Петре М. Андреевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Nov 2021 14:15:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Петре М. Андреевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со текст од Петре М. Андреевски, новата песна на „Мизар“ ги воодушеви фановите https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-tekst-od-petre-m-andreevski-novata-pesna-na-mizar-gi-voodushevi-fanovite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-tekst-od-petre-m-andreevski-novata-pesna-na-mizar-gi-voodushevi-fanovite/#respond Thu, 25 Nov 2021 14:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=599803

Култната македонска група „Мизар“, пионерот на дарк-звукот во регионот и ѕвезда водилка на музичката авангарда, која на сцената опстојува цели 40 години, деновиве го претстави својот нов сингл, насловен „1903“ (Слобода или смрт). По претходната песна „Messengers of the Downfall“ (Гласници на падот), новиот сингл е песна за слободата, на текст на познатиот македонски писател Петре М. Андреевски, напишан пред 50 години. Во оригиналниот текст се опишува 1903-та, годината на Илинденското востание, а според членовите на бендот, темата на слободата на нашата земја е многу актуелна и денес. -Новиот сингл „1903“ (Слобода или смрт) е песна за слободата, тема што нѐ засега и во овој миг, кога сите во светот сме затворени веќе речиси две години во домашен притвор поради пандемијата на ковид. Малку по малку ги губиме своите политички и социјални права, како што се вели и во рефренот на песната „Слобода или смрт“ – вели Горазд Чаповски, лидерот на бендот, пренесе Нова Македонија. Тој е автор и на музиката и на аранжманот на песната, а во креативниот процес му помогна и вокалистот на групата Зоран Тортевски. Продукцијата, заедно со Чаповски, ја потпишува и Златко Симионски. Видеото го режираше Филип Арсов, а користени се кадри од играниот филм „Третиот пат“. Претходно групата ги издаде и песните „A Day is coming“ и „Uninije“. Инаку, „Мизар“ на 7 декември ќе настапи на главната сцена на 23. издание на фестивалот „Таксират“, па, така, по подолга пауза, публиката ќе може да ужива во песните од нивното петто музичко откровение, но и оние постарите што веќе се антологија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-tekst-od-petre-m-andreevski-novata-pesna-na-mizar-gi-voodushevi-fanovite/feed/ 0
87 години од раѓањето на Петре М. Андреевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/87-godini-od-ragjanjeto-na-petre-m-andreevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/87-godini-od-ragjanjeto-na-petre-m-andreevski/#respond Fri, 25 Jun 2021 06:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=527711

Во 1934 година на денешен ден во селото Слоештица, Демирхисарско е роден Петре М. Андреевски, македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија на чие чело бил еден мандат. Творештвото на Андреевски опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома. Најпознати дела: „Јазли“, „И на небо и на земја“, „Дениција“, „Дални наковални“, „Пофалби и поплаки“, „Вечна куќа“, „Седмиот ден“, „Неверни години“, „Сите лица на смртта“, „Пиреј“, „Скакулци“, „Небеска Тимјановна“, „Последните селани“, „Тунел“ и други. Бил добитник на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Стале Попов“. Постхумно му бил доделен Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност. Починал на 25 септември 2006 година, а бил погребан во родното село.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/87-godini-od-ragjanjeto-na-petre-m-andreevski/feed/ 0
„Арс Ламина“ го одбележа роденденот на Петре М. Андреевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ars-lamina-go-odbeleza-rodendenot-na-petre-m-andreevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ars-lamina-go-odbeleza-rodendenot-na-petre-m-andreevski/#respond Thu, 25 Jun 2020 12:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=362779

„Арс Ламина – публикации“ неодамна реобјави дела од Петре М. Андреевски, а по повод неговиот роденден, 25 јуни, тимот на издавачката куќа го посети и неговото родно место Слоештица и му оддаде почит. -Наместо цвеќе, како роденденски подарок му ги донесовме најновите изданија на неговите дела, реанимирани со цртежите од неговата внука, уметницата Воскресија Андреевска и сработени со посебна почит како што зограф создава нечиј свет лик. И токму таму, се заветивме дека ќе го чуваме од заборав, ликот и делото на неговото величие – Петре М. Андреевски, велат од тимот на „Арс Ламина“, кои ја посетија Слоештица за роденденот на книжевниот великан. Освен во сите книжарници „Литература.мк“, книгите можат да се купат и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk, а исто така ќе бидат достапни и во сите продажни места на весникот „Слободен печат“. Периодов во продажба се најдоа: првите две изданија од едицијата, романот „Тунел“ и во едно издание расказите „Боемите“ и стихозбирката „Пофалби и поплаки“, потоа (во едно издание) незавршениот и последен роман на Андреевски, „Бежанци“ и збирката песни „Јазли“ и стихозбирката „Лакримариј“. Од вчера заедно со весникот „Слободен печат“ можат да се купат и романот „Последните селани“ и стихозбирката „Дални наковални“, а во периодот што следува, ќе бидат достапни во продажба и останатите дела: романот „Скакулци“ и стихозбирките „И на небо и на земја“ и „Вечна куќа: тажаленки“. Во посебна едиција ќе биде објавена и поетската збирка за деца „Шарам барам“. Од издавачката куќа најавуваат и проширување на едицијата „Македонски книжевни класици“ со нови дела од македонски писатели кои ги афирмирале македонскиот јазик и македонската книжевност и со нивните творби и нивната дејност нè задолжиле да го сочуваме создаденото и да ја продолжиме нивната мисија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ars-lamina-go-odbeleza-rodendenot-na-petre-m-andreevski/feed/ 0