препрека за откривање на убиецот и налогодавачот на таа ликвидација. Пелегрини изјави дека Гашпар ќе замине од функцијата на 31 мај и наведе дека „преку името Тибор Гашпар се напаѓа цела полиција“  и дека „веќе не е во прашање функцијата шеф на полиција“. - Шефот на полиција е компетентна личност, која има квалификации да раководи со полицијата. Меѓутоа, увидовме дека околу неговото име се создаде огромен политички притисок, а тоа не е добро. Се договоривме да замине од функцијата на 31 мај, рече Пелегрини. Претседателот на Словачка Андреј Киска, на премиерот привремено му го довери водењето на ресорот за внатрешни работи, бидејќи министерот Томаш Друкер  поднесе оставка. Дукер во понеделникот рече дека поднесува оставка, бидејќи не нашол причина да го смени шефот на полицијата, а не сака да внесува раздор во словачкото општество, кое бара смена на Хашпар. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachkiot-shef-na-policijata-zaminuva-od-funkcijata-poradi-ubistvoto-na-novinarot-kucijak/feed/ 0
Изгласана новата Влада на Словачка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izglasana-novata-vlada-na-slovachka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izglasana-novata-vlada-na-slovachka/#respond Tue, 27 Mar 2018 06:09:21 +0000 https://kurir.mk/?p=33380

Со 81 глас „за“, 150-члениот словачкиот Парламент синоќа ја изгласа новата Влада на чело со премиерот Петер Пелегрини. Новата Влада беше формирана еден месец по убиството на новинарот Јан Куциак и неговата девојка, што предизвика масовни протести и предизвика оставка на премиерот Роберт Фицо. Фицо, кој во последните 12 години, 10 беше беше премиер, се повлече овој месец по протестите во земјата и повиците на нови избори, а владејачката му ја предаде на Пелегрини, долгогодишен функционер на владејачката партија Смер. Новиот Кабинет ја презеде агендата од претходниот премиер, вклучувајќи ги и плановите за постигнување избалансиран буџет до 2020 година. Сменети се шест членови на Владата, а доведени се само двајца нови кои претходно не биле на никаква позиција во владата. Пелегрини вети дека Словачка ќе остане на проевропскиот и НАТО пат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izglasana-novata-vlada-na-slovachka/feed/ 0
Снимка која го шокираше светот: Дали вреќичка со кокаин падна од џебот на новиот словачки премиер? (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snimka-koja-go-shokirashe-svetot-dali-vrekjichka-so-kokain-padna-od-dzebot-na-noviot-slovachki-premier-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snimka-koja-go-shokirashe-svetot-dali-vrekjichka-so-kokain-padna-od-dzebot-na-noviot-slovachki-premier-video/#respond Sat, 24 Mar 2018 08:36:59 +0000 https://kurir.mk/?p=32705

Само што стапи на функцијата, новиот премиер на Словачка Петер Пелегрини дојде во центарот на вниманието на јавноста зошто во текот на една конференција за медиуми забележано е како од џебот му паѓа вреќичка со нешто што потсетува на бел прав. Иако од снимката не може најјасно да се заклучи за што се работи, социјалните мрежи зборуваат за контроверзното видео на кое се гледа како сомнително пакетче му паѓа од сакото на новиот премиер на Словачка и тоа на конференцијата за медиуми. Кога Пелегрини го извади мобилниот телефон, од џеб му падна вреќичка со бел прав, што исто така го забележа неговиот коалиционен партнер Бели Бугар. Тој стана премиер вчера кога го именуваше претседателот на Словачка Адам Кисак, а на таа функција го замени Роберт Фицо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snimka-koja-go-shokirashe-svetot-dali-vrekjichka-so-kokain-padna-od-dzebot-na-noviot-slovachki-premier-video/feed/ 0
Пелегрини назначен за премиер на Словачка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelegrini-naznachen-za-premier-na-slovachka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelegrini-naznachen-za-premier-na-slovachka/#respond Thu, 22 Mar 2018 12:09:44 +0000 http://kurir.mk/?p=32185

Претседателот на Словачка Андреј Киска денеска го назначи Петер Пелегрини за премиер со цел да стави крај на политичката криза, предизвикана од убиството на новинарот Јан Куциак, што доведе до масовни протести и оставка на Роберт Фицо Владејачката партија СМЕР го избра Пелегрини, 42-годишниот заменик-премиер, за наследник на Роберт Фицо, за да може да се одржи трипартитната влада до крајот на нејзиниот мандат. Исто така, го избра непартискиот кандидат Томас Дракер да го води Министерството за внатрешни работи и да ги задоволи барањата на демонстрантите и претседателот Киска да назначи лице кое ќе обезбеди независна истрага за убиство на Куциак. Киска го отфрли првиот предлог на Пелегрини за министер за внатрешни работи и вчера рече дека не е целосно задоволен од предложената влада, но дека стигнал до границите на неговите претседателски овластувања. Откако шефот на државата му врачи на Пелегрини указ за назначувањето, започна постапката за именувањето министри. Новата влада, формирана по оставката на кабинетот на премиерот Роберт Фицо, мора да ја претстави својата програма до Националниот совет (Парламентот) во рок од 30 дена. Новиот кабинет ќе биде ставен на гласање за доверба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelegrini-naznachen-za-premier-na-slovachka/feed/ 0