Петр Фијала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Jan 2023 16:15:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Петр Фијала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фијала: Чешка за нов претседател на земјата го избра Петр Павел, победи граѓанскиот кандидат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fijala-cheshka-za-nov-pretsedatel-na-zemjata-go-izbra-petr-pavel-pobedi-graganskiot-kandidat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fijala-cheshka-za-nov-pretsedatel-na-zemjata-go-izbra-petr-pavel-pobedi-graganskiot-kandidat/#respond Sat, 28 Jan 2023 16:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=793214

Чешкиот премиер Петр Фијала денеска им честиташе на Чесите што го избраа пензионираниот генерал, поранешен началник на Генералштабот, а подоцна и втор човек на НАТО, Петр Павел (61), за нов претседател на земјата. „Победи граѓанскиот кандидат и вредностите што тој ги застапува, а тоа е многу важна вест во овие меѓународно и економски тешки времиња. Зад нас е најодвратната изборна кампања во поновата историја. Општеството од неа излегува поделено. Добро е што во претседателскиот дворец Храдчани ќе биде претседател кој сака да обединува“, рече премиерот Фијала. Чешкиот премиер оцени дека денешниот пораз на изборите за претседател на Чешка заедно со поразот на парламентарните избори за поранешниот популистички премиер, петтиот најбогат тајкун во Чешка, Андреј Бабиш, може да значат крај на неговата популистичка ера. „Во кампањата пред претседателските избори популизмот беше директно поврзан со екстремизмот, а тоа е многу опасно. Бевме сведоци на поттикнување стравови, доведување во прашање на нашите меѓународни обврски. Бевме сведоци на напори за разгорување страсти, злоупотреба на стравовите на луѓето. Популизмот е опасен затоа што не познава граници“, рече премиерот Фијала. Петр Павел добива силен мандат од чешките гласачи, бидејќи според прогнозите освоил повеќе гласови од неговиот претходник, претседателот во заминување Милош Земан. „Мислам дека овде нема победнички и поразени гласачи. Сите ние сме граѓани на Чешка. И гласачите на Андреј Бабиш сакаат државата да функционира и да им помогне“, рече генералот Павел во првите реакции за победата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fijala-cheshka-za-nov-pretsedatel-na-zemjata-go-izbra-petr-pavel-pobedi-graganskiot-kandidat/feed/ 0
Чесите ќе добијат компензација од државата, штом сметките надминат 30 отсто од приходите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chesite-kje-dobijat-kompenzacija-od-drzavata-shtom-smetkite-nadminat-30-otsto-od-prihodite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chesite-kje-dobijat-kompenzacija-od-drzavata-shtom-smetkite-nadminat-30-otsto-od-prihodite/#respond Thu, 18 Aug 2022 07:31:48 +0000 https://kurir.mk/?p=720281

Поради поскапените енергенси, чешкиот премиер Петр Фијала вети компензација за граѓаните преку станбен додаток, за сите оние чии сметки надминуваат 30 отсто од нивните приходи, а во Прага штом се над 35 проценти од приходите. – Владата нема да дозволи кој било да пропадне. За домување граѓаните ќе плаќаат максимално 30 отсто од своите приходи, во Прага 35 проценти и тоа вклучувајќи ги сите плаќања за енергија. За сите трошоци над 30 отсто од приходите, државата е подготвена да плати, истакна Фијала, јави телевизијата ЧТ. Станбениот додаток во Чешка не е новост. Досега беше вид социјална помош за најсиромашните семејства. Фијала сега апелираше граѓаните да не се срамат да го бараат и оние кои до зголемените трошоци за енергија годинава, немале право на додатокот, пренесе Бета. Во првата половина од годинава, државата преку станбен додаток исплати околу 208 милиони евра. Кон крајот на август ќе бидат познати и деталите за посебна поевтина тарифа за струја и гас за домаќинства, во чии рамки државата со 2,5 милијарди евра ќе ги субвенционира трошоците за идната грејна сезона на граѓаните за скапата енергија. Министерството за индустрија и трговија почнува со проверка на авансните плаќања што енергетските компании им ги испраќаат на потрошувачите, затоа што се множат информациите за злоупотреба на поскапувањето, потрошувачи плаќаат аванси повисоки од крајните трошоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chesite-kje-dobijat-kompenzacija-od-drzavata-shtom-smetkite-nadminat-30-otsto-od-prihodite/feed/ 0
Премиерите на Австрија и Чешка потенцираат дека Западен Балкан не смее да се заборави поради Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/premierite-na-avstrija-i-cheshka-potenciraat-deka-zapaden-balkan-ne-smee-da-se-zaboravi-poradi-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/premierite-na-avstrija-i-cheshka-potenciraat-deka-zapaden-balkan-ne-smee-da-se-zaboravi-poradi-ukraina/#respond Tue, 17 May 2022 14:20:11 +0000 https://kurir.mk/?p=677920

