Петр Павел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 08:45:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Петр Павел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Павел: Не се гледа крајот на војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pavel-ne-se-gleda-krajot-na-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pavel-ne-se-gleda-krajot-na-vojnata-vo-ukraina/#respond Wed, 06 Sep 2023 08:38:07 +0000 https://kurir.mk/?p=875096

Претседателот на Чешка, Петр Павел го оцени напредувањето на украинските сили во Запорожје како „позитивен пресврт“, но не и како пресвртница во војната во Украина и предупреди дека нејзиниот крај не се гледа, а во светот не постои поширок меѓународен договор како да се реши тој конфликт. - Не би го нарекол пробивањето на руската одбранбена линија пресвртница. Можеме да зборуваме за позитивен пресврт, но тоа е само дел од фронтот, напредување од неколку километри или десетици километри, а Русија нема само една линија на одбрана, туку две, понекогаш дури и три. Пробивот на едно место на фронтот не значи колапс на руската армија и победа на Украина, предупреди денеска Павел во видеоинтервју за чешкиот весник „Млада фронта Днес“. Тој порача дека треба да се биде внимателен во оценувањето на напредокот на украинската контраофанзива, да се продолжи со помошта за Киев. - Русија во овој момент не сака да разговара, или ако сака, тогаш само со оние што ги смета за свои сојузници. И мислам дека сега нема за што да се зборува, бидејќи претседателот (на Русија, Владимир) Путин јасно дава до знаење дека почетната точка за преговори е рускиот предлог, а тоа од разбирливи причини е неприфатливо за земји како нашата, посочи рече Павел. Чешкиот претседател предупреди дека организирањето мировен самит во овој момент би било само „празен гест“. - За тоа е потребна волјата на двете страни во конфликтот. Засега двете страни едногласно тврдат дека сегашните услови не дозволуваат никакви преговори. Истовремено, би било неопходно да се постигне поширок меѓународен консензус за тоа како да се реши конфликтот, истакна Павел. Тој додаде дека се залага дипломатските канали да останат отворени бидејќи, како што нагласи, „дипломатијата не може да се води само од апсолутно највисоките принципи, таа се води и во земји кои меѓусебно војуваат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pavel-ne-se-gleda-krajot-na-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Чешкиот претседател казнет со 2.700 долари за нецелосни информации за донаторите на кампањата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-pretsedatel-kaznet-so-2-700-dolari-za-netselosni-informatsii-za-donatorite-na-kampanata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-pretsedatel-kaznet-so-2-700-dolari-za-netselosni-informatsii-za-donatorite-na-kampanata/#respond Fri, 17 Mar 2023 07:02:48 +0000 https://kurir.mk/?p=812977

Новиот претседател на Чешка, Петр Павел, платил казна од 60.000 круни (околу 2,7 илјади долари) поради немање информации за спонзорите во неодамнешната кампања за претседателските избори, објави чешката телевизија. -Претседателот Павел е казнет од Канцеларијата за надзор на економските активности на политичките партии со рекордна сума од 60.000 круни. Казната е изречена поради нецелосни информации за спонзори во претседателската кампања, им потврди на новинарите Јан Аутли, претставник на оваа Канцеларија. Според него, податоците за некои спонзори на предизборниот фонд на Павел немале информации, на пример, за нивното место на живеење и датумите на раѓање, што најчесто недостига во овие документи. „Ако имате 6.000 спонзори и сите тие треба да дадат информации како адреса и датум на раѓање, а еден од нив не ви ги даде, тогаш немаме начин да ги добиеме од тие луѓе... Немам проблем со тоа, затоа што таквите работи понекогаш едноставно се случуваат, коментира чешкиот претседател, кој веќе ја платил казната на 13 март. Според Аутли, ова е прв патнеговиот оддел да изрече толку висока казна на физичко лице и обично само правните лица се казнуваат во такви износи. Се уште не е познат обемот на донации со нецелосни податоци за донаторите. Според законот, износот на донираните суми на листата на спонзори не мора да биде објавен. Тие ќе бидат познати само од извештајот за финансирање на кампањата, а рокот за нивно поднесување е 2 мај, објави чешката телевизија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-pretsedatel-kaznet-so-2-700-dolari-za-netselosni-informatsii-za-donatorite-na-kampanata/feed/ 0
Павел: Украина полесно ќе влезе во ЕУ, отколку во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pavel-ukraina-polesno-ke-vleze-vo-eu-otkolku-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pavel-ukraina-polesno-ke-vleze-vo-eu-otkolku-vo-nato/#respond Mon, 13 Mar 2023 19:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=811537

