Петер Стано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 12:04:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Петер Стано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стано: ЕУ очекува Косово и Србија да се посветат на исполнување на нивните обврски, не е предвидена средба Вучиќ-Курти во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-eu-ochekuva-kosovo-i-srbija-da-se-posvetat-na-ispolnuvane-na-nivnite-obvrski-ne-e-predvidena-sredba-vuchik-kurti-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-eu-ochekuva-kosovo-i-srbija-da-se-posvetat-na-ispolnuvane-na-nivnite-obvrski-ne-e-predvidena-sredba-vuchik-kurti-vo-brisel/#respond Wed, 25 Oct 2023 12:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=892931

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се поканети во Брисел на серија индивидуални средби со одредени лидери на Унијата за време на Самитот на ЕУ, што ќе се одржи утре и задутре во Брисел, изјави на денешниот редовен брифинг портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. - Идејата на овие средби е да се одржат на маргините на Самитот, како поддршка на напорите за обнова на дијалогот. Главната порака на ЕУ е: Очекуваме двете страни, Косово и Србија целосно и безусловно да се посветат на исполнување на нивните обврски произлезени од дијалогот, истакна Стано. Тој нагласи дека ЕУ очекува и од Белград и од Приштина да продолжат да работата на деескалација на состојбата и веднаш и без предуслови да го обноват дијалогот, додавајќи дека не е предвидена средба меѓу Вучиќ и Курти за време на нивниот престој во Брисел. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Стано додаде дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на претстојниот Самит на Унијата ќе ги информира шефовите на држави или влади на земјите членки за дијалогот меѓу Белград и Приштина и за односите меѓу Србија и Косово, како што беше случај и на претходните средби, бидејќи, како што рече, ова е многу важно прашање за Европската Унија. Според Стано, лидерите ќе бидат информирани и за резултатите од посетата на Приштина и Белград изминатиов викенд на специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан. Мирослав Лајчак, кој беше придружуван од специјани пратеници и советници на лидерите на Франција, Италија, Германија и САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-eu-ochekuva-kosovo-i-srbija-da-se-posvetat-na-ispolnuvane-na-nivnite-obvrski-ne-e-predvidena-sredba-vuchik-kurti-vo-brisel/feed/ 0
Стано: Патот на Србија и Косово кон ЕУ води преку дијалогот за нормализација на односите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-patot-na-srbija-i-kosovo-kon-eu-vodi-preku-dijalogot-za-normalizatsija-na-odnosite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-patot-na-srbija-i-kosovo-kon-eu-vodi-preku-dijalogot-za-normalizatsija-na-odnosite/#respond Tue, 10 Oct 2023 12:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=887408

Европскиот пат и на Србија и на Косово води исклучиво преку дијалогот со посредство со ЕУ, нема заобиколни патеки, и затоа двете стани мора да сфатат дека треба да се вратат на разговорите за постигнување компромис за нормализација на односите, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. Тој нагласи дека ЕУ останува на ставот дека очекува целосна и безусловна соработка од страна на Србија во истрагата за нападот врз косовската полиција на 24 септември во Бањска на северот од Косово. - Ги очекуваме конечните резултати од истрагата. Кога истрагата ќе биде завршена и кога ЕУ ќе ги види резултатите и ќе добие јасна слика за тоа што се случи и кои кој стои зад тоа, ЕУ ќе донесе одлука за следниот чекор, истакна Стано. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, портпаролот на ЕК не ги потврди медиумските информации дека ЕУ подготвува мерки кон Србија поради нападот врз косовската полиција, додавајќи дека тој коментира само конечни одлуки и резултати, а не процедури кои во основа се тајни. На прашање зошто ЕУ вовела мерки само кон Косово, а не презема ништо кон Србија и се однесува како ништо да не се случило, Стано нагласи дека мерките воведни кон Приштина се поради ескалацијата на тензиите на северот на Косово и дека земјите членки на Унијата засега не видоа доволно задоволителни чекори за деескалација на состојбите, па затоа тие се уште се во сила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-patot-na-srbija-i-kosovo-kon-eu-vodi-preku-dijalogot-za-normalizatsija-na-odnosite/feed/ 0
Стано: Од резултатите од истрагата за нападот врз косовската полиција ќе зависи идниот пристап на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-od-rezultatite-od-istragata-za-napadot-vrz-kosovskata-politsija-ke-zavisi-idniot-pristap-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-od-rezultatite-od-istragata-za-napadot-vrz-kosovskata-politsija-ke-zavisi-idniot-pristap-na-eu/#respond Mon, 09 Oct 2023 12:09:45 +0000 https://kurir.mk/?p=886969