Австрискиот канцелар Карл Нехамер и чешкиот премиер Петр Фијала денеска во Прага најавија дека ќе работат заедно за да постигнат „јасна промена“ во европската интеграција на Западен Балкан бидејќи регионот не смее да биде заборавен поради војната во Украина. Говорејќи на заедничката прес-конференција по средбата, Нехамер рече дека побарал од Фијала Чешка да не го губи од вид Западен Балкан. – Светската јавност е концентрирана на војната во Украина, а на Балканот нема толкаво внимание. Јасно е дека на Украина и треба поддршка и солидарност, но и на Западен Балкан, рече австрискиот канцелар. Нехамер, кој го посети Западен Балкан, го информираше чешкиот премиер за согледувањата од тоа патување и предупреди дека многу тензичната ситуација во Босна и Херцеговина бара внимание од ЕУ. – Не сакам Западен Балкан да има чувство дека ја заборавивме неговата кандидатура за ЕУ ​​поради Украина, рече Нехамер. Чешкиот премиер Фијала му се заблагодари на Нехамер за ветувањето за поддршката на Чешка да биде успешна во еден од најавените приоритети на нејзиното претседавање со ЕУ – постигнување опиплив и конкретен чекор кон приемот на Западен Балкан во ЕУ и, во случајот на Србија, датум за евентуален влез во ЕУ. – Го решававме и прашањето за чешкото претседателство со Унијата и интересите на европските земји кои имаат некаква врска со руската агресија врз Украина. Еден од нив е напредокот во европската интеграција на Западен Балкан. Го поздравувам големиот ангажман на Австрија и лично канцеларот. Тој понуди поддршка за Чешка за да направиме исчекор во тој поглед, рече Фијала. Нехамер и Фијала разговарале и за прашањето за санкциите против Русија и за последиците од можното ембарго на руската нафта и гас во Австрија и Чешка. Нехамер рече дека ембаргото на гас за Австрија и Чешка „не доаѓа предвид“, бидејќи истите услови „мора да важат за сите земји од ЕУ“. Австрија, Германија и Чешка признаваат дека гасот е важен и ако другите европски земји сметаат дека нафтата е важна, мора да важат истите услови, рече Нехамер. Тој предупреди дека ослободувањето од зависноста од рускиот гас не може да се постигне преку ноќ и дека ЕУ мора да одреди услови прифатливи за нејзините членки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/premierite-na-avstrija-i-cheshka-potenciraat-deka-zapaden-balkan-ne-smee-da-se-zaboravi-poradi-ukraina/feed/ 0
Фијала: Американска база во Чешка е убава, но нереална идеја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fijala-amerikanska-baza-vo-cheshka-e-ubava-no-nerealna-ideja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fijala-amerikanska-baza-vo-cheshka-e-ubava-no-nerealna-ideja/#respond Tue, 12 Apr 2022 10:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=661806

Одлуката на чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова, кон средината на април во Вашингтон да ги почне преговорите за американското воено присуство и воена база во Чешка наиде на незаинтересираност на САД, а чешкиот премиер Петр Фијала денеска изјави дека владата тоа не го разгледува затоа што можеби е убава, но засега е нереална идеја. -Тоа секако е убава тема. Се чувствувам добро кога ја слушам, но тоа е навистина само убава желба. Не е на дневен ред. Нема вистински разговори за тоа, изјави чешкиот премиер за онлајн дневниот весник Aktualne.cz. Со оглед на масовното одбивање на Чешка меѓу 2007 и 2009 година во земјата да дозволи распоредување на барем радар оф американскиот противракетен штит, што беше проследено со масовни протести, затоа што Чесите по искуството од советската инвазија и окупација во 1968 година, веќе не сакаа странски бази на нивна територија, Фијала денеска призна дека тоа, сепак, е многу чувствително прашање. Лидерот на најсилната опозициска партија АНО, поранешниот премиер Андреј Бабиш, се спротивстави на секоја американска база без референдум и нагласи дека тоа е непотребно. -Не го поддржуваме тоа затоа што изгледа непотребно. НАТО во моментов формира одбранбени системи и заеднички сојузнички единици, таканаречени борбени групи, на источното крило. Зошто тогаш да отвориме некои бази во нашата земја кога учествуваме во формирањето на овие групи, рече Андреј. Според Бабиш, присуството на американски војници во Чешка е премногу чувствителна тема за која би било неопходно да се распише референдум. Според неофицијални извори на чешкиот весник „Право“, министерката Чернохова „се затрчала“ со најавата и ја изненадила американската администрација на претседателот Џозеф Бајден, која не размислува за никаква база во Чешка бидејќи користи две бази во Словачка, земја на граница со Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fijala-amerikanska-baza-vo-cheshka-e-ubava-no-nerealna-ideja/feed/ 0
Зеленски денеска ќе се состане со премиерите на Чешка, Полска и Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-se-sostane-so-premierite-na-cheshka-polska-i-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-se-sostane-so-premierite-na-cheshka-polska-i-slovenija/#respond Tue, 15 Mar 2022 08:38:37 +0000 https://kurir.mk/?p=647338