Чешкиот претседател, Петр Павел, денеска, за време на неговата посета на Словачка, изјави дека полесно ќе биде да се оправда влезот на Украина во Европската унија како економски, социјален и културен потег отколку воен, кога би била примена во НАТО. -Многу земји се согласуваат дека Украина треба да биде поканета во западниот блок што е можно поскоро. Мислам дека членството на Украина или на која било земја во Европската унија може полесно да им се објасни на оние кои не го сакаат тоа како економски, социјален и културен чекор, а не воен. Сигурно е дека евентуалниот прием на Украина во ЕУ нема да предизвика толку многу контроверзии колку размислувањата за нејзиниот прием во НАТО, изјави Павел за чешката новинска агенција ЦТК. Чешкиот претседател, пензиониран генерал и поранешен шеф на Воениот комитет на НАТО, предупреди дека на Украина почнува да и снемува муниција и оружје и дека е неопходно да и се помогне со тоа што и е потребно за успешна одбрана и на крајот за офанзива, да се обиде да ја поврати контролата врз нејзината територија и граници. -Пред сè, тоа се оклопни борбени возила, противвоздушна и противракетна одбрана, бидејќи гледаме како масовните напади врз цивилната инфраструктура имаат за цел да ја парализираат Украина и колку човечки животи и материјални жртви одземаат, рече Павел. Чешкиот претседател рече дека и на украинската армија ѝ недостига муниција, а за разлика од Русија, која има сопствено производство, иако може да има логистички проблем да испорача муниција на фронтот, Украина нема способност да произведува муниција, а и треба околу 10.000 артилериски гранати дневно. „Материјалната и финансиската помош е единственото нешто што може да го одржи моралот на украинските војници, но и на украинската јавност, кој во моментов е многу висок. Неопходно е да им се објасни на чешките граѓани дека помошта за Украина е неопходна. Доколку нашите граѓани го сторат тоа не го гледаат значењето на помошта за Украина, ако не сфатат дека ние самите си помагаме, тогаш ќе биде тешко да се одржи ова темпо на помош, рече Павел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pavel-ukraina-polesno-ke-vleze-vo-eu-otkolku-vo-nato/feed/ 0
Чешкиот претседател Петр Павел положи заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-pretsedatel-petr-pavel-polozhi-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-pretsedatel-petr-pavel-polozhi-zakletva/#respond Thu, 09 Mar 2023 16:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=810120

На заедничка свечена седница на двата дома на Парламентот во замокот Храдчани во Прага, новиот чешки претседател, генералот во пензија Петр Павел (61) денеска положи заклетва и го започна петгодишниот мандат. -Излеговте на избирачките места за да кажете доволно за хаосот и да го отворите патот на волјата заедно да бараме решенија. Благодарение на вас можеме да придонесеме за политиката на вредности. Благодарение на вас, вистината повторно победи. Сите сме тим. И луѓето кои гласаа за мене, но и оние кои не гласаа или не излегоа на избори, рече Павел во својот говор по полагањето заклетва. Новиот претседател истакна дека сака да се вратат достоинството, почитта и пристојноста кај функционерите и во политиката, додека, како што рече, успехот досега бил главен критериум во Чешка. - Успех без разлика на која цена или на чија сметка. За жал, тоа го истакнаа и највисоките претставници на државата. Популистите го освоија просторот, рече Павел. И во земјата и на меѓународната сцена, новиот претседател го критикуваше раширеното чувство дека Чешка е премногу мала за нејзиниот глас да се слушне во светот или е премногу слаба за да го промени ставот на посилните партнери. - Тоа чувство можеби доаѓа од фактот дека историјата честопати не била љубезна кон нас. Сакам заедно да ја надминеме таа сенка. Да не ги комплицираме едноставните работи, да не создаваме пречки за да не правиме ништо. Да не чекаме големите земји да смислат решение. Каде пишува дека најпаметни се најголемите, рече Павел. Новиот чешки претседател предупреди и дека единствениот глас на Централна Европа ќе биде важен за помош на Украина. На Чесите им вети дека ќе продолжи со редовните посети на сите региони во државата за директно да слушне од народот што ги мачи и какви решенија предлагаат, а најави дека наскоро ќе објави и конкретен план за акција во првите 100 дена. Во чест на претседателот Павел, чија страст и хоби се моторите, низ Прага помина поворка од 150 мотоциклисти од различни делови на Чешка, а Чесите ја следеа заклетвата на големите екрани во самиот замок. Павел е поранешен началник на Генералштабот, а подоцна и втор човек на НАТО.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-pretsedatel-petr-pavel-polozhi-zakletva/feed/ 0
Новоизбраниот чешки претседател засега е против испраќање авиони во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbraniot-cheshki-pretsedatel-zasega-e-protiv-isprakane-avioni-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbraniot-cheshki-pretsedatel-zasega-e-protiv-isprakane-avioni-vo-ukraina/#respond Tue, 07 Mar 2023 09:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=808976