Целта на истрагата за нападот врз косовската полиција минатиот месец е да се добие јасна слика за тоа што се случи, кои беа учесниците во него и кој го оркестрирал, по што ЕУ ќе донесе одлука за следниот чекор во нејзиниот пристап кон Србија,. Косово, дијалогот и регионот, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. -Има многу начини како да се придонесе во истрагата, бидејќи тоа што се случи на 24 септември е многу сериозно и мора целосно да се истражи, изјави Стано, додавајќи дека ЕУ очекува целосна и безусловна соработка од страна на Србија во истрагата. Тој истакна дека пораката од ЕУ и од целата меѓународна заедница до Србија и до Косово е да се вратат на дијалогот, бидејќи тоа е единствениот начин за нормализација на нивните меѓусебни односи. -Јасната порака до двете страни е: вратете се на дијалогот. Ако не се вратите на дијалогот, нема да најдете решение. Втора важна порака е да се работи на деескалација, додаде Стано.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-od-rezultatite-od-istragata-za-napadot-vrz-kosovskata-politsija-ke-zavisi-idniot-pristap-na-eu/feed/ 0
Стано: Во Европа нема место за трупање оружје и безбедносни сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-vo-evropa-nema-mesto-za-trupane-oruzhje-i-bezbednosni-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-vo-evropa-nema-mesto-za-trupane-oruzhje-i-bezbednosni-sili/#respond Mon, 02 Oct 2023 11:28:12 +0000 https://kurir.mk/?p=884202

Нема место за оружје и за трупање на безбедносни сили на европскиот континент, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во одговор на новинарско прашање, поврзано со распоредувањето дополнителни српски безбедносни сили на границата со Косово. Тој додаде дека Европската Унија разговара со своите сојузници и партнери, вклучително и со ОН, за деескалација на состојбата во северно Косово, и поврзано со тоа и за распоредувањето на српски сили на административна границата кон Косово, што предизвикува сериозна загриженост во Унијата, која бара нивно повлекување. - Прв приоритет е деескалација и стабилизација на безбедносната состојба, потенцира Стано, додавајќи два настани од изминативе денови предизвикуваат сериозна загриженост во ЕУ, а тоа е терористичкиот напад врз косовската полиција и откривањето големо количество оружје во северно Косово. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на прашање дали ЕУ ќе преземе санкции против Србија, откако еден од лидерите на косовските Срби „близок до властите во Белград“, Милан Радојчиќ презеде одговорност за нападот врз припадниците на косовската полиција на 24 септември, Стано одговори дека Унијата чека да заврши истрагата за инцидентот и нема да коментира изјави и настани на дневно ниво, туку сака да добие целосна слика за настанот пред да реагира. - Очекуваме транспарентна, целосна и безусловна соработка од Србија за ова прашање. ЕУ е подготвена да преземе мерки поврзани со Србија доколку земјите членки утврдат дека има доволно факти и докази за да се реагира, истакна Стано. Запрашан дали одржувањето предвремени избори во Србија ќе се одрази на дијалогот меѓу Белград и Косово, Стано одговори дека секогаш има циклус на избори на едната или другата страна, но дијалогот трае со години и тој мора продолжи во правец на нормализација на односите за што двете страни мора да ги направат неопходните компромиси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-vo-evropa-nema-mesto-za-trupane-oruzhje-i-bezbednosni-sili/feed/ 0
Стано: ЕУ внимателно ја следи ситуацијата на северот од Косово, без одложување да се формира ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-vnimatelno-ja-sledi-situatsijata-na-severot-od-kosovo-bez-odlozhuvane-da-se-formira-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-vnimatelno-ja-sledi-situatsijata-na-severot-od-kosovo-bez-odlozhuvane-da-se-formira-zso/#respond Thu, 21 Sep 2023 16:37:39 +0000 https://kurir.mk/?p=880418

