петер сијарто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 14:28:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png петер сијарто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сијарто: Унгарскиот Парламент ќе донесе „суверена одлука“ за членството на Шведска во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarskiot-parlament-ke-donese-suverena-odluka-za-chlenstvoto-na-shvedska-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarskiot-parlament-ke-donese-suverena-odluka-za-chlenstvoto-na-shvedska-vo-nato/#respond Tue, 24 Oct 2023 14:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=892574

Унгарскиот Парламент ќе донесе „суверена одлука“ за ратификацијата на шведското барање за членство во НАТО, изјави денеска министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто по разговорот со неговиот турски колега Хакан Фидан. Сијарто, по повод поднесувањето на предлог-закон за членството на Шведска во НАТО во турскиот Парламент, истакна дека во Унгарија предлог-законот чека на ратификација веќе неколку месеци. Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера до Парламентот го достави на ратификација предлог-законот за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarskiot-parlament-ke-donese-suverena-odluka-za-chlenstvoto-na-shvedska-vo-nato/feed/ 0
Сијарто ја најави изградбата на шестиот блок на нуклеарната централа Пакс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ja-najavi-izgradbata-na-shestiot-blok-na-nuklearnata-tsentrala-paks/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ja-najavi-izgradbata-na-shestiot-blok-na-nuklearnata-tsentrala-paks/#respond Tue, 05 Sep 2023 17:12:05 +0000 https://kurir.mk/?p=874882

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска најави почеток на градежните работи на шестиот блок на нуклеарната централа Пакс. „Започнаа земјените работи за идниот шести блок, што беше првиот чекор во подготовката за изградба. Посакуваниот датум на изградба во 2030 година останува реален“, рече Сијарто. Тој додаде дека првите работи се одвиваат на длабочина од пет метри и дека оваа фаза од процесот за петтиот блок е веќе завршена. Некои делови од шестиот блок ќе бидат на длабочина до 23 метри за да се обезбеди стабилност и безбедност на блокот. Сијарто додаде дека меѓу 30 и 40 камиони веќе работат на ископување на почвата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ja-najavi-izgradbata-na-shestiot-blok-na-nuklearnata-tsentrala-paks/feed/ 0
Сијарто: Ратификацијата од Унгарија на приемот на Шведска во НАТО е само техничка работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ratifikatsijata-od-ungarija-na-priemot-na-shvedska-vo-nato-e-samo-tehnichka-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ratifikatsijata-od-ungarija-na-priemot-na-shvedska-vo-nato-e-samo-tehnichka-rabota/#respond Tue, 11 Jul 2023 08:23:50 +0000 https://kurir.mk/?p=855293

Унгарските власти, кои се уште не го ратификувале приемот на Шведска во НАТО, денеска соопштија дека тој процес е само техничка работа. „Нашиот став е јасен. Владата го поддржува приемот на Шведска во НАТО. Завршувањето на процесот на ратификација сега е само техничко прашање“, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред да замине на дводневниот самит на НАТО во Вилнус. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа во Вилнус изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласил да го испрати протоколот за прием на Шведска во НАТО до турскиот Парламент „што е можно поскоро“. Заедно со Унгарија, Турција беше единствената од 31 земја на НАТО која сè уште не го ратификуваше членството на Шведска. Унгарија тогаш најави дека ќе даде согласност доколку Турција го стори тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ratifikatsijata-od-ungarija-na-priemot-na-shvedska-vo-nato-e-samo-tehnichka-rabota/feed/ 0
Сијарто: Украина нема да добие помош сè додека не ја отстрани ОТП банка од црната листа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ukraina-nema-da-dobie-pomosh-se-dodeka-ne-ja-otstrani-otp-banka-od-tsrnata-lista/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ukraina-nema-da-dobie-pomosh-se-dodeka-ne-ja-otstrani-otp-banka-od-tsrnata-lista/#respond Thu, 18 May 2023 05:51:08 +0000 https://kurir.mk/?p=835584

Унгарија ќе продолжи да ја блокира исплатата на новата транша од воената помош на ЕУ за Украина сè додека Киев не ја отстрани унгарската ОТП банка од листата на меѓународни спонзори на руската инвазија, изјави во Виена унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. По средбата со шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг, Сијарто неодамнешното вклучување на ОТП банка на украинската листа го нарече „скандалозно и неприфатливо“ и додаде дека Унгарија нема да одобри исплата на 500 милиони евра од Европскиот механизам за поддршка на мирот (ЕПСМ) додека банката е на црната листа. - Не можеме да поддржиме издвојување уште половина милијарда евра од Европскиот фонд за мир за трансфер на оружје во Украина и нема да дадеме зелено светло за тоа сè додека ОТП банка е на листата, посочи Сијарто. Украинската државна агенција за спречување на корупција овој месец ја означи ОТП банка како меѓународен спонзор на руската војна против Украина поради нејзиното постојано присуство во Русија, што предизвика остра реакција од унгарските власти.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ukraina-nema-da-dobie-pomosh-se-dodeka-ne-ja-otstrani-otp-banka-od-tsrnata-lista/feed/ 0
Сијарто најави нов нафтовод помеѓу Унгарија и Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-najavi-nov-naftovod-pomegu-ungarija-i-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-najavi-nov-naftovod-pomegu-ungarija-i-srbija/#respond Wed, 10 May 2023 12:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=832714