Новоизбраниот претседател на Чешка, пензионираниот генерал Петр Павел, се спротивстави на идејата за испраќање западни борбени авиони за помош на Украина и предупреди дека тоа ќе го комплицира конфликтот ако тие бидат испратени сега. -Во оваа фаза, мислам дека тоа веројатно би ја искомплицирало ситуацијата. Технички, потребни се најмалку шест месеци за да се испорачаат нови авиони и да се обучуваат пилоти, рече Павел во интервју објавено денеска во францускиот весник „Ле Монд“. Новоизбраниот претседател на Чешка, кој ќе положи заклетва на 9 март, апелираше да се испрати дополнителна помош во оружје за Украина, но нагласи дека сега ѝ се потребни тенкови, оклопни возила и артилерија, додека авиони може да се испраќаат, но значително подоцна. Павел рече дека Чешката Република, која на Украина и испрати 89 стари тенкови Т72 од советско и руско производство, ги достигнала границите на помош и дека можеби сè уште може да испрати 14 тенкови Леопард 2 што ги добила како подарок од Германија, иако тоа би претставувало одреден ризик за одбранбената способност на самата Чешка. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbraniot-cheshki-pretsedatel-zasega-e-protiv-isprakane-avioni-vo-ukraina/feed/ 0
Прво интервју на новиот чешки претседател: Украина треба да влезе во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvo-intervju-na-noviot-cheshki-pretsedatel-ukraina-treba-da-vleze-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvo-intervju-na-noviot-cheshki-pretsedatel-ukraina-treba-da-vleze-vo-nato/#respond Wed, 01 Feb 2023 11:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=794661

Новоизбраниот чешки претседател Петр Павел денеска изјави дека на Украина треба да ѝ се дозволи влез во НАТО „штом војната ќе заврши“. Павел, пензиониран генерал на НАТО, изјави за Би-би-си дека Украина ќе биде „морално и практично подготвена“ да ѝ се приклучи на алијансата кога ќе заврши конфликтот. Во своето прво интервју како претседател за странски медиуми, Павел цврсто ја бранеше западната воена поддршка за Киев велејќи дека не треба да има „речиси никакви ограничувања“ за пратките. Тој додаде дека за него испраќањето западни борбени авиони „Ф-16“ не е табу, но дека не е сигурен оти тие би можеле да бидат испорачани во време што би му одговарало на Киев. Американскиот претседател Џозеф Бајден ја отфрли можноста за испраќање „Ф-16“ оваа недела иако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ништо не е исклучено. „Се гордеам што мојата земја беше една од првите што обезбеди значителна воена помош за Украина“, изјави Павел за Би-би-си. Тој го поздрави испраќањето тенкови од Западот во Украина, но додаде дека верува оти „сè уште не е доволно“ да се спротивстави на Русија.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvo-intervju-na-noviot-cheshki-pretsedatel-ukraina-treba-da-vleze-vo-nato/feed/ 0
На претседателските избори во Чешка води генералот Петр Павел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-pretsedatelskite-izbori-vo-cheshka-vodi-generalot-petr-pavel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-pretsedatelskite-izbori-vo-cheshka-vodi-generalot-petr-pavel/#respond Sat, 28 Jan 2023 15:45:48 +0000 https://kurir.mk/?p=793209