Премиерите на Чешка, Полска и на Словенија денеска ќе патуваат за Киев, каде треба да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски, како претставници на лидерите на Европската унија. Информацијата утрово беше објавена на социјалните мрежи, од страна на чешкиот премиер Петр Фијала. – Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина, појасни Фијала. Друга цел на посетата, додаде тој, е и да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-se-sostane-so-premierite-na-cheshka-polska-i-slovenija/feed/ 0
Чешкиот премиер предвидува најтешката година од распадот на Чехословачка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-premier-predviduva-najteshkata-godina-od-raspadot-na-chehoslovachka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-premier-predviduva-najteshkata-godina-od-raspadot-na-chehoslovachka/#respond Sun, 02 Jan 2022 09:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=615513

Новиот чешки премиер Петр Фијала во синоќешното новогодишното обраќање ги предупреди Чесите дека ги чека најтешката година од создавањето на независна Чешка поради инфлацијата и зголемувањето на цените на енергијата, обвинувајќи ја Русија за уценување на Европа и пандемијата на Ковид.-19. – Некои економисти се скептични и велат дека нема да можеме да ја скротиме инфлацијата додека не воспоставиме контрола врз цените на енергијата. Ова е тема која бара меѓународно решение. Од една страна е Русија, која се обидува да ја уценува Европа, па дури и дава до знаење дека е подготвена за вооружен конфликт. Од друга страна, тука се важни европски земји кои решија да инвестираат во независност од фосилните горива и тоа речиси по секоја цена, предупреди Фијала на два од трите главни проблеми во 2022 година. Чешкиот премиер рече дека Чешка ќе мора да бара сојузници во Европа, да ги убедува партнерите и конечно повторно тргне во изградба на блоковите на нуклеарните електрани Дуковани и Темелин, како и да инвестира во разумни обновливи извори на енергија, бидејќи тоа е патот како да се излезе од енергетска криза, додека алтернатива е заостанатост и беда. – Би сакал најсериозно да ве предупредам дека разни политички спасители и популисти ќе се обидат да ја злоупотребат оваа ситуација и ќе тврдат дека решението е едноставно. Дека е доволно да се одбие нешто или да се излезе од нешто. Тоа не е точно. Комплицирани проблеми никогаш немаат едноставно решение, рече Фијала. Такво решение, отфрлање и напуштање на Зелениот договор на Европската унија како спас од енергетските проблеми на Чешка во божикното обраќање до нацијата побара пред неколку дена претседателот на Чешката Република Милош Земан. Тоа категорично го отфрлија и поранешниот премиер Андреј Бабиш и сегашниот Петр Фијала и истакнаа дека европскиот проект е добар и оти Чешка со излез од него ќе остане без значителни средства, но некои нереални предлози треба да се отфрлат, а исто така да се убеди ЕУ да ги вклучи нуклеарните електрани и гасот во зелени извори, на што Европската комисија сега се согласува, иако привремено. Во своето обраќање на чешкиот јавен ТВ сервис ЧТ, Фијала предупреди дека Чесите мора да научат да живеат со третата голема катастрофа оваа година, Ковид-19, која досега ги однесе животите на над 36.000 луѓе во земјата. – Долгорочно го застапувам ставот дека мора да научиме да живееме со Ковид-19. Но, тоа бара напори од двете страни. И од страната на владата и од страната на граѓаните. Во име на владата можам да ветам дека ќе настојуваме сите можни мерки да бидат максимално разумни, примерени и предвидливи, рече Фијала. Тој апелираше до Чесите да дадат свој придонес во сузбивањето на пандемијата, не само со вакцинирање, туку и со тоа што ќе почнат да се однесуваат едни кон други со поголема почит, како кон свое семејство, при што не се двоумат да направат добро за нивните најблиските на сметка на својот комфор. – Владите можат брзо да расипат многу работи, а поправките траат многу подолго. Одложувањето на проблемите за следниот изборен мандат е секогаш полесно отколку да гризнете кисело јаболко и да почнете да ги решавате проблемите. Но, на нашата земја ништо не ѝ преостанува бидејќи нашите проблеми ќе се зголемуваат секој ден, рече чешкиот премиер Петр Фијала во своето новогодишно обраќање до нацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-premier-predviduva-najteshkata-godina-od-raspadot-na-chehoslovachka/feed/ 0