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, на денешната средба во Белград со српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ, најави изградба на нов нафтовод од Унгарија до Србија долг над сто километри. Предвидено е нафтоводот да почнува од Алѓе во Унгарија до Нови Сад во Србија. Нафтоводот ќе биде изграден во соработка со унгарската компанија Мол и српската фирма Транснафта, а на заедничка владина седница ќе биде потпишан договор. Сијарто наведе дека на средбата се усвоени неколку одлуки за подобрување на енергетската состојба на двете држави. Предвидено е унгарската државна електроенергетска компанија МВМ и Србијагас ќе формираат мешовита фирма, а МВМ ќе учествува во модернизација на електродистрибутивната мрежа во Србија. Договорено е и Србија да складира сто милиони кубни метри гас во унгарските магацини и дека е постигнат напредок во зголемување или удвојување на капацитетот на конектори на електричната мрежа. Сијарто најави и изградба на нов граничен премин Сантово-Бачки Брег кој ќе ги растовари постоечките премини и ќе биде во согласност со европските стандарди. Момировиќ изјави дека вкупната трговска размена со Унгарија во првите три месеци од годинава изнесува 824 милиони евра со суфицит на српска страна, а извозот во Унгарија изнесува 433 милиони евра со раст од над 25 отсто. -Нашата цел е оваа година да оствариме трговска размена од повеќе од четири милијарди евра, нагласи Момировиќ, додавајќи оти во 2012 година извозот во Унгарија изнесувал 245 милиони евра.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-najavi-nov-naftovod-pomegu-ungarija-i-srbija/feed/ 0
Сијарто: Во Украина гинат Унгарци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-vo-ukraina-ginat-ungartsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-vo-ukraina-ginat-ungartsi/#respond Mon, 06 Mar 2023 06:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=808401

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави за ТВ Н1 Хрватска дека Киев регрутира некои од 150.000 Унгарци од етничката заедница во Украина и ги испраќа на „првата борбена линија“ каде што гинат. ТВ Н1 Србија во неделата вечерта објави дека во интервјуто снимено во четвртокот за време на неговата посета на Загреб, Сијарто оценил дека позицијата на Унгарија се разликува од другите во Европската унија затоа што „не гинат дански или германски војници во оваа војна, туку Унгарци“. Сијарто рече дека сега „воената реторика е многу посилна од разговорите за мир“, дека Владата на Унгарија апелира за прекин на огнот и итни мировни преговори и се надева дека „европската и трансатлантската заедница ќе ја усвојат унгарската позиција“. Сијарто рече дека во Украина „јасно е кој кого нападнал, а Будимпешта ја осудува Русија за војната“, но дека „очигледно постојат две страни во војната“ и дека се надева дека страните ќе разговараат бидејќи „двете страни сакаат одржлив мир“. Запрашан за можноста премиерот Виктор Орбан да го посети Киев, Сијарто рече дека Орбан добил покана и „кога ќе се создадат услови, може да има посета“. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-vo-ukraina-ginat-ungartsi/feed/ 0
Сијарто: Унгарија нема да поддржи нов пакет санкции против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-nema-da-poddrzhi-nov-paket-sanktsii-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-nema-da-poddrzhi-nov-paket-sanktsii-protiv-rusija/#respond Sun, 12 Feb 2023 14:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=799556

Унгарија се противи на идејата за воведување на десетти пакет санкции против Русија, како и на сите други санкции на Европската Унија, бидејќи тие не помогнаа да се постигне мир во Украина, но затоа и наштетија на европската економија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. - Санкциите целосно ја промашија поентата, рече Сијарто, додавајќи дека десеттиот пакет санкции на ЕУ за кој се разговара во Брисел „се исти како и претходните девет и само ќе им нанесат поголема штета на Европејците, ја пренесе ТАСС изјавата на Сијарто за радио „Кошут“. Сијарто истакна дека санкциите не ја принудиле Русија да ја промени својата позиција, не донеле мир во Украина, туку донеле „незамисливи тешкотии“ во Европа, вклучително и прилив на бегалци и инфлација. Зборувајќи за предлогот на некои земји од ЕУ за проширување на санкциите кон Русија на нуклеарната енергија, Сијарто повтори дека Унгарија нема да го поддржи, бидејќи ќе ја загрози нејзината енергетска стабилност. Тој објасни дека нуклеарната централа Пакс, која произведува половина од електричната енергија и една третина од електричната енергија што се троши во Унгарија, користи руско нуклеарно гориво.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-nema-da-poddrzhi-nov-paket-sanktsii-protiv-rusija/feed/ 0
Сијарто: Унгарија ќе гласа против членство на Косово во европските тела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-ke-glasa-protiv-chlenstvo-na-kosovo-vo-evropskite-tela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-ke-glasa-protiv-chlenstvo-na-kosovo-vo-evropskite-tela/#respond Tue, 10 Jan 2023 13:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=785589