Европската унија внимателно ги следи неодамнешните настани на северот од Косово и ушпте еднаш потенцира дека, без никакви одложувања и предуслови, мора да почне формирањето на Заедницата на српски општини, изјави денеска портпаролот на Европската унија, Петер Стано. Запрашан за коментар на завчерашното апсење на тројца Срби на Косово и дали ЕУ планира да преземе нешто околу тоа, Стано на денешната прес конференција во Брисел кажа дека Унијата внимателно ја следи ситуацијата и дека е во близок контакт со партнерите и властите со цел целосно да се разбере развојот на настаните. -Ќе реагираме во јавноста, доколку и кога тоа ќе биде соодветно, рече Стано и нагласи дека ставот на 27-те земји членки на ЕУ за ситуацијата на северот на Република Косово е јасно изразен во соопштението што беше објавено претходно неделава. Запрашан дали ЕУ смета дека Заедницата на српски општини мора да се формира во согласност со косовскиот Устав, Стано кажа дека ставот на ЕУ е јасен - работата за формирање на ЗСО мора да почне без предуслови и одложувања. -Секоја страна знае што треба да направи и каков е ставот на ЕУ, рече портпаролот на ЕУ и додаде дека прашањето како тоа треба да се направи е нешто што треба да се разговара во рамките на дијалогот, а не во јавноста или медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-vnimatelno-ja-sledi-situatsijata-na-severot-od-kosovo-bez-odlozhuvane-da-se-formira-zso/feed/ 0
Стано: Тешко е да се поверува дека Пригожин навистина погинал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-teshko-e-da-se-poveruva-deka-prigozhin-navistina-poginal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-teshko-e-da-se-poveruva-deka-prigozhin-navistina-poginal/#respond Thu, 24 Aug 2023 15:22:35 +0000 https://kurir.mk/?p=870559

Европската унија соопшти дека е „тешко да се проверат“ извештаите дека лидерот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, загинал синоќа во авионската несреќа. -Видовме извештај за авионската несреќа во која наводно загинал Евгениј Пригожин, заедно со членовите на неговата придружба и членовите на екипажот, изјави Петер Стано, портпарол на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика на денешната прес-конференција. „Меѓутоа, како и многу други работи во Русија, многу тешко ни е да потврдиме за тоа, а не е наше да коментираме“, додаде Стано. Портпаролот на ЕУ истакна дека се добро познати „негативните акции“ на Пригожин и групата „Вагнер“, посочувајќи на нивното учество во војната во Украина и операциите во африканските земји. -Секаде каде што беа оставија трага од кршење на човекови права и меѓународното хуманитарно право. Има многу неодговорност и нејасни се правилата според кои работат, рече Стано. Идните операции на групата нема да бидат погодени само од „наводната смрт на Пригожин“, туку и од „настаните во јуни“ кога групата одлучи да маршира кон Москва во краткотраен бунт, додаде тој. Стано кажа дека ЕУ се надева дека ќе престане „негативното влијание“ на операциите на „Вагнер“, додавајќи дека е свесен дека платеничката група „не се врзува само за името на нејзиниот водач“. Тој посочи дека поврзаноста на групата со Кремљ е едно од неколкуте „комплексни прашања“, истовремено нагласувајќи дека не е на ЕУ да „погодува дали наводната смрт на Пригожин во авионска несреќа ќе има некои конкретни последици за активностите на „Вагнер“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-teshko-e-da-se-poveruva-deka-prigozhin-navistina-poginal/feed/ 0
Стано: Неопходни се итни чекори за намалување на тензиите во Косово и враќање на дијалогот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-neophodni-se-itni-chekori-za-namaluvane-na-tenziite-vo-kosovo-i-vrakane-na-dijalogot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-neophodni-se-itni-chekori-za-namaluvane-na-tenziite-vo-kosovo-i-vrakane-na-dijalogot/#respond Thu, 17 Aug 2023 12:50:45 +0000 https://kurir.mk/?p=867888

