Петре Прличко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Mar 2023 15:27:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Петре Прличко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Распишан конкурсот за актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raspishan-konkursot-za-akterska-nagrada-za-zhivotno-delo-petre-prlichko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raspishan-konkursot-za-akterska-nagrada-za-zhivotno-delo-petre-prlichko/#respond Thu, 30 Mar 2023 15:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=818214

Општина Велес денеска го распиша конкурсот за собирање на предлози за добитник на традиционалната актерската награда за животно дело „Петре Прличко“. Како што информираат од Општината, предлог за добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од земјава. Предлозите за добитник треба да се професионални драмски актери македонски државјани. Тие појаснуваат дека предлозите со кои актерите се предлагаат себе си нема да се земат предвид за доделување на наградата. Предлозите може да се достават во архивата на Општина Велес или преку пошта на адреса „Панко Брашнар” бр.1, 1400 Велес, со назнака за „Комисија за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ најдоцна до 20 април годинава. На конкурсот се доделува една награда и таа не е делива. Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел. Изборот на добитник го врши стручна комисија од три члена. -Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна пет дена по истекот на рокот, информираат од Општина Велес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raspishan-konkursot-za-akterska-nagrada-za-zhivotno-delo-petre-prlichko/feed/ 0
„5ре“ – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/5re-teatarski-festival-vo-veles-posveten-na-petre-prlichko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/5re-teatarski-festival-vo-veles-posveten-na-petre-prlichko/#respond Tue, 17 May 2022 13:31:35 +0000 https://kurir.mk/?p=677883

Велес, родниот град на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, во негова чест почнува да организира нов фестивал – „5ре“. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две претстави за деца. Ќе биде отворен в четврток во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ кога ќе биде врачена и традиционалната награда „Петре Прличко“ за животно дело во актерската дејност, годинава на Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко. Во чест на наградениот ќе биде изведена претставата „Слуга на двајца господари“ на велешкиот театарски ансамбл со што ќе биде отворен фестивалот кој ќе трае до 28 мај. Ненад Витанов, режисер и член на организациониот одбор, денеска на прес-конференција потенцира дека преку овој фестивал ќе му се оддаде почит на Петре Прчилко преку популарни претстави како што беше популарен и Петре. Тој информираше дека на програмата се девет фестивалски претстави, од кои шест на сцената на Велешкиот театар, една на отворена сцена во Младинскиот парк, а во дополнителната програма и две претстави за деца. Зоран Љутков, актер и актуелен претседател на Советот на Општина Велес, истакна дека со години наназад велешката театарска публика може да види одлични театарски продукции, како и комедии кои се од потешките жанрови за играње. .-Ова не е ниту случајно, ниту инцидентно, туку логичен потег, Велес да добие ваков театарски фестивал, со домашни популарни претстави на македонските театри. Се надевам дека ќе доживее голем успех, рече Љутков. Воедно информираше дека по подолга пауза велешани повторно ќе имаат секојдневни културни настани од мај до октомври. Во претстојното лето ги најави: забавната рекреативна манифестација во Градскиот парк од 2 до 5 јуни, Рациновите средби, потоа Меѓународниот фолклорен фестивал, Фестивалот на античка драма „Стоби“, Фестивалот на џез и светска музика и Скулпторската колонија. Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите. Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес која и го финансира, а организатор е велешкото Здружение „Плус публика“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/5re-teatarski-festival-vo-veles-posveten-na-petre-prlichko/feed/ 0
СЕЌАВАЊЕ: 115 години од раѓањето на Петре Прличко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-115-godini-od-ragjanjeto-na-petre-prlichko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-115-godini-od-ragjanjeto-na-petre-prlichko/#respond Sun, 13 Mar 2022 07:47:11 +0000 https://kurir.mk/?p=646148

Пред 115 години на 13 март во 1907, во Велес е роден Петре Прличко, еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Бил припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци и живеел од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги. Од 1939 г. членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 г. во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробува својот талент и како театарски режисер. Со филмот „Фросина“ (1952) тој го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши глумци. Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров) и други. Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага тоа секако ќе биде „Манданата“ т.е. неговиот лик во филмот „Мис Стон“, за која ја доби и наградата „Златна арена“. Починал во Скопје, на 16 ноември 1995 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-115-godini-od-ragjanjeto-na-petre-prlichko/feed/ 0