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во телата на Европска Унија  додека не се постигне сеопфатен договор. -Нашиот став е дека тоа ќе го загрози постигнувањето компромис, ако одредени европски формации го примат Косово пред да се постигне договор. И поради таа причина, Унгарија ќе гласа против членството на Косово во европските тела, истакна Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во Будимпешта. Сијарто нагласи дека, кога станува збор за Косово, Унгарија е заинтересирана за постигнување решение засновано на „вистински и реален дијалог“. -И затоа го прифативме раководството на силите на КФОР, бидејќи мислевме дека можеби на тој начин можеме да придонесеме за обезбедување на мирот. Сакаме да се постигне компромис што е можно поскоро, наведе Сијарто.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-ke-glasa-protiv-chlenstvo-na-kosovo-vo-evropskite-tela/feed/ 0
Сијарто: Безбедносните предизвици на ЕУ ги засегаат и Србија и Унгарија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-bezbednosnite-predizvitsi-na-eu-gi-zasegaat-i-srbija-i-ungarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-bezbednosnite-predizvitsi-na-eu-gi-zasegaat-i-srbija-i-ungarija/#respond Tue, 10 Jan 2023 12:23:49 +0000 https://kurir.mk/?p=785498

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто изјави дека двата сериозни безбедносни предизвици со кои се соочува ЕУ истовремено ги засегаат Србија и Унгарија. По средбата со српскиот министер за надворешни работи, Сијарто изјави дека Србија и Унгарија ги чувствуваат навистина тешките последици од војната во соседството, но и дека се изложени на голем притисок од илегалната миграција. „Последиците од војната и миграцијата се појавуваат во нашите земји во исто време, а двете страни се заинтересирани за што поскоро мир во Украина. Продолжувањето на војната или нејзината ескалација значи многу сериозна опасност за нашите две земји и народи, бидејќи ние не сме одговорни за таа војна, но нејзината ескалација значи многу сериозна опасност“, истакна Сијарто. Тој вели дека поради ова сите одлуки и мерки кои водат кон ескалација и продолжување на војната се против националните интереси на Унгарците и Србите. Ние сме заинтересирани за мир, рече Сијарто. Унгарскиот министер додаде дека добрата соработка меѓу двете земји трае повеќе од осум и пол години и дека личните односи се добра основа за добра официјална соработка. „Посебно ми е драго кога го примам министерот за надворешни работи на Србија, особено затоа што не се работи само за стратешка соработка и пријателство меѓу двете земји, туку ја делиме и истата судбина, бидејќи двата сериозни безбедносни предизвици со кои се соочува ЕУ влијаат и ние и Србија“, рече Сијарто. Како што наведе, безбедноста на снабдувањето со енергија денес е во Србија, бидејќи само во Европа протокот на гас од исток кон запад функционира со 100 отсто капацитет – гасовод низ Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-bezbednosnite-predizvitsi-na-eu-gi-zasegaat-i-srbija-i-ungarija/feed/ 0
Сијарто: Бугарија и Романија заслужија да влезат во Шенген https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-bugarija-i-romanija-zasluzija-da-vlezat-vo-shengen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-bugarija-i-romanija-zasluzija-da-vlezat-vo-shengen/#respond Fri, 09 Dec 2022 11:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=773088

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто изјави дека на Романија и Бугарија треба да им се дозволи да се приклучат на Шенгенската зона, бидејќи напорно работат на заштита на своите граници и направиле многу за да ја сузбијат илегалната миграција. Сијарто во објава на Фејсбук напиша дека на Хрватска и е одобрено да стане членка на Шенген зоната, додека Романија и Бугарија се одбиени иако го заслужиле тој статус. Тој напиша дека одбивањето е последица на ветото кое го ставиле Австрија и Холандија, додека „сите останати поддржуваа“ Бугарија и Романија да влезат во Шенген. Сијарто го критикуваше „молчењето на медиумите, бриселските бирократи и министрите на либералните влади“ кои, како што посочи, не го критикуваа ветото на Австрија и Холандија, за разлика од ставовите на унгарската Влада кои во последно време се критикувани. – Ако централноевропските земји на овој начин го користат ветото, тоа е крај на светот и уништување на европското единство, но кога ветото го користат држави од Западна Европа тогаш тоа е во ред, заклучи Сијарто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-bugarija-i-romanija-zasluzija-da-vlezat-vo-shengen/feed/ 0