Европската унија (ЕУ) смета дека по најавата за намалување на бројот на специјални полицајци на северот на Косово, неопходни се дополнителни чекори за намалување на тензиите за ЕУ да го разгледа повлекувањето на казнените мерки против властите во Приштина. „Тоа значи дека вонредни избори на северот на Косово мора да се одржат што е можно поскоро, на нив да учествуваат косовските Срби и да продолжи вистинскиот дијалог меѓу Приштина и Белград и решавањето на едно по едно прашање, а најважното е примената на анексот на договорот од Охрид“, изјави денеска во Брисел, портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано. Стано изјави дека роковите за смирување на ситуацијата и резултатите во дијалогот зависат од „способноста на Приштина и Белград да ги исполнат потребните барања, критериуми, ветувања“. Вака тој одговори на новинарското прашање дали ЕУ очекува некакви итни, опипливи резултати во средувањето на односите меѓу Приштина и Белград до крајот на годината, имајќи предвид дека изборите за Европскиот парламент и други важни настани ќе се одржат следната година. На новинарско прашање дали ЕК ќе ги повлече санкциите против Приштина, доколку тамошните власти најават распишување нови избори во општините на северот на Косово, Стано нагласи дека ЕУ и нејзините меѓународни партнери во повеќе наврати многу јасно предочиле дека санкциите против Приштина може да бидат повлечени доколку косовските власти почнат со намалување на тензиите. Тоа значи, подвлече, веднаш да ги повлечат специјалните полициски сили од и околу општините на северот на Косово, а градоначалниците мора да ги извршуваат своите должности надвор од општинските простории. ЕУ позитивно ги оцени првите чекори на Приштина, додаде Стано, а тоа е најавата за повлекување на 25 отсто од специјалните полицајци од и околу општинските згради на северот на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-neophodni-se-itni-chekori-za-namaluvane-na-tenziite-vo-kosovo-i-vrakane-na-dijalogot/feed/ 0
Стано: Европската унија не е надлежна за давање безбедносни гаранции за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-evropskata-unija-ne-e-nadlezhna-za-davane-bezbednosni-garantsii-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-evropskata-unija-ne-e-nadlezhna-za-davane-bezbednosni-garantsii-za-ukraina/#respond Tue, 08 Aug 2023 18:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=864780

Европската унија не може да обезбеди безбедносни гаранции за Украина бидејќи тоа не е во нејзина надлежност, изјави денеска портпаролот на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Петер Стано. -Ние не сме безбедносна организација, така што дискусиите за безбедносните гаранции се дискусии за НАТО и за одделни земји, но не и за ЕУ ​​како организација, рече портпаролот на брифинг со новинарите во Брисел. Тој додаде дека ЕУ го поддржува Киев во неколку области, вклучително и воената, што, како што рече, се рефлектира во испраќањето оружје за одбрана на Украина од руската агресија, но дека кога станува збор за безбедносните гаранции, таа може само да ги поддржи. -Тоа им останува на земјите-членки кои можат да обезбедат таков вид гаранција, рече Стано. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно побара безбедносни гаранции од НАТО и западните партнери за неговата земја. На 12 јули, членките на Г7 објавија меѓународна рамка која го отвора патот за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел зајакнување на нејзината одбрана од Русија и одвраќање на Москва од идна агресија. Зеленски минатата недела кажа дека уште 12 земји се приклучиле на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Киев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-evropskata-unija-ne-e-nadlezhna-za-davane-bezbednosni-garantsii-za-ukraina/feed/ 0
Стано: Ниту Белград ниту Приштина го потврдија пристигнувањето во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-nitu-belgrad-nitu-prishtina-go-potvrdija-pristignuvaneto-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-nitu-belgrad-nitu-prishtina-go-potvrdija-pristignuvaneto-vo-brisel/#respond Mon, 19 Jun 2023 16:31:01 +0000 https://kurir.mk/?p=847515