Во вториот круг директни избори за нов претседател на Чешка води пензионираниот генерал, поранешен шеф на Воениот комитет на НАТО, Петр Павел. По пребројувањето на гласовите од 50 отсто од избирачките места, Павел води со 55,25 отсто освоени гласови, додека поранешниот популистички премиер, лидер на опозицијата, петтиот најбогат милијардер во Чешка, Андреј Бабиш (68) има 44,74 проценти од гласовите. Модели базирани на нови технологии и вештачка интелигенција, кои се покажаа како исклучително прецизни во првиот изборен круг пред 14 дена, бидејќи првите гласови доаѓаат од селата и помалите градови, каде Бабиш ја има главната поддршка, додека Прага и големите градови традиционално се за десниот центар, предвидуваат дека победата ќе му припадне на генералот Павел со над 58 до речиси 60 проценти од гласовите. Овие трети директни избори за претседател на Чешка се проследени со голем интерес на Чесите, излезноста достигнува речиси 70 отсто од 8,25 милиони регистрирани гласачи. По невидено острата кампања која премиерот Петр Фијала ја нарече „одвратна“, и двајцата кандидати ветија дека нема да се однесуваат како поранешниот американски претседател Доналд Трамп и дека ќе го почитуваат изборниот резултат и ќе апелираат до своите гласачи да го почитуваат новоизбраниот претседател. Новиот претседател ќе ја преземе функцијата во март, кога на актуелниот претседател Милош Земан му истекува вториот, според Уставот, последен претседателски мандат. Чешкиот претседател има мали овластувања, но првите тројца претседатели, Вацлав Хавел, Вацлав Клаус и Милош Земан, како истакнати личности на чешката кадифена револуција и транзицијата кон пазарна економија и демократско општество, успеаја со личен авторитет, а Земан, повремено и отворено игнорирање на Уставот, да се здобијат со многу поголемо влијание. Петр Павел е независен кандидат, либерален и проевропски ориентиран, додека Андреј Бабиш го поддржува претседателот во заминување Земан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-pretsedatelskite-izbori-vo-cheshka-vodi-generalot-petr-pavel/feed/ 0
Претседателски избори во Чешка, фаворит е поранешниот генерал Петр Павел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelski-izbori-vo-cheshka-favorit-e-poraneshniot-general-petr-pavel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelski-izbori-vo-cheshka-favorit-e-poraneshniot-general-petr-pavel/#respond Fri, 27 Jan 2023 08:27:30 +0000 https://kurir.mk/?p=792644

Поранешниот командант на чешката армија Петр Павел, прозападен кандидат кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш додека Чесите влегуваат во вториот круг од гласањето за нов претседател. Пензионираниот генерал Павел (61) се кандидираше како независен кандидат и има поддршка од централно-десничарската чешка влада. Чешките претседатели немаат многу секојдневни овластувања, но тие избираат премиери и гувернери на централните банки, имаат право на глас во надворешната политика, моќни креатори на мислење се и можат да влијаат на владината политика. Се проценува дека Павел има десет пати поголеми шанси да победи од милијардерот Бабиш, а водеше во најновите истражувања на јавното мислење објавени во понеделникот. Гласањето започнува денеска во 14 часот, а завршува утре во 14 часот. Резултатите се очекуваат нешто подоцна. Павел се пријавил во армијата за време на комунистичката ера кога Прага беше дел од Варшавскиот пакт предводен од Советскиот Сојуз и беше одликуван за неговото учество во мировните операции во поранешна Југославија во 1990-тите. Тој се искачи на рангот на командант на чешкиот Генералштаб и служеше како претседател на Воениот одбор на НАТО три години пред да се пензионира во 2018 година. Бабиш (68) е деловен магнат во секторот на хемикалиите, храната, земјоделството и медиумите, кој беше премиер од 2017 до 2021 година. Тој рече дека ќе понуди да посредува во мировните разговори и сугерираше дека Павел, како поранешен војник, може да ја вовлече Чешка во војна. Павел ги отфрли обвинувањата нарекувајќи ги „бесмислици“. Андреј Бабиш е поддржан од претседателот во заминување Милош Земан, кој се залагаше за поблиски врски со Кина и Русија додека Русија не ја нападна Украина.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelski-izbori-vo-cheshka-favorit-e-poraneshniot-general-petr-pavel/feed/ 0
Бабиш и Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/babish-i-pavel-odat-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-cheshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/babish-i-pavel-odat-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-cheshka/#respond Sat, 14 Jan 2023 16:14:58 +0000 https://kurir.mk/?p=787315

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш и пензионираниот генерал Петр Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка, што ќе се одржи на 27 и 28 јануари Во првиот круг од претседателските избори Бабиш освои 36,72 отсто од гласовите, Павел 33,73 отсто, додека трета беше економистката Дануше Нерудова со 13,79 отсто по пребројани 80 отсто од гласовите, објави чешкиот Завод за статистика. Претседателската функција нема извршни овластувања, но чешките претседатели имаат значајна улога во назначувањето на премиерот, уставните судии, шефот на централната банка и имаат право еднаш да го вратат законот во Парламентот. Тие имаат ограничени овластувања во надворешната политика и се команданти на војската. Во предизборните анкети водеа Павел и Бабиш, а во вториот круг меѓу двајцата блага предност му се дава на Павел. Право на глас имаат 8,3 милиони гласачи, а вториот круг од изборите се очекува за две недели.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/babish-i-pavel-odat-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-cheshka/feed/ 0