Портпаролот на ЕУ Петер Стано денеска изјави дека датумот на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти се уште не е одреден бидејќи ниту една од страните се уште не го потврдила учеството. „Немаме информации за тоа освен некои јавни неконструктивни оценки. ЕУ очекува двете страни да ја прифатат поканата и да дојдат на разговори за да се надмине актуелната ситуација“, рече Стано на прес-конференцијата. Тој додаде дека изнаоѓањето излез од ситуацијата на Косово е пред се во интерес на луѓето кои живеат таму и во централна Србија. „ЕУ внимателно ја следи ситуацијата и дали постои желба за разрешување или ескалација на ситуацијата. Имаме редовен месечен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ) закажан за следниот понеделник, а ова прашање ќе биде на дневен ред, рече Стано. Тој истакна дека поканата за средба на еврокомесарот за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, е шанса Вучиќ и Курти да ја покажат својата конструктивност и подготвеност за решавање на ситуацијата. „Таа средба нема да биде организирана за да се расположи Брисел, туку да се разговара за иднината на народот на Косово и Србија. Незаинтересираноста сигурно ќе доведе до последици кои ќе ги погодат граѓаните, а одговорноста е исклучиво на премиерот Курти. и претседателот Вучиќ.И никој друг“, рече Стано Тој посочи дека за среќа немало нови ескалации во последните неколку дена, но додаде дека нема индиции за деескалација. „Тука сме да им помогнеме и да ги советуваме како да ја смират ситуацијата, но на крајот таа одлука е на нив“, изјави Стано. Тој додаде дека ЕУ во моментов е фокусирана на постигнување средба меѓу Белград и Приштина, каде ќе се најдат решенија за деескалација на ситуацијата, а не на смислување казнени мерки. „Однесувањето на двете страни ќе се следи на два важни состаноци – состанокот на Европскиот совет и состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург во понеделник и секако ќе влијае на понатамошниот европски пат на Косово и Србија, но во моментов сме фокусирани за деескалација на ситуацијата на терен и изнаоѓање одржливо политичко решение“, заклучи Стано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-nitu-belgrad-nitu-prishtina-go-potvrdija-pristignuvaneto-vo-brisel/feed/ 0
Стано: Мирно одржување на изборите на северот на Косово е од суштинско значење https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-mirno-odrzhuvane-na-izborite-na-severot-na-kosovo-e-od-sushtinsko-znachene/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-mirno-odrzhuvane-na-izborite-na-severot-na-kosovo-e-od-sushtinsko-znachene/#respond Sat, 22 Apr 2023 12:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=826408

Европската унија оценува дека одржувањето на избори во мирни услови на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност, соопшти портпаролот на ЕУ, Петер Стано. „Многу е разочарувачки што Српската листа, која ги претставува косовските Срби, одлучи да не учествува на локалните избори планирани за 23 април во четири северни општини и покрај тоа што изборите беа одложени од декември за април и е продолжен крајниот рок за поднесување на кандидатурите“, потенцира Стано, пренесува Радио Слободна Европа. Во четири општини на северот на Косово утре ќе се одржат вонредни избори. Избори се организираат откако градоначалниците на општините на север, Лепосавиќ, Зубин Поток, Северна Митровица и Звечан - од редовите на Српската листа, поднесоа оставки во ноември минатата година, во знак на противење на одлуката на Владата на Косово да се пререгистрираат автомобилите со нелегални српски таблички во РКС - Република Косово. Изборите ги бојкотира најголемиот политички субјект на косовските Срби, Српската листа. Таа наведува дека изборите се недемократски и повикува „на 23 април сите избирачки места да бидат празни, што ќе испрати јасна порака до Приштина и меѓународната заедница“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-mirno-odrzhuvane-na-izborite-na-severot-na-kosovo-e-od-sushtinsko-znachene/feed